Контакт

Култура

Костадиновска-Стојчевска: Ја поддржуваме креативноста која носи промени и е двигател на економијата

Објавено пред

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот меѓународен форум „Одржливо претприемништво во креативните индустрии“ нагласи дека Министерството за култура, институционално го поддржува развојот на креативните индустрии, а културата, чии потенцијали се огромни и универзални, сакаме да биде двигател на новите процеси и фактор за одржлив развој.

dobivaj vesti na viber

−Kреативноста, иновативноста и оригиналноста се „тројство“ што културата ја издигнува на пиедесталот во новата, наречена и „портокалова економија“, рече Костадиновска-Стојчевска, која истакна дека креативноста прераснува во голем двигател кој ѝ дава насока на сегашната турбулентна и непредвидлива економија на која и се неопходни промени.

− Според бројни релевантни истражувања, носители на тие промени се токму креативните луѓе. Затоа вложувањето во нив е императив, порака на која мора да се одговори, порача министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска нагласи дека Владата и Министерството за култура не само што ја препознаа големата улога на креативните индустрии, туку силно и конкретно ги поддржуваат. Таа информираше дека Министерството за култура за 2024 година направи дополнување на постојните дејности и области со нова буџетска програма – креативни индустрии, за што рече дека е влог во нашиот интелектуален потенцијал и уште една системска поддршка на културната индустрија.

Меѓудругото, Костадиновска-Стојчевска потсети дека креативните и културните индустрии се опфатени и во Националната стратегија за развој на културата, како и со новиот предлог Закон за култура, со кој се менува начинот на дефинирање, поддршка и финансирање на културата, се редефинираат дејностите во културата заради пошироко сфаќање на културата, а со тоа и воведување на нови културни дејности од областа на креативните индустрии.

На меѓународниот форум, министерката за култура нагласи дека реализацијата на овој настан е еден од приоритетите на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, а развојот на културните и креативните индустрии стана приоритет и на Европската Унија која своите стратешки политики сè повеќе ги насочува во полза на културното и креативното претприемништво.

Меѓународниот форум „Одржливо претприемништво во креативните индустрии“, кој се реализира заедно со Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии- УМПАКИ, е трето продолжение на форумите од изминатите две години кои се фокусираа на културното и креативното претприемништво како и на женското претприемништво во креативните индустрии и влијанието врз економијата. На форумот учествуваат домашни и странски учесници ( особено од земјите од Југоисточна Европа), професионалци и организации, креатори на политики и владини претставници.

Култура

Отворање на изложба „Кобалт Синергија” во МКЦ

Објавено пред

Во изложбениот простор Галерија МКЦ, на 23 февруари, петок, со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена ликовна изложба со наслов „Кобалт Синергија“.

dobivaj vesti na viber

На изложбата ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, ќе има проекција на видео ролна и два видео арт остварувања на учесникот во проектот Симон Гегај. Во содржината на видео ролните се и концептциските обзервации, во вид на записи на третиот учесник во проектот г-ѓа Корнелија Буклеска.

За изложените ликовни дела критички осврт ќе има проф. Владимир Величковски. За концептот на проектот „Кобалт Синергија“ новинарката и главен уредник на редакцијата за култура и уметност при Радио Скопје ќе каже: „Ова е приказна за кобалтот (како елемент и како боја) како и она за синергијата, па така и оваа нивна заедничка, е вечната вистина за животот кој не опстојува во праволиниско течение.“

Корнелија Буклеска, родена 1961 година во Скопје, дипломирала на катедрата за интердисциплинарни студии по журналистика при УКИМ. Уредник е во Редакцијата за култура и уметност на Радио Скопје.

Венко Цветков, роден 1955 година во Штип, академија за ликовни уметности завршил во Љубљана 1984 година. Живее и работи во Скопје.

Симон Гегај, роден 2005 година во Скопје, ученик во 4та година во државното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, на отсекот мултимедиа.

Изложбата трае до 3-ти март

Прикажи повеќе...

Култура

Министерството за култура: Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид

Објавено пред

„Продолжуваме посветено да ги исполнуваме препораките на УНЕСКО за заштита на Охридскиот Регион, и во таа насока е изготвениот Предлог на закон за измени и дополнувања на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значање. Со Предлог-законот кој Владата го утврди на денешната седница се предлага заострување на режимот на заштита на споменичката целина на Старото градско јадро согласно препораките и Одлуките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО и согласно Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион со Акциски план (2020-2029)“, велат од Министерството за култура.

dobivaj vesti na viber

„Најзначајна измена предвидена со Предлог-законот е дека до донесување на новите детални урнбанистички планови усогласени со режимот на заштита утврден во овој закон, не ќе може во Старото градско јадро на Охрид да се градат нови објекти, доградби и надградби.

Со тоа ќе се поттикнат надлежните органи да извршат ажурирање на геодетските подлоги за 19 урбани комплекси и да донесат нови детални урбанистички планови во кои ќе бидат вградени заштитно-кознерваторски основи со детално разработен режим на заштита согласно овој закон и согласно Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, со Акциски план (2020-2029).

Предлог-законот содржи одредби за специфичен режим на заштита на Старото градско јадро на Охрид и на неговата контактна зона, чија цел е да спречат дејства, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување, неповратно видоизменување, уништување или деградирање на споменичната целина.

Министерството за култура во соработка со Управата за заштита на културното наследство и со Завод и Музеј-Охрид пристапи кон изготвување на овој Предлог-закон постапувајќи по препораките на УНЕСКО и заканите кои се евидентирани во Извештаите на Реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО / ИКОМОС / ИУЦН од 2017 и 2020 година и во мноштво други релевантни извори.

Старото градско јадро на Охрид е составен дел од доброто заштитено како „Охридско природно и културно-историско подрачје од 1978 година, како и од „Природно и културно наследство на Охридскиот Регион“, впишано на Листата на светско наследство на УНЕСКО во 1979/80 година“, соопштува Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

Култура

Kонцерт во чест на Борис Трајковски во Националната опера и Балет

Објавено пред

На 26 февруари, со почеток во 20.30 часот, во Националната опера и Балет ќе се одржи комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски со соработниците под покровителство на Владата.

dobivaj vesti na viber

Диригент на концертот е Иван Еминовиќ, режисер на настанот е Љупка Јакимовска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.

Ќе настапат солистите од Националната опера и Балет: Сандра Митровска – сопран, Марика Поповиќ – мецосопран, Јаворка Витанова – солист од хорот, во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и Балет.

На програмата ќе се изведат дела од В. А. Моцарт, Р. Леонкавало, Џ. Верди и Р. Аврамовски.

Настанот ќе биде збогатен со видео и аудиосодржина за што се употребени материјали од архивската документација на МРТВ – документарецот „Верувам во Македонија“, како и фото и видеоматеријали обезбедени од Фондацијата „Борис Трајковски“.

Влезот за настанот е слободен, јавноста билетите ќе може да ги подигне најдоцна до 26.2.2024 до 17 часот на билетарницата на Националната опера и Балет.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Кина остро ги критикуваше САД поради ставеното вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Кина остро ги критикуваше САД дека ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара...

Европа2 часа

Западните лидери го обвинија Путин за смртта на Навални, Трамп не: „Можеше да остане настрана“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Алексеј Навални бил многу храбар човек кој веројатно не требало да се...

Свет3 часа

Ники Хејли: Трамп е премногу стар

Кандидатката за републиканска номинација Ники Хејли вети дека ќе ја продолжи својата претседателска кампања, велејќи дека нема намера да се...

Регион3 часа

(Видео) Протест во Албанија, фрлени молотови коктели врз зградата на Владата: „Го рушиме режимот на Рама“

Демонстрантите од опозицијата вчера фрлаа молотови коктели и камења врз зградата на албанската влада, обвинувајќи ги владините претставници за вмешаност...

Европа13 часа

Лукашенко: Десетици илјади војници на НАТО се распоредени во близина на Белорусија и Русија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека загриженоста за можниот почеток на Третата светска војна е целосно оправдана, пренесува руската...

Македонија14 часа

ЗНАМ в четврток ќе избере лидер на партијата и кандидат за претседател на Македонија

Партијата Движење ЗНАМ-За наша Македонија на денешната прес конференција го најави првиот Конгрес, што ќе се одржи на 22 февруари...

Македонија14 часа

„Леонид не е на лекување во странство, туку на рехабилитација, затоа се одби барањето“, велат од ФЗО

„Барањето на осигуреното лице Б.И. од Скопје, за неговото дете Л.И. за упатување на лекување во странство се одби како...

Топ17 часа

Скопјанка почина на паркинг во Кисела Вода, телото е дадено на обдукција

Вчера околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачје на Кисела Вода во Скопје починала...

Македонија19 часа

(Видео) Поради ставот „да прооди, да прозборува, па ќе го вакцинираме“, ни се заканува и епидемија на морбили

Лекарите се едногласни во ставот дека одлагањето на вакцините е причина за сегашната епидемија на голема кашлица и предупредуваат дека...

Економија19 часа

На четиричлено семејство му се потребни приближно 1.000 евра за да го преживее февруари

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари, што претставува зголемување од 313 денари во однос на јануари, покажуваат...

Македонија20 часа

Бојмацалиев: Стигнати се 20.000 обрасци за пасошите, до крајот на месецот се очекува поголема пратка

Во Министерството за внатрешни работи стигнати се 20.000 обрасци, а до крајот на месецот се очекува да стигне дополнителна поголема...

Македонија22 часа

Ахмети нема да прифати да биде претседател на држава, не му е приоритет да се натпреварува за било која функција, вели Џафери

Ахмети има мисија а не е претендент за функција, истакна техничкиот премиер Талат Џафери одговарајќи на новинарско прашање за можноста,...

Македонија22 часа

Убиен млад Македонец во Германија: го претепале до смрт со пивско шише

32-годишен маж од Македонија е убиен во германскиот град Есен, а како што пренесуваат локалните медиуми, младиот Македонец бил претепан...

Свет24 часа

Ким Џонг-ун доби подарок автомобил од Путин

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби подарок автомобил од рускиот претседател Владимир Путин „за лична употреба“, објавија државните медиуми, што претставува...

Македонија1 ден

Власта во заминување во очај и паника дава 46 милиони евра на омилената фирма „Марковски“, ЈО веднаш да отвори истрага, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„46 милиони евра одат во џебот на фирмата ‘Марковски’ за ископ на јаглен во РЕК ‘Битола’, која важи за блиска...

Свет1 ден

Зона на смртта на југот од Појасот Газа: СЗО објави видео по влегувањето во болницата во која изврши рација израелската армија

Светската здравствена организација (СЗО) објави снимка од болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, во...

Македонија1 ден

АСОМ: Примерот со Албанија ги потврди нашите апели – ограничувањето на легалните игри на среќа ја отвора вратата за игрите на црно

„Повеќегодишните апели на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) за потребата од сеопфатна јавна дебата во Македонија за законот што ги...

Македонија1 ден

СДСМ: Тепање полицајци и попречување акција против дрога, МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски?

Од СДСМ велат МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога. „Јавноста чека одговори...

Свет1 ден

Калифорнија ја зафати силно невреме: дожд, град и грмежи на западниот брег на САД, 11.000 луѓе без струја

Бурно време проследено со обилни врнежи, грмежи и град ја погоди вчера американската сојузна држава Калифорнија, објавија американските медиуми. Метеоролозите...

Македонија2 дена

(Видео) И големата кашлица го полни џебот на приватните лаборатории, среде епидемија нема термини за тестови на државна сметка

Додека здравите деца забрзано се вакцинираат за да се заштитат од голема кашлица, родителите на болните деца, исто како и...