Контакт

Култура

Почнаа Струшките вечери на поезијата

Објавено пред

Министерот за култура, Хусни Исмаили, синоќа во Струга се обрати на отворањето на 58. издание на светски реномираната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата, која се одржува од 21 до 26 август. Министерот Исмаили во своето обраќање на присутните им посака срдечно добредојде во родниот град на убавиот поетски збор.

„Дозволете ми да ви посакам добредојде во родниот град на убавиот поетски збор, каде што музите повеќе од половина век даваат инспирација и танцуваат со поетите од целиот свет. Да се зборува за поезијата е навистина тешка задача затоа што претставува обид преку пишаниот збор да го величиш зборот“, истакна министерот за култура, Исмаили. Тој во своето обраќање ја цитира познатата изрека на Пастернак: „Лошиот човек не може да стане голем поет“ по што изрази благодарност што вечерва е во друштво со добри луѓе и големи поети.

На отворањето на манифестацијата, на која присуствуваа многубројни претставници на општествениот и на културниот живот, меѓу кои и директорот на манифестацијата, Тодорче Тасевски, како и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, беше прочитана и поетската порака на истакнатиот македонски поет Влада Урошевиќ, на кој, по повод осумдесет и петгодишниот јубилеј, во рамките на програмата му е посветен посебен термин за поетски портрет. Во насока на подигнување на јазичната комуникација како дел од заложбите за унапредување на квалитетот на манифестацијата, нејзиниот меѓународен углед и значење, од оваа година дел од содржините, како и главните читања, вклучуваат употреба на повеќе јазици, односно, освен македонскиот и англискиот, се користат и албанскиот и францускиот јазик.

Во рамките на програмата на годинешното издание на Струшките вечери на поезијата се предвидени повеќе поетски читања на разни локации, на кои ќе се претстават 32 странски и 30 домашни поети од разни генерации. Годинешна добитничка на „Златниот венец“ е романската поетеса Ана Бландијана, а добитничка на наградата „Мостови на Струга“ е Моника Херцег. Што се однесува до годинешниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, жири-комисијата, во согласност со постојниот правилник, од пристигнатите наслови го направи изборот од пет книги и автори што ќе бидат претставени на манифестацијата и од кои ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на прес-конференција во рамките на програмата на манифестацијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

(Видео) Нов сингл и спот на „Љубојна“

Објавено пред

Новиот сингл на „Љубојна“ е со наслов „Љубов по Татунчо“, од музиката за македонскиот игран филм „Стела“, чија премиера се очекува набргу.

Композитор е Оливер Јосифовски, а текстот е на Вера Јосифовска. Спотот за новиот сингл е снимен во продукција на Dream Factory Macedonia и TulipPro, а музиката во „Студио подрумот“. Ова е истовремено и најава за новиот албум на „Љубојна“ со целосната музика од филмот „Стела“.

Прикажи повеќе...

Култура

АКТО – фестивалот за современи уметности – продолжува во Домот на културата во Ченто

Објавено пред

Со изработка на мурал на фасадата на Домот на културата во населбата Ченто во Скопје продолжува програмата на јубилејното 15-то издание на АКТО – фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У).

Автор на муралот е младиот уметник Владимир Милиќ и е во продукција на ФР~У во партнерство со организацијата „Културно ехо“, Општина Гази Баба и Град Скопје.

По минатонеделното отворање на 15-тиот АКТО со муралот во Битола на колективот КУРС од Белград, АКТО продолжува со интервенции во други градови во државата во соработка со локалните заедници и разни партнери.

Идејата за мурал во Ченто е во правец на соработка и активирање на оваа локална заедница во продукција на културни настани за заедницата, но и во насока на зачувување и ставање во функција на Домот на култура во населбата. Муралот, пак, е развиен како неколкумесечен процес на работа на уметникот Владимир Милиќ од Ченто со пошироката локална заедница и се однесува на потенцирање на важноста на солидарноста, особено во овој дел од населбата.

Иницијативата за овој мурал се однесува на две линии на значења: едното е обновување и повторно ставање во функција на бетонскиот културен дом во Ченто и со тоа реобмислување на модернистичкото незаштитено културно наследство на Скопје, а вториот е потенцирањето на важноста на солидарноста на заедницата за време на поплавите на подрачјето на општина Гази Баба, кои се случија пред четири години.

Од Општината велат: „Да не се заборави поплавата што ја зафати нашата општина, елементарна непогода која не бираше нација, вера и политичка определба, а токму во тие моменти се покажа колку можеме да бидеме солидарни и да си помогнеме едни со други. Општина Гази Баба е мултиетничка средина, место каде што сите ние дејствуваме секојдневно и затоа мораме да ги почитуваме различностите и да си помагаме еден со друг“.

Овој мурал е дел од серијата мурали што деновиве се изработуваат во уште 5 други града во земјата, и тоа во Штип, Прилеп, Велес, Кочани и Гевгелија, а веќе се заврши муралот во Битола, кој, за жал, беше нагрден со пораки на говор на омраза само неколку часа подоцна. Автори на муралите се: Јана Јакимовска, Миле Ничевски, Ненад Тонкин, Ристо Аврамовски, Филип Јовановски, Владимир Милиќ и Давор Кешкец и се реализираат во соработка со „Гласен текстилец“ – Штип; БОШ-фестивал – Гевгелија; „Културно ехо“ – Скопје; Центарот за современи ликовни уметности ЦСЛУ – Прилеп и „Јавен простор“ – Прилеп; Народниот театар од Битола; Домот на културата од Ченто; Општина Гази Баба; Општина Велес, Општина Кочани и Домот на културата „Бели мугри“ – Кочани.

Овој зафат, кој се протега на површина од 600 квадратни метри, и тоа паралелно во седум града, е концепт, кураторство и во организација на Филип Јовановски, извршен продуцент е Ненад Тонкин, а во продукцијата се вклучени и Марија Стојанова, Кристијан Караџовски, Денис Ампев, Александар Јовановски и Ивана Васева.

Покрај во Битола и Ченто, во периодот што следува муралите се сликаат во следните градови:

Гевгелија
ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА, СОЦИЈАЛНА БЛИСКОСТ/КОМШИЈАТА И ВО АРНО И ВО ЛОШО/
Автор: Миле Ничевски во соработка со М.Ц. и во партнерство со БОШ-фестивал.

Прилеп:
НАПРЕД, САМО БЕЗ ЗАБОРАВАЊЕ!
Автор: Ристо Аврамовски во соработка со Филип Јовановски и Ненад Тонкин
Во партнерство со ЦСЛУ и „Јавен простор“ – Прилеп

Штип
ЕДНАКВИ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ
Авторка: Јана Јакимовска
Во партнерство со „Гласен текстилец“ – Штип

Велес
СОЛИДАРНОСТ, МОБИЛНОСТ, ИДНИНА
Автор: Давор Кешкец
Во партнерство со Општина Велес

Кочани
СОЛИДАРНОСТА ГО ЈАКНЕ ИМУНИТЕТОТ
Автор: Ненад Тонкин
Во партнерство со Општина Кочани и Домот на културата „Бели мугри“ – Кочани.

Иницијативата за исцртување мурали на јавни простори има цел на креативен начин да зборува за одредени теми што иницираат и мобилизираат не само поединци туку цели групи и заедници кон активирање и работење на заедништвото и заедничкото во градење на едно праведно општество. А токму заедништвото и заедничкото, како и културата на солидарноста, се покажаа како најургентни прашања кон кои треба сите да се фоскурираме во време на пандемијата на коронавирусот. Покрај тоа, оваа програма критички ги адресира, преиспитува и истражува прашањата поврзани со модерното визуелно и архитектонско наследство, нејзината естетика како и нивните последици во денешниот свет. Таа се манифестира преку креативни формати на акција – мурали, произведени преку активен дијалог и соработка помеѓу културните работници и организации во секоја локална заедница одделно.

Покрај муралите, годинешната програма на јубилејното 15-то издание на АКТО ќе вклучува и други содржини, кои ќе се објават дополнително.

 

Прикажи повеќе...

концерти

Jубилеен концерт на Пламенка Трајковска

Објавено пред

Во Сули Ан, со почеток во 20.30 частот, ќе биде одржан јубилејниот концерт на Пламенка Трајковска, насловен како Ladies and Gentlemen. Нашата еминентна виолинистка, членка на државната Филхармонија, како и на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“, ќе се претстави со дел од својот богат музички репертоар, а ќе настапат и нејзините долгогодишни соработници – колегите од гудачкиот квинтет и од Trio Gentlemen.

На репертоарот се композиции од опусот со наслов ,,Светулки“ за соло виолина во поп романтичен стил, теми од албумот ,,Апасионато“ од Пламенка Трајковска и македонски кросовер од најавениот албум ,,Корени“.

Концертот е поддржан од Министерството за култура, како и Филхармонијата на Република Северна Македонија, а се одржува во рамките на годинешново „Скопско Лето“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет46 минути

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет1 час

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет1 час

Во САД над 3 милиони заразени со ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, се повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија2 часа

Задолжителен тест за граѓани на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора при влез во земјава, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион2 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите кои од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија Александар...

Свет13 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион16 часа

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија17 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион20 часа

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија20 часа

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија20 часа

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија21 час

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија21 час

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет22 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија22 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет1 ден

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион1 ден

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија1 ден

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет1 ден

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Досие