Култура
Заев: „Танец“ е бренд што со својата мисија го негува и презентира македонското фолклорно творештво

Премиерот Зоран Заев ја посети Националната установа „Танец“ и имаше средба со директорот на ансамблот, Мартин Вучиќ, и со дел од вработените по повод годишнината од основањето.
„Оваа наша национална установа од посебен општествен интерес повеќе од 7 децении ја остварува својата културна мисија на негување и презентирање на македонското фолклорно творештво во земјата и надвор од неа. „Танец“ е бренд што ја освојува публиката каде и да настапи. Ја освојува со својата професионалност, со совршениот изведувачки израз, со кој автентично се афирмира сета убавина на нашето фолклорно наследство“, истакна Заев.
Според директорот на „Танец“, Мартин Вучиќ, пандемијата што во моментот владее ги погоди сите категории луѓе и институции, а меѓу најпогодените, поради природата на дејноста, се изведувачките уметности и настани.
„Таков е и нашиот ансамбл, кој е должен да ја негува македонската музичко-фолклорна традиција и сценски да ја претставува, но верувам дека набргу повторно ќе можеме да настапуваме и да ги презентираме уметничките достигнувања на ансамблот ‘Танец’ во неговиот полн сјај дома и во светот“, рече Вучиќ.
Заев рече дека е донесена одлука за нов објект како траен дом за „Танец“.
На денешен ден, пред 72 години, во 1949 година, со решение на Народното собрание на тогашната Народна Република Македонија е формирано друштво за собирање, негување и презентирање на македонското музичко-сценско творештво, кое стана светски препознатливо како ансамбл „Танец“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Речиси 60 основци од Македонија дел од младото жири за избор на најдобар европски филм за млада публика

Од утре па до недела 60-ина деца од неколку основни училишта од Македонија, на возраст од 12 до 14 години, седми пат ќе бидат во улога на жири-комисија за избор на најдобар европски филм за млада публика.
Поради актуелната ситуација, и оваа година целиот процес ќе се одвива онлајн на веб-платформата на EFA Young Audience Award, а основците филмовите ќе може да ги гледаат со превод на македонски јазик.
По проследувањето на филмовите, учесниците, како дел од европското жири, ќе го дадат својот глас за трите номинирани филма: Pinocchio, The crossing и Wolfwalkers и ќе го изберат својот фаворит.
Во рамките на денот за оценување/гласање основците ќе имаат можност директно да се запознаат со режисерите и актерите на филмовите, како и да разговараат и да ги споделат своите импресии со своите врсници – членови на жирито од 37 земји од Европа преку платформата International Chat Booth – Hello Europe.
По сумирањето на резултатите од сите 38 земји од Европа, в недела, 25 април, во 19 часот, комплетно онлајн на веб-страницата на Young Audience Award (https://yaa.europeanfilmawards.eu) ќе се одржи церемонијата за доделување на наградата за најдобар филм од млада публика.
Оригинални наслови на филмовите, режија, продукција:
PINOCCHIO на Матео Гароне (италијанско-француско-британска копродукција), 2019
THE CROSSING (FLUKTEN OVER GRENSEN) на Јохане Хелгеланд (норвешка продукција), 2020
WOLFWALKERS на Том Мур и Рос Стјуарт (ирско-луксембуршко-француска копродукција), 2020
Изложби
Отворена изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ на ДЛУМ

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) под покровителство на Министерството за култура, денеска ја отвори изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ во Уметничкиот центар АРТ ХАБ во Скопје којашто љубителите на уметноста ќе може да ја разгледаат до крајот на месецов, секој работен ден од 9 до 17 часот.
Изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ е традиционална и е дел од Годишната програма на ДЛУМ.
Оваа изложба има идеја да го задржи принципот на проширување на медиумот цртеж со експериментален пристап и решенија кои би биле предизвик за уметниците.
Класичната дисциплина – цртеж има многу можности да опстане во ова време на нови медиуми, употребувајќи мисловни концепти или пак излегување од медиумот на дводеимензионалноста и пристапот во изработката. Интересно е што постојат повеќе разнолики приоди во интерпретацијата на идејата, интерпретација на дилемата или пак решението како краен резултат.
На изложбата учество земаа 31 автор од членството на ДЛУМ: Александра Димитрова, Ана Спасова, Ана Трајковска, Ангел Димовски Чауш, Ангелца Стоиљковиќ, Валентина Илијевска, Горан Менков, Ѓорѓе Цветковиќ, Давор Ќешкец, Дејан Иванов Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Душан Георгиевски, Златко Глигоров, Зулејха Зубери Али, Илина Арсова, Кирил Гегоски, Лидија Вујисиќ, Лидија Цаковиќ, Мојсовска, Љупчо Бојаров, Марија Мицова Гацова, Марија Светиева, Марјана Костојчиноска Узунчева, Наташа Станковска Зафировска, Пандора Апостолоска Саздовска, Росица Лазеска, Сашо Саздовски, Силвана Атанасовска, Слободан Живковски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска.
На изложбата беше доделена наградата „Цртеж – Експериментален цртеж“ на Росица Лазеска за делото со наслов „Композиција 12“.
Култура
Љубовна приказна за човек и октопод кандидат за „Оскар“ за најдобар документарец

Домашните миленици лесно можат да се поврзат со луѓето, но кога див октопод ќе се спријатели со нуркач и ќе стане негов животен тренер, таа вистинска приказна постигнува номинација за најдобар документарен филм за „Оскарите“ оваа недела (25 април).
Десет години во фаза на создавање, „Мојата учителка октопод“ започна како личен видеопроект на јужноафриканскиот режисер Крег Фостер со цел да ја обнови врската со природата, набљудувајќи еден љубопитен женски мекотел во водите во близина на Кејптаун.
Таа со него го споделувала својот таен живот во подводна шума со алги секој ден, цела година, пред нејзината смрт по парењето и положувањето јајца, а двајцата развиле длабока врска.
Фостер изјави дека неговата врска со октоподот го научила на кревкоста на животот и нашата поврзаност со природата, па дури и му помогна да стане подобар татко.
Фостер, кој тагувал поради загубата на својата пријателка, му ги покажал своите снимки од 3,000 часа на колегата нуркач и режисер Пипа Ерлих, кој снимил дополнителен материјал од пејзажот под студените води на False Bay во близина на домот на Фостер.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион7 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?