Економија
„Порше“ влегува во електричната ера со новиот Taycan
Инвестициите од шест милијарди евра, 1.200-те нови вработени исклучиво за лансирањето на Taycan, тековниот развој на продукцијата Porsche 4.0 и неспоредливото кампањско знаење низ целата компанија претставуваат цврста заложба за електична мобилност на производителот на спортски автомобили кој е во тековен процес на овие големи промени, со што уште еднаш ја потврдува својата способност за заштита на својата иднина.

„Ние предвидуваме дека над 50 проценти од моделите на ‘Порше’, испорачани од 2025 година, ќе бидат комплетно електрични возила”, вели Лутц Мешке, заменик-председател на Извршниот одбор во „Порше“. Ова ќе вклучи значителни инвестиции во областите како развој и производство, како и во обука на персоналот. „Покрај ефикасните процеси, и приходите од дигиталните производи и услуги, исто така треба зголемено да придонесуваат на нашиот економски успех”, вели Машке.

Пример за ефикасен пристап се новите објекти за производство и монтажа на Taycan, кои во моментов се градат како „фабрика во фабрика’’ во главниот објект во Зуфенхаузен. Овој развој го сигнализира потегот на „Порше“ да се оттргне од традиционалниот принцип на производство. Албрехт Рејмолд, член на Извршниот одбор одговорен за производство и логистика, објаснува: „Со примена на производството на флексибилна линија, ‘Порше’ ќе стане првиот производител на возила кој користи транспортен систем без управување од страна на возачи во континуираниот сериски процес на производство.“

Ова ќе му овозможи на брендот на спортски автомобил да ги комбинира предностите на традиционалниот пристап на континуирано производство со флексибилност на различна монтажа. Исто така, ќе овозможи и зголемување на бројот на работни циклуси со користење на истиот простор. Следејќи го концептот на „паметно, зелено, ефикасно“, „Порше“ исто така, го следи производството кое не им штети на ресурсите.
Процесот на производство на Taycan е јаглеродно неутрален, со идна цел да воспостави целосна фабрика која нема да има влијание врз животната средина.

Тесните работни односи помеѓу мотоспортот и сериското производство нагласуваат колку е важно споделувањето на знаењата. Како и Porsche 919 Hybrid, кој има повеќе Ле Ман победи, Taycan се напојува со иновативна 800 V технологија. Ова беше една од најважните одлуки за 919, бидејќи нивото на напон ефикасно го поставува курсот за целиот електричен погон: од батеријата, преку изгледот на електрониката и електромоторите, па сè до капацитетот на процесот за полнење. При усвојувањето на пионерскиот пристап и специјалното развивање на соодветните 800 V компоненти, „Порше“ ги турна границите на она што е технички изводливо – вклучително и во однос на литиум-јонската батерија со течно ладење. Поради интензивното конкурентско опкружување на мотоспортот, „Порше“ продолжи да ги развива своите технологии. Брендот во моментот располага со најголемата моќ, како никогаш досега. За Taycan ова значи дека 800 V архитектура во возилото гарантира дека литиум-јонската батерија може да се полни за само четири минути. Овој трансфер на знаење ќе достигне сосема ново ниво кога „Порше“ ќе влезе во Формула Е во 2019/2020 сезоната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

