Економија
Ново на пазарот: Хипокредит – само со залог на недвижен имот до вашиот кредит за биснис потреби
По неколку години успешна работа на македонскиот пазар, повеќе од 50.000 задоволни корисници и секојдневно унапредување на своите производи, финансиското друштво Диџитал фајнанс интернешал одлучи на пазарот да воведе нов кредитен производ, кој меѓудругото е наменет и за бизнис-корисниците. Станува збор за кредит обезбеден со залог на недвижен имот, во висина до 4.000.000 денари и рок на отплата до 15 години – https://hipocredit.mk/mk
Според извори од Диџитал фајненс интернешнал, основната идеја е поттикната со желба во кризата настаната од ковид-пандемијата да се помогне на приватниот сектор, кој е важен столб во економијата во земјава. Еден од начините е токму обезбедувањето на парични средства преку Hipocredit, кој може да ги покрие речиси сите потреби.
Зошто да го одберете Hipocredit?
Hipocredit е наменет за компаниите на кои им е потребна помош за полесно пребродување на кризата која ги погоди сите со пандемијата, но и да се постигне напредок во работата на посакуваниот начин. Без разлика дали сте претприемач или сопственик на мал или голем бизнис, отпочнувате нов бизнис и ви треба помош на самиот почеток, бизнис-кредитот како што е Hipocredit е идеалната опција за вас.
Со аплицирање за Hipocredit, со залог на недвижен имот, можете да добиете кредит до 4.000.000 денари и со рок на отплата до 15 години. Трошоците за Hipocredit кредитот се повисоки споредено со хипотекарните кредити што ги даваат банките, меѓутоа погодната и поедноставена процедура, адаптирана за да му овозможи на крајниот корисник брзо и лесно да дојде до посакуваните средства е од огромна предност. Средствата ги добивате во просек од 7 до 10 дена од аплицирањето и самиот недвижен имот не е задолжително да биде во сопственост на компанијата. На пример, директор на мала компанија може да го заложи својот стан или деловен простор и за брзо време да дојде до потребните средства за својата компанија. Значи, еден сосема поинаков и флексибилен концепт на хипотекарни кредити.
И се ова, е одговор на главните предизвици со кои се соочуваат претприемачите и компаниите денес, а тоа е самата достапност до изворите на финансирање, како и брзината во обезбедување на истите.
Во своето портфолио на кредитни производи, освен хипотекарните кредити Hipocredit, финансиското друштво Диџитал фајнанс интернешнал нуди останати типови на кредити, кои овозможуваат финансиска поддршка во сите облици и за сите потреби.
Во претходните години, најпрво голема популарност стекна брендот Forza https://forza.mk/ кој е наменет за физички лица. Овие брзи позајмици се движат до 30.000 денари со рок на отплата од 30 и 60 дена и исплата во рок од 15 минути. Исто така, во понудата е и Kreddy https://kreddy.mk/ до 180.000 денари и рок на отплата до 36 месеци.
Она што е обележје на сите продукти е брзината и леснотијата за доаѓање до потребните парични средства, а тоа е воедно и една од најголемите погодности за овој тип на кредитирање. При тоа не постојат скриени трошоци.
Политиката на Диџитал фајнанс интернешнал, кој стои зад овој бренд www.hipocredit.mk, од самиот почеток е јасна, тие нудат едноставен, брз и лесен пристап до парични средства. Нивната мисија е да ви олеснат и заштедат време, па затоа сите иновации и новитети водат кон тоа.
Единствено прашање кое треба да си го поставите е кој облик на кредитирање е најпогоден за вашите потреби.
Доколку се одлучите финансиите за унапредување или опстанок на вашиот бизнис да ги побарате од Hipocredit, се што треба да направите е да ги посетите на www.hipocredit.mk. За сите прашања и нејаснотии, на располагање е и нивната корисничка поддршка на тел. 071 22 11 00.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Битиќи, на својата официјална Фејсбук страница имаше реакција на едностраната одлука на осигурителните компании за менување на тарифата и зголемувањето на цените на задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила.
„Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на Владина седница.
Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните.
Ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени.
Го повикувам ресорното министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата“, реагира вицепремиерот.
Економија
ЕУ одвои 13,79 милиони евра за прекуграничен одржлив развој во Македонија и Албанија
Македонија и Албанија заедно ја започнаа Програмата за прекугранична соработка ИПА 3 во Корча.
Финансирана од ЕУ со буџет од 13,79 милиони евра, оваа Програма ја потенцира ангажираноста на двете земји да се усогласат со стандардите на ЕУ за одржлив развој и регионална интеграција до 2027 година.
Дополнително на промоцијата, беше најавен и предстојниот повик за предлози во рамките на програмата ИПА 3, поканувајќи заинтересирани страни да учествуваат во оваа Програма.
„Оваа иницијатива не само што се фокусира на клучни области како што се еколошката одржливост и социо-економскиот развој, туку исто така претставува клучен чекор кон нашата конечна цел за интеграција во ЕУ. Токму денеска најавуваме дека новиот повик за предлози ќе биде отворен многу наскоро, обезбедувајќи можности за конкретни и клучни проекти“, изјави Алтин Зечо, директор за конвергенција и кохезија со ЕУ, Државна агенција за стратешко планирање и координација на помош (САСПАК).
Зечо дополнително истакна дека членство во ЕУ бара зголемена соработка помеѓу нашите две земји, каде координирањето на заеднички политики и меѓусебната поддршка за постигнување на нашите цели и приоритети кон интеграција во ЕУ останува важен процес.
Вулнет Арифи, шеф на одделот за ЕУ и координатор за СБС, при Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија, ја истакна улогата на Програмата во забрзувањето на аспирациите за членство во ЕУ.
„Со изградба на основите поставени од ИПА 2, оваа Програма не само што ја проширува соработката меѓу земјите, туку и повеќе ги усогласува нашите регионални политики со стандардите на ЕУ, отворајќи го патот за нашето очекувано пристапување. Претстојниот повик за предлози дополнително ќе ги активира нашите заедници да се ангажираат длабоко со нашиот процес на интеграција во ЕУ“, изјави Арифи.
Брисеида Ѓоза од Антена канцеларијата Северна Македонија – Албанија го истакна целосниот пристап на програмата: „ИПА 3 е детално креирана за да ги зголеми нашите регионални капацитети за исполнување на критериумите на ЕУ, фокусирајќи се на климатска отпорност, одржлив туризам и зачувување на културното наследство. Ги охрабруваме заинтересираните страни да се подготват за претстојниот повик, кој ветува дека ќе ги зајакне нашите заеднички напори.“
Ова стратешко вложување од ЕУ преку Програмата ИПА 3 е доказ за постојаните напори на Северна Македонија и Албанија за влез во ЕУ, испраќајќи директна порака за нивното патување кон европската интеграција.
Економија
Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на турската компанија Шахтерм во ТИРЗ
Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“, Фарук Шахин, потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во Македонија. Со договорот кој го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од над 20.000 м2 и изградба на објект со површина од над 13.000 м2. Ова е прва од двете фази на реализација на инвестицијата.
Потпишувањето на договорот следи само 4 месеци по најавата за новата турска инвестиција во земјава. Турската компанија ја зголеми и првично планираната инвестиција од 70 милиони евра на 100 милиони евра. Според деловниот план компанијата во наредните 10 години предвидува отворање на 1000 нови работни места. Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција.
Потпишувањето на договорот е во рамки на посетата на Турција на делегација на ТИРЗ предводена од Деспотовски во рамки на која е предвидена и презентација на инвестициските можности пред турски компании. На потпишувањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасиевски и Џунејт Шенер, потпретседател на бордот на директори на Стопанската комора на Бурса.
Инаку компанијата “Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.
Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.