Македонија
Миновски најави зголемување од пет отсто на ноемвриските пензии
Ноемвриските пензии кои пензионерите ќе ги добијат во декември ќе бидат зголемени за пет отсто, потврди во вторник министерот за финансии, Кирил Миноски, кој за време на посетата на Прилеп оствари среба со претставници на Здружението на пензионери од овој град.
Миноски рече дека овој чекор на Владата ќе придонесе за подобрување на животниот стандард.
„Ние како Влада се грижиме за подобрувањето на стандардот на граѓаните, особено на стандардот на пензионерите. И во наредниот временски период и во следната владина програма предвидуваме определени мерки кои ќе имаат за цел да го подобрат животниот стандрад на пензионерите и да им се обезбедат низа поволности со што ќе овозможиме подолг животен век на оваа популација“, истакна Миноски.
Инаку министерот Миноски, освен средба со пензионерите од Прилеп оствари неколку посети и на неколку поголеми извозно ориентирани компании во градот.
Тој истакна дека со бизнисмените поразговарале околу тековното работење на фирмите, но било дискутирано и за соработката на приватниот сектор и државните институции и за пронаоѓањето на методи и начини како да се унапреди таа соработка во разумен временски период. Исто така било биле предложени повеќе сугестии кои владините институции требало да ги земат во предвид, со цел да се поттикне инвестирањето и креирањето на нови работни места.
„Во средбите со најголем дел од стопанствениците се искажаа позитивни ставови во однос на соработката која тие ја имаат со Министерството за финансии и институциите кои влегуваат во состав на ова министертство како што се УЈП и царинската управа. Стопанствениците истакнаа дека се задоволни пред се од пристапот кој настојуваме да го применуваме заедно со УЈП за т.н. доброволна даночна усогласеност чија основан цел е државата и приватниот сектор да бидат партнери затоа што секогаш истакнувам дека основната економска филозофија која ние ја следиме како Влада е политиката на ниски даноци со која најголемиот дел од финансиските средства ги оставаме на приватниот сектор за да тој сектор понатаму ги инвестира во креирање на нови работни места“, додаде Миноски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.
Економија
„Алкалоид“ со бизнис план за 2026: продажба од 361 милион евра и раст на добивката
АЛКАЛОИД АД Скопје во својот Бизнис-план за 2026 година предвидува консолидирани приходи од продажби од околу 361 милион евра, што претставува раст од 7 отсто во однос на очекуваните резултати за 2025 година.
Според планот, 91 отсто од продажбите ќе се реализираат преку профитниот центар Фармација, додека 9 отсто ќе отпаѓаат на Хемија, козметика и билкарство. Компанијата очекува 34 отсто од приходите да бидат остварени на домашниот пазар, а 66 отсто преку извоз.
Планираните финансиски резултати предвидуваат раст од 8 отсто на консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (EBITDA), како и раст на консолидираната нето-добивка од најмалку 7 отсто во однос на 2025 година.
Во делот на инвестициите, Алкалоид најавува вложувања од околу 8 отсто од консолидираните приходи, продолжувајќи ја долгорочната инвестициска стратегија, во чии рамки во изминатите две децении се инвестирани повеќе од 250 милиони евра. Фокусот и натаму останува на модернизација на производствените капацитети и усогласување со најсовремените GMP-стандарди.
Бизнис-планот за 2026 година предвидува и зголемување од најмалку 10 отсто на издатоците за истражување и развој, со цел натамошно унапредување на генеричкото и патентираното портфолио на компанијата.
Во рамки на ESG-стратегијата, Алкалоид ќе продолжи со интеграција на еколошките, социјалните и управувачките стандарди во сите сегменти од работењето. Паралелно, компанијата планира околу 50 нови вработувања во 2026 година и натамошни вложувања во човечкиот капитал.
Акциите на Алкалоид остануваат меѓу најликвидните на Македонската берза, со раст на просечната цена од 24 отсто во 2025 година, додека дивидендната политика ќе продолжи во согласност со остварените резултати и инвестициските потреби.
Бизнис-планот за 2026 година е усвоен од Управниот одбор на компанијата на седница одржана на 29 декември 2025 година.

