Контакт

Култура

Македонската музика низ зборови и звуци на Охридско лето

Објавено пред

Фестивалот Охридско лето, синоќа, во црквата „Света Софија“ во Охрид, организира работилница на тема „Ритамот-движењето, музиката-дишењето“ со познатиот музичар и композитор Оливер Јосифовски.

На публиката ѝ беше доловена музичка слика за она што го работи Јосифовски заедно со својата група „Љубојна“ во текот на изминатите години, кое веќе е претворено во препознатлив македонски музички јазик.

„Се обидуваме тој музички јазик што се изговара универзално, да го презентираме во светот. Малку отсвиревме, малку разговаравме со публиката, се надевам на општо задоволство. Насловот на работилницата ‘Ритамот-движењето, музиката-дишењето“ е и нашиот оган и двигател што секогаш нѐ раздвижува во последните 18 години како ‘Љубојна’, но и пред тоа. Ставивме акцент на убави приказни што ги подготвивме за публиката“, вели Јосифовски.

Според него, македонската музика е вброена во светското музичко наследство благодарение на нејзината презентација од страна на македонските музичари.

„Македонската музика е ѕвезда што сјае и малку е недостижна. Таа честопати е романтична ѕвезда, како што ние гледаме на Венера. Котира одлично и е егзотична мамка за сите што ќе помислат на балканска музика. Секојдневно се изненадувам од многу регионални, но и светски артисти кои се потпираат на македонски песни и теми. Тоа значи дека македонската музика е инспирација за многу музичари. Ние се трудиме македонската музика да ја презентираме на најдобар начин и сме амбасадори заедно со повеќе македонски артисти наназад. Оставено ни е огромно културно богатство, кое многу тешко се носи, а треба да се пренесува“, додава познатиот музичар.

Во рамките на синоќешната работилница, освен темите поврзани со музиката, беше презентирана и музиката што изминативе години на посебен начин ја создава Јосифовски заедно со групата „Љубојна“. Настапија Вера Милошевска, вокалот на групата „Љубојна“ и воопшто еден од најдобрите женски вокали во нашата земја, Филип Димишковски на пијано, како и Тимко Чичаковски на егзотичниот арапско-персиски инструмент канон, кој е присутен во нашата византиска чалгиска музика.

Директорката на фестивалот Охридско лето, Наташа Поповиќ, истакна дека продолжува практиката музички настани со висок квалитет да се одржуваат и надвор од стандардниот фестивалски термин.

„Практиката од минатата година продолжува и годинава сѐ до следното јубилејно 60-то издание на фестивалот Охридско лето. Нашата цел е да ѝ понудиме на публиката квалитетни настани и со тоа да ја збогатиме културната понуда во Охрид“, вели Поповиќ.

Изложби

Групна изложба на млади графичари во МКЦ

Објавено пред

Група млади македонски графичари – Ана Трајковска, Ивана Секулоска, Јован Јосифовски и Душан Стефановски, ќе ги презентираат своите дела, кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност. Преку разни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилските концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле.

Преку индивидуалните експериментирања со графичкиот печат и неговото втиснување во и врз разните материјали (епоксидна смола, линолеумски отпад, гипс, желатинска фолија, лесонит, тул, хартија итн.) авторите помалку или повеќе ќе успеат да ги допрат граничните подрачја и ќе ги прелеат и слеат во други ликовни медиуми во кои непосредно може да се препознаат карактеристиките на проширеното поле на графичката уметност.

Дел од петтемина автори, користејќи ги традиционалните методи на техничката изведба (но, и своевидното рециклирање на графичкиот отпад), со нивниот индивидуален пристап, всушност ќе ја манифестираат флуидноста на графичкиот медиум и прелевањето во интермедијалноста, која морфолошки ќе се артикулира во скулптурата, модниот дизајн, висечката инсталација, колажите и графитите. Иако концепциски и стилски меѓусебно се сосема диференцирани, сепак дифузната графичка линија на целата изложба го претставува оној заеднички именител што го означува примарниот интерактивен елемент, со кој авторите ќе го воспостават внатрешното дијалогизирање помеѓу делата, кои поединечно ги артикулираат разните поетички наративи: еколошките, социополитичките, феминистичките и културолошките.

Тие ќе бидат артикулирани преку презентирањето на двострано испечатениот, т.е. транспарентноста на античкиот скулпторски портрет на Ана Трајковска, како и транспарентноста на модниот дизајн на Ивана Секулоска; фрагментирањето и спојувањето на деловите во целоста на исклучителните критички колажи на Јован Јосифовски и трансферирањето на уличната уметност во галериски простор на Душан Стефановски, така што во сите дела на авторите може да се забележат автентичните индивидуални дискурси. Иако нецелосната виртуелна рецепција на делата од потписникот на овој текст се чини сомнителна, сепак се надеваме дека нема да биде големо промашувањето од менталното проектирање до реалното презентирање на делата. Исто така, се надеваме дека оваа изложба нема да биде единствена од ваков вид и дека во иднина на авторите ќе имаат уште поголем предизвик за натамошно истражување и исчекорување од класичната графичка уметност.

Прикажи повеќе...

Култура

Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Асоцијацијата на архитектите

Објавено пред

Министерството за култура и Асоцијацијата на архитектите денес потпишаа меморандум за меѓусебна соработка во областа на архитектурата и заштитата на недвижното културно наследство.

Прва активност овозможена со потпишување на овој меморандум за соработка, како што информираа министерката Ирена Стефоска, претседателот на ААМ, Мишко Ралев, и претседателката на собранието на ААМ, Искра Јанковска-Михајловска, е вклучувањето тим професионални кадри, чија специјалност е заштита на објекти од културно наследство, во стручното тело при Министерството за поддршка на процесите на Охридскиот Регион.

Меморандумот предвидува соработка меѓу Министерството и архитектите во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на заштитата на недвижното културно наследство, како и давање стручни мислења поврзани со архитектурата во проектите што Министерството ќе ги спроведува за заштитата на културното наследство.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) „Да танцуваме уште“ – песната што стана културен феномен за време на ограничувањата во Франција

Објавено пред

Создадена минатиот декември, песната „Да танцуваме уште“ стана музички крик за сплотување на оние што се залагаат за враќање на културните настани во Франција.

Почнува во знак на протест на работниците во културата, но набрзо прераснува во културен феномен.

Со недели, оваа нумера е дел од протестите против рестриктивните мерки во земјата, но и на други локации каде луѓето спонтано се собираат, пејат и танцуваат.

Стиховите директно се однесуваат на ограничувањата воведени во октомври, што доведе до затворање на сите културни собири во земјата, а состојбата од тогаш остана непроменета.

„Со секоја авторитарна мерка за нашата сигурност, губиме од нашата самодоверба. Упорни се да ни ја ограничат свеста“, се наведува во текстот на песната.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион22 минути

Борисов ја достави оставката пред Националното Собрание

Бугарскиот премиер Бојко Борисов утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министри,...

Европа33 минути

Две години од пожарот во Нотр Дам – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата Нотр Дам во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Свет60 минути

Тела на четири деца пронајдени по пожар во куќа во Русија

Телата на четири деца се пронајдени откако избувнал пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија. Во...

Македонија2 часа

Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку сајтот „vakcinacija.mk”, или преку матичните...

Македонија14 часа

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион14 часа

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија16 часа

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија18 часа

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија19 часа

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Македонија19 часа

Мицкоски: Оставка треба да си даде целата Влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски рече дека оставка треба да...

Македонија20 часа

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на...

Македонија22 часа

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19....

Македонија23 часа

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови 51 отсто

Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во...

Регион23 часа

Борисов: Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по...

Европа24 часа

Европската комисија: Нема продолжување на договорите за вакцини со „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „Астра зенака“ и „Џонсон и...

Топ1 ден

Скопски фитнес-клуб работел и покрај забраната, следува кривична пријава

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар Партизански одреди по добивањето дојава дека тој работи и...

Македонија1 ден

Драги Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски, утрово, на својот „Фејсбук“ објави дека поднесува оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при...

Европа1 ден

Познато е до кога ќе се користат ковид-пасошите

Ковид-пасошите ќе се користат сè додека Светската здравствена организација (СЗО) не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе...

Македонија2 дена

Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за лекување болни од Ковид-19

Владата на денешната седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за...

Македонија2 дена

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Министерството за здравство соопшти дека во А1 СЦ „Борис Трајковски“во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи...

Досие