Контакт

Култура

Владата одобри 209,5 милиони денари за изградба и санација на културните објекти

Објавено пред

Владата денеска даде согласност за Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година.

Годишната програма за инвестиции во културата за 2020 година содржи 12 проектни активности, кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и националните установи од областа на културата, кои се носители на активностите. Со Програмата се предвидуваат активности за продолжување со изведување  градежни работи за изградба на објект за театарот во Струмица, изградба на театар и библиотека во Тетово и завршување на работите во театарот во Велес. Се предвидува почеток со реконструкција на објекти на национални установи за кои претходно беше обезбедена проектна документација како прва фаза од реконструкцијата во објектите на НУ ЦК АСНОМ во Гостивар, НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово – зграда театар. Со Програмата ќе се почне и со активности за обезбедување проектна документација за реконструкција на објектите НУ Музеј на Македонија, Национална галерија – објект „Мала станица“, НУ ЦК „Антон Панов“ – Струмица, НУ ЦК „Марко Цепенков“ за потребите на театарот и адаптација на простор во галерија во објектот на НУ ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево. Исто така, со Програмата се предвидува и реконструкција на покривот на објектот на спомен-домот на Разловечкото востание во с. Разловци, Делчево.

Финансиските средства потребни за реализација на активностите од Годишната програма за инвестиции во културата се предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2020 година во износ од 209.500.000,00 денари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Изложба на филм-цртежи од иранскиот режисер Мохамад Али Саџади во Кинотеката

Објавено пред

Вечерва, во Кинотеката, од 19.30 часот, ќе се отвори посебна изложба со филм-цртежи на Мохамад Али Саџади, ирански режисер кој овие денови престојува во Скопје во рамките на Фестивалот на современите ирански и македонски филмови, кој се одржува во Кинотеката.

Филм-цртежите се извадени од филмот „Развод заради мачки“, со кој авторот ќе се претстави пред овдешната публика.

Авторот ќе биде присутен на отворањето на изложбата и заинтересираните може да дојдат до посед на некои од делата со потпис на авторот.

 

Прикажи повеќе...

Култура

АНДЕРФЕСТ ги најави музичките изведувачи за оваа година

Објавено пред

Скопје и оваа година ќе биде домаќин на музичкиот фестивал – АНДЕРФЕСТ.Прогресивниот, музички фестивал оваа година ќе понуди дводневно комплетно уживање и ќе се одржи на 3ти и 4-ти април 2020 година, вопоткровјето на Public Room, во Скопје, а влезот за двата фестивалски денови ќе биде бесплатен.Долгоочекуваното второ издание на Андерфест ќе се одржи првиот викенд во април и на него ќе земат учество повеќе бендови кои ќе се претстават со својата авторска музика.

Првиот ден на 3 април ќе настапи алтернативната група Cruel od Скопје,Фосфен од Битола, групата Fiction од Скопје, High Voltage од Охрид, како и еден од најпопуларните рапери во моментов од нашата држава Матеј Фолц.Главни изведувачи на вечерта ќе бидат добро познатите Културно уметнички работници. Вториот ден честа да свират на сцената ќе ја имаат Sincrest од Кичево, The Chicks – девојките од Велес, Hood, Пепел, Reinconnected . Главни
изведувачи на вечерта ќе бидат Паркети од Битола.

Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во македонската музика од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да покаже дека е одлична и навистина има што да покаже.Настанот го покрива Министерството за Култура, Град Скопје, Jameson и Celia.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција и трибина за книгата „Што е архитектура?”

Објавено пред

В четврток, 20 февруари, со почеток во 19 часот, во EUROPE HOUSE ќе се одржи промоција и трибина за книгата „Што е архитектура?“

„’Што е архитектура?’ го истражува светот на архитектурата низ 100 прашањa и 100 одговори. Основната идеја за реализација на овој проект е доближување до поапстрактни теми врзани за архитектурата како феномен до обичните читатели, a особено до младата публика, и не само до професионалците од фелата. Вешто избегнувајќи монотоно симплифицирање на интелектуалната мисла, оваа книга може да поттикне љубопитност кај читателите за продлабочување на интересот за некои навидум очигледни прашања, чии одговори никогаш не се ниту конечни ниту едноставни. Имено, авторите му помагаат на читателот да премине од неупатеност до коректна естетска, академска или историска дискусија, со тоа што даваат еден сосем кус одговор на прашањето – честопати шеговит, секогаш прониклив – а потоа и уште еден, поопширен и поедукативен одговор.

Ова е искрено четиво што нуди субјективно видување во форма на само некои од потенцијалните одговори што овие прашања ги заслужуваат. Имено, вистинската вредност на оваа книга се состои токму во прашањата. Што е архитектура, зошто светот е најубав на самрак, дали објектите имаат спомени, дали историјата има иднина, што e камен, која е улогата на политиката во архитектурата, се само дел од прашањата што ги поставуваат авторите на оваа книга. Интересно е тоа како овие прашања, кои ги интригираат читателите со својата универзалност, може да се поставуваат одново во разни контексти. Па, така, лесно можеме да ги приспособиме на еден локален контекст и прашањето што во книгата е: Дали Дубаи е град?, да го преформулираме и да го поставиме: Дали Скопје е град?“, се вели во најавата за промоцијата.

Учесниците на трибината (проф. д-р Анета Поповска, Мартин Пановски и Марта Илиевска) ќе пробаат да одговорат на некои од прашањата во наш локален контекст.

Изданието „Што е архитектура?“ ќе биде прво од едицијата ИГО на издавачката куќа „Гаврош“, која се обраќа на една повозрасна читателска публика. Преведувач на изданието е Саше Тасев.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ8 часа

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија9 часа

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија10 часа

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ11 час

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија11 час

(Видео) Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука...

Македонија12 часа

„Телеком“ презел безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници,...

Македонија13 часа

(Видео) Има уште 3.400 пасоши, МВР формира комсија која ќе одобрува издавање само на итни случаи

Граѓаните што имаат интна потреба од пасош треба да поднесат барање за ургенција заедно со барањето за пасош. Комисија од...

Македонија13 часа

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монстру“, а набавен од нелегално снимените разговори,...

Свет13 часа

Поранешен рагби-играч и неговото семејство изгореа во автомобил во Австралија

Поранешен рагби-играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн. Роуан Бакстер...

Македонија15 часа

(Видео) Јанкулоска за „Монструм“: Имаше многу шпекулации дека е криминална пресметка, но и дека се работи за имотен спор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот, на рочиштето за „Монструм“, рече дека во првите моменти по убиството на...

Македонија15 часа

Земјиштето кај „Треска” набргу ќе добие нов изглед

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна...

Македонија16 часа

Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана

Алексис Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана. Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер...

Македонија16 часа

(Видео) Милошоски: Аудиозаписот што го предадов кај Русковска да биде доказ за Меѓународниот сојуз

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на средба со обвинителката Вилма Русковска приложил диктафон со аудиозапис и транскрипт од материјалот што...

Македонија17 часа

(Видео) Столтенберг: НАТО се подготвува за церемонијата за прием на Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел оствари средба со премиерот Оливер Спасовски, на која рече дека НАТО се подготвува...

Свет17 часа

Блумберг најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија ако биде избран за претседател

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој се кандидира за претседателската номинација на Демократска партија, најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија...

Свет17 часа

Три деца меѓу загинатите во ужасна експлозија на автомобил во Австралија

Четворица луѓе, меѓу кои три деца на возраст од 10 години, загинаа кога автомобил експлодира во австралискиот град Бризбејн. Децата...

Регион18 часа

Протести поради пензиските реформи во Атина

Сообраќајот во делови од Атина беше запрен синоќа кога превозниците му се приклучија на штрајкот против планираните пензиски реформи. Во...

Регион18 часа

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер, не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу...

Свет18 часа

Трамп го помилува поранeшниот гувернер на Илиноис, кој беше осуден за политичка корупција

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека го помилувал поранешниот гувернер на Илиноис, кој беше во затвор поради изнуда, подмитување и...

Досие