Контакт

Македонија

Општина Центар: ВМРО ДПМНЕ преку судството ја почна одмаздата врз Жерновски

Објавено пред

Основното јавно обивнителство експресно, за помалку од 48 часа, му поднесе кривична пријава на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Обвинителството го товари Жерновски за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и за неизвршување на судска одлука, информираат од Општина Центар.

dobivaj vesti na viber

„Пријавата е изготвена на 2.11.2016 година, во истиот ден кога се уриваше дивогрдбата на претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. За да биде иронијата поголема, се разботи за случај од 2011 година, кој тогашниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, го одбил како неоснован и со тоа постапката прекинала. Ова се случило непосредно пред доаѓањето на Жерновски на позицијата градоначалник во 2013 година“, се вели во соопштението.

Понатаму се додава дека по повеќе од три години и за целосно правно неоснован предмет, обивнителството олучува да поднесе кривична пријава.

„Дека станува збор за политички мотивиран процес, говори податокот дека тужител во овој предмет е братучед на градоначалник од соседна скопска општина, од редовите на ВМРО ДПМНЕ. За Жерновски и општина Центар, овој предмет е повеќе од чист и не постои никаков основ за кривично гонење. Целта на оваа одмазда е конечно предметот да стигне во Основен суд Скопје 1, односно во рацете на Владимир Панчевски. Дополнителен мотив за оваа одмазда кај Панчевски и обвинителството е најавената кривична пријава од страна на општина Центар за дивоградба против тројцата инвеститори, меѓу кои и Панчевски, што претставува кривично дело“, се вели во соопштението од Општина Центар. /крај/со/ст

Економија

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во кризата

Објавено пред

Фирмата за трговија со електрична енергија РЕС одбележа една година постоење и за тој период се позиционира како лидер во снабдувањето со електрична енергија на слободниот пазар.

dobivaj vesti na viber

РЕС моментално ја формира најголемата балансна група кај нас, со 270 компании од приватниот сектор кои ги снабдува и годишна потрошувачка од 250 GWh, со што значително ги надмина првичните проекции за развој.

РЕС на македонското стопанство му овозможи снабдување со електрична енергија, но и откуп на електричната енергија од производителите од обновливи извори.

РЕС им понуди на македонските фирми повеќе модели на снабдување со струја, кои се движеа од целосно берзански најниски цени до целосно фиксни и гарантирани цени, како и комбинации од двата модела во различен сооднос. Благодарение на можноста да изберат модел според своите потреби, компаниите во текот на енергетска криза, особено во втората половина на 2022 година, имаа предвидливост на издатоците за електрична енергија и таа калкулација можеа да ја вградат во цената на нивните производи и услуги, задржувајќи ја ликвидноста и остварувајќи значајна конкурентска предност на пазарот.

РЕС (Reneweble Energy Supply) е сопственост на македонската фирма Централ Инвест на Кочо Анѓушев и на бугарската фирма Кер Токи на Иво Прокопиев.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Цените паѓаат, а платите растат

Објавено пред

Престедателот на СДСМ Димитар Ковачевски со одговорни, навремени и ефикасни мерки и политики успеа да го ублажи ударот од глобалната економска криза, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Инфлацијата е зауздана, цените паѓаат, а истовремено растат платите и пензиите.

Намалени се цените на лебот, тестенините, јајцата, оризот, млекото и млечните производи.

Минималната плата од март годинава е покачена на 20.175 денари. Минималната плата континуирано се зголемува од 2017 година кога изнесуваше 8.900 денари, а во некои сектори и само 6.000 денари.

Просечната плата во државата за пет години се зголеми за 44 проценти и сега е околу 34.000 денари.

Пензионерите од овој месец добиваат историски највисоко покачување на пензиите за 8,4 проценти, со што просечната пензија се зголемува од 17.666 на 19.150 денари.

СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики, што го заштитуваат и унапредуваат животниот стандард на сите граѓани“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Економија

Битиќи: Странските компании и Владата имаат стабилно партнерство за работа и развој

Објавено пред

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и економскиот тим на Владата на РСМ, остварија редовна квартална работна средбa со Асоцијацијата на странските компании со технолошко напредно производство, на која дискутираа разни предлози и решенија што би влијаеле за подобрување на условите за водење бизнис во државата.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разгледани клучните иницијативи и предлози во врска со прашањата за енергетика и инфраструктура во делот на олеснување на процедурите за поставување фотоволтаици во големите производствени компании.

Другите теми на состанокот беа царина, даноци, државна помош, пазар на труд и грижа на инвеститори.

Дел од барањата на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство се однесуваа на усогласување на царинските стапки до ниво на ЕУ, за дополнителни тарифни ознаки за суровини и репроматеријали, продолжување на примената на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, превод на меѓународни стандарди за финансиско известување и ред други теми што би ги подобриле условите за водење бизнис во државата.

„Секогаш со внимание ги слушам забелешките на инвеститорите и сум отворен за забелешки за тоа како да ги подобриме условите за работењето на компаниите. Нашите напори одат во правец на поддржување на економијата од обновливи извори на енергија, што е многу значајно за нас како Влада“, рече вицепремиерот Битиќи.

Присутните претставници од Асоцијацијата на странските компании го изразија нивното задоволство од соработката со државните институции, а што е во интерес на економијата и граѓаните на Северна Македонија во целина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

(Видео) Приведени 18 навивачи по инцидентите на натпреварот Вардар-Пелистер во Аеродром

Полицијата приведе 18 навивачи по инцидентите во салата „Јане Сандански“ каде имаше дерби во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар...

Свет31 минута

Нуклеарната актовка е секогаш кај Путин: во Европа расте загриженоста од оружјето на рускиот претседател

Најавата на Путин дека ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија предизвика загриженост низ цела Европа. Оружјето што Путин го...

Европа47 минути

(Видео) Шест девоjчиња загинаа во несреќа во Америка-Телата пронајдени покрај превртеното возило

Шест девојчиња загинаа, а други две лица се повредени во судир на меѓудржавниот пат во Тенеси. До превртеното возило биле...

Свет2 часа

Драматична сцена во авион во САД: Патник сам ја отворил вратата

Патник на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ е уапсен откако сам ја отворил вратата од авионот и се спуштил на тобоганот...

Свет2 часа

Хаос на улиците во Израел: Демонстрантите се упатија кон резиденцијата на Нетанјаху

Претседателот на Израел Исак Херцог ја повика владејачката коалиција веднаш да се откаже од законот за реформи во правосудството, по...

Свет2 часа

Северна Кореја лансира нови ракети, американски носачи пристигнаа во Јужна Кореја

Северна Кореја утринава лансираше две балистички ракети со краток дострел во водите во близина на источниот брег на Корејскиот полуостров,...

Домашен12 часа

(Видео) По победата на Вардар, Чкембари испратени со специјалци и полициски возила од Аеродром

Битолската навивачка група Чкембари, со шест автобуси и едно комбе заминаа од салата „Јане Сандански“, откако Вардар го совлада Пелистер....

Македонија14 часа

Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според...

Спорт15 часа

(Видео) Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е прекинат попладнево во Скопје поради сериозни инциденти...

Свет17 часа

(Видео) Дрон камиказа падна во близина на Москва, се сомнева дека леталото било украинско

Во областа Тула во Русија, недалеку од поширокиот московски регион, се урнало и експлодирало беспилотно летало камиказа. „Две лица се...

Регион19 часа

Вучиќ: Предупредив дека доаѓа војна, не ми кажа Путин туку сам сфатив

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за состојбите во светот. Тој вели дека Американците создаваат „нов блок во Европа, кој значително...

Македонија20 часа

(Фотогалерија) Охрид, Водно, Градски парк, Кучково – викенд места за прошетка на сонце

Убав пролетен ден не е за седење дома. На вакво мислење се голем број наши сограѓани кои сончевото време го...

Македонија20 часа

Заев вети, институциите исполнија, хотелот во Лагадин на чичко Никола е легален

По десетина поништени решенија на Општина Охрид и исто толку жалби од инвеститорот, две пресуди на Управен суд и нешто...

Македонија21 час

Дабиќ: Во МНР масовно се впумпуваат партиски кадри, па се унапредуваат со злоупотреба

На денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ обраќање имаше амбасадорот и претседател на Македонски дипломатски синдикат...

Македонија1 ден

Спасовски: Лажните дојави за бомби се од група од Македонија и ќе одговараат за тероризам

Набргу група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата...

Свет1 ден

Нови гробови на историските гробишта во Украина: Победата е наша, но оваа е цената

Сместени во југоисточниот дел на Лавов, гробиштата Личакив се едни од најстарите во Европа и често се споредуваат со историскиот...

Македонија1 ден

Пратеник од ДУИ барал пари за да гласа уставни измени, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен. Иста е состојбата и во...

Свет1 ден

Трамп: Јас сум жртва на лов на вештерки

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас им порача на илјадници приврзаници дека е подложен на една по друга лажни...

Македонија1 ден

Македонските патарини лани собрале над 53 милиони евра

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 53.242.070 евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта...

Македонија1 ден

Времето денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, велат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од...