Контакт

Култура

Комеморативна седница по смртта на Борис Ноневски

Објавено пред

Вчера на пладне во Кинотеката на С. Македонија се одржа комеморативна седница по повод смртта на Борис Ноневски (1948-2021), истраен истражувач, посветен филмолошки работник, голем вљубеник во филмот и во својата земја, неверојатен соговорник, врвен интелектуалец, човек кој со своето дело остави трајна трага во македонската култура, а особено ја задолжи Кинотеката на Македонија, како нејзин долгогодишен директор.

dobivaj vesti na viber

Борис Ноневски почина по долго боледување на 30 јануари 2021 година, а беше погребан следниот ден, на 31 јануари, на гробиштата во родниот Претор.

Пред членовите на семејството на Ноневски, колегите, пријателите и почитувачите на неговиот лик и дело се обрати Петар Волнаровски, раководител на одделот за истражување, издавачка, библиотечна и меѓународна дејност, кој изрази сочуство на сопругата Катерина и синот Вангел, и потсети на биографијата на Борис Ноневски и неговите заслуги за Кинотеката.

Борис Ноневски беше роден во 1948 година во Претор. По завршувањето на основното и средното образование, дипломира на Факултетот за политички науки во Белград, за да се вработи во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Од 1976-та година повторно е во Белград, сега како уредник во ренимираното и престижно теориско списание „Социјализам“, во кое свои текстови објавува интелектуалната елита на тогашна Југославија. И самиот Ноневски често пати е автор на текстови што предизвикуваат внимание и полемики во тогашната југословенска и македонска општествено-политичка и културна јавност.

Во 1987 година се враќа во Македонија, каде што е избран за директор на Кинотеката на Македонија, основана во претходната деценија. Ноневски беше директор на Кинотеката во два наврата, во повеќе мандати, во периодот од 1987-1998 година и од 2002-2007 година, сè на сè – повеќе од шеснаесет години.

Со своето доаѓање во Кинотеката, Борис Ноневски особено се посвети на она што беше негов примарен професионален интерес, особено ја збогати научно-истражувачката и издавачката дејност, преку организација на симпозиуми, со учество на ренимирани гости од земјава и странство и публикација на трудови, така што, дејноста на Кинотеката во тој поглед ја издигна на рамниште на своевиден филмски институт.

Под негово раководство, Кинотеката ја оформи својата организациска поставеност, односно беа формирани два оддела: Одделение за прибирање, заштита, обработка и чување на аудиовизуелни дела, односно Филмскиот архив и Одделение за јавна, научно-истражувачка и издавачка дејност, потоа оддел за пишувана и фотографска документација и одделот за чување и презентација на музејски експонати. Беше воведена и систематска и аналитичка филмолошка обработка и каталогизација на филмовите, а беа воспоставени и принципите на обработка, систематизирање, каталогизирање, организирање на фототеката и на оделот за музејски експонати. Особено е значајно што со доаѓањето на Ноневски на чело на Кинотеката, оваа национална институција многу се ангажираше во прибирањето на филмови и други филмски материјали и пишувана документација од интерес за историјата и културата на Република Македонија, како од соседните балкански филмски архиви, така и од странските кинотеки со кои соработуваше. Филмски материјали, но и друга придружна граѓа (фото архиви, пишувана документација, интервјуа итн.) беа прибирани и од речиси сите значајни македонски филмски работници…

Борис Ноневски беше најзаслужен и за покренувањето на списанието за филм , списанието за историја, теоријата и културата на филмот и другите уметности – „Кинопис“, на чии страници во изминативе триесетина години свои текстови оставиле најзначајните филмски историчари, критичари, теоретичари и аналитичари од земјава и од странство. Под негово раководство започнаа и првите сериозни проекти за заштита на македонската филмска историја преку изработка на нови филмски копии, меѓу кои особено се истакнува заштитата на севкупниот филмски фонд на браќата Манаки. Ноневски е залужен и заради фактот што ние сме меѓу ретките земји во светот со изготвена и објавена интегрална филмолошка студија за целокупната национална играна продукција (Мирослав Чепинчиќ, ‘Македонскиот игран филм’, во два тома) и општа историја на светскиот филм (Георги Василевски, ‘Историја на филмот’, во четири томови).

Ноневски, како директор на Кинотеката, во 1993 година го организираше и првото интернационално издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Во 2006 година, Кинотеката го прослави својот триесетгодишен јубилеј со вселување во нови простории во библиотеката „Другарче“, со професионално опремена киносала, видеотека и специјализирана филмска библиотека, постојана музејска изложба, изложбена галерија, фототека итн. По комплетното реновирање и опремување со 35 мм филмски проектори, „сараунд“ аудио-систем и 136 седишта – на 10 октомври 2006 година започна редовната филмска програма во Кинотечното кино.

Во 2009 година, Владата на Република Франција на Ноневски му додели високо одликување, „Витез во редот на уметностите и литературата“, што Волнаровски го апострофира како „интернационална круна“ на неговата кариера.

Беа прочитани и телеграмите со сочуство од министерката за култура, проф. д-р Ирена Стефоска, и директорот на Францускиот институт во Скопје, Емануел Рембер. Тие потсетија на трагите што Ноневски ги остави во македонската култура.

Актуелниот директор на Кинотеката Владимир Ангелов се прости од Ноневски потсетувајќи се на деновите кога младите филмолози и техничари го учеле занаетот од него.

– Ние од Кинотеката го познававме Борис Ноневски и како човек и како директор. Ја познававме неговата човечност и човечка слоевитост. Паметиме купишта негови изреки: „Платата ви е многу за работата, а малку за живеачка“ – велеше, „Бадијала извини, ако ми го изгори палтото“, „Знам луѓе што работеле без успех, но не знам некој што успеал без работа“, или „Напамет работано“. Со колегите бевме преместиле 3-4 тони филмови и доаѓа директорот и мислиме дека заслужуваме пофалба, кога тој вели „Напамет работано“ се врти и си оди. Утредента повторно истото… Борис, зашто не беше едноставен и како човек, никогаш не прашуваше едноставно „како си“, тој велеше: „Пиле, со што си ја мачиш душичката“? Често кога ги „карам“ помладите колеги ја користам неговата „она што на други им е хоби, вас ви е работа“.

Новинарот Ѕвездан Георгиевски, догогодишен пријател и проследувач на дејноста на Ноневски како директор на Кинотеката, како врвен интелектуалец, но првенствено како човек и пријател.

– Ноневски имаше уште една важна и ретка особина, а тоа е работливоста. Би рекол и перфекционизмот. Имав чувство дека внимава на секој детаљ, дека ги проверува и препроверува сите наводи и тези и дека ретко кога е задоволен од она што го создал. Не знам, ама убеден сум дека во неговата архива има уште необјавени трудови и текстови, а ова го тврдам затоа што знам дека Борис Ноневски, едноставно, секогаш мораше нешто да работи. Тоа беше начин на живот. Нам ни останува таа задача, овие трудови, ако постојат, да ги подготвиме за печат, не толку поради Борис Ноневски, туку поради нас. Нам ни се потребни. Велат дека основната смисла на животот не е да се проживее, туку да се живее во другиот. Тоа значи несебично да се дава и несебично да се нуди. Забележувате дека во оваа моја реч има премногу „јас“, ме има премногу мене. Тоа е затоа што Борис Ноневски живее во мене, а убеден сум дека живее и во вас. И затоа нема да му посакам вечна слава, неа веќе ја има, туку само ќе кажам: Ти благодарам Борис што постоеше и што беше дел од мојот свет.Благодарам.

Проф. д-р Марјан Цуцуи, историчар на филмот од Романија и еден од бројните соработници на Ноневски од светот, се прости со неговиот пријател преку видео-обраќање. Цуцуи, кој има реализирано студија за македонскиот филм во издание на Кинотеката, посочи дека токму заради Ноневски, кого го смета за основач и модернизатор на македонската Кинотека, го има научено македонскиот јазик и му се има посветено на проучувањето на балканските кинематографии.

Цуцуи се потсети на 90-те години од минатиот век, кога Балканот беше зафатен со војни и разурнувања, а Борис Ноневски како директор на Кинотеката организираше успешни симпозиуми “Бегалците и филмот“ (1993) и ‘Кинематографиите на малите народи’ (1995), обединувајќи ги интелектуалците од завојуваните страни.

 

Култура

Концерт – рецитал на Горјана Стојановска во македонскиот КИЦ во Софија

Објавено пред

На 30 јуни (понеделник) 2025, со почеток од 18:30 часот, во Македонскиот КИЦ во Софија ќе се одржи Концерт – рецитал на македонската пијанистка Горјана Стојановска од Битола. На концертот во Софија таа ќе ја претстави убавината и длабочината на класичната музика преку интерпретација на дела од Ј. С. Бах, Ф. Шуберт, Ф. Лист и А. Скрјабин.

dobivaj vesti na viber

Настанот ветува уникатно музичко патување, кое ќе ги поврзе различните стилови и периоди, создавајќи емотивно искуство за публиката. Програмата ќе ја поттикне длабочината на чувствата, размислувањата и инспирацијата, како и важноста на класичната музика во современото општество. Ќе биде овозможено поврзување со историјата и духот на музиката, како и уживање во магијата на живата изведба.

Горјана Стојановска е родена во Битола. На осумгодишна возраст го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште – Битола, каде што и матурира во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Првите две години од високото образование на Факултетот за музичка уметност во Скопје ги поминува во класата на проф. Борис Романов, а вторите две во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска кај која и дипломира во 2017г, а во 2019г и магистрира.

Во 2018 година се запишува и на усовршуавње на Academia Talent Music Master во Бреша, Италија во класата на проф. м-р Рубен Далибалтајан. Академијата успешно ја завршува во 2020 година. Учествува на мастеркласи кај истакнати педагози меѓу кои: Борис Романов, Јуриј Кот, Андреј Диев, Рувен Далибалтајан, Јулија Губајдулина и др.

Горјана има освојувано бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Во своето дејствување како пијанист има реализирано многу солистички рецитали, а во 2011 и 2014 година настапува како солист со Македонската филхармонија. Бележи настапи на повеќе фестивали како Есенски музички свечености – Скопје, Подиум на млади (како вонредна програма на фестивалот “Охридско лето”) – Охрид, Бит-Фест – Битола. Во 2024 година настапува во Виена како солист со камерниот оркестар на Националната опера и балет.

Од 2021 година работи како наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола.

Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Едмонд“ денес премиерно во Битолски театар

Објавено пред

Претставата „Едмонд“ според текстот на Дејвид Мемет, а во режија на Оливер Мицевски, денес премиерно ќе биде одиграна на големата сцена на Битолскиот народен театар. Се работи за петта по ред премиера за оваа година. Директорот Васко Мавровски вели дека во периодот септември 2024 / јуни 2025, е постигнат е апсолутен рекорд на премиерно изведени претстави, 12, а следи и премиерата на “Рибарски караници” која ќе се одигра на 25.07.

dobivaj vesti na viber

„Во овој период одиграни се 129 претстави, или на секои 2.5 дена се изведувала по една претстава. Во салите на НТБ, не посетиле 25.141 гледач, или во просек сме имале по 194 гледачи по претстава“, рече директорот Мавровски.

„ Јас сум радосен што работам овде, бидејќи не сум работел во земјава од 2011, и е убаво да се работи на својот јазик. Ние имавме многу убави осум недели работа и веруваме дека завршивме одлична работа. Беше задоволство да се работи со талентираниот ансамбл на Народен Театар Битола, предводен од Огнен Дранговски, еден од најдобрите актери во Македонија и Балканот. Верувам дека ЕДМОНД ќе стане значајна точка во несомнено богатата историја на Народен Театар Битола“, рече режисерот Оливер Мицевски.

Претставата го следи вртоглавото / спирално патување на бизнисменот Едмонд Бурк и неговите кошмарни 48 часа во њујоршкото подземје, каде што барајќи возбуда и среќа, од баналноста на неговата канцеларија и монотон семеен живот завршува како убиец и подоцна како затвореник, најверојатно осуден на доживотен затвор. Богат со многу параболи, референци на Хамлет и Библијата, прошаран со несекојдневно брутален јазик и агресивни сцени, главното прашање коешто Едмонд го отвора е прашањето на слободата. Што е слободата всушност? Дали потрагата по слобода прави всушност, незабележително да станеме робови на својата (потрага по) слобода. Дали откажувањето / лимитирањето на своите желби го олеснува патот кон слободата? Не случајно, мотото на Едмонд е : “Внимавај што посакуваш.”

Покрај Дранговски во претставата играат Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Викторија Степановска-Јанкуловска и Маја Андоновска-Илијевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а музиката на Марјан Неќак.

Прикажи повеќе...

Култура

Скопско лето: В понеделник џез концерт на Ѓорги Шаревски трио во Сули ан

Објавено пред

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје в понеделник повикува на џез концерт на Ѓорги Шаревски трио во Сули ан со почеток во 20.30 часот. Покрај Шаревски, ќе учествуваат и Акира Накамура од Окинава, Јапонија на тапани и Оливер Јосифовски на контрабас.

dobivaj vesti na viber

„Извонредна интеркултурна соработка, каде што триото на Георги Шаревски се обединува со еминентниот јапонски тапанар Акира Накамура за динамичен настап што умешно ја обединува источната прецизност со европската џез естетика.Предводено од македонскиот гитарист и композитор Георги Шаревски, фокусот на ова посебно трио се автентични авторски композиции, прецизна меѓусебна комуникација и соврмени хармонски структури. Со приклучувањето на Накамура и неговиот изразен ритмички јазик и смела импровизациска визија, овој исклучителен настап претставува возбудливо музичко патување исполнето со спонтаност, експлозивна енергија и бесконечен грув“, велат од Дирекцијата за култура и уметност.

Публиката ќе има можност да слушне внимателно избрана програма составена од авторски композиции, кои ги прошируваат хоризонтите на современиот џез израз.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија7 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија8 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија10 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија12 часа

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија12 часа

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија12 часа

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија14 часа

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија15 часа

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион16 часа

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет16 часа

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа17 часа

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија18 часа

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет18 часа

Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран бил во можност да обезбеди или премести дел од својот збогатен ураниум...

Македонија1 ден

Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета

Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна...

Регион1 ден

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во...

Македонија1 ден

Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите...

Македонија1 ден

Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на...

Топ1 ден

Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов...