Контакт

Култура

Почнува петтото издание на „Фенер“ – меѓународен фестивал за детски театар

Објавено пред

„Буден театар“ го најавува петтото издание на меѓународниот фестивал за детски театар „Фенер“, што ќе се одржи од 12 до 14 октомври на сцената на Драмскиот театар во Скопје. Преку мотото „Тука растат“ тематски дефинираната програма во фокусот ги поставува екологијата и нашата одговорност да им обезбедиме на децата чиста и здрава животна средина.

Како предвесник на фестивалот, „Буден театар“ ја спроведе кампањата „Мижи! Замисли промена“, која ги повика децата и родителите преку споделување фотографии на социјалните мрежи да мапираат еколошки проблеми и да замислат идеи за нивно надминување. Некои од испратените фотографии, со испишаните идеи за промена, се изложени на Камениот мост во Скопје.

Главната програма на „Фенер“ ќе прикаже четири меѓународни претстави, наменети за разни возрасти на деца:

В петок фестивалот ќе биде отворен со словачкиот театар „Одиво“, кој ни ја носи „Аеро“, претстава лабораторија за воздух, наменета за деца над 1,5 година (12. 10. 2018, 18 ч/ 13. 10. 2018, 11 ч);

„Ленка“ (3+ години) е црвенокосото девојче кое ни пристига заедно со Куклениот театар од Бјалисток, Полска. Таа се чувствува малку поинаква од другите и поради тоа е осамена. Сепак, вие можете да бидете нејзини пријатели, нели? (13. 10. 2018, 19 ч/14. 10. 2018, 11 ч);

Петар Никл доаѓа од Чешка и носи куп бубачки кои кога слушаат музика, умеат да цртаат. Во „Бубачкување“, перформанс за сите возрасти, тој е нивниот диригент (12. 10. 2018, 19 ч/14. 10. 2018, 12 ч);

Израелската уметница Мајан Јунман ја раскажува „Хартиената приказна“ (5+ години)(14. 10. 2018, 19 ч);

Како дел од придружната програма, в сабота се предвидени урбани еколошки акции со „Замисли промена“, преку кои ќе бидат реализирани три детски идеи за промена, дел од проектот „Мижи! Замисли промена“, поддржан од ФООМ (13. 10. 2018, 15-18 ч, со почеток пред Драмскиот театар во Скопје). Неделата е посветена на проектот „Триаголници на соработка“, поддржан од швајцарската амбасада во Македонија, преку презентација во фоајето на Драмскиот театар во Скопје (14. 10. 2018, 13.30 ч), а на „Дестинација – Креација Матка“ (14. 10. 2018, 14.30 – 17.30 ч);

„Коко даш“ од Србија ќе го разубавува Драмскиот театар во Скопје со интерактивната изложба „Дрвото што недостига“, која ќе биде поставена во текот на трите фестивалски дена.

Билетите во продажба за претставите од главната програма може да се најдат на билетарницата на Драмскиот театар во Скопје за цена од 200 денари. Активностите од придружната програма се бесплатни, а за „Дестинација – Креација Матка“ потребно е пријавување на [email protected]

 

Култура

Со „Хомо“ на Игор Иванов-Изи вечерва завршува филмскиот фестивал „Синдејес“

Објавено пред

Филмот „Хомо“, во режија на Игор Иванов-Изи, вечерва ќе го затвори 19-тото издание на фестивалот за европски филм „Синедејс“, по што ќе следи концерт на Здружението на џез-музичари и слободни уметници,

Македонската премиера на филмот ќе почне во 20 часот на покривот на ГТЦ, а претходно ќе бидат доделени наградите.

„Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор. Безнадежните ликови случајно се среќаваат во модерната метропола, при бескрајни обиди да опстанат и најдат малку среќа. Невработениот дипломец станува гробар, ужалената вдовица – монахиња, свештениците се коцкаат, а со судовите владеат гангстери. И кога изгледа дека надежта е мртва, едно осамено момче успева да пронајде љубов.

Улогите ги полкуваат Александар Матовски Цако, Наташа Петровиќ, Сергеј Димовски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ, Сашко Коцев, Оливер Митковски.

Од 23 часот, започнува концертот насловен „Волшебна ноќ“ на ЗЏМ Колектив, придружуван од гудачки оркестар.

Колективот е составен од Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов – алт саксофон, Сашко Николовски – тромбон, Зоран Костадиновски – гитара, Гордан Спасовски – пијано, Дарко Мучев – бас, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Гоце Стевковски – тапани.

Билетите се по цена од 200 денари може да ги набавите на билетарница во МКЦ и online преку https://bileti.mkc.mk/index.php?id=710

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на фотографии од Милчо Манчевски во МСУ

Објавено пред

„Уметничкиот пристап на Милчо Манчевски кон создавање слики постојано ги поместува границите и ги избегнува конвенциите. Во ‘Таму’ тој нè води на патување кое е исто толку за чинот на гледање, колку и за сетилното искусување на местото“. Вака пишува ирскиот уметник и декан на Колеџот за уметност „Бурен“, Конор Мекгрејди за претстојната изложба фотографии на Манчевски, која ќе биде отворена на 1 октомври во Музејот на современата уметност Скопје во 20 часот.

Настанот ќе биде и промоција на книга со фотографии од изложбата „Таму“, на издавачката куќа „Антолог“.Во книгата и изложбата избрани се 88 колор-фотографии, создавани во период од десет години.

Кураторка на изложбата Бојана Јанева-Шемова вели: „Уникатноста на уметничката фотографија на Манчевски е во визуелниот јазик, кој допира до секого поради универзалните емоции кои зрачат од интеракцијата на ликовите, поставеноста на елементите кои ја градат композицијата и колоритот кој напати остава без здив. Визуелната моќност е присутна во сите негови дела, сугерирана пред сè од композициската структура до совршеност донесена во некои дела преку прочистена и смирена симетрија, во некои тенденциозно прекршена со цел да пренесе поинакво чувство. Колку и да се на прв поглед непретенциозни секвенците од ‘Таму’, при задлабочување полека откриваат слоеви на обмислена идеја, длабоки чувства и силни бои на животот во целост“.

„Таму“ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Манчевски, „Улица“ и „Пет капки сон“.

„Во овие проекти визуелната текстура на урбаниот живот се манифестира низ композициска и наративна игра, и овој динамичен и експериментален пристап кон создавање слики го обликува ‘Таму’. Бојата е клучен слој што дефинира во овие дела. Избива од полиња урбано сивило, ја заситува перспективата на сликата или функционира како централен елемент во композициски колаж. Во ‘Таму’ бојата го дава ова визуелно закотвување и тече како поток низ овие слики. Таму ги отфрла границите – географските, формалните и другите. Како таква, таму може да биде каде било, и на крајот е секаде“, вели во предговорот на книгата Мекгрејди.

Книгата „Таму“ е мултимедијален книжевно-уметнички проект. Издавачката куќа „Антолог“ и Манчевски го работеа повеќе од две години. Книгата, дело за најпрефинетите гурмани на фотографијата, спакувани во тврди корици и на хартија со внимателно избран квалитет е печатена во „Датапонс“, а самите фотографии во голем формат за изложбата се печатени во „Пикс плус“.

„Го искомбиниравме перфекционизмот на Манчевски со највисоките стандарди на ‘Антолог’ за да создадеме една прекрасна приказна – моменти, фатени од најпрецизно око и објектив, без ‘кропирање’ и фотошоп, сплотени во остварување што ќе донесе нова свежина во светот на фотографијата и книгоиздателството. Од неодамна во нашиот издавачки опус е вклучена едицијата ‘Сталагмити – сталактити’, со која отвораме ново поглавје на вклучување визуелни уметности, и неизмерно е задоволството што уште на самиот почеток на оваа едиција, како втора книга издаваме вакво вредно дело од нашиот најпознат режисер и автор“, велат од „Антолог“.

Дизајнот на книгата е на Моника Стојчевска, а колор-обработката на Александар Петревски и Орце Поповски. Книгата ќе биде достапна за продажба веќе од 1 октомври во целата дистрибутивна мрежа на „Антолог“, која ги вклучува книжарниците „Антолог“ и електронската книжарница антолог.мк, како и над 30 други продажни места низ целата држава.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура на РС Македонија како дел од Годишната програма за 2020.

Со „Таму“, Манчевски го промовира новиот хештаг #никропнифотошоп (#nocropnophotoshop) со кој посочува дека неговите фотографски дела не се ниту кропирани, ниту манипулирани во пост-продукција. Тие се моменти на уличното секојдневие естетизирани во мигот на улов.

Прикажи повеќе...

Култура

Втор фестивал за краток филм „ФИЛМАЈ 2020“ во Куманово

Објавено пред

Вториот меѓународен фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2020” ќе се одржи во вторник (29 септември 2020) во Големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово, со почеток во 19 часот.

На овогодишниот конкурс пристигнаа 2.017 пријавени филма од 111 држави, кои беа прегледани од трочлено жири: Ана Јакимска (филмски режисер и сценарист), Златко Ѓелески (писател и културен критичар) и Глигор Максимовски (фотограф и член на фото-киноклуб `Козјак` – Куманово).

Жирито одлучи за следниве награди:

– награда „Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија оди кај Joey Paras за режирање на Fetch (Филипини)
– награда „Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија е за Tim Kuhn за кинематографскиот труд во Jupiter (Германија).
– награда „Козјак” за најдобра приказна/сценарио им се дава на Guy Nattiv и Sharon Maymon за aвторство на Skin (САД)
– Посебна награда од жири за македонски филм е доделена на Георги М. Унковски за „Налепница“

Во фестивалската вечер ќе биде прикажана компактна листа од наградени и одбрани кратки филмови, во траење од 100 минути. Согласно состојбата и протоколите, влез во салата ќе биде овозможен за публика од 110 лица кои претходно ќе имаат добиено билети. При влегувањето на секој посетител ќе му биде мерена температура и ќе се врши дезинфекција на раце, а носењето  маска на лице ќе е задолжителна при влез и за цело време на престојување внатре. Движењето ќе биде со дистанца од најмалку 2 метра, а сместувањето на публиката ќе е во секој втор ред и со растојание од 2 празни седишта помеѓу соседни посетители.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ5 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа6 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија7 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија8 часа

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет8 часа

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија10 часа

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија10 часа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија11 час

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Свет11 час

(Видео) Насилни протести во САД поради случајот со Бреона Тејлор, ранети се двајца полицајци

Двајца полицајци од Луисвил, во американската држава Кентаки, беа застрелани во средата вечерта во центарот на тој град среде масовни...

Регион12 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ12 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија12 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија12 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија14 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа14 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија15 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа16 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет16 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет1 ден

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Досие