Култура
Доделување награди на најдобрите филмови снимени со мобилен на 10. „Мобил фестивал“

Во Кинотеката на Македонија утре (6 декември) со почеток од 17 часот часот ќе се одржи финалната вечер на Фестивалот за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“, кој го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и Медиа“ од Битола.
Ќе бидат прикажани победничките филмови што пристигнаа на нашата адреса на повикот за учество на фестивалот за снимање краток филм со мобилен телефон. Повикот беше отворен од јули, а пристигнаа над 1.000 филмови од автори од светот. Најдобриот филм што ќе го избере тричлено жири ќе ја добие наградата „Ратка Илиева – Лале“, а ќе бидат доделени и награди за најоригинална идеја и најиновативен филм.
Најсреќните десетмина во публиката ќе добијат награда, бесплатни влезници за кино, за публиката ќе има и други награди и изненадувања.
Годинашниот „Мобил фестивал“ се одржува под слоганот Keep it rolling.
Селектираните филмови кои ќе се прикажат утре во Кинотека:
1.Butterfly Man by Enis Manaz
2.Star Dust by Guo Qin
3.Dulcinea by Francisco Lidon Plaza
4.Circles and Triangles by Darya Trublina
5.Old Skin by Julie Rembauville, Nicolas Bianco-Levrin
6.Life Time by Marc Muthuon
7.Sir Chub de Pigi by Oleksandr Hoisan
8.Yes, No by Matteo Tibiletti
9.Falter – Bubblefree by Stefan Salcher
10.Fugitives by Frank Benitez
11.Silence is Deadly by Brice Veneziano
12.Beware the Wolf! by Julie Rembauville
13.Scream by Gonzague Legout
14.Like and Follow by Forrest Schlage
15.Medulla by Veronika Kamchevska
16.To act (or not to act) by Mallory Grolleau
17.Lionverse by Chun Hei Mok
18.Fish by Aboozar Soltani
19.Mis(s)Date by Anke Sabrina Beermann
20.The Crossing by Ashley Prigent
21.Ice-cream and Freedom by Neno Belchev
22.Choice Paralysis by Ivan Grgur
23.Switchman by Mehdi Khoramian
24.The Trembling Giant by Arina Shabanova
25.Sandwich by Filip Lafazanovski
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.