Контакт

Култура

МНТ со „Галеб“ ќе гостува во Варна и во Софија

Објавено пред

Македонскиот народен театар со претставата „Галеб“ од А.П. Чехов, во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на 27. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Варненско лето“ во Варна на 11 јуни и на 13. издание на платформата „Светскиот театар во Софија“ на 13 јуни во Софија, Бугарија.

Гостувањето на македонската претстава се реализира на покана на фондацијата „Виа Фест“, која ги организира овие два значајни театарски фестивали со цел во својата земја да ги презентира најистакнатите и најиновативни театарски претстави и уметници од странство.

Во бугарските медиуми претставата „Галеб“ веќе е најавена како „ново читање на класичното дело од страна на младата режисерка Нина Николиќ, кој е впечатлив со својата оригиналност и современа визија“. Претставата ќе биде одиграна на сцената „Филијал“ во театарот „Стојан Бачваров“ во Варна и во Младинскиот театар „Николај Бинев“ во Софија.

Фестивалот „Варненско лето“ е еден од најзначајните театарски настани во Бугарија. Годинава се одржува од 1 до 14 јуни во Варна на брегот на Црно Море, а секоја година привлекува околу 10 илјади посетители. Во програмата на платформата „Светскиот театар во Софија“, покрај „Галеб“ на МНТ, од 2 до 13 јуни гостуваат и театри од Италија, Белгија, Русија, Франција и Грција.

Во претставата играат актерите Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Дамјан Цветановски, Сашка Димитровска, Тина Трпкоска, Славиша Кајевски и Аксел Мехмед.

Премиерата на „Галеб“ на сцената на Македонскиот народен театар се одржа на 18 декември 2018 година. Драматург е Драгана Лукан Николоски, додека во визуелното и звучното обликување на претставата учествуваа и сценографот Вишња Вујовиќ од Србија, костимографот Ивана Каранфиловска – Угуровска, дизајнерот на светло Крис Јегер од Велика Британија и кореографот Димитрис Сотириу од Грција. Композитор на главната музичка тема во претставата е македонскиот виртуоз на гитарата Влатко Стефановски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Почина италијанскиот режисер Франко Ѕефирели

Објавено пред

Италијанскиот режисер, Франко Ѕефирели почина на 96 години, по долга болест која во последниве месеци се влошила, пренесоа италијанските медиуми.

Последните години ги минал во количка, опкружен со писма од пријатели и обожаватели во големата вила во предградие на Рим. Фондацијата на својата интернет страница ја постави неговата фотографија и зборовите „Чао Маестро“. Информираат и дека режисерот ќе биде погребан на гробиштата „Порте Санте“ во Фиренца.

Филмографијата на Ѕефирели вклучува дваесетина филма од кои особено останаа забележани „Скротената горопадничка“ (Кротењето на опаката – во македонски препев на Драги Михајловски) од 1967 и со Елизабет Тејлор и Ричард Бартон во главните улоги, и со драмата „Шампион“.

Меѓу делата на Ѕефирели се и филмот „Брат Сонце, сестра Месечина“ за животот на средновековниот свет Франциск Асишки, „Исус од Назарет“ кој е снимен по нарачка на Ватикан, мелодрамата „Шампион“, како и филмските адаптации на оперите „Палјачи“, „Травијата“, „Отело“. Подоцна следеа и екранизациите на „Хамлет“, „Врабец“, „Џејн Ејр“, како и „Чај со Мусолини“. Последниот филм „Калас засекогаш“, Ѕафирели го сними во 2002 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на првиот македонски мјузикл на 18 јуни во кино „Фросина“

Објавено пред

Првиот македонски мјузикл „Црно и бело“ ќе биде прикажан на 18 јуни, вторник, со почеток во 20 часот во кино „Фросина“, МКЦ – Скопје. Овој дипломски филм, како предизвик на филмското платно го постави Сандра Ѓорѓиева.

Музиката и танцот со сите проблеми и предизвици го сочинуваат животот црно – бел на главниот лик, Јована, која ја глуми актерката Јелена Јованова. Таа е млада, вредна жена вработена во туристичка агенција која ги исполнува барањата на сите, со цел да биде прифатена и признаена од соработниците.

Но, покрај својата посветеност и напорна работа, таа е постојано непочитувана. Јована со нив води имагинарна војна преку музика и танц.

Сценариото, режијата и монтажата се на Сандра Ѓорѓиева, директор на фотографија е Дарко Елек, композитор Филип Стефановски (ФИС студио), музички текстописец Тамара Котевска, кореографијата е на Ирена Лозинска, а тонската обработка на Сашко Потер Мицевски.

Актерската екипа ја сочинуваат: Јелена Јованова, Јордан Симонов, Жаклина Петровска, Жарко Димовски, Дејан Лилиќ, Миа Трпезановска, Анџелина Симоновиќ, Благојчо Стојанов, Наталија Теодосиева, Ангела Стојановска, Марко Илиќ, Дритон Вејсели, Стефан Петровски, Ангела Димитрова, Христијан Поп-Симонов, Васко Костовски, Кујтиме Ахмети, Дритон Незири, Никола Колев и децата од драмското студио на „5+“.

Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности – Скопје, копродукција „Мунлајт“, со поддршка од Агенција за филм.

„Црно и бело“ е дипломски филм на Сандра Ѓорѓиева, студент на Катедрата за филмска и телевизиска монтажа, во класата на проф. м-р Лазар Секуловски и доц. м-р Владимир Павловски. Ѓорѓиева во улогата на режисер и монтажер е потпишана и за филмот „Зелени ѕидови, црна храна“, кој влезе во официјалната селекција на Сараевскиот филмски фестивал во 2015 година. Таа е дел од екипата на телевизиските серии „Преспав“ и „5+ Фамилија“.

Прикажи повеќе...

Култура

Рекорден број нови композиции за 26. издание на Фестивалот „Охридски трубадури“

Објавено пред

За 26. издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“, што ќе се одржува од 5 до 7 септември годинава, доставени се рекорден број нови песни. На конкурсот, распишан за нови композиции, доставени се безмалу две стотини демо снимки.

Според зборовите на Григор Копров, уметничкиот директор на Фестивалот, импресивната бројка на пристигнати демо снимки го потврдува значењето и интересот за Фестивалот, создавајќи простор за исчекор кон квалитетот, како на песните, така и на Фестивалот.

„Квалитетот ќе биде наша определба за годинешното издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“, истакнува Копров.

Согласно условите за учество, до организаторите требаше да се испратат демо снимки и текст на македонски јазик, со име на композицијата, податоци за авторите и со назнака за која фестивалска вечер е наменета песната – Поп, Фолк или Интернационална.

Годинава, согласно конкурсот, е овозможен и настап на двајца дебитанти. Имено, фестивалот „Охрид Фест – Охридски трубадури“ ќе одбере и двајца дебитанти, кои ќе добијат можност за прв настап на фестивалската сцена.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски5 часа

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија6 часа

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија7 часа

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија10 часа

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Македонија12 часа

Туристичката кампања „Македонија вечна“ стана „Северна Македонија вечна“

Северна Македонија го корегира името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“, во согласност со Преспанскиот договор, објави...

Македонија12 часа

АСОМ: Законот за игрите на среќа де факто значи бришење на една цела стопанска гранка

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) присуствуваше на јавната расправа во Собранието за предлог-измените и дополнувањата на Законот за игрите на...

Економија13 часа

Тевдовски: Агенцијата „Фич“ после 13 години го зголеми кредитниот рејтинг на земјата

Aгенцијата „Фич” го зголеми кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на ББ+, со стабилен изглед. Ова е прво подобрување...

Топ13 часа

Убиената жена во Шутка го спасила сопругот, застанала пред него и била избодена до смрт

Скопјанец до смрт избоде своја братучетка во населбата Шуто Оризари. Според информациите од МВР, скопјанецот со нож го нападнал сопругот...

Македонија14 часа

Изминатава недела 70 нови случаи на мали сипаници

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е...

Македонија15 часа

Казнети 77 возачи и 11 мотоциклисти за еден ден во Скопје

Сообраќајната полиција во Скопје вчера казнила 77 возачи кои возеле со брзина над дозволената, и 11 мотоциклисти кои возеле без...

Свет1 ден

И Британија го обвини Иран за нападот на танкерите

Велика Британија го обвини Иран и Исламската револуционерна гарда на таа земја за нападите на танкерите во Оманскиот залив, наведувајќи...

Забава1 ден

Авион принудно слета поради агресивен патник

Авион „Аерофлот“ кој летал од Барселона за Москва, принудно слета во Полска поради агресивно однесување на еден од патниците, изјавил...

Спорт1 ден

Ливерпул му „набиле комплекс“ на Суарез: Сакав да исчезнам од земјата

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез вели дека поразот од 4:0 од неговиот поранешен клуб Ливерпул во полуфиналето на Лигата на...

Регион1 ден

Уапсени опозициски функционери и симпатизери во Албанија

Албанската полиција уапсила 16 претставници и симпатизери на опозициската Демократска партија во албанскиот град Пјеренџас. Тие се товарат за блокирање...

Македонија1 ден

Светски ден на крводарителствотo: Да ја покажеме својата хуманост грижејќи се едни за други

По повод 14 јуни, Светскиот Ден на крводарителството, Министерството за здравство упати повик до граѓаните и во иднина да ја...

Бегството на Груевски2 дена

Заев за ФАЦ: Знаеме дека Груевски побегнал криејќи се во багажник

Во интервју дадено за угледниот германски весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) премиерот Зоран Заев обелодени нови детали во врска со...

Македонија2 дена

Втор земјотрес на подрачјето на Охрид за помалку од една недела

Земјотрес чиј епицентар се наоѓал на 140 километри југозападно од Скопје и потекнува од охридското епицентрално подрачје, бил регистриран синоќа...

Македонија2 дена

Слободата на Јанкулоска зависи од одлуката на врховните судии

Ако за 16 дена петмина врховни судии не одлучат за времената мерка на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, таа...

Свет2 дена

САД објавија снимка како Иран отстранува мина од танкер во Оманскиот Залив

Американската војска објави снимка на која, како што тврдат од таму, се гледа како Иранската револуционерна гарда отстранува мина која...

Домашен2 дена

Осуда од ФФМ откако репрезентативецот Алиоски беше избркан од прилепски ресторан

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи по информацијата дека репрезентативецот Езџан Алиоски бил избркан од ресторан во Прилеп, откако...

Досие