Контакт

Македонија

Поголем дел од Македонија за две години ќе биде гасифициран

Објавено пред

Поголемиот дел од Македонија, за две години ќе биде приклучен на гасовод, најави во вторник директорот на Македонските енергетски ресурси, Крсте Миладинов, на увидот на градежните работи за изградба на магистралниот гасовод од Скопје до Гостивар, со крак кај Тетово.

dobivaj vesti na viber

„Изградбата е предвидено да заврши за две години од денес, но, бидејќи теренот е добро припремен очекуваме гасот и побрзо да стигне до Полошкиот регион. Вредноста на проектот изнесува околу 28 милиони евра, должината на гасоводот е 76 километри магистрала меѓу Скопје и Гостивар, а кракот за Тетово изнесува 10 километри. Според нашите пресметки, се очекува овој регион да има потрошувачка помеѓу 80 и 90 метри кубни годишно“, изјави Миладинов.

Гасоводот низ полошко ќе биде долг 86 километри, ќе чини 28 милиони евра. /крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

УЈП: Инкасирани 2,3 милијарди денари или 37,4 милиони евра повеќе во буџетот споредбено со јули лани

Објавено пред

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега.

По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.

„Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата“, велат од УЈП.

Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.

Прикажи повеќе...

Економија

Потпишани договори за 828 проекти со 225 милиони евра преку капитални инвестиции

Објавено пред

Со склучувањето на договорите за вториот повик од инструментот за капитални инвестиции, денес започнува нова фаза на големи вложувања во општините ширум Македонија, соопшти премиерот, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Вкупната вредност на проектите изнесува 13,8 милијарди денари, односно околу 225 милиони евра, а се опфатени 828 проекти во различни области. Најголем дел од средствата, над 8 милијарди денари, ќе бидат инвестирани во инфраструктурата – патишта, мостови и локални врски.

Покрај тоа, во областа на животната средина ќе се реализираат 143 проекти со вкупна вредност од над 2,4 милијарди денари, кои се однесуваат на чиста вода, канализациски системи, управување со отпад и создавање нови паркови.

Во секторот образование, преку 48 проекти, ќе се инвестираат 1,6 милијарди денари за изградба и обнова на училишта и градинки, додека има и проекти поврзани со култура, спорт и социјална политика.

„Ова е најголемата инвестициска офанзива некогаш направена за општините, без партиски филтри и фаворизирања. Секоја општина што има проект добива поддршка,“ истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека со овие инвестиции се гради еднаквост и пристап до квалитетен живот за сите граѓани, без разлика на нивната локација, и најави дека нема да се дозволи запоставување на ниту еден регион.

Со склучените договори и веќе започнатите проекти, Мицкоски ја опиша оваа иницијатива како конкретен чекор кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во Македонија, која според него од хартија преминува во реалност.

Прикажи повеќе...

Економија

Побрз живот – побрзи навики, и времето е пари

Објавено пред

Живееме побрзо отколку што се живеело порано. На работа, дома, на улица, на интернет – сè се случува побрзо во споредба со минатото. Ова не е само паушална претпоставка изведена од нашите лични искуства, и науката докажува дека темпото на живот е забрзано. Постојат голем број студии и истражувања според кои модерниот начин на живот е подинамичен за разлика од пред 20 или 30 години. Некои од истражувањата се базираат на социолошки критериуми, додека, пак, други на технолошкиот развој. Едно од најзанимливите истражувања е она на професорот Ричард Вајсмен (Richard Wiseman) кој ја мерел брзината со која се движат пешаците во големите градови. Тој утврдил дека за 16 години, брзината, во просек, се зголемила за 10 отсто, односно луѓето сѐ повеќе брзаат кога се движат по градските тротоари.

dobivaj vesti na viber

Тргнете од сопствената практика и ќе утврдите дека од вас се очекува да направите повеќе работи во текот на денот во споредба со порано. Секојдневието е исполнето со обврски, рокови, мобилни нотификации и постојана трка со времето. Технологијата ни го олесни животот, но, истовремено, создаде нова динамика каде што сите очекуваат брза реакција, за само неколку минути. Во вакви услови, времето стана скапоцен ресурс затоа што, едноставно, имаме чувство дека сè помалку го има. Да, денот трае 1.440 минути, исто колку и пред сто години, но денес многу повеќе се цени можноста да завршите работа или да добиете услуга за неколку минути за да ви остане повеќе време за себе и за вашите најблиски.

Во услови кога изреката „и времето е пари“ станува сè порелевантна, на сите ни е важно да можеме само со неколку клика на мобилниот телефон да извадиме документ, да нарачаме храна, да резервираме одмор, да земеме брзи кредити.

Секако, кога се живее брзо, еден од највредните ресурси е брзиот пристап до пари. Credissimo има систем за одобрување кредити приспособен на брзото темпо на живот и обезбедува пари навреме за сите потреби, предизвици и желби на своите клиенти. Ќе доловиме само неколку ситуации кога е важно да имате брз и сигурен пристап до пари, со поволни услови за враќање.

  • На интернет начекувате LAST MINUTE понуда за некоја атрактивна летна дестинација, но дел од сумата треба да се уплати во наредните 24 часа. Тоа е трошок што не сте го планирале, а би било супер да може да добиете позајмица уште истиот ден.
  • Имате идеја за сопствен бизнис, но ви недостасуваат неколку илјади евра за да започнете со работа. Не сакате да губите време со долги банкарски процедури, бидејќи имате чувство дека треба да почнете веднаш.
  • Ви се расипа автомобилот баш во сезона на летни одмори. Поправката не чини многу, но семејниот буџет е планиран за летување на море.
  • Во некоја од соседните земји концерт најавува вашиот омилен бенд. Ви требаат пари за карти за концертот, за превоз, за сместување, храна и други трошоци. Правите пресметка дека сето тоа чини околу 400 евра, но во моментот немате толку средства на располагање.

Во вакви ситуации, времето е клучен фактор. Традиционалните начини на финансирање бараат долги процедури, документација и чекање. Затоа брзите кредити станаа составен дел од финансиската реалност на многу луѓе. Тоа не е случајно. Тие се приспособени токму на потребите на модерниот човек – брзина, едноставност и достапност.

Аплицирањето за брзи кредити во Credissimo е целосно онлајн, а постапката за одобрување трае само неколку минути, по што парите веднаш се достапни на вашата сметка. Притоа, нивните основни карактеристики се:

  • Достапни 24/7 – идеални кога ви треба брз пристап до пари
  • Транспарентни – со јасно дефинирани услови и трошоци
  • Флексибилни – со можност за избор на износ и рок на отплата според вашите можности

Како дополнителна поволност, сè уште е во тек понудата за тримесечни кредити со 0 % камата, со која враќате точно онолку колку што сте позајмиле, без никакви дополнителни трошоци.

Брзиот начин на живот не мора да значи дека сте принудени да живеете под постојан финансиски притисок. Со внимателно користење на модерните финансиски алатки, како што се брзите кредити, може да имате повеќе контрола врз сопствениот буџет, повеќе слобода во носењето одлуки и можеби, најважно, повеќе мир и слободно време во секојдневието.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Маск: Вештачката интелигенција ќе ги замени сите работни места, дури и моето

Илон Маск, извршен директор на „Тесла“ и еден од најбогатите луѓе во светот, издаде остро предупредување до секој што е...

Македонија11 часа

Клиниките за Токсикологија, Неврологија и Кардиологија добија нови директори

Министерството за здравство информира дека се именувани нови в.д. директори во четири јавни здравствени установи. На Универзитетската клиника за токсикологија...

Свет12 часа

Објавено е што е подготвен Путин да направи

Русија и САД  се обидуваат да постигнат договор што би ја запрел војната во Украина и би ја потврдил руската...

Топ12 часа

Крадци украле акумулатори и нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за тешка кражба. За...

Топ13 часа

Убиство во Штип: пијан со нож ја избол мајка си во врат, па сам пријавил на 112

Основното јавно обвинителство соопшти детали за убиството во Штип што се случи утрово. Од таму велат дека против С.З. (54)...

Македонија16 часа

Мицкоски: Карпалак е обврска да изградиме држава во која нема да има место за омраза и поделби

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува, напиша на социјалните...

Македонија17 часа

Одбележана 24-годишнината од загинувањето на десеттемина армиски припадници кај месноста Карпалак

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска-Ристова и директорот на Генералштабот, бригаден...

Македонија17 часа

Семејна заштеда и помал притисок за родителите: Дурмиши за поевтинувањето на училишниот прибор

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја промовира новата владина мерка „Училишна кошничка“, насочена кон намалување на трошоците...

Македонија20 часа

Надлежните со препораки до граѓаните поради најавата за температури до 39 степени во периодот до 13 август

Министерството за здравство информира дека, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од 8 до 13 август 2025...

Македонија21 час

Четири цени за паркинг во Клинички, просторот ќе се прошири двојно

Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека во Клиничкиот центар ќе има четири различни влезови со различни ценовници за паркирање...

Свет21 час

Израел се подготвува за целосна окупација на Појасот Газа

Израелскиот безбедносен кабинет го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за преземање воена контрола над Газа, што претставува нова голема...

Свет22 часа

Либанската влада го поддржа американскиот план, луѓето на Хезболах ја напуштија седницата

Министерот за информации на Либан објави дека владата ги одобрила целите на американскиот предлог за разоружување на Хезболах до крајот...

Hitech22 часа

„Опен ВИ“ го претстави „Чат ГПТ 5“, дава поточни одговори за медицината, науката, финансиите

Компанијата „Опен АИ“ денес официјално го претстави својот долгонајавуван модел на вештачка интелигенција „ГПТ-5“, кој сега е достапен бесплатно за...

Македонија2 дена

Германски државјанин протеран од државата: на натпреварот Шкендија-Карабаг во Скопје веел знаме „Голема Албанија“

По извршена идентификација и поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка процесуираше државјанин на Германија за кривично...

Македонија2 дена

Одложени активности на отворено: Министерството за здравство со препораки поради најавите за високи температури

Министерството за здравство информира дека во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во периодот од 8...

Македонија2 дена

Забрана за движење во шумите до крајот на август, за прекршителите казна до 2.000 евра: Владата ја продолжи кризната состојба од 30 дена

На владината седница е донесена одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена. Со ова продолжување, како...

Македонија2 дена

Трговците да ги намалат цените на училишниот прибор пред почетокот на школската година, одлучи Владата

Владата на 100. седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10...

Топ2 дена

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско: со возилото излетале од патот

Вчера околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски...

Македонија2 дена

„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено...

Македонија2 дена

Злато во багаж и ботокс во торба запленети на граница

Царинската управа информира дека при контроли на неколку гранични премини се спречени обиди за криумчарење различни производи, меѓу кои златен...