Контакт

Култура

„Антево слово“ – меѓународен конкурс за поезија во Сицилија

Објавено пред

Меѓународната поетска манифестација „Анџело ла Векија“ годинава по вторпат го распишува конкурсот за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски – „Антево слово“.

„На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на македонски и италијански или англиски јазик. Со учеството на овој конкурс истите ќе можат да бидат дел од авторите кои конкурираат за носечката награда на манифестацијата ‘Парнас – награда на Анџело ла Векија’. Поезијата може да се испраќа до 15 ноември 2018 година“, соопштуваат оттаму.

Наградата „Антево слово“ е конституирана како дел од оваа меѓународна манифестација која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава. Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија ‘Парнас – награда на Анџело ла Векија’ е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку ‘Возвишена поезија’, духот, душата, суштината и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.

Во соопштението се додава и дека сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело ла Векија“, награда која е именувана по професор Анџело ла Векија, познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и наградата „Антево слово“, која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Филмски осврт „Виа Карпатија“: Конформизмот, желката и мигрантите

Објавено пред

Дебитанското долгометражно остварување „Виа Карпатија“ на режисерската двојка Клара Кочанска и Каспер Бајон, снимено во полско-чешко-македонска копродукција, вчеравечер беше прикажано во официјалната конкуренција на фестивалот „Синедејс“. Станува збор за приказна со едноставен наратив, интрига што вовлекува во „он д роуд“ авантура и сосема во трендот да се напушти мегаломанската филмска логика во интерес на независен и експериментален производ.

Како што и самиот режисер Бајон по проекцијата посочи, раскажувањето приказни преку филм во кои треба да се праќаат пораки не му е никаков предизвик, туку една провокација е доволна. Во случајов тој сакал да проговори за дискурсот на гледање од страна на Полјаците, кои мигрантската криза ја доживеале единствено сместени во топлите фотелји пред телевизорот. Така, одбира овој актуелен европски проблем да го види преку Пјотор и Јулија и нивното патување.

Камерата се движи речиси документаристички, лови детали што создаваат автентична атмосфера. Од кадарот што се повторува и го отсликува модерно и стерилно уредениот стан на брачниот пар Пјотр и Јулија, до благата тегобност во автомобилот со кој тие патуваат. А да биде нагласена иронијата на нивната празнина што лебди во воздухот, на патувањето го понесуваат и нивното милениче, желка. Од план за летување, патувањето ќе се насочи кон потрага по таткото на Пјотор, за кој мајка му верува дека е во бегалски камп некаде на југот на Европа. И тука повторно изненадување, наместо возбудливост што вообичаено имплицираат филмовите „он д роуд“, тука доминира здодевноста, излегува на површина нетрпеливоста меѓу сопружниците, проблемите што ги игнорираат во секојдневието.

И таткото нема да го најдат, ама сепак ќе пронајдат малку повеќе искреност во нивниот однос. Наспроти валканите кампови каде што се одигруваат животните судбини на мигрантите и нивната потрага по подобра материјална егзистенција, тие ќе се соочат со својот емотивен опстанок.

Контрастите, како можноста желката да има пасош, додека за истиот бегалците плаќаат илјадници евра, колективниот хаос во камповите наспроти привидниот мир и чистина во домот на сопружниците, топлината на југот во Грција и воздржаноста на менталитетот од север, се само суптилна драмска игра која умешно ја заокружува филмската идеја.

Оваа крајна непретенциозност на режисерите, едноставно изнесување на перцепција на нештата е клучниот шарм на „Виа Карпатија“.

Нискобуџетен или речиси без буџет, „Виа Карпатија“ занимавајќи се со здодевноста на ситуиран полски брачен пар што ќе ја напушти зоната на комфор и ќе замине на патување кон македонско-грчката граница, докажува дека и ако се оддалечиш од безбедната рамка што ја нудат скапите филмови може да се постигне ефект на успешен филм.

Европската премиера на „Виа Карпатија“ беше на фестивалот во Карлови Вари, а зад продукцијата од македонска страна се потпишани Владимир Анастасов и Ангела Несторовска, односно „Сектор филм“, од Полска Heaven’s Gate, Chimney Poland, Sound Mind, и Kijora Film од Чешка.
Улогите ги играат Јулија Кијовска (Julia Kijowska), Пјотр Боровски (Piotr Borowski), Бајрам Северан (Bajram Severdžan), Дорота Помикала (Dorota Pomykala).

Прикажи повеќе...

Актуелно

Украдена слика на Пикасо пронајдена во Романија

Објавено пред

Слика на Пабло Пикасо, за која се верува дека е делото „Tete d’Arlequin“, која беше украдена во 2012 година од музејот во Ротердам се појави во Романија.

Во еден од најдраматичните грабежи крадците украдоа седум слики вредни милиони евра, на познати сликари, меѓу кои и дела на Пикасо. Во 2013 година за кражбата беа обвинети романски државјани, но ниту една слика не беше пронајдена. Романските експерти веруваат дека најмалку три од нив се запалени во обид да се уништат доказите.

„Обвинителството за гонење организиран криминал ги истражува околностите под кои сликата која ја потпишал Пикасо, вредна 800 000 долари, е пронајдена вчера вечерта во округот Тулцеа“, изјавиле од Обвинителството и додале дека сликата е автентична.

Од таму соопштиле дека двајца холандски државјани дошле во амбасадата на Холандија во Букурешт со сликата и рекле дека ја пронашле во југоисточниот романски округ.

Прикажи повеќе...

Книги

Книжевен разговор со писателот Енес Халиловиќ

Објавено пред

Издавачката куќа „Готен“ ги поканува сите заинтересирани на книжевниот разговор со писателот Енес Халиловиќ, што утре ќе се одржи во рамки на книжевниот фестивал „Букстар“, со почеток во 21.30 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје. Водител на разговорот ќе биде Владимир Јанковски.

Енес Халиловиќ во текот на ноември е на резиденцијален престој во Скопје, во рамки на програмата за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“, програма која се реализира под покровителство на Европската мрежа за превод и книги Традуки.

Енес Халиловиќ (1977, Нови Пазар) е поет, раскажувач, драмски писател и новинар. Ја има основано новинската агенција „Санапрес“, книжевното списание „Sent“ и интернет-списанието за книжевни интервјуа „Екерман“.

Ги има објавено збирките поезија: „Средна буква“ (1995), „Блудна хартија“ (2000), „Листови на вода“ (2007) „Песни од болеста и од здравјето“ (2012); збирките раскази: „Потомците на одбиени просачи“ (2004) и „Капиларни појави“ (2006); драмите „In vivo“ (2004), „Кемет“ (2010); романите: „Еп за водата“ (2012) и „Ако долго време гледаш во понорот“ (2016).

Неговите раскази, поезија и драми се објавени во посебни книги на англиски, полски, француски и македонски јазик, а прозата и поезијата му е преведена на повеќе од десетина јазици. Застапен е во бројни антологии. Добитник е на книжевните награди „Бранко Миљковиќ“, „Ѓуро Јакшиќ“ и „Меша Селимовиќ“.
Разговорот со Енес Халиловиќ е дел од книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“, програма која се реализира под покровителство на Европската мрежа за превод и книги Традуки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт7 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа10 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести11 час

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија11 час

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет13 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија14 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски16 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет16 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион17 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет18 часа

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет1 ден

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски2 дена

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија2 дена

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија2 дена

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија2 дена

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија2 дена

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate2 дена

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести2 дена

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Досие