Контакт

Култура

Изложба на Дејвид Стоилковски во Куманово

Објавено пред

На 5.5.2022 г., в четврток, со почеток во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики со наслов „Домашна атмосфера“ од авторот Дејвид Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Се работи за негова најнова продукција од дваесеттина дела работена во периодот 2020-2022 и е негова прва самостојна изложба.

Дејвид Стоилковски, роден во Куманово 1997 година, живеe и работи во Куманово. Има дипломирано на Академијата за ликовни уметности во Скопје, отсек графика во класата на професорката Славица Јанешлиева, а моментално е на магистерски студии по сликарство кај Јован Шумковски. Највеќе сака да работи мурали, графити и слики на платна, но сака и одвреме навреме да се занимава со други техники и правци кои ги нуди уметноста. Учесник е на повеќе групни изложби во Македонија и Хрватска.

Оваа прва самостојна изложба е збир на периодите од графити преку правци од уметноста до сликање мурали во поново време. Делата за оваа изложба се направени во период од 2020, 2021 и почеток на 2022 година. Името „Домашна атмосфера“ на изложбата е затоа што фигуративните предмети кои се наоѓаат на делата претставуваат една носталгија и поврзаност кон сопствениот дом и фамилија. Ако се изостават фигуративните елементи од композициите тие се сведуваат на чисти апстрактни плохи од неколку нијанси. Оваа изложба може да биде увертира за истражување во сферата на хиперреализмот при сликање мурали и платна од страна на уметникот Дејвид Стоилковски.

Изложбата ќе биде поставена до 18.5.2022.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Краткиот игран филм „Проблемот на Тина” ја освои наградата Yellow Umbrella за најдобар краток филм

Објавено пред

Краткиот игран филм „Проблемот на Тина” во режија на Радован Петровиќ во продукција на Партизанс и Кино Око ја освои наградата Yellow Umbrella за најдобар краток филм во интернационалната селекција на Balkan Panorama Film Festival што се одржува во Измир, Турција.

dobivaj vesti na viber

Филмот победи во конкуренција на десет избрани филмови во интернационалната конкуренција од 350 пријавени филмови од поширокиот регион на Балканот.

Сценариото е на Румена Бужаровска, напишано според нејзиниот истоимен расказ. Главните улоги ги толкуваат Душица Настова, Жаклина Стефковска-Дрнасин, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицковска-Трајковиќ. Директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска, шминка Ирена Сенокозлиоска, монтажери Радован Петровиќ и Вардан Тозија, а дизајн на звук Ристо Алчинов. Продуцент на филмот е Роберт Насков.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Култура

Фестивал на јапонската култура во Скопје

Објавено пред

Денес со почеток во 11 часот, во просториите на Јавна Соба (Public Room) во Скопје, ќе се одржи Нихон-Џи Фестивалот во организација на Јапан.нет.мк ([email protected]).

dobivaj vesti na viber

Фестивалот, прв од ваков тип, ќе прикаже повеќе аспекти од јапонската култура, вклучително литература, хаику поезија, кинематографија, музика, архитектура, боречки вештини, гастрономија, мода и поп култура, односно аниме, манга, косплеј и видео игри, со цел да го пренесе совршениот микс на традиционалното и модерното од Јапонија во Македонија.

Во рамките на фестивалот ќе се претстават над 20 уметници и илустратори, 3 модни дизајнери, 7 хаику поети, 4 доџоа, професори, критичари, технолошки експерти, околу 48 гејмери, љубители на стратегиски игри, бонсаи градина и се очекува голем број косплеери.

Посетителите ќе можат да присуствуваат на работилници за специфични јапонски занаети (кумихимо, монкири и церемонија за чај) и на три посебни трибини (Културно општествена трибина: Јапонски животни и работни навики, култура, менталитет и општествени норми; Аниме: Разликата помеѓу западната и јапонската анимација и Литература: Популарни јапонски концепти во литературата и уметноста кои наоѓаат своја примена во зголемување на квалитетот на живот).

Фестивалот исто така ќе вклучи и турнири во игрите Текен, Покемон Го и Ју-Ги-О, како и продажен дел со суши, јапонско виски, јапонски чаеви, стратегиски друштвени игри, јапонски книги и манга стрипови, рачни изработки со јапонски мотиви, аниме фигури, итн.

Фестивалот ќе биде свечено отворен со присуство на амбасадорот Савада Хиронори, а ќе биде затворен со диџеј сет со јапонска музика и караоке настан.

Деталната програма и учесниците се наведени на официјалната страна и на Фејсбук настанот.

Нихон-Џи Фестивалот е подржан од Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија.

 

Прикажи повеќе...

концерти

Изведба на оперската претстава „Аида“и промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“

Објавено пред

Во фоајето на Националната опера и балет, на 31 мај, во 19 часот, ќе се одржи промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски. Монографијата го обработува петдеценискиот развоен пат на единствената оперска манифестација во регионот и пошироко. Со оваа публикација Националната опера и балет трајно го зачувува уметничкиот белег изграден од големиот број извонредни уметници. Промотор на монографијата е м-р Весна Малјановска.

dobivaj vesti na viber

Со почеток во 20 часот величествената „Аида“ од Џузепе Верди традиционално ќе го затвори 50. јубилејно издание на фестивалот Мајски оперски вечери. Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија, ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта.

„Аида“, магичното ремек-дело на Џузепе Верди, ќе се изведе под диригентската палка на Оливер Балабурски, уметник со кариера над 28 години. Во продукција на театарот „Карло Феличе“ од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Улогите ги толкуваат: Сања Керкез од Србија (Аида), Виталиј Ковалчук од Украина (Радамес), Сања Анастасија од Србија (Амнерис), Владимир Саздовски (Рамфис), Игор Дурловски (Фараон), Отар Накашидзе од Грузија (Амонсаро), Катерина Стојановска (главна свештеничка), Дејан Стоев (гласник), балетски солист: Ивана Коцевска.

Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Димитров: Северна Македонија е генетски поврзана со Србија и Русија

Проблемот со европската интеграција на Северна Македонија не е централен за бугарскиот политички државен поредок. Формално, секоја влада носи одлуки...

Свет8 часа

Украинскиот премиер ја објави штетата што Украина ја претрпела од почетокот на војната

Украинскиот премиер Денис Шмигаљ изјави дека руската инвазија на неговата земја уништила повеќе од 25.000 километри патишта, неколку стотици мостови...

Македонија9 часа

ЦУК апелира на внимателност поради силно локално невреме и можни опасни порои во текот на викендот

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира и препорачува на граѓаните...

Свет13 часа

(Видео) Русите повторно тестираа „Циркон“

Русија успешно ја тестираше хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, додавајќи дека проектилот прелетал околу 1.000...

Македонија15 часа

Руската црква: Му благодариме на Бога што ја прекина долгогодишната раздвоеност меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква

Светиот синод на Руската православна црква (РПЦ) го поздрави враќањето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) во единство со Српската...

Македонија16 часа

Наталитетот зголемен, од почетокот на годината склучени помалку бракови во споредба со лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од оваа година, живородени се 4.009 деца и во споредба...

Топ16 часа

Веднаш откако бил осуден за семејно насилство, скопјанец ја нападнал поранешната сопруга во близина на судот

На паркинг во близина на кривичниот суд, скопјанец физички ја нападнал неговата поранешна вонбрачна сопруга веднаш откако бил осуден за...

Свет17 часа

Зеленски: Донбас ќе биде наш, иако ситуацијата е многу тешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија греши ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини. „Донбас ќе...

Свет17 часа

„Си-ен-ен“: Вашингтон ќе вклучи ракетни системи со долг дострел во испораките на оружје за Украина

Вашингтон има намера да вклучи ракетни системи со долг дострел во вооружената помош за Украина, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на...

Свет18 часа

Украина негира дека во нејзина нуклерна централа биле пронајдени големи количества на плутониум

Украинскиот нуклеарен инспекторат ја обвини Меѓународната агенција за атомска енергија дека подлегнала на руската пропаганда и побара поддршка за барањето...

Македонија1 ден

Притвор за осомничените за продажба на парцели за “ЕВН електрани”

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, од кои за двајца постои основано сомнение...

Регион1 ден

Бугарија нема да отстапи од ветото без согласност на парламентот

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот...

Свет1 ден

Русија тврди: Американската војска ослободи мајмунски сипаници од своите лаборатории

Мајмунската сипаница е увезена од Нигерија, каде што работат најмалку четири американски биолошки лаборатории, изјави Игор Кирилов, началник на силите...

Европа1 ден

Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. – Предноста на интеграцискиот курс сега е...

Македонија2 дена

Османи: Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина оствари средба со својот домаќин Дмитро Кулеба. Ова...

Свет2 дена

Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги обвини западните земји дека водат тотална војна против Русија и рускиот народ...

Македонија2 дена

(Видео) Црвенковски: Договорот со Бугарија со формулацијата „заедничка историја“ беше голема грешка

Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа...

Македонија2 дена

Во Софија вонреден коалициски совет за Северна Македонија

На вонреден состанок на коалицискиот совет вечерва ќе се соберат владините партнери. Средбата е по барање на премиерот Кирил Петков....

Регион2 дена

Русија протера петмина хрватски дипломати

Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота....

Свет2 дена

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на „Азовстал“ ќе ја тужи Русија

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик „Азовстал“, Ринат Ахметов, вели во Мариупол дека планира да ја...