Контакт

Култура

Виолинистот Стефан Миленковиќ со „Кармина Бурана“ вечерва на Охридско лето

Објавено пред

Српската вечер на Охридско лето вечерва на сцената Долни Сарај од 21 часот ќе го донесе големиот српски виолинист со светско реноме Стефан Миленковиќ и камерниот ансамбл „Камерата“ од Нови Сад со атрактивниот проект „Кармина Бурана“ од Карл Орф, а во режија на Ана Крстајиќ.

dobivaj vesti na viber

Директорката на НУ Охридско лето, Наташа Поповиќ, на денешната прес-конференција најави дека и во текот на годинешното 62. издание фестивалот ја продолжува традицијата за соработка со амбасадите во Република Северна Македонија, со чија помош се реализираат настапи на истакнати и еминентни уметници.

„Вечерва, во рамките на Српската вечер, Охридско лето ќе понуди нешто ново, ексклузивно, многу атрактивно и наменето за пошироката публика. Ова е уште еден проект со врвен квалитет и реномирани уметници, кој изобилува со енергија, страст, врвна интерпретација, а сето тоа за големо уживање на фестивалската публика. Стефан Миленковиќ многупати досега имаше можност да ѝ се претстави на македонската публика, која не остана рамнодушна на ниеден негов настап, но овој исклучителен виолинист ги воодушевува и љубителите на музиката во целиот свет. Виртуозот на виолина Стефан Миленковиќ од рана возраст го доби епитетот чудо од дете, а поради неговите врвни настапи тука, на фестивалската сцена на Охридско лето, слободно можам да кажам дека е наш голем пријател и миленик на публиката“, истакна Поповиќ.

Миленикот на охридската и воопшто на македонската публика, Стефан Миленковиќ, рече дека „Кармина Бурана“, што вечерва ќе биде изведена на Долни Сарај, е наблиска до оригиналната верзија. Тој не го криеше задоволството што е повторно во Охрид и на фестивалот Охридско лето.

„’Кармина Бурана’ публиката ја познава како мегадело за голем оркестар и два хора на Крл Орф, но ова е верзија, би рекол, уште поблиска до оригиналот аранжирана од Ана Крстаиќ. Тоа е верзија за виолина и камерен оркестар. На тоа додадовме уште неколку дела што се вклопуваат на овој или на оној начин во целокупната програма. Станува збор за трите Гершвинови прелудиуми во аранжман за виолина и камерен оркестар, Пјацола со делото ‘Лето’, бидејќи е лето, и ‘Квин’ со ‘Боемската рапсодија’, дело што едноставно моравме да го вклопиме во програмата зашто е безвременска балада“, најави мегапопуларниот виолинист Миленковиќ.

Ансамблот „Камерата Нови Сад“ редовно учествува на значајни фестивали во Србија. Минатата сезона настапија на отворањето на првата градска концертна сала во Нови Сад, гостуваа на фестивалот во Котор и на фестивалот за камерна музика во Нови Сад. Заедно со Стефан Миленковиќ го реализираа проектот „Кармина Бурана“.

„Големи се честа и задоволството, конечно, и ние да настапиме на овој прочуен фестивал Охридско лето. Сите уживаме во преубавиот Охрид и мислам дека задоволството ќе биде уште поголемо што на Охридско лето ќе настапиме со нашиот пријател Стефан Миленковиќ по големиот број заеднички настапи што ги имаме уште од 2011 година. Сметам дека со подобра програма на еден ваков прекрасен фестивал и во едно вакво прекрасно место не можеме да се претставиме“, изјави Марко Милетиќ, уметнички раководител на камерниот ансамбл „Камерата“ од Нови Сад.

Како што најави на денешната прес-конференција директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ, фестивалот до 20 август продолжува со реализирање на годинешната квалитетна, ексклузивна и атрактивна програма.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Концерт на групата „Мизар“ на „Бит-фест“

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 21 часот, на платото пред Офицерскиот дом, во рамките на програмата на „Бит-фест“, пред битолската публика ќе настапи култната македонска музичка група „Мизар“, една од најзначајните и највлијателни македонски групи, чија трага е длабоко врежана во современата македонска култура.

dobivaj vesti na viber

Повод за овој концерт е промоцијата на новото ЦД на групата „Мизар“ и прославувањето 40 години успешно дејствување на домашната, но и меѓународната музчка сцена.

Овој концерт, според организаторот, ќе биде можност да се види „Мизар“ во целиот свој сјај.

Прикажи повеќе...

Култура

„Црнила ремикс“ се врати со награда од „Нишвил“

Објавено пред

Театарската претстава „Црнила ремикс“ е наградена на „Нишвил“ – меѓународниот џез-театарски фестивал, кој доцна синоќа се затвори во Ниш, Србија.

dobivaj vesti na viber

Во образложението на жирито на фестивалот, театарските критичари Наташа Гвоздановиќ и Игор Буриќ и американската актерка и продуцентка Жозелин Пук е наведено:

„Наградата за најдобра употреба на музика се доделува на претставата ‘Црнила ремикс’, во режија на Јордан Симонов, а во продукција на МКЦ Скопје. Претставата е оригинална, со тоа што ангажира рап-музика во јукстапозиција со традиционални македонски вокални стилови. Таа е полна со прекрасни мелодии, рими и динамика, кои произведуваат своевидна хип-хоп опера и поттикнува силни емоции“.

На фестивалот „Нишвил“, кој од 5 до 9 август се одржа на сцените во Ниш, гран при наградата ѝ е доделена на претставата „Балкан Боредело“, копродукција меѓу „Ла Мама “од Њујорк, „Ателје 2012“ од Белград и „Кендра мултимедија“ од Приштина, а сите награди се донесени едногласно.

„Наградата доаѓа во вистински момент кога се обидуваме повторно да ја рестартираме претставата. ‘Црнила ремикс’ својот силен фестивалски залет го имаше веднаш по премиерата на крајот на 2018 година, но, за жал, веќе на почетокот на 2019 година, како и целиот свет, и ние моравме таму да запреме. Многу убава енергија за овој проект, па затоа верувам дека ‘Црнила’ на МКЦ Скопје ќе ја има уште долго на сцена“, вели Русе Арсов, продуцент на претставата.

Режисер на проектот е Јордан Симонов, кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот“ го поставија ова современо читање на драмската класика „Црнила“ на Коле Чашуле: „Мислам дека ја имавме најсоодветната продукција за овој фестивал, чија специфика е токму селекција на претстави, каде што музиката е важен драмски елемент во нарацијата. Експериментиравме со многу стилови и формати, добивме одличен музички производ и затоа сега ми е многу драго што тоа го препознаа и членовите на жирито“, изјави Јордан Симонов.

Пред полниот амфитеатар во Ниш на фестивалот се поклонија членови на организацијата: Стефан Вуисиќ, Александар Михајловски-Хонда, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски.

Прикажи повеќе...

Култура

Американска вечер на Охридско лето со виолинистот Шломо Минц

Објавено пред

Еден од најдобрите виолинисти на денешницата, Шломо Минц, вечерва ќе се претстави пред публиката на Охридско лето во рамките на Американската вечер на фестивалот, што се одржува со поддршка на Амбасадата на САД во земјата. Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

dobivaj vesti na viber

Шломо Минц, според многумина, вклучително и според колегите, публиката и критичарите е еден од најзначајните виолинисти на нашето време поради неговата исклучителна музикалност, стилска разновидност и беспрекорна техника.

Роден е во Москва, неговото семејство емигрирало во Израел кога тој имал само две години. Учел виолина со Илона Фехер, која го запознава со Исак Штерн, кој ќе стане негов ментор. Исто така, студирал со Дороти Дилеј во Њујорк, а уште од млада возраст соработувал со големи ѕвезди како Исак Штерн, Мстислав Ростропович, Пинкас Цукерман, Итцак Перлман, Зубин Мехта, Клаудио Абадо, Рикардо Мути, Јури Темирканов, Ида Хендл и Иври Гитлис. Настапува со најдобрите светски оркестри во Берлин, Виена, Амстердам, Чикаго, Лос Анџелес, Филаделфија и во Њујорк.

На 18-годишна возраст Минц почнува паралелна кариера како диригент. Тој е еден од основачите на мајсторскиот курс во Кешет Елион, каде што бил еден од главните организатори повеќе од 18 години, а исто така е коосновач и гласноговорник на проектот „Виолини на надеж“, кој се фокусира на реставрацијата и на интернационалните изложби на 45 инструменти што им припаѓале на Евреи, кои ги загубиле животите во концентрационите логори во Втората светска војна.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Повторно активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула

Пожарот во с.Вапила е повторно активиран према с.Сирула, соопшти Центарот за управување со кризи. Се работи за карпест предел со...

Свет13 часа

Нов вирус се појави во Кина: Заразени 35 луѓе – имаат треска, замор, кашлица, анорексија

Нов тип на хенипавирус добиен од животинско потекло, Langia henipavirus, кој може да зарази луѓе е пронајден во источната кинеска...

Свет14 часа

Поранешен шеф на кампањата на Трамп: Споделив доверливи информации со Русите

Пол Манафорт, кој беше менаџер на кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2016 година, призна дека споделил доверливи...

Македонија15 часа

МОН го повлекува учебникот по Социологија за втора година гимназиско образование

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник...

Македонија17 часа

Регистрирани 679 новозаразени од коронавирус, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...

Економија21 час

ССМ: Вредноста на минималната синдикална кошничка во јули 2022 е 47.042 денара

Вредноста на синдикалната минимална кошница со вклучена инфлација (трошоци за живот) за јули изнесува 47.042,00 денара и не може да...

Македонија21 час

МНР: Ги отфрламе сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи

„Во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови заемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, дозволете да информираме дека...

Регион22 часа

Румен Радев: Изборите на 2 октомври треба да произведат стабилно и одговорно мнозинство

„За сите од најголема важност е овие избори да дадат одговорно мнозинство. Исто така, важно е ова мнозинство да ужива...

Свет23 часа

Градоначалникот на Нагасаки: Нуклеарното оружје е реална и присутна закана

Нуклеарното оружје е реална и присутна закана откако Русија ја нападна Украина, изјави денеска градоначалникот на Нагасаки на 77-годишнината од...

Свет23 часа

Зеленски со порака до Западот: Забранете им на Русите да влезат, нека живеат во свој свет

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните земји да го забранат влезот на сите руски граѓани. Во интервју за „Вашингтон...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски скриен во глувчешка дупка молчи додека во Бугарија се спремаат нови услови и барања за Македонија

„На повидок нов дебакал на предавничката влада предводена од Димитар Ковачевски во дипломатијата. Повторно нови услови и нови документи од...

Свет24 часа

Агенти на ФБИ со претрес на имотот на Трамп: Мојот прекрасен дом моментно е под опсада

ФБИ извршило налог за претрес во одморалиштето Мар-а-Лаго на Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, како дел од истрагата за...

Регион24 часа

Пожар на најпознатата плажа во Хрватска

На најпознатата плажа во Хрватска, Зрче, на островот Паг, синоќа избувнал голем пожар. Како што пишува „Јутарњи лист“, со пожарот...

Македонија1 ден

(Видео) ЦУК: Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили во...

Македонија1 ден

Десет починати лица, регистрирани 1.233 новозаразени со коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 6.8. 2022 до...

Македонија2 дена

ЈП „Комунална хигиена“: Кон вработената која предизвика инцидент веќе е започната дисциплинска постапка

На 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје кои месеци и години земале плата а не...

Европа2 дена

Бајден за активностите на Кина: „Загрижен сум“

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека не е загрижен за Тајван, туку дека е загрижен за Кина. Бајден открил...

Топ2 дена

Турски државјанин со живеалиште во Скопје осомничен за криумчарење на над 13 килограми злато на Табановце

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донело наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин со живеалиште...

Економија2 дена

Се намалува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Македонија2 дена

(ВИДЕО) Иван, кој го преживеа Халкидик, во интервју за грчки медиум: Најлошиот роденденски подарок

Пред точно еден месец скопјанецот Иван (30) заедно со своите пријатели исчезна на отворено море од плажата Мити, на Халкидик....