Контакт

Култура

Вечерва Пушкинови денови во паркот „Пушкин“ во Кисела Вода

Објавено пред

Општина Кисела Вода ги покани своите жители да бидат дел од годинешните Пушкинови денови.

Попладнево, во 18 часот, во паркот „Пушкин“, отворен точно пред 10 години, градоначалникот Филип Темелковски и амбасадорот на Руската Федерациjа во Северна Македониjа, Сергеј Баздникин, ќе отворат детско игралиште и ќе се обратат по што ќе следува културно-уметничка програма посветена на одбележувањето 220 години од раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Заврши 31. издание на Поетската ноќ во Велестово

Објавено пред

Со претставувањето на романот „Некој беше тука“ од Николина Андова-Шопова, синоќа, во Охрид, заврши 31. издание на интернационалната манифестација Поетска ноќ во Велестово.

Во трите фестивалски вечери пред многубројна публика се претставија десетина уметници (поети, музичари, сликари, актери, како и теоретичари) од три земји: Македонија, Ирска и Бугарија.

Првата вечер се одржа во селото Велестово, а беше отворена со спектакуларен настап на Зарина Првасевда и Александар Петров на тапан. Понатаму, програмата продолжи со поезијата на Иван Џепароски во интерпретација на актерот Владимир Јачев и беседата на проф. д-р Наташа Аврамовска. Вечерта заврши со отворањето на изложбата на академскиот сликар Воскресија Андреевска.

Следниот ден, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се одржа настанот „Поезија напладне“ со Поли Муканова, под модераторство на охридскиот поет Зоран Јакимоски, а имавме можност да чуеме стихови и од поетот Владимир Левчев од Бугарија.

Истата вечер во Кафе и бар „Шила“ во Охрид се одржа промоција на стихозбирката „Жалба до музата“ од ирскиот поет Џери Марфи, избор и препев на Јулијана Величковска. Стихови читаше актерот Јован Цветкоски, а книгата ја претстави проф. д-р Димитар Пандев.

Во рамките на манифестацијата излезе и 19. број на интернационалната ревија Поетска ноќ во Велестово.

Прикажи повеќе...

Култура

Втората сезона на „Фамилијата Марковски“ премиерно на Сараевскиот филмски фестивал

Објавено пред

Првите две епизоди од втората сезона од ТВ-серијата „Фамилијата Марковски“ на 22 август (четврток) премиерно ќе бидат прикажани на годинешното јубилејно издание на Сараевскиот филмски фестивал. Покрај македонскиот ТВ-проект, дел од програмата Avant Premiere Gala се уште четири балкански серии од висока продукција.

Првата сезона македонската серија ја имаше во 2017 и наиде на позитивни критики и популарност кај публиката. Слична историја има и српската историска драма „Сенки над Балканот“ на Драган Белогрлиќ, која исто така ќе доживее премиера на својата втора сезона токму на Сараевскиот филмски фестивал. Покрај овие две, ќе бидат прикажани и епизоди од српските серии „Беса“ и „Групата“, како и словенечката „Езерото“.

„Со самото тоа што новата сезона ќе биде дел од една ваква селекција, на реномиран филмски фестивал како што е Сараевскиот, значи признание за нас, како и за модерната македонска телевизиска продукција. Серијата, секако, ќе се прикажува и во нашата земја, но со оглед дека сè уште се прецизираат деталите, информациите ќе ги објавиме набргу“, велат од продукцијата „Арт проект лаб“, која стои зад серијата „Марковски“.

Премиерно прикажана во 2017, со иницијални осум епизоди, „Фамилијата Марковски“ во фокусот го има секојдневието на едно просечно семејство, чии случувања се рефлексија на актуелното македонско општество. Главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ, Силвија Стојановска, Владимир Петровиќ, Тамара Ристоска и Петар Петковски. Режисер на серијата е Даријан Пејовски. Втората сезона е составена од нови осум епизоди и ќе се емитува од есен.

Прикажи повеќе...

Култура

Мастер-клас на документаристот Виктор Косаковски во рамките на фестивалот „Македокс“

Објавено пред

На два дена пред почетокот на 10. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, организаторите најавија мастер-клас со наслов „Не следете ги моите правила. Направете си свои“ на 24 август во Даут-пашиниот амам, што ќе го одржи еден од најзначајните европски и светски документаристи – Виктор Косаковски. Тој ќе зборува за своите принципи при создавањето на филмските дела не само како режисер туку и како сценарист, снимател и монтажер.

„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте правила за млади документаристи на Косаковски. Овој современ раскажувач со восхитувачко поетски пристап во правењето документарци ќе ги сподели и своите искуства и мислења за заемната условеност на естетското и етичкото во документарните филмови поаѓајќи од својот личен став дека добрите луѓе веројатно не треба да прават документарци. Визуелната поезија на Косаковски е мошне ценета меѓу критичарите и гледачите бидејќи тој умешно ги претвора внатрешните и надворешните светови во синестетски искуства.

Како филмаџија документарист, Косаковски има добиено над 100 награди на меѓународни филмски фестивали градејќи филмографија со фокус на разни теми, кои ја истражуваат стварноста и ја преведуваат во визуелна поезија раскажана на автентичен филмски јазик. Во 1989 година тој го режирал својот дебитантски филм „Лосев“, три години подоцна и својот најпознат документарец „Белови“, а со „Да живеат антиподите!“ го има отворено Венецискиот филмски фестивал во 2011 година. Косаковски неуморно продолжува да прави филмови и да предава документаристика инспирирајќи ги филмаџиите во светот.

24.8. / 14-16.30 ч / мастер0-клас / Даут-пашин амам

„Не следете ги моите правила. Направете си свои“

Како блескав пример на неговата работа, еден ден претходно во киното „Милениум“ ќе биде прикажан документарецот „Акварела“ (2018), чиј стожерен лик е семоќниот сопатник на Земјата – водата. По проекцијата, ќе следува сесија на прашања од публиката.

23.8. / 21 ч / „Акварела“ / кино „Милениум“

Велика Британија, Германија / 2018 / 89’

Филмско нуркање низ непредвидливата убавина и безмилосноста на водата. Нејзиниот ќудлив нарав и суровата сила докажуваат дека луѓето се само бледа сенка на природата. Од опасните ледени води во руското Бајкалско Езеро, преку Мајами среде вителот на ураганот Ирма, па сѐ до венецуелските Ангелски Водопади – стожерниот лик во оваа приказна е водата, прикажана во сиот свој раскош и ужас.

Работилницата „Идеи преку граници“ со Јана Цисар ќе биде фокусирана на филмската копродукција, а заедно со учесниците ќе се трага по идеи што би биле прикажани на потенцијалните копродукциски партнери. Работилницата ќе се одржи од 22 до 24 август во Даут-пашиниот амам. Предавањата на работилницата ќе опфатат теми како наоѓање и избирање партнери за поддршка на филмовите, публика и финансирање.

22-24 август, 2019 / 10-13 ч / Даут-пашин амам

Јана Цисар е родена во Маринанске Лазне, Чехословачка, а живее во Западна Германија уште од 1969 година. Кариерата ја почнува со работа во театарска продукција како асистентка на Дејвид Брн при подготовките на претставата „Шумата“ на Роберт Вилсон во 1988 година. Потоа продолжува да работи како продукциски раководител во Денови на германскиот театар во Москва и како менаџерка за турнеи на „Малиот театар во Ленинград“ во 1989 година. Цисар има работено на разни програми со Лес Бланк, Ричард Ликок, Брадрс Квеј, Јан Шванмаер, Дејвид Брн и Томас Браш за „Компанијата за развој на телевизиски програми“ на Александер Клуге (TV DCTP). Заедно со Мануела Стрихавка го имаат направено филмскиот фестивал „Сомерзене“ во Салцбург. Од 1990 до 1995 година има живеено во Прага, каде што со група луѓе ја има основано програмата „Промоција на чешкиот филм“, но работела и на чешкиот Меѓународен филмски фестивал „Карлови Вари“. Живее во Берлин од 1995 година и работи како независна филмска продуцентка.

Работилницата е поддржана од Институтот „Гете“ во Скопје.

Филмската програма на 10. „Македокс“ ќе содржи вкупно 70 документарни остварувања на автори од целиот свет, а ќе бидат одржани и повеќе други програмски активности од 21 до 28 август. Се очекува на фестивалот да присуствуваат 100-ина гости.

Фестивалот ќе се одвива со мотото „Десет лета ‘Македокс’“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет10 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион11 час

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа11 час

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ13 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ15 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија16 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија17 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија20 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ21 час

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија21 час

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија21 час

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа22 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет23 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет1 ден

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет1 ден

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија1 ден

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет2 дена

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт2 дена

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Досие