Контакт

Култура

Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“

Објавено пред

Во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“, посветена на славењето на поетското творештво на домашните и странските поети.

Годинашни добитници на престижното признание „Книжевeн жезол“ се Радован П. Цветковски и албанскиот поет Аријан Лека. Врачувањето на „Жезолот“ е закажано за 11 часот во Друштвото на писателите на Македонија. На свеченоста за творештвото на Цветковски ќе говори Милица Димитријовска-Радевска, а за Лека реч ќе одржи акад. Луан Старова. Манифестацијата ќе продолжи во 12 часот на платото пред црквата „Св. Спас“ (пивница „Стар град“) со поетско читање на 30-ина поети.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Отпечатен „Битолскиот говор“ – небранетиот докторат на Воислав Илиќ

Објавено пред

Седумдесет години, од денот кога бил предаден докторатот „Битолскиот говор“ од Воислав Илиќ за оцена на Филолошкиот факултет во Белград, дури деновиве е обелоденет во издание на „Бата прес милениум“.

Монографијата за битолскиот говор ја приреди за печатење лингвистот Васил Дрвошанов, чија тесна специјалност е дијалектологијата. Научната јавност првпат има можност целосно да се запознае со ова дело.

Трудот е работен врз сочуваниот примерок, напишан на српски јазик на 352 страници машинопис, од збирката на рецензентот Стојан Ристески. Во рецензијата темелно е предадена структурата на монографијата и детално се образложени причините за небранетата докторска дисертација „Битолскиот говор“ од Воислав Илиќ.

Во поговорот кон монографијата, со оглед на фактот што дисертацијата на Воислав Илиќ е прва монографија во историјата на македонската дијалектологија, Дрвошанов, помеѓу другото, забележува: „На крајот неизбежно се наметнува поставувањето на прашањето: Што ќе беше ако беше бранета и, секако, одбранета докторската дисертација? Дали не зборува тоа дека на Воислав Илиќ му е одземено правото на првенство на штета на авторот и на штета на македонистиката и на славистиката, воопшто?!“ – заклучува приредувачот Васил Дрвошанов.

Прикажи повеќе...

Култура

„Една година потоа“ – изложба на Владимир Темков во Кавадарци

Објавено пред

В недела, на 19 јануари, со почеток од 19:30 чаасот во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов -Климе“ Кавадарци ќе биде отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Владимир Темков од Кавадарци насловена како „Една година потоа“.

Во вторник, на 21 јануари, со почеток од 20 часот театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ ќе ја изведе претставата „Професионалец“ работена според култниот текст на еден од најдобрите европски драмски автори Душан Ковчевиќ, во режија (како гостин) на Ненад Витанов од Велес, а во претставата играат Александар Малинков, Диме Коцевски и Диме Боцев.

Прикажи повеќе...

Култура

Кејт Бланшет претседателка на жирито на 77. венециска Мостра

Објавено пред

Австралиската актерска ѕвезда Кејт Бланшет е избрана за претседател на жирито на годинашното 77. издание на Венецискиот меѓународен филмски фестивал – Мостра, што се одржува од 2 до 12 септември, објавија организаторите.

Одлуката за назначување на 50-годишната Кејт Бланшет на чело на жирито ја донесе Управниот одбор на Венециското биенале, чиј дел е и „Мостра“, велат организаторите.

„Секоја година го чекам изборот на Венеција и секоја година е неверојатен и извонреден. Филмскиот фестивал во Венеција е еден од најпривлечните филмски фестивали во светот, кој го слави филмот како провокативен и стимулирачки медиум во сите свои форми“, се вели во изјавата на актерката.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Скопјанец чувал марихуана во куќата на својот дедо

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против жител на Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни...

Македонија3 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Економија3 часа

(Видео) Манчевски: Вработени го напуштаат државниот сектор поради повисоките плати кај приватниците

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ја уверува јавноста дека не сака некои луѓе да останат без работа...

Интервју/Дебата4 часа

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години...

Македонија7 часа

Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Ѓорче Петров

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Од банката велат дека вработените и сите клиенти...

Регион7 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ8 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет8 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија9 часа

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија9 часа

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет10 часа

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион10 часа

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет11 час

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет11 час

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион11 час

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет1 ден

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија1 ден

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа1 ден

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ1 ден

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Македонија1 ден

Шкријељ: Нема да дозволиме граѓаните поради предизборни препукувања да останат без нивните права

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска на прес-конференција во Владата повика на конструктивност и соработка со...

Досие