Контакт

Култура

Концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски вечерва на Охридско лето

Објавено пред

Во организација на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе се одржи концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски. Во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе настапат пијанистите Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтиари и виолинистот Васил Богоевски.

dobivaj vesti na viber

Анастасија Грговска е родена во Куманово каде го започнува своето музичко образование во класата на проф. Драган Грговски, а го продолжува во класата на проф. Славица Мицовска. Средно образование завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“, во Скопје. Во 2013 година дипломира со највисока оценка Кум Лауде на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Марија Ѓошевска.

Добитничка е на голем број награди и признанија на државни и меѓународни натпревари. Зад себе има солистички концерти во Куманово, Скопје и Прокупље, концерти со камерни состави и настапи на реномирани фестивали како „Охридско лето”, „Скопско лето”, „Денови на македонска музика” и „Есенски музички свечености”. Во 2009 година настапува како солист со Камерниот оркестар на градот Перник, во Бугарија, а во 2013 и 2017 година како солист со Македонската филхармонија во Скопје. Лауреат е на Фондацијата „Томислав Зографски“ во 2014 година, a добитник е и на наградата Гран при за 2021 година која ја доделува Одборот на Фондацијата.

Дел е од камерното дуо „Дистанца“ со пијанистката Бриџида Мијоре од Италија. Активно се занимава со педагогија и корепетиција. Се надоградува на семинари со познати светски имиња од класичната музичка сцена како Х. Холтман, Ј. Кот, Н. Трул, А. Диев, Ж. Захариева, А. Гиндин, Ф. Турисини, Г. Грузман, Љ. Гашпаровиќ. Магистрира, со највисока оценка на Руската музичка академија „Гњесин” во Москва, во класата на проф. Јулија В. Фјодорова, каде што како редовен студент бележи настапи на концерти на класата и во камерни ансамбли.

Шкељзен Бафтиари дипломира со највисоки оценки Кум Лауде на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Борис Романов, а постдипломските студии ги завршува во класата на светски познатиот пијанист Симон Трпчески. Пијано почнува да учи од 10 годишна возраст со проф. Симона Зафировска во ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец”- Тетово, а основното и средното музичко образование ги завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Људмила Романова. Добитник е на бројни меѓународни награди во Париз, Рим, Торино, Пловдив, Благоевград и Белград.

Одржува солистички концерти во Тетово, Скопје, Струга, Приштина Тирана, Софија, Охрид, а настапувал на фестивали меѓу кои „Охридско лето“, „Есенски музички свечености“, „Скопско лето“, „Денови на македонската музика“, ДАМ, „Шопен Пијано фест“, „Косова Камерфест“, „РеМузика“, „Сцена на Албанската сериозна музика“ и др. Соработувал со познати диригенти и инструменталисти како Симон Трпчески, Шкељзен Доли, Сихана Бадивуку, Марија Ѓошевска, Дерек Хан, Саша Николовски – Ѓумар, Борјан Цанев, Томас Херцог итн. Како солист со оркестар настапува со Лондон Сити Филхармоник, Македонската филхармонија, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Косовската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Албанската РТВ. Остварува бројни снимки за радио и ТВ и редовно активно учествува на семинарите под раководство на проф. Борис Романов во Охрид.

Васил Богоевски е роден во 2001 година во Велес. Започнува да свири виолина на 7-годишна возраст, инспириран од својата мајка. Основното музичко образование го завршува во ООМУ ,,Стефан Гајдов“ во Велес, во класата на наст. Марија Богданоска. Продолжува да се школува на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје во класата на проф. Билјана Весковска.

Високото образование го започнува на Конзерваториумот „Д-р Хох“ во Франкфурт, Германија, во класата на д-р Фабиан Ризер, а дипломира на Факултетот за музика во Мајнц, во класата на проф. Ливиу Каслеану.

За време на неговото образование посетува приватна настава кај проф. Лазар Милетиќ и проф. Рамадан Еминовиќ и редовно учествува на интернационални семинари: Арлемм (Србија), Кронберг (Германија), проф. Петру Мунтеану, проф. Ерик Шуман . . .

Има учествувано на натпревари и е добитник на бројни награди во Македонија, Бугарија, Србија, Романија, Молдавија, Украина, Словенија, Италија, Австрија, Малезија . . . .

Во август 2022 добитник е на стипендија од здружението „Рихард Вагнер“ во Франкфурт, со што посетува изведби на опери во Бајројт и настапува на концерт во рамки на фестивалот како најмлад учесник.

Добитник е на деветтоноемвриска награда во 2023 година за достигнување и афирмација на Велес на меѓународна сцена преку достигнувања во областа на класичната музика. Во август 2023 со Трио „Дамар“ од Велес: Менка Богоевска-виолина и Илија Настовски-пијано, имаше концерт во Театро Марчело, Рим (Италија).

Стипендист е во Ложата „За единство“ во Франкфурт и добитник на стипендии од здружението на покровители на д-р Хох.

Култура

„Секвенци од рефлексијата“ изложба на скулптури на Вон.проф. д-р Слободан Милошески

Објавено пред

На 17 октомври 2025 година од 19:00 часот во Галеријата на Нишки колтурен центар, во Ниш, Србија ќе биде отворена изложбата „ Секвенци од рефлексијата “ од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од 10 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Нишката публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 27 окомври.

dobivaj vesti na viber

„Секвенци од рефлексијата“ претставува извонредна изложба на скулпторски дела што ги повикува набљудувачите да ја истражат интеракцијата меѓу формата, светлината и сопствената перцепција. Овото визуелно искуство, благодарение на прецизната изработка и промислениот концепт, го вклучува гледачот во повеќеслојно доживување – од визуелни и оптички ефекти до сеќавања, протекување на времето и сложеноста на човечкиот ум. На тој начин, изборот на медиум, форма и концептуална длабочина ја поттикнува публиката да размислува за комплексноста на човечкиот живот.

Авторот Слободан Милошески создава дела со силна визуелна привлечност – скулптури со мазни, полирани површини и флуидни линии. Овие визуелни ефекти се потпираат на концептот што доминира во подоцнежната фаза од неговото творештво, период во кој тој ги истражува симболичките форми и нивните значења. Со ваквиот пристап, авторот ги проширува апстрактните идеи во сопствен простор на самоспознавање, елиминирајќи ги миметичките претстави на реалноста.“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

До сега има реализирано 36 самостојни изложби, а учествувал на повеќе од 100 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година, „Награда за скулптура“ доделена од ДЛУМ во 2020 година, нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 година и наградата „Адем Кастрати“ доделена од КИЦ-Скопје во 2021 година.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура „Секвенци на рефлексија“ во Младински кулптурен центар- сите поставени во Скопје.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а од 2023 година е дел од управниот одбор на друштвото. Работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што од 2025 година ја извршува деканската функција.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на Васил Василев: „Континуитет како метафора 1967 – 2012 2012 – 2025“

Објавено пред

Во петок, 17 октомври, ќе биде отворена изложбата на Васил Василев насловена „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025, во 19 часот во објектот Даут пашин амам.

dobivaj vesti na viber

Скулпторскиот опус на Васил Василев е еден континуум на темелни, истрајни и инвентивни истражувања. И покрај тоа што неговиот развоен пат се движеше од конкретни фигуративни облици, до сведување на фигурата на знак, основните параметри не се променија, како и односот кон објектот. Без оглед на одредени стилски поместувања во ракописот, зависни и од матрицата на непосредни или посредни инспиративни доживувања, неговиот ликовен опус дозволува да се дефинира низ варијациите кои се одвиваа внатре во една усвоена и со време доградувана и надградувана ликовна синтакса.

Асоцијативните вертикали, дел од последниот циуклус на Василев, се резиме на сите атрибути на неговото обликовно размислување, преведени и пренесени со минимални формални содржини, со концентрирање на оние круцијални севкупости на негово дело: конкавни и конвексни, мазни и рапави, темни и светли површини, содржини на растот на нивното вертикално градење, наизмнично сменување, мултиплицирање, до затворање во рамка. Рамката е начин на потенцирање, истакнување, но и смирување на разиграната, ритмична обликовна, структурална шема во јадрото, онаа слична постапка што се јавува уште во неговите дела од осумдесеттите години (Ритам, 1983), сега со еден позатворен статички ритам и посимплифицирана форма.

Значи, ликовната структура на делата на уметникот од почетокот на седумдесеттите години, континуирано се движи до најновите негови остварувања. Во нив се содржани и цртежот и релјефот, архитектонското редење на тогаш понагласени волумени, како и пиктуралните примеси (главно во згаснати тоналитети со патина на дрвото).

Асоцијативните вертикали се надоврзуваат на вертикалите од седумдесеттите години (Каријатиди). За разлика од поранешните вертикали кај кои формата често ја градеше по принципот рамна површина волумен, сега, од една страна ја симплифицира формата, но, од друга ја усложнува со слоевитата архитектоника или пак со релјефно разиграните површини.

Комбинацијата на скулптура и релјеф, но и пиктуралното третирање на материјалот со меки тонски премини и светло-темни градации или звучна колористичка игра, се дефинирани и со движењето на линијата. Линеарната арабеска датира од почетоците на неговото творештво, присатна е во сите негови дела и се јавува со варијабилен интензитет и улога: некаде го иницира формирањето на обликот, некаде ги бележи, разграничува формите, некаде го нагласува волуменот, а некаде ја иницира колористичката игра на релјефните сегменти. Секако, таа ја има една од примарните улоги во формирањето, во обликувањето на делото. Звукот на линијата, цртачките елементи, кои ја затвораат или отвораат формата, како и играта на светло-темното, ги доловува со различна обработка на материјалот, ја збогатува скулптурата со внатрешна виталистичка енергија до степен кога сугестивното реално, се трансформира во асоцијативно, делото станува знак со повеќезначенски конотации. Го зацврстува сведувањето на мотивот на почист облик, приклонувајќи се, во некои ситуации, кон симетричната хармонија на композицијата или, пак, барајќи го редот во дискретните ритмови на волуменот.

Развивајќи ги можностите на новите изразни форми во контекст на неговиот однос кон материјалот и начинот на неговата транспозиција, во најновите дела, Василев остварува еден особен вид на ликовен израз кој неспорно комуницира и со неговите претходни творечки фази, сега базиран врз позгусната коегзистенција на линијата, на понагласени колористички сегменти, на шематичноста на линеaрните, релјефните и колористичките ритмички стилизации.

Овие испреплетени облици, прецизно градени, напластени дрвени форми, во нивната сложена разновидност, во варијабилната низа на асоцијации (од чисти геометриски до асоцијативни флорални мотиви), во себе носат карактеристики на едно, медитативно и наместа ирационално расположение кое го емитуваат неговите спонтани игри на архитектонски градените асоцијативни вертикали. Патоказот во барањето меѓу идеализираното и животното, е насочен кон проблемско и загадочно, кое во последните дела добива епилог на траење, како блесок на трагата на возбудата. Експресивно зајакнати психолошки состојби се манифестираат во изразот на внатрешната архетипска снага и нејзиното распространување, во големиот бран на декоративните геометриски созвучија.

Главниот ефект сега го презема целосноста на масивот на вертикалата со своите внатрешни кршења во наизменичното сложување на формите, во нагласената и незаобиколна игра на светлоста и на сенките. Воглавно, потиснувајќи ги облините, наклонува кон поостри геометризирани плохи (правилни парчиња дрво) кои ги напластува вертикално или создава врежани, издлабени одвојувања на формите во самата нивна релјефна поставеност. Таков пристап како да му служи на авторот да се ослободи од органската врзаност за волуменот, од укрупнување на формите и нивното волуминозно навлегување една во друга, префрлајќи се на микро план на ситнење на елементите во градењето на композицијата, што го доведе до дескриптивната сликовитост на обликот, го насочи кон цврстината на скулптурата, облиците ги сведе на некои основни елементи мултиплицирани и модифицирани низ слободната интерпретација. Во нив најде извор на системски интерпретации на неограничената моќ на мозаичното поставување или дефинирање на сегментите од целината, кои се движат од вдлабнати, цртачки организирани форми, преку суптилни тетоважи во вид на арабеска, колажно поставување на помали мозаични форми, до редење, умножување на исти или слични форми и до нивната разбранувана, разиграна поставеност во различни насоки.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“од Јохан Штраус II

Објавено пред

Од

На 25 октомври со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, во 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска.

Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимагловски/Дејан Стоев, Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска/Соња Мадевска, Драган Ампов, Кристијан Антовски, Марјан Николовски, Јаворка Витанова и Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.

„Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка инвентивност и елегантна оркестрација создава партитура исполнета со валцери и арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост. „Лилјакот“ е вистинска прослава на радоста, убавината и ведрината на животот – дело што повеќе од еден век ја воодушевува публиката ширум светот и останува вечен симбол на виенскиот шарм и музичката магија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија10 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија12 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија13 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија13 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија18 часа

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија19 часа

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија20 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија21 час

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија21 час

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија21 час

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија21 час

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...

Македонија21 час

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет23 часа

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е многу...

Европа23 часа

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...

Свет23 часа

Трамп го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му го додели на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк Претседателскиот медал за слобода, највисокото цивилно...

Регион23 часа

Грчкиот парламент денес гласа дали ќе го воведе најдолгиот работен ден во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен...

Свет23 часа

(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми. Автобусот превезувал повеќе од 50...

Свет1 ден

Трамп ги третира европските лидери како марионети во својот „куклен театар“, вели Карпович

Претседателот на САД, Доналд Трамп, гледа дека европските лидери му се целосно потчинети и се подготвени да реагираат на секој...

Македонија2 дена

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...