Македонија
Македонија домаќин на Глобалната конференција на Пацифик – Азиската Туристичка Асоцијација
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ ќе биде домаќин на Глобалната конференција на Пацифик – Азиската Туристичка Асоцијација (Pacific Asia Travel Association –PATA) која за прв пат се случува во Европа.
Успешната Глобална Конференција (PATA Global Insights Conference -PGIC) е дел од Самитот за туризмот 2017 кој ќе се одржува во хотел Мериот во Скопје, на 20ти јуни со тема “Градење Туристички Мостови”.
Програмата на конференцијата ќе вклучува сесии за одржлив развој, авијација и трендови во туристичката индустрија со импресивнен собир на меѓународени експерти, презентери и панелисти. PATA е посветена и во поддршката на Млади Професионалци во туризам од целиот свет, кои ќе бидат опфатени со сесијата “Bright Ideas – Future Trends”. Тридневната програма која, исто така, го опфаќа и Меѓународен Самит за управување со кризи во туризмот (19-ти јуни) се подржани од страна на медиумската групација Џејкобс ( Jacobs Media Group) и Travel Weekly.
“Одржувањето на успешната Глобална Конференција (PATA Global Insights Conference -PGIC) во Европа е значаен чекор напред за нашата Асоцијација”, објаснува извршниот директор на PATA, Д-р Марио Харди.
“Дестинациите низ Европа се обидуваат да го искористат експоненцијалниот раст на странски патувања од многу влијателни туристички пазари од регионот Пацифик- Азија и националните туристички организации ја препознаваат важната и влијателна улогата на PATA во градењето на мостови помеѓу туристички дестинации и пазари од различни континенти. Оваа конференција ја зајакнува вредноста на членство на АППТРМ во PATA, во обидот да се привлечат повеќе посетители од далечни пазари, како што се Кина, Кореја, Јапонија и Австралија. ”
“Ние иницираме со АППТРМ да ги поканиме и студентите на туризам во Скопје кои имаат придонес и активна улога во оваа област. Нивните погледи, како “идни лидери во туризмот” ќе бидат важна компонента во програмата на конференцијата “, додава д-р Харди.
Инаугуративната PATA Глобал конференција беше за првпат одржана во Окленд во октомври 2015 година. Успехот од првиот настан предизвика враќање на Окленд во септември 2016 година и има побарувачка од останатите пазари во Европа, Блискиот Исток и Азија да се прошири PGIC концептот.
Основана во 1951 година, Пацифик – Азиската Туристичка Асоцијација (Pacific Asia Travel Association –PATA) е непрофитна асоцијација која е меѓународно призната за да дејствува како катализатор за одговорен развој на туризмот во регионот на Пацифик -Азија. Асоцијацијата обезбедува заеднички застапувања, остроумни истражување и иновативни настани за своите членки, се состои од 95 Влади, државни и градски туристички тела, 29 меѓународни авиокомпании, аеродроми, 63 образовни институции, како и стотици компании во туристичката индустрија во Пацифик-Азија и пошироко. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

