Контакт

Култура

„Кармина Бурана“ в среда во Националната опера и балет

Објавено пред

Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“, од германскиот композитор Карл Орф, ќе биде изведена в среда, 27 ноември, со почеток во 20 часот во Националната опера и балет.

„Кармина Бурана“ со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите така и на многубројната публика, која постојано ја бара на тековниот репертоар.

Солисти на операта: Наде Талевска, Андреа Ѕаупа (Италија), Дејан Стоев.
Солисти на балетот: Марија Кичевска-Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Игор Веланоски и Мирослав Митрашиновиќ.

Диригент е Емир Нухановиќ (Босна и Херцеговина). Настапуваат Хорот, Оркестарот и Балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Култура

Ѓулсин Онај: „Света Софија“ е прекрасен дом за музиката

Објавено пред

Со креативен вознес и врвно мајсторство врз пијаното, турската пијанистка Ѓулсин Онај вчеравечер приреди концерт за уживање во рамки на 61. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Пијанистката со богата кариера што се протега на сите континенти и во најпрестижните концертни сали, остави силен впечаток врз публиката беспрекорно изведувајќи ги делата од Шопен.

„Првпат сум во Охрид на ‘Охридско лето’, но двапати настапив во Скопје и свирев со Филхармонискиот оркестар. Атмосферата во Охрид ја направија историјата и убавината на црквата, како и топлината на публиката. Чувството е навистина неверојатно. Акустиката е божествена во оваа црква, таа е прекрасен дом за музиката. На репертоарот го имав само Шопен, но почетокот го променив и го ставив Бах бидејќи мислам дека е неверојатно прекрасно токму овде да се изведува Бах“, рече Онај.

Ѓулсин Онај е државен уметник во нејзината родна Турција каде што повеќе години била официјален солист на Претседателскиот симфониски оркестар во Анкара. Нејзините повеќе од 20 снимени изданија говорат за широчината на нејзиниот репертоар, како и за нејзината интерпретативна моќ која се протега од делата за соло пијано и концертите на Хајдн и Моцарт, па до дела од современи композитори. Онај е резидентен уметник на Универзитетот „Билкент“ во Анкара и е носител на почесен докторат од Универзитетите „Босфор“ во Истанбул и „Хачетепе“ во Анкара.

„Ме радува фактот што полека се враќаме на концертите, во нормала. Засега имам испланирано неколку концерти, но и неколку снимки. Имам и свој фестивал што се одржува веќе 18 години близу Бодрум и сум среќна што гостуваат многу врвни уметници од целиот свет“, додаде Онај.

Вечерта на Шопен со врвната пијанистка Ѓулсин Онај во црквата „Света Софија“ ја проследија и амбасадорот на Република Турција во земјава, Хасан Мехмет Секизќок, како и турскиот почесен конзул во Струга, Абдураим Бајрактар.

Прикажи повеќе...

Култура

Гудачкиот квинтет на Загрепската филхармонија вечерва пред публиката на „Охридско лето“

Објавено пред

Гудачкиот квинтет на Загрепската филхармонија вечерва ќе одржи концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе настапат Владимир Костов – прва виолина, Дуња Бонтек – втора виолина, Хивоте Тадезе -виола, Оливер Ѓорѓевиќ – виолончело, Илин – Диме Димовски-контрабас и Александар Иванов соло виолина.

„Изминатата пандемиска година кога бројни музичари беа спречени да концертираат, група членови на Загрепската филхармонија, запазувајќи ги сите мерки на заштита се собираат и одржуваат проби за да не дозволат да ‘престане’ музиката. Петте членови на ансамблот кои имаат долгогодишно искуство во камерното музицирање – за првпат заеднички започнуваат да ‘комуницираат’ во ваков состав, донесувајќи ѝ на публиката, а и на самите ним малку утеха преку универзалниот јазик на музиката. Иако постојат краток временски период, поради нивните индивидуални музички квалитети кои ги обединуваат во исклучително заедничко музицирање, тие многу бргу ги освојуваат симпатиите на музичката јавност“, велат од „Охридско лето“.

За настапот на Гудачкиот квинтет на ЗГФ на фестивалот „Охридско лето“ како прва виолина ќе гостува концерт-мајсторот на Македонската филхармонија Владимир Костов.

Прикажи повеќе...

Култура

„МКЦ за Скопје“ за одбележување на 58 години од земјотресот

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 19:30 часот во МКЦ ќе се одржи настанот „МКЦ за Скопје“, со кој се одбележуваат 58 години од скопскиот катастрофален земјотрес.

„МКЦ за Скопје“ е настан што нè потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на интензивноста, обединетоста и хуманоста на луѓето.

ПРОГРАМА И РАСПОРЕД:

19:30 – „Јули” @ Џебно кино

„Јули“ е краток филм на Сезер Салихи.

‘Метин го слави роденденот, неговиот пријател Хасан го изненадува со торта. Тој се сеќава на неговиот трагичен, романтичен, весел и мистериозен роденден на 25 јули 1963 година. Еден ден пред земјотресот, кој уништи 80 проценти од градот Скопје’.

20:00 – „Ехо на ехото на мојот град“ @ бифе МКЦ

„Ехото на мојот град“ е краток филм на Борјан Стојков и претставува ретроспектива на постземјотресно Скопје.

20:00 – Јулија Манојловска @ Галерија

„Пресоздавање“ – изложбата на Јулија Манојловска е објектна инсталација на визуелна сензација, лутање, односно перцептивно раздвојување и повторно создавање.

Трансформирана слика создадена од традиционалниот дводимензионален сликарски медиум во тродимензионален објектен цртеж ги содржи сите елементи што го дефинираат сликарскиот дискурс. Материјализацијата на цртежот преку бојата и светлото – сенките, го освојува просторот и околината со обоен цртеж-објект.

Идејата за ваква инсталација е идеја на внатрешното чувство за репетитивно барање и лутање низ простор за истражување помеѓу објективната и субјективната реалност. Делото се обраќа на експресивноста на емоцијата на авторот конвертирана во идеја што создава сликата и инсталацијата т.е објектот.

20:30 – Шизик на ризик @ Галерија 2

ШИЗИК НА РИЗИК е македонски лајфстајл бренд. Роден во Скопје, брендот е наменет за смели дечки и девојки од улиците на овој или кој и да е друг град. ШИЗИК НА РИЗИК раскажува приказна за еден отворен град од едно безгрижно време и за еден дечко, кој никој не го видел али сите го знаат. Шизик на ризик е оригинален и смел. Тоа е наше дете од улиците на кои растеле и растат генерации.

Брендот ШИЗИК НА РИЗИК веќе 3 години креира премиум производи во лимитирани серии. Посебна серија на производи сочинуваат иконичните дизајни инспирирани од градот Скопје, кои во облик на модни парчиња и додатоци веќе подолго време со мерак се носат по светските улици.

21:00 – Поетри слем @ Парк МКЦ

Сакате да искусите поинаков начин на забава и тоа со поезија?

Не сакате да бидете пасивна публика?

Ние изведуваме, вие навивате, свиркате, апаудирате, довикувате, гласате!

Заедно можеме земјата да ја тресеме со поезија!

Ние сме ПОЕТРИ СЛЕМ МАКЕДОНИЈА!

Настапуваат: Игор Трпчески – Трпче, Цветанка Колева, Марија Грубор, Горазд Китановски – Кени и Елена Пренџова

21:40 – Хајка @ Парк МКЦ

Хајка е скопски панк-рок бенд. Енергија, сирова енергија. Го сочинуваат Теодор Атанасовски, Александар Атанасовски, Бојан Таневски и Филип Лафазановски.

Имаат настапувано на Лузерфест, кога ги запознавме, а неодамна го објавија својот прв албум „Антиталент“.

22:20 – Stoned Hedge @ Парк МКЦ

Ангела Маринковска – вокал, Исмаил Камбери – гитара, Дејан Томовски – бас и Марко Стојчевски – тапани успеаја за само 4 месеци (за време на пандемијата) да го создадат својот деби албум и тоа во манир на веќе искусен бенд, небаре ова е нивната трета хит-плоча. Она што овие млади луѓе го направија во тој краток период е навистина за восхит, а тоа се големи и неверојатно мелодични песни, кои лесно ќе ве заведат со својата питкост и искреност и ќе ве однесат во светот и борбата на убавите, чесните и младите. Зборуваме за една борба со силен и невидлив противник, но Stoned Hedge во стил на искусни борци со неверојатна леснотија на сите нам ни покажаа дека со талент и чисто срце може да звучиш и изгледаш светски. Тука станува збор за светска класа на трагот на Guano Apes и Portishead.

23:05 – Column Still @ Парк МКЦ

Column Still е нова група оформена во 2021, од музичари познати по својата работа со бендовите Fighting Windmills, Светлост, Shock Troopers, Палиндром, The Local Blue, Amplidyne Effect…

Свират музика со карактеристики на doom метал, drone, минимализам, слободен џез и електронска музика.

Нинослав Спировски [кларинет/саксофон], Кристијан Новковски [тапани], Драган Теодосиев [тапани], Мартин Георгиевски [гитара/електроника], Дени Омерагиќ [бас гитара/електроника]

23:55 – Виножито проект @ Парк МКЦ

Проектот Виножито претставува храбар експеримент, односно музички мозаик составен од различни етностилови.

Проектот со наслов „Обединети во музиката – Виножито“ во земја каде што заедно живеат: Македонци, Албанци, Роми, Срби, Власи и други етникуми е вистински предизвик да се направи спој од сите и да се слушне како ќе звучи ваква музичка фузија составена од врвни професионални музичари.

Комбинацијата на музичари од повеќе етникуми што создаваат музика во Македонија до сега не е слушнат и ќе биде единствен од тој вид и сосема природно ќе произлезе нов, до сега неслушнат и квалитетен звук.

Репертоарот на групата ќе биде од песни што секој од членовите ги носи во својот генетски и фамилијарен код, се разбира обработени и „преоблечени во едно современо руво“.

Носител на проектот е Петар Младеновски – Пеце, фронтменот на групата Суперхикс, кој со своите пријатели од различни етникуми, ќе се обидат да ги прикажат сите звуци што ги носи нашата држава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Нови 47 лица заразени од коронавирус, во Македонија активни 359 случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.593 тестирања, а регистрирани се 47 нови случаи на...

Македонија14 часа

Груевски ќе развива бизнис во Унгарија, на 15 јули регистрирал фирма со широк опсег на дејности

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта, три години по...

Топ15 часа

(Видео) Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило

По повеќемесечно криминалистичко истражување, денеска Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Единицата за специјални полициски операции...

Свет16 часа

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави...

Домашен20 часа

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо...

Македонија21 час

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија22 часа

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Свет23 часа

Бајден: Mаските и вакцините најдобра заштита од делта-сојот

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека носењето заштитни маски и вакцинирањето во области во кои доминира делта-сојот на коронавирус се...

Македонија2 дена

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија2 дена

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија2 дена

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија2 дена

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Топ2 дена

Тетовец лажно се претставувал како лекар, измамил повозрасен охриѓанец и добил 40.000 денари

45-годишен тетовец лажно се претставувал како лекар и на тој начин измамил повозрасен жител од Охрид од кого добил 40.000...

Македонија2 дена

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија2 дена

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа2 дена

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија2 дена

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа2 дена

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт2 дена

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија2 дена

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Досие