Контакт

Култура

Музика од Гоце Стевковски на водечката џез плејлиста во светот

Објавено пред

Кураторите на најголемиот светски сервис за слушање музика, Spotify, вклучија композиција од Гоце Стевковски на нивната плејлиста State of Jazz.

Станува збор за песната Monday, која го отвора новиот албум на септетот на Гоце Стевковски, наречен Homage to a Dreamer. Албумот, во Македонија, на компакт диск го издаде Скопје Џез Фестивал, додека дигиталното издание за светскиот пазар излезе на 17 август под етикетата на Филтер Лабел. Инаку, се работи за второ албумско издание на групата Гоце Стевковски Септет, на кое се наоѓаат седум нови композиции напишани од Стевковски.

Плејлистата State of Jazz, која ја подготвуваат кураторите на Spotify, важи за еден од најрелевантните избори на она што е квалитетно во светската џез продукција. На листата има вкупно 75 песни, а композицијата Monday на Стевковски е во друштво на музика од новите изданија на Brad Mehldau Trio, Kamasi Washington, Steve Turre, Trygve Seim, Charles Lloyd & The Marvels и други претставници на светската џез елита.

Интересно е што Monday се појави на оваа листа уште на денот на објавувањето и тоа на високото 8 место. Ваквата поддршка од Spotify ни влева оптимизам дека може да се очекува во следните недели и други композиции од албумот на Гоце Стевковски Септет да се најдат на популарните плејлисти на водечкиот сервис за музички стриминг во светот.

Инаку, покрај на Spotify, албумот Homage to a Dreamer може да се даунлодира и да се слуша од сите релевантни дигитални сервиси во светот. За песната Monday е снимен и видео спот, кој може да се погледне на https://youtu.be/kqBy_Pp3684



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Balkans beyond borders“ ги повикува македонските режисери да учествуваат на фестивалот

Објавено пред

Balkans Beyond Borders (BBB) ги повикува македонските млади режисери да ги пријават своите филмови на 11-то издание на фестивалот за кратки филмови Balkans Beyond Border, кој ќе биде одржан во Измир, Турција на тема contrUst: It is U who makes the difference.

Oд 2010, фестивалот се има одржано во 10 градови (Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Брисел, Нови Сад и повторно Атина), со програма од над 380 Балкански и над 200 небалкански филмови.

Фестивалските награди ќе ги додели жири составено од познати професионалци од филмската индустрија. Наградата за најдобар филм изнесува илјада евра, а ќе биде доделена и награда за најдобар прв филм, специјални признанија и награда од публиката. Рокот за пријавување е продолжен до 15. јуни оваа година.

Повеќе информации за условите и начинот на пријавување на следниот линк: http://www.balkansbeyondborders.eu/wp-content/uploads/2020/03/participation-terms-2020.pdf

Прикажи повеќе...

Култура

Распишан конкурс за наградата „Антево перо“

Објавено пред

Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ го распиша конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Наградата „Антево перо“ за 2020 година се доделува за необјавена поетска книга (поетски ракопис).

На Конкурсот можат да се јават сите автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот „стаж“ или државата во која живеат.

Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата, и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со посебен осврт од наш истакнат лиитературен творец во рамките на самата манифестација.

Пристигнатите ракописи ќе ги разгледува тричлена Комисија, во состав: Венко Андоновски (професор и писател), д-р Атина Цветаноска, (книжевен истражувач) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски). Третиот член, има право на вето на одлуката на Комисијата, доколку смета дека делото кое Комисијата сака да го награди е под достоинството на поетското творештво на Анте Поповски, или го навредува јавниот и естетскиот вкус.

Ракописите треба да бидат напишани во Times New Roman, фонт 12 и да бидат испратени во електронски формат pdf или word на електронската адреса: [email protected] заклучно со 25 август 2020 година.

Кандидатите можат ракописот да го достават под свое име и презиме, или под шифра. Во вториов случај, авторството го докажуваат со копија од ракописот, по објавувањето на резултатите.

Кандидатите не мора да го чекаат последниот рок, затоа што Комисијата ќе ги прегледува ракописите сукцесивно, онака како што пристигнуваат.

Комисијата својата одлука ќе ја соопшти за време на манифестацијата која ќе се одржи кон крајот на септември.

Прикажи повеќе...

Култура

Литературна e-манифестација „Илинден“

Објавено пред

Општина Илинден, во насока на промовирање на современите културни достигнувања, ја организира 21. литературна манифестација „Илинден“.

Годинава, манифестацијата ќе има поинаков облик на одржување. Поради актуелната ситуација и забраната за организирање јавни собири, со цел да не им се одземе можноста на љубителите на поезијата да уживаат во убавината на пишаниот збор, првпат се организира литературна е-манифестација „Илинден 2020“.

„На 21. литературна манифестација ‘Илинден’ стиховите нема да одекнуваат од Домот на културата ‘Илинден’ – туку тие директно ќе се излеваат во домовите на почитувачите на пишаниот збор преку веб-страницата на Општина Илинден“, соопштија од Општината.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија18 минути

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Околу 150 домашни микро, мали и средни компании од денес имаат можност да аплицираат за поддршка за брзо прилагодување на...

Македонија25 минути

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Грција околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија40 минути

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет1 час

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Македонија2 часа

Американски воени авиони со прелет над Скопје ќе го поздрават нашето членство во НАТО

Американската поддршка на нашата земја продолжува со несмален интензитет и по влезот во НАТО. Околу 11.20 часот два авиона на...

Свет3 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион4 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет4 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа4 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет5 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија5 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија18 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион18 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ20 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија21 час

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија21 час

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија23 часа

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија23 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија24 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија1 ден

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Досие