Контакт

Култура

Големата пијанистичка ѕвезда Валентина Лисица вечерва на Охридско лето

Објавено пред

Музичката програма на 62. Охридско лето продолжува вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“, со концерт на големата украинско-американска пијанистка Валентина Лисица.

dobivaj vesti na viber

Валентина Лисица многумина ја сметаат за првата јутјуб-ѕвезда на класичната музика, но таа е повеќе од тоа. Таа е првиот класичен уметник што успеал својот интернет успех да го претвори во глобална концертна кариера во некои од водечките концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка и во Азија.

Валентина своето прво видео на интернет го објавува на „Јутјуб“ во 2007 година – снимка на Етидата оп. 39 од Сергеј Рахманинов. Прегледите на ова видео се зголемуваат прогресивно по што следуваат нови објави и на тој начин се поставуваат темелите на кариера на социјалните мрежи каква што дотогаш светот не памети.

Благодарение на нејзината посветеност кон интернет-публиката, јутјуб-каналот на Валентина Лисица денес брои повеќе од 650.000 претплатници и има над 147 милиони прегледи, со просек од речиси 75.000 прегледи дневно. Нејзината страница на „Спотифај“ има повеќе од милион слушатели месечно.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Наградата „Антево Перо“ за стихозбирката „Куќа“ од Јулијана Младеновска-Тешија

Објавено пред

Жири-комисијата едногласно донесе одлука наградата „Антево Перо“ за 2022 година да ѝ припадне на стихозбирката „Куќа“ од Јулијана Младеновска-Тешија.

dobivaj vesti na viber

Комисијата за доделување на наградата во состав: проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), пред да пристапи кон донесување на завршната одлука за наградата „Антево перо“, што подразбира печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција на наградени автори, уште еднаш го изрази своето задоволство од одличниот одзив за оваа награда.

Пристигнаа 76 стихозбирки, со најразлични поетики и поетски имагинации, од кои во потесен избор за наградата влегоа пет стихозбирки: Славица Гаџовска-Свидерска Golgotha Feminarum, Јулијана Младеновска-Тешија „Куќа“, Шифра Имануел „Умоверзум“, Тања Павлеска „Созборка“ и Виолета Танчева-Златева „Глуво време“.

„Врата. Влезете“ ни вели поетесата и зачекоруваме во „Куќа(та)“ на Јулијана Младеновска-Тешија. Стиховите што нè пресретнуваат ни посакуваат светло и весело добредојде. Ова е особено интересна и длабоко восхитувачка поезија која уште од првиот допир со неа нè внесува во некоја нова димензија од секојдневното, но и посебното, интимното, скриеното, личното. Преку графичките интервенции во текстот, поетесата става акцент и го насочува вниманието кон оние нешта кои нејзе ѝ се важни, но во исто време, не го занемарува и останатиот текст. Оваа поезија во исто време има збор, музика, слика и танцува во ритам кој е надополнет со интертекстуално вклопените модерни музички парчиња. Токму со тоа оваа поезија изобилува со фигуративна експресија која навлегува во сопствената, лична димензија на читателот и се меша со емоциите што ги предизвикува. Конечно, авторката многу мудро и многу интуитивно ја избрала куќата за да ја покаже повеќезначноста на тој поим. Со тоа суптилно се доближува до Антевата куќа, која, иако овде е прикажана на многу помодерен и поразличен начин, во основа е синоним за телото, домот, земјата и татковината. На тој начин оваа поезија се карактеризира со врвни естетски вредности и претставува поетски идиом на македонскиот јазик.

Во согласност со пропозициите на Манифестацијата, Комисијата, исто така, реши да додели и две награди „Антев златник“. Комисијата едногласно одлучи наградите „Антев златник“ за 2022 година да ги додели на Виолета Танчева-Златева за стихозбирката „Глуво време“ и Славица Гаџовска-Свидерска за стихозбирката Golgotha Feminarum.

Виолета Танчева-Златева е веќе докажана и афирмирана поетеса која и со оваа збирка поезија го потврдува своето мајсторство во зборот. Преку јасниот и прецизен стил, Танчева Златева создава поетски светови кои директно и индиректно комуницираат со реалното и секојдневното, но и со скриеното и фигуративното. Притоа, таа креира поетска реалност во која метафоричноста луцидно се прекршува и менува со директно кажаната реалност на светот кој нè опкружува. Силата на оваа поезија е во едноставниот стил кој ги буди сетилата и во истиот момент провоцира реакција кај читателот со што не остава можност за негова рамнодушност.

Golgotha Feminarum на Славица Гаџова-Свидерска преставува поетска збирка која е своевиден храм на жената и женската мака. Песните во оваа збирка се гласен женски крик, кој извира од длабочината на тешките судбини на жените. Тие се гласен потсетник за тегобноста и мачноста на женската душа, но и за предрасудите, стигмата и бесчувствителноста на општеството. Со едноставниот поетски израз, Гаџова-Свидерска соопштува важни вистини кои заслужуваат да бидат чуени.

Конечно, Жирито дискутираше и за трите стихозбирки кои влегоа во потесен избор за наградата „Антев часовник“, што се доделува со цел откривање и афирмација на нови, млади, талентирани поети кои творат на македонски јазик: Софија Тодороска „Контури“, Матеја Богдан „Посветено“ и Рената Пенчова „Точки во бескрајот“. По темелно разгледување на сите збирки, Комисијата донесе одлука наградата „Антев часовник“ да ѝ припадне на стихозбирката „Точки во бескрајот“ на поетесата Рената Пенчова.

Поетската збирка „Точки во бескрајот“ на младата поетеса Рената Пенчова претставува вистинско освежување во македонската поетска мисла. Нејзиниот зрел и јасен стил изобилува со умерена фигуративност што придонесува оваа поезија да се карактеризира со одлични естетски квалитети кои по стилот и обработените теми се доближуваат до поетиката на великанот Анте Поповски.

Комисијата искрено им се заблагодарува на сите учесници на Конкурсот за наградата „Антево перо“ и изразува надеж дека и во иднина ќе продолжи интересот за оваа престижна награда. Во наредниот период ќе следи уште едно соопштение со кое јавноста ќе биде информирана за датумот, местото и терминот на официјалното прогласување на победникот на Конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2022 година и врачувањето на сите награди.

Прикажи повеќе...

Култура

Младата Јана Борбала-Панзов изработи стикери за да ги убеди врсниците да користат кирилица на социјалните мрежи

Објавено пред

Во саботата во кафе-книжарница „Буква“ во Скопје беше промовиран проектот на младата уметница Јана Борбала Панзов, насловен:„Кул е и кога COOL се пишува на кирилица“ во рамки на конкурсот „Цртај на македонски јазик“ поддржан од Министерството за култура.

dobivaj vesti na viber

Младата Јана изработи 16 „стикери“ со цел, како што самата кажа, да ги убеди своите врсници да користат кирилица кога се допишуваат на социјалните мрежи, затоа што, како што и самата кажа, нашата кирилица е многу убава.

За настанот беше изработен и рекламен материјал (маици, шолји, торби) кои заинтересираните можат да ги најдат во кафе-книжарницата „Буква“.

Наталија Лукомска истакна дека стикерите на Јана се многу интересни, на едноставен начин се испреплетени зборовите и сликите, илустрирани се фрази со помош на македонски симболи врежани во нашата слика за Македонија (македонско девојче, Водно, Кирил и Методиј). Стикерите имаат голем потенцијал да бидат искористени и во наставата по македонски јазик.

На прашање за она што ја инспирира, Јана кажа дека ја инспирира она што го гледа околу неа, македонската музика што ја слуша, патувањата во Македонија, преубавата природа. Во иднина се гледа себеси како аниматор и дека веќе работи на серија карактери (еден вид вонземјани) за кои се надева дека ќе бидат нејзината прва анимација.

Јана е билингвална, и на прашањето како го надоградува својот македонски, рече дека гледа македонски серии, чита книги и слуша македонска музика.

Авторката Јана Борбала-Панзов (2009) е родена во Будимпешта, Унгарија. Основното образование го започнува во Македонија, а подоцна го продолжува во Унгарија. Нејзината талентираност за цртање (сликање, графика, дигитална уметност) е потврдена на многу конкурси на кои учествувала во Унгарија. Со свое дело учествувала на конкурсот на Museum of Fine Arts, Budapest, во рамките на детската програма за уметнички дела инспирирани од големата изложба: Between Hell and Paradise. The Enigmatic World of Hieronymus Bosch. Освен со дигитална уметност, цртање и сликање, изработува и амигуруми (плетени играчки) со кои учествувала на неколку локални продажни изложби.

Преземете ги нејзините стикери на следниов линк и пишувајте на кирилица: https://stickers.viber.com/pages/custom-sticker-packs/11ed36a48dd1b404ad90653bf575a697ee6dd7a0ad6b38f7?fbclid=IwAR3ShbcF1Yz8-_WrEcFzcEucJhK3oFbOkI0cq6BDXGjd-dmG1wrye-e_JQw

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Култура

„Доаѓаме со поклон“ – изложба на Шејла Камериќ

Објавено пред

Во вторник, (27 септември), во Чифте амам, со почеток во 19 часот ќе се одржи изложбата на познатата уметница Шејла Камериќ.

dobivaj vesti na viber

Разговорот ќе го води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитријевиќ.

Во пријателска соработка помеѓу КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, за првпат во Северна Македонија имаме чест и радост да ја претставиме Шејла Камериќ, една од најзначајните уметници со огромен број меѓународни референци, со изложбата насловена „Доаѓаме со поклон“. Изложбата е во соработка со Националната галерија „Чифте Амам“, кои како и секогаш го промовираат современиот концепт на отворени јавни институции. Кураторка на изложбата е Наталија Пауниќ. Воедно, во рамки на изложбата ќе имаме ретка можност да го проследиме разговорот и претставувањето на Шејла Камериќ, низ кој ќе имаме привилегија да ги слушнеме мноштвото родови, политички, уметнички, естетски и социо-културни перспективи на уметницата. Низ разговорот ќе нѐ води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитријевиќ, но секако Камериќ ќе биде отворена и за прашања и коментари од посетителите на изложбата, вели организаторот.

КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, со оваа изложба имаат цел да отворат критичка дебата за влијанијата, дијалогот и полемичките перспективи на современата уметност и нејзината одговорност во преиспитувањето на важните општествени прашања кои ги засегаат плуралните идентитетски стереотипи преку кои културата има опресивна и маргинализирачка улога, особено кога станува збор за читањето на родовиот, женски наратив.

Претставувањето на делото на Шејла Камериќ во Скопје го разгледува долгогодишното портретирање на жените како вештерки и/или предмети. Алудирајќи на добро познатите тематски интереси на радикалниот феминизам, социјалистичкиот феминизам и пост-структуралистичките гледишта, изложбата исто така има за цел да расветли обични, домашни и познати секојденвни елементи и да им даде нагласок на проблемите на кои обично не им обрнуваме многу внимание. Оваа намера е внимателно внесена во новата измена на централното дело на изложбата „Доаѓаме со поклон“, коешто прикажува необично долга, тенка црвена ткаенина што почнува како типичен украс-панделка од женската долна облека и завршува така што ја заплеткува публиката со својата сопствена материјалност. Овој гест – претераното издолжување на панделката – си поигрува со идејата за предмет што и не е веќе предмет, туку има свој сопствен живот, своја сопствена волја и моќ.

Изложбата ќе вклучува и дела пренесени од нејзината последна соло изложба во Белград, „Мајката е кучка“, други фотографски дела („Емабаразада“ и „Непознато“) како и дела од сериите „Мажена “, „Исчезната“ и „Дигитални актови“. Исто така ќе содржи и едно ново дело, „Градина со рози“, коешто продолжува со истражувањето на формалната линија што ни е веќе позната од „Мажена“, истовремено носејќи ја заробеноста на женското тело во различна насока, појаснува организаторот на изложбата.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 час

Милевски го објави составот: Трајковски и Тодороски меѓу стартерите на Македонија

Селекторот Благоја Милевски направи две замени, во стартниот тим се Александар Трајковски и Тодор Тодороски. Тоа значи и поофанзивен тим....

Свет2 часа

Путин му додели руско државјанство на Сноуден

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ и му додели руско државјанство на поранешниот советник на американската Национална разузнавачка агенција, Едвард...

Свет2 часа

Убиецот од Русија боледувал од шизофренија: лекарите се борат за животот на девет деца

Артем Казанчев (34), кој денеска уби 15 луѓе во училиштето „88“ во Ижевск, Русија, а рани уште најмалку 20 други,...

Економија5 часа

БЕГ тврди дека нема обврска да ги грее скопјани, Владата смирува дека парно ќе има

„Балкан енерџи груп“ (БЕГ) објави дека нема правен основ да располага со топланите, ниту обврска да продолжи со вршење на...

Македонија8 часа

Османи: Македонија нема да ги признае референдумите за присоединување на украински територии со Русија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека Македонија нема да ги признае референдумите за отцепување на украинските територии и...

Македонија8 часа

Судска медицина: Доколку Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, би имал многу поголеми шанси да преживее

Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажува вештачењето на Александар Станков, директор и...

Спорт8 часа

Македонија против Бугарија: Сега е наш ред, европски да ги пречекаме Бугарите

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра последниот натпревар, во овој циклус во Лигата на нации. Македонија во Скопје...

Европа9 часа

Го фалеше Мусолини, а го критикуваше Тито – која е идната премиерка на Италија?

Италија ја добива најдесничарската влада од Бенито Мусолини. Според привремените резултати, десничарскиот блок предводен од „Браќата на Италија“, партијата предводена...

Македонија9 часа

(Видео) Митева: Наместо нови учебници, МОН платило 530.000 евра за привремени материјали за учење

Во Министерството за образование и наука сè е сведено на импровизации што скапо се плаќаат. Јавноста добро е запознаена дека...

Свет10 часа

(Видео) Пукање во гимназија во рускиот град Ижевск, најмалку шест лица загинаа меѓу кои и деца

Најмалку шест лица, меѓу кои и деца, загинаа во престрелката што се случи утринава во училиштето 88 во Ижевск, Русија....

Свет11 час

Кадиров до Русите кои не сакаат да војуваат: Немаат право да се нарекуваат мажи

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се осврна на Русите кои бегаат од војната и жестоко ги прозва. – Дали имаат право...

Свет12 часа

(Видео) Зеленски: Ако ги одземете животите на нашите деца, нема да останете живи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа ѝ се обрати на јавноста, велејќи дека Киев постигнал позитивни резултати на повеќе фронтови....

Свет12 часа

Блинкен: Бевме во контакт со Русија поради заканите со нуклеарно оружје

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон е во директен контакт со Москва во врска со заканите за употреба...

Свет12 часа

(Видео) Шефот на воениот оддел во Русија застрелан во глава од младо момче кое било мобилизирано

Шефот на воениот оддел во Уст-Илимск, Русија, е тешко повреден кога бил застрелан од млад човек кој требало да биде...

Македонија24 часа

Арсовска со реакција до премиерот: Поради континуирано задоцнетите мерки, сите плаќаме поскапа електрична енергија и парно

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва со реакција по изјавите на премиерот Димитар Ковачевски. Тој порача „ВМРО-ДПМНЕ да се...

Европа1 ден

Трас: Украинците го надмудрија Путин

Британската премиерка Лиз Трас ја коментираше најавата за руска мобилизација и инвазијата на Украина во своето прво интервју за американската...

Европа1 ден

Рускиот патријарх Кирил со повик до Русите: Одете во војна, ако умрете, ќе бидете со Бога

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил ги повика руските граѓани да не се плашат од смртта поради одлуката на...

Регион1 ден

Трка на пијани возачи кобна за семејството Крстиќ кај Мостар

Тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на Мостар, во која четири лица загинаа, а четворица се тешко...

Европа1 ден

Има рак на кожа, не гледа и не слуша добро, а го мобилизирале во руската војска

Виктор Дјачок – 59 годишен началник на хируршкото одделение на болницата во Азбест, град во руската област Свердловск во источното...

Европа1 ден

Папата ги повика Италијанците да имаат повеќе деца

Папата Франциск денеска отпатува во јужна Италија за да го затвори конгресот на Италијанската црква што се совпадна со националните...