Македонија
Македонија се претстави на саем за туризам во Берлин
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот соопшти дека Македонија и годинава е дел од водечкиот настан и центар на атракција за туристичката индустрија, кој влијае на искуствата за патување низ целиот свет- ITB Berlin, Trade Show Show.
„Почнувајќи од 7 до 11 март претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија професионално организираниот македонски штанд, во позитивна и пријатна атмосфера, ќе ги запознаваат сите посетители со туристичките вредности на нашата земја. Ентузијастички настроени, туристичките субјекти и претставници од приватниот сектор на Македонија, меѓу кои: ТА BADEM TOUR, Fibula Air Travel, TA Visit Macedonia, DMC Balkans, TA Enjoy Balkans, TA Bohemia, Macedonia Holidays, Park Hotel ги претставуваат своите туристички производи кои ги следат светските трендови. Македонскиот туристички сектор одржува чекор со туристичките трендови и креира понуди и аранжмани во зависност и координираност со истите“, соопшти Агенцијата.
Оттаму додаваат дека новиот директор на Агенцијата, Љупчо Јаневски, остварил средби со претставници на Томас Кук- Белгија, Томас Кук-Азија, ТУИ-Холандија, Ауринко, Нордика- Естонија, Визит Балкан-Полска. На состаноците со дел од нив се дискутирало за можностите за продолжување на партнерските односи и почнување нова соработка, со цел зголемување на туристичкиот промет во Македонија.
Од почетоците во 1966 година до денес „ITB Berlin“ поздравува околу 10.000 изложувачи од повеќе од 180 земји и региони. Градовите, тур-операторите, авиокомпаниите, хотелите, медиумите и другите туристички ентитети кои се занимаваат со туризам се претстават себеси и своите услуги и ги инспирираат светските патувачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Димитриеска Кочоска: Да обезбедиме влез на поголем број учесници на Берзата, ќе работиме на развој на секундарниот пазар
Министерството за финансии и Македонската берза во наредниот период активно ќе работат на развој на секундарниот пазар за тргување со хартии од вредност со цел да се зголеми бројот на учесници и тие да го најдат својот интерес во тоа. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната 23. Годишна конференција на Македонската берза, што се одржува во Охрид.
„Берзата е место на кое се сретнуваат инвеститорите, место каде што се движи капиталот и затоа е многу важно да се создадат услови за влез на што поголем број учесници. Да го најдат интересот и правните и физичките лица, кои можат да вложуваат средства во алтернативни извори на финансирање коишто се нудат на Берзата, покрај она што е традиција кај нас, а го нуди банкарскиот сектор. Во таа насока, во наредниот период, заедно со Македонската берза, поактивно ќе дејствуваме, меѓу другото, и во развој на секундарното тргување на хартиите од вредност кое има повеќекратни придобивки. Имено, за примарниот издавач ќе има придобивка бидејќи ќе се зголеми интересот за инструментите што се ликвидни. За Македонската берза придобивката ќе биде зголемување на обемот на тргување, додека за имателот на хартиите од вредност предноста е во тоа што ќе поседува ликвиден инструмент којшто ќе може да го продаде во секое време, односно да го материјализира“, истакна министерката за финансии и додаде дека Берзата ќе се користи како примарен пазар за обврзници кои Министерството за финансии планира да ги издава во наредниот период.
Според министерката, соработката со Берзата е исклучително важна затоа што клучно за зголемување на интересот за тргување со хартии од вредност што ги издава Министерството за финансии е имателите на тие хартии од вредност да бидат сигурни дека можат во секое време да ги материјализираат на секундарниот пазар и на тој начин да обезбедат ликвидни парични средства.
Најави дека се работи на донесување Одлука за 23-тата емисија на обврзници за денационализација во вредност од 1,5 милиони евра, којашто ќе ја зголеми понудата на хартии од вредност со кои ќе се тргува на секундарниот пазар на Македонската берза. Инаку, вкупната вредност на претходно издадените 22 емисии на обврзници за денационализација изнесува 397 милиони евра.
Поздравувајќи ги позитивните резултати од работењето на Македонската берза во првата половина од оваа година, рече дека Министерството за финансии ќе продолжи со унапредување на регулативата со цел да се обезбеди дополнителен развој на пазарот на капитал.
Економија
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
Со 65 гласа „за“ и 15 против, пратениците во Собранието го одобрија заемот од половина милијарда евра од унграската влада.
250 милиони евра, половина од средствата од овој заем ќе се користат за развој на општините, а другите ќе ги користат стопанствата во форма на кредити. Рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години, каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Македонија ќе треба да исплати и провизија од 70 илјади евра за правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт-импорт банка.
Додека за мнозинството нема ништо спорно кај законот, туку напротив, ќе помогне во развојот на општините и економијата, опозицијата обвинува дека парите не се од Унгарија, туку од Кина и дека земјата станува политички заложник.
Пратеникот Фатмир Битиќи и ексвицепремиер за економски прашања од СДСМ изјави дека кинеските пари ќе ја нарушат макроекономската стабилност и ќе има негативно политички влијание за државата, која ќе стане заложник на Унгарија. Рече и дека има скриени трошоџи, чијшто износ не го пишува во договорот.
„Ова задолжување е без контрола, идните генерации ќе ги плаќаат кредитите и другите последици, Ова не е патот по кој сакаме да одиме ова задолжување ја загрозува макроекономската стабилност“, рече Битиќи.
Македонија ќе треба да исплати и провизија од 70 илјади евра за правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт-импорт банка.
Економија
Мицкоски: Очекувам уште три странски инвестиции до крајот на годината
Претседателката на Комората најави почеток на две инвестиции, на кои изминатиов период заедно присуствувавме и ги почнавме.
Очекувам во периодот што следува, покрај оние четири договорени од почетокот на функционирањето на оваа Влада, уште дополнителни три до крајот на годината, со што драматично ќе се зголеми економската активност и ќе влијаат позитивно на растот на домашниот бруто-производ за 2025 година, но и за годините што следуваат потоа“, информира премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има нови странски инвестиции во земјата.
Мицкоски посочи дека носењето нови странски инвестиции значи и отворање нови работни места и поквалитетен и подобар животен стандард за граѓаните укажувајќи дека Владата ќе продолжи да работи и во иднина за силен економски развој на државата.
„Воедно, носењето нови странски инвестиции значи и отворање нови работни места, подобар и поквалитетен животен стандард за граѓаните, на што Владата и во иднина ќе работи, со цел да се постигне силен економски развој на државата, што впрочем е и еден од најважните приоритети на Владата“, дециден е тој.