Контакт

Култура

„М“ на Вардан Тозија со проекција на филмскиот маркет во Кан

Објавено пред

Агенцијата за филм и оваа година ќе биде присутна на филмскиот маркет, кој се одржува од 16 до 27 мај во рамките на Канскиот филмски фестивал, каде што ќе биде промовирана македонската кинематографија.

Од најновата филмска продукција поддржана од Агенцијата за филм проекции на маркетот на Канскиот филмски фестивал ќе има вториот долгометражен филм на Вардан Тозија со наслов „М“, во продукција на „Фокус покус филмс“, односно во копродукција меѓу С. Македонија, Хрватска, Косово и Франција. Станува збор за дистописка бајка, приказна за осумгодишниот Марко, кој во суровиот и мрачен свет обземен со таинствен вирус е во потрага по својата мајка.

„М“ | Вардан Тозија | 19 мај (петок) | PALAIS H | 18.15, фнтазија/драма, 99 мин.

Оваа година на Канскиот фестивал во програмата FOCUS WiP 2023 (Work in Progress) на Cinema Demain ќе биде претставен и проектот LOYNES на режисерот Dorian Jespers. Филмот е во копродукција на SCUM Pictures и WrongMen од Белгија, FilmGrand8 од Франција, „Веда филм“ од С. Македонија и LONO Studio од Англија.

LYONES | Dorian Jespers | 23 мај (вторник) | FOKUS WiP 2023 (work in progress) | PALAIS STAGE | 10 ч

Краткометражниот филм во режија на Гоце Трајковски, „Досие иднина“, а во продукција на „Слобода филм“, ќе биде дел од каталогот на Short Film Corner и за таа цел филмот ќе биде достапен во приватна и обезбедена видеобиблиотека, до која пристап имаат само акредитирани професионалци, кои се заинтересирани за кратки филмови за време на фестивалот. Се работи за драма/мистерија, во која улогите ги играат: Ебру Мусли, Ана Стојановска, Решид Береда.

Покрај овој работен дел, во рамките на Канскиот филмски фестивал, Агенцијата за филм ќе реализира низа активности во насока на афирмација на македонскиот филм на еден од најважните филмски фестивали во светот.

Македонскиот штанд во SEE-павилјонот ќе биде место на кое македонската делегација од Агенцијата за филм ќе ги претстави најновите случувања во нашата кинематографија и ќе реализира средби за идни копродукциски соработки. За оваа цел е подготвен обемен каталогизиран и промотивен материјал.

Сите присутни на филмскиот маркет, кои ќе го посетат павилјонот на земјите од Југоисточна Европа (SEE pavilion), а се заинтересирани за потенцијални идни соработки и иницијативи, ќе имаат можност да остварат состаноци со претставници од Агенцијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“

Објавено пред

Утре, со почеток во 12 часот, на улицата Македонија во Скопје, ќе се одржи настанот „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“.

Настанот ќе ја претвори улицата во жива сцена на отворено со учество на улични живи статуи од продукцијата Театроск, ликовни уметници (студенти од Универзитетот АУЕ – ФОН) кои ќе создаваат дела во живо, улични шоуа, DJ и музички настапи. Главната цел е да се создаде простор за млади уметници со цел да ја презентираат својата уметност пред јавноста, да се поттикне нивниот развој и да се активира јавниот простор преку култура, велат од Театроск.

Овој настан веќе четири години успешно создава платформа за видливост, активирање на јавниот простор и директен контакт меѓу уметниците и публиката, додаваат од Театроск.

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со двојна победа: Првенците Тони Михајловски и Тања Кочовска наградени во ист ден на два фестивали

Објавено пред

Од

Двајца првенци на Македонски народен театар во ист ден беа наградени за своите улоги во претставата „Народен пратеник“, на два различни фестивали, потврдувајќи го високиот уметнички квалитет на ансамблот и силниот регионален одек на театарот.

Актерот Тони Михајловски ја доби наградата за најдобар актер на вечерта, доделена веднаш по изведбата на претставата на јубилејното 30. издание на фестивалот „Актерски свечености – Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац. Настапот на ансамблот беше проследен со силни аплаузи и одличен прием од фестивалската публика и стручната јавност.

„Актерски свечености – Миливоје Живановиќ“ е реномиран театарски фестивал кој од 1995 година се одржува во Центарот за култура во Пожаревац, во чест на еден од најголемите српски актери – Миливоје Живановиќ. Фестивалот традиционално се одржува во првата недела од април и на публиката ѝ нуди селекција на најдобрите претстави од годишната продукција на престижни театри во Србија и регионот.

Програмата се состои од пет натпреварувачки вечери, а победниците влегуваат во конкуренција за главната награда – статуетата „Миливоје Живановиќ“. Помеѓу досегашните лауреати се значајни актерски имиња како: Љубомир Тадиќ, Драган Миќановиќ, Војислав Воја Брајовиќ, Предраг Ејдус, Ружица Сокиќ, Милан Лане Гутовиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Небојша Глоговац и Јелисавета Сека Саблиќ.

Истовремено, во Велес, во рамките на петтото јубилејно издание на фестивалот „5-РЕ“, актерката Тања Кочовска ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за својата впечатлива интерпретација на ликот Спиројца.

Со едногласна одлука, жирито во состав Зорица Панчиќ, Владимир Тулиев и Елеонора Теова ја истакна нејзината остра духовитост, доминантно сценско присуство и автентична интерпретација, нагласувајќи дека „секој нејзин гест и реплика се претвораа во победа“, а нејзината изведба ја издвои како еден од највпечатливите сценски моменти на фестивалот.

Претставата „Народен пратеник“, по текст на Бранислав Нушиќ и во режија на Егон Савин, бележи значајна меѓународна сценска присутност како дел од балканската турнеја. Досега е изведувана во Народното позориште во Белград, Црногорското народно позориште во Подгорица, како и на повеќе сцени низ Босна и Херцеговина, а беше дел и од програмата на реномираниот фестивал „Стериино позорје“.

Продукцијата е добитник на повеќе значајни признанија, меѓу кои главната награда „Борисав Станковиќ“ за најдобра претстава во целина на фестивалот „Борини позоришни дани“, како и специјалната „Стериина награда“ за колективна актерска игра.

Во претставата играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов, Тања Кочовска и Александар Михајловски (глас), како и ансамблот Дејан Стамчевски, Синан Ракип, Скендер Бериша, Зекирија Алим, Мирослав Атанасовски, Мартин Китановски и Хусеин Халили.

Прикажи повеќе...

Култура

Објавена програмата на Скопскиот поетски фестивал, ќе има стотина поети од земјава и од странство

Објавено пред

Од

Шестото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи во периодот 7 до 9 мај во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во „Буква“. На настаните ќе се претстават стотина поети од земјава и од странство. Ќе има гости од Кина, од Хрватска, од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија, од Бугарија и од Црна Гора.

„Мотото на годинешниот фестивал е „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! (Поезија, политика, пропаганда…). Со ова мото сакаме да ја одбележиме 100-годишнината од раѓањето на Ален Гинзберг и да покажеме колку неговата поезија е податлива за толкување и на денешните состојби во светот. Автор на постерот е Андреј Павлов“, велат организаторите.

Официјалното отворање е закажано за 7 мај во 20:00 часот во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, на кое ќе настапат деветмина поети и поетеси, меѓу кои и младата поетеса Деспина Сиљаноска што беше одбрана за најдобра од дванаесетмината што настпија на „Отскочна даска #5“ ‒ преднастан на фестивалот наменет за млади поети, а по ова прво интернационално поетско читање ќе следува поетско-музички перформанс на Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора.

Следниот ден програмата ќе продолжи во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, каде што ќе се одржи „Поетот е присутен“, настан од затворен карактер, на кој дел од поетите учесници на фестивалот ќе читаат за малубројна публика што претходно ќе биде избрана по повик; потоа ќе следува и настанот „Диптих #6“ на кој ќе бидат претставени две изданија на „ПНВ Публикации“, избор песни од авторките Гонџа Озмен од Турција и Кристина Шпиранец од Хрватска, а потоа ќе следува уште едно интернационално поетско читање на кое ќе настапат десетмина поети и поетеси.

На последниот ден на фестивалот, 9 мај, настаните ќе се одржат во „Буква“. Публиката ќе има можност да проследи уште две промоции на книги, едната е избор песни од поетесите Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора во издание на „Култура Бета“, а другата е стихозбирката „Тускулум“ од Денис Шкофич од Словенија, издание на „ПНВ Публикации“. По промоциите ќе следува интернационалното поетско читање „THE VERSE CITY/DIVERSITY (Диверсити)“ на кое ќе настапат петнаесетмина поети и поетеси. По ова читање ќе следува и забава за крај на фестивалот.

Но пред сите овие збиднувања, како еден од преднастаните на фестивалот, на 7 мај, од 18:00 часот во киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на поетската панорама што по повод минијубилејот ‒ 5 години „Отскочна даска“, ја подготви „ПНВ Публикации“ и во која ќе бидат застапени песните на сите шеесет и шест досегашни учесници на овој настан наменет за млади. Книгата ќе биде промовирана со читање на сите млади автори застапени во панорамата.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава2 минути

Вашата машина за перење ќе биде како нова – ако ја истурите оваа течност од бањата во неа

Дали некогаш сте размислувале колку нечистотија се насобрала во вашата машина за перење со текот на годините? Веројатно не сте...

Свет6 минути

Се создава „европско НАТО“, откриен планот: пресвртот во Берлин беше клучен

Резервниот план за одбрана на Европа со користење на постојните воени структури на НАТО во случај на повлекување на САД...

Спорт7 минути

Сколс: Шампионската трка во Англија е завршена

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, верува дека трката на Арсенал за титулата во Премиер лигата е завршена по катастрофалниот...

Свет15 минути

(Видео) Сателитски снимки: Иран ископува ракетни лансери за време на прекинот на огнот

Сателитските слики покажуваат дека Иран го користи прекинот на огнот за да користи тешка механизација за да ископа ракетни лансери...

Свет17 минути

(Видео) Трамп: Да не бев претседател, светот ќе се распаднеше, нè очекуваат два неверојатни дена

Џонатан Карл, дописник на ABC News од Вашингтон, објави на Икс дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп му...

Свет22 минути

Светската банка планира помош до 100 милијарди долари за Блискиот Исток

Светската банка би можела да обезбеди помеѓу 80 милијарди и 100 милијарди долари финансиска помош за земјите тешко погодени од...

Европа26 минути

(Видео) Украина ќе произведува дронови во Норвешка

Норвешка и Украина ќе ја зајакнат својата билатерална одбранбена соработка, вклучително и производството на украински беспилотни летала во нордиската земја,...

Забава31 минута

(Фото) Пет пролетни парчиња без кои Италијанките не можат да живеат, за нив ова е основна

Италијанките имаат свои модни адути за секоја сезона, а во текстот дознајте кои парчиња се секогаш добредојдени во нивните пролетни...

Забава41 минута

Ова е судбоносен ден за три знака: Долговите исчезнуваат и доаѓа финансиска лавина

21 април е судбоносен ден кој носи огромни пари и успех за трите знаци на Зодијакот. Дали мислевте дека сè...