Македонија
Министерот за финансии го посети Централниот регистар

Министерот за финансии Кирил Миноски во петок оствари работна средба со директорот на Централниот регистар Андреа Поповски во просториите на Централен регистар.
За време на посетата беше разговарано за текот и начинот на поднесувањето на годишните сметки и финансиските извештаи за 2016 година за правните субјекти од страна на сите обврзници во Р. Македонија.
Се разговараше за формата и начинот на кој субјектите имаат можност да го извршат поднесувањето, функционалноста на системот и за одличната бројка на поднесени годишни сметки во хартиена и електронска форма.
До 24.02.2017 околу 20.000 субјекти ги поднеле своите годишни пресметки онлајн, што претставува показател за континуитетот и функционирањето на системот за електронско поднесување на годишни сметки. Бројката е во значителен пораст од лани истиов период кога изнесувала 12.000.
Беше потенцирано и продолженото работно време кое Централен регистар како сервисно ориентирана институција ќе го овозможи за субјектите со цел да излезе во пресрет при непречено одвивање на сите процеси при поднесувањето на пресметките. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Граѓаните се жалат на зголемените сметки за струја, Регулаторната најавува мерки

По големиот број реакции на граѓаните поради зголемените сметки за електрична енергија, Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека во изминатиот подолг период работи на комплементарен сет мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачите.
Меѓу нив се: месечно отчитување на броилата, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај некои од потрошувачите што имаат доставено приговори до РКЕ.
„Овие механизам се дел од заедничкото дејствување со ресорното министерство Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМЕС) со цел зајакнување на довербата и надминување на дилемите кај дел од јавноста – кај оние потрошувачи што се сомневаат во исправноста на мерните уреди (броилата)“, велат од Регулаторната.
Се додава дека РKE останува отворена и транспарента како и досега за предлози и идеи од граѓаните, но и експертската јавност, без разлика дали се организирани формално или неформално.
Се додава дека овој сет мерки ќе стапи во сила по завршувањето на сеопфатната експертска консултативна фаза со сите засегнати страни.
Економија
Мицкоски: Првпат имавме раст од 3 отсто и сме меѓу првите пет земји со најбрзорастечки економии во Европа

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за последниот извештај за движењето на платите објавен од Заводот за статистика, изјави дека очекува да продолжи економската консолидација.
„Имавме два супер успешни квартала, тоа беа четвриот и третиот квартал од минатата година. Првпат забележавме раст по долго време од 3 отсто и сме во првите пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам овој тренд да продолжи и во првиот квартал од оваа година. Самите вие кажавте дека продолжува да расте просечната плата и покрај тоа што многумина политички глодачи од позиција на опозиција ја напаѓаа Владата дека била против растот на платите. Еве гледате дека растат“, истакна премиерот Мицкоски.
Тој информира дека сега од 1 април ќе пораснат и пензиите, нови две и пол илјади денари линеарно зголемување за пензионерите и додаде:
„Она што го ветивме за првата година, ќе го реализираме за девет месеци. И во суштина, за овие девет месеци направивме многу убави работи што некои ги ветивме, други ги реализиравме, а не ги ветивме. Така што, во делот на економското консолидирање на државата мојата порака до граѓаните е да бидат спокојни, убави времиња доаѓаат за Македонија и за македонската економија“.
Економија
Димитриеска-Кочоска на министерскиот состанок во Подгорица посветен на мерки за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи во Западен Балкан

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок во организација на Светската здравствена организација, посветен на елиминирање на штетните влијанија од употребата на тутун.
На состанокот на високо ниво учествуваат министри и заменици министри за финансии на земјите од регионот, претставници на Свеската здравствена организација и Eвропската комисија, Обединетото Кралство, Словенија, Светската банка, Светската царинска организација, Организацијата за економска соработка и развој, како и претставници на академската заедница.
Целта е да се подигне свеста за проблемот со нелегалната трговија со тутун и за нејзиното влијание врз даночната администрација, здравјето и одржливиот развој, за потенцијалот на земјите во справувањето со нелегалната трговија со тутунски производи, а воедно и да се споделат искуства во справувањето со овој проблем.