Контакт

Култура

Адеми: Разликите да станат мостови за комуникација и размена

Објавено пред

Министерот за култура, Асаф Адеми, денеска се обрати на конференцијата на тема „Мултикултура, мултилингвизам и интеркултурализам низ вековите“ организирана од страна на Универзитетот „Мајка Тереза“.

Адеми во своето обраќање пред присутните истакна дека познавањето на јазикот на другиот, неговата култура и соживотот во такви услови се особини со коишто може да се гордееме и пред поразвиените земји на Европската Унија.

„Со оглед на тоа, јас сум сигурен дека овој семинар е голема заложба не само за потврдување на овие вредности туку и можност преку научни пристапи да постигнеме корисни заклучоци коишто можат да бидат добра лекција и за политичарите и за другите менаџери од јавниот живот, за различностите да се претворат во приоритет и разликите да станат мостови на комуникација и размена“, истакна министерот за култура.

Оваа меѓународна конференција се реализира со поддршка од Министерството за култура.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Европски награди за три македонски драми

Објавено пред

Европската мрежа за современа драма и превод го соопшти изборот на најдобри современи драмски дела на европско ниво за 2020 година. Меѓу нив се и три нови, необјавувани и неизведувани драми на македонски јазик: „ Грејс Кели не пие бамбус“ од Давор Стојановски, „Помеѓу змејот и неговиот бес“ од Сашо Димоски и „Саатот“ од Лидија Митоска-Ѓорѓиевска.

Во конкуренција на повеќе од 700 пријавени дела од автори што пишуваат на некој од европските јазици се најдоа и 25 текстови напишани на македонски јазик. Изборот на трите најдобри македонски драми го направи Македонскиот комитет на Еуродрам, во состав: Иван Додовски, театролог, писател и универзитетски професор на Универзитетот Американ колеџ Скопје (претседавач); Фроса Пејоска-Бушеро, преведувачка и универзитетска професорка на Институтот за ориентални јазици и цивилизации од Париз; Александар Зицман, преведувач и универзитетски предавач на Катедрата за славистика на Универзитетот во Виена; и Катерина Коцевска, актерка и драмска писателка, директорка на Драмски театар од Скопје.

Во соработка со Македонскиот театарски фестивал „Војдан Черднодрински“ – Прилеп, авторите на трите избрани драми ќе добијат парична награда. Исто така, се очекува поширок избор од пријавените драми да биде објавен во посебна антологија, која ќе биде претставена на јубилејното 55-то издание на фестивалот. Избраните македонски драми ќе бидат препорачани за сценска изведба и за превод на други јазици преку мрежата на преведувачи на „Еуродрам“.

„Еуродрам“ е европска мрежа за современа драма и превод, која опфаќа повеќе од 300 членови организирани во 30 јазични комитети. Главна цел на мрежата е да го поттикне преводот на современи драмски дела од Европа, Централна Азија и Медитеранот, правејќи ги достапни за театарските професионалци и за публиката, во духот на независноста, рамноправноста и јазичната разновидност. Во парни години, секој јазичен комитет на Еуродрам избира три оригинални драмски дела напишани на јазикот на тој комитет и ги препорачува за превод на други европски и блискоисточни јазици. Во непарни години, комитетите избираат три најдобри преводи на нивниот јазик со цел да се препорача нивното објавување и сценско изведување.

Прикажи повеќе...

Култура

„Елегија“ прв заеднички албум на Горан Папаз и Танче Гроздановски

Објавено пред

„Елегија“ е насловен првиот заеднички албум на саксофонистот Горан Папаз и и Танче Гроздановски на гитара кој содржи 8 композиции.

На албумот се наоѓаат 4 авторски песни каде авторите и изведувачите ја докажуваат својата музичка оригиналност, но исто така на албумот се преработени во оригинален аранжман 4 традиционални македонски песни со што се зачувува и негува македонскиот фолклор за сегашните и идните генерации. Самиот збор Елегија зборува за стилот на композициите.

Албумот се работеше во студиото Гроздановски, саксофон – Горан Папаз, гитара – Танче Гроздановски а позади пијаното стои името на Иван Еминовиќ.

Насловите на композициите се следниве: Memories/Спомени Ој Јано, Јано Што да правам што да чинам Нели бевме Friends/Пријатели Калеш бре Анѓо Елено, ќерко Елено Пушти ме Гостин на песната Нели Бевме, во која се рецитира песната на македонскиот великан на пишаниот збор Кочо Рацин, е Марија Димитрова која се потпишува како ко-продуцент на овој албум.

Извршен продуцент е Давор Палиќ, музиката и аранжманот се на Папаз и Танче, и овој тим веќе работи на следниот проект. Албумот Елегија дигитално ќе биде дистрибуиран од страна на хрватската музичка продукција Менарт.

Фотографиите и омотот за албумот ги изработи фотографот Никола Николов.

Прикажи повеќе...

Култура

Осум години „Театар комедија“

Објавено пред

Националната установа „Театар комедија“ денес, на Светскиот ден на театарот, го заокружува својот осми роденден.

Во текот на изминативе осум години во „Театар комедија“, кој важи за најпосетуваниот театар во земјава, се поставени вкупно 34 премиери, остварени се голем број гостувања и соработки, а театарот може да се пофали и со бројни награди и признанија.

Оваа година во „Театар комедија“ ќе изостане вообичаената премиера на 27 март, но од институцијата велат дека, по нормализирањето на ситуацијава, актерите и целиот тим на театарот ќе бидат тука за да им ги наполнат ,,животните батерии“ на посетителите со нова енергија и надеж.

Во меѓувреме театарот ги обезбедува со смеа своите гледачи преку нивниот онлајн репертоар – на нивниот јутјуб-канал во одредени термини се емитуваат снимки од нивни претстави.

За Денот на театарот е резервирана ,,Ах, љубов моја“ (режија: Коле Ангеловски), која е првата одиграна претстава во „Театар комедија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија12 часа

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Македонија13 часа

Медицинските работници во земјава ќе добијат нова тура на бесплатни маски направени со 3D принтери

По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина, со што ќе се оствари бројката од 6.000...

Македонија13 часа

31-годишниот скопјанец починал по распад на белите дробови, единствен ризик фактор била дебелината

31-годишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен...

Македонија14 часа

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Претходно, на...

Македонија15 часа

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради починатата пациентка од струшко

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај...

Македонија15 часа

Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст

На Клиниката за инфективни болести починале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент...

Македонија16 часа

Хотелот „Макпетрол“ во Маврово станува државен карантин

Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол” во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни...

Македонија17 часа

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Свет18 часа

Во Кина 45 новозаразени од коронавирус, само еден не е од странство

Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство. Според Националната здравствена комисија, уште петмина...

Свет18 часа

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа1 ден

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија1 ден

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија2 дена

Полиција ќе ги доставува на домашна адреса готовите лични карти и возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и...

Македонија2 дена

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет2 дена

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Европа2 дена

Во Шпанија за една ноќ починаа 832 лица

Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува...

Македонија2 дена

Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска е државен карантин за 90 лица

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица...

Македонија2 дена

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Досие