Македонија
Османи пред Комитетот на министри на СЕ: Соработката на ОБСЕ и на Советот на Европа е повеќе од кога било потребна и релевантна
Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денес во Стразбур се обрати пред Комитетот на министрите на Советот на Европа (СЕ). На половина од претседавањето со ОБСЕ, Османи ги претстави досегашните активности во својство на претседавач. Како клучни претседавачот ги издвои посетите на Украина, Молдавија, Јужен Кавказ, како и на Србија и Косово, потенцирајќи ја и континуираната работа на ОБСЕ во овие клучни региони за Организацијата.
„Живееме во период на демократско назадување и безбедносни предизвици поради руската воена агресија против Украина, која ги наруши принципите на кои се втемелени нашите организации. Затоа, приоритет на нашето претседавање е да обезбедиме суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ. Кога ќе се врати мирот и Русија ќе ги повлече своите сили од суверената територија на Украина, ОБСЕ ќе ги стави на располагање сите свои капацитети за нејзино повоено закрепнување“, рече Османи во своето обраќање.
Покрај планот за Украина, Османи се осврна и на другите долготрајни конфликти и нестабилност во регионот на ОБСЕ за кои како претседавач презентира патокази за постепено решавање, што ќе доведе до долготрајна стабилност и мир.

„Во таа насока е и планот од 9 точки за деескалација на неодамнешните тензии во Косово, кој ќе обезбеди понатамошна нормализација“, рече Османи потенцирајќи дека претседателство во сите свои планови на прво место ги става луѓето и подобрувањето на нивниот секојдневен живот.
Како што рече Османи, ОБСЕ е вклучена во широк спектар на важни области за луѓето, а своите капацитети за регионот на Југоисточна Европа ги насочи на помирувањето, борбата против корупцијата и климатските промени. И покрај предизвиците со кои се соочува Организацијата, таа ќе остане целосно посветена на своите приоритети, рече Османи.
„Функционална и флексибилна ОБСЕ, која ќе помогне во обновувањето на мирот и безбедноста и ќе спречи идни конфликти во регионот на ОБСЕ. Промоција на безбедноста на луѓето преку поддршка за одржлив економски раст и еколошка соработка и промоција на човековите права, демократијата и владеењето на правото како предуслови за сеопфатна безбедност“, истакна Османи.
Токму во овие приоритети се соединуваат активностите и на ОБСЕ и на Советот на Европа, чија заемна работа е повеќе од кога било потребна и релевантна, рече Османи. Во текот годините и двете организации негуваат силна соработка за градење на енергични и силни демократии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.
Економија
„Алкалоид“ со бизнис план за 2026: продажба од 361 милион евра и раст на добивката
АЛКАЛОИД АД Скопје во својот Бизнис-план за 2026 година предвидува консолидирани приходи од продажби од околу 361 милион евра, што претставува раст од 7 отсто во однос на очекуваните резултати за 2025 година.
Според планот, 91 отсто од продажбите ќе се реализираат преку профитниот центар Фармација, додека 9 отсто ќе отпаѓаат на Хемија, козметика и билкарство. Компанијата очекува 34 отсто од приходите да бидат остварени на домашниот пазар, а 66 отсто преку извоз.
Планираните финансиски резултати предвидуваат раст од 8 отсто на консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (EBITDA), како и раст на консолидираната нето-добивка од најмалку 7 отсто во однос на 2025 година.
Во делот на инвестициите, Алкалоид најавува вложувања од околу 8 отсто од консолидираните приходи, продолжувајќи ја долгорочната инвестициска стратегија, во чии рамки во изминатите две децении се инвестирани повеќе од 250 милиони евра. Фокусот и натаму останува на модернизација на производствените капацитети и усогласување со најсовремените GMP-стандарди.
Бизнис-планот за 2026 година предвидува и зголемување од најмалку 10 отсто на издатоците за истражување и развој, со цел натамошно унапредување на генеричкото и патентираното портфолио на компанијата.
Во рамки на ESG-стратегијата, Алкалоид ќе продолжи со интеграција на еколошките, социјалните и управувачките стандарди во сите сегменти од работењето. Паралелно, компанијата планира околу 50 нови вработувања во 2026 година и натамошни вложувања во човечкиот капитал.
Акциите на Алкалоид остануваат меѓу најликвидните на Македонската берза, со раст на просечната цена од 24 отсто во 2025 година, додека дивидендната политика ќе продолжи во согласност со остварените резултати и инвестициските потреби.
Бизнис-планот за 2026 година е усвоен од Управниот одбор на компанијата на седница одржана на 29 декември 2025 година.

