Контакт

Култура

„На отворено“ – нова премиера на малата сцена во НУ Театар „Комедија“

Објавено пред

„На отворено“ е најновата премиера во НУ Театар „Комедија“, во режија на Андреј Цветановски, која ќе биде реализирана на малата сцена во овој театар. Оваа претстава е работена според драмскиот текст на Мрожек, „На отворено море“.

„’На отворено’ е едночинка која зборува за гладот во секоја смисла на зборот. За борбата за моќ и за начините да дојдеш до неа, како и за тоа каков ќе излезеш како човек од таа борба. Еден шекспирски заплет, гледан низ комична призма. Горка комедија за време на која смеата ти застанува во грло“, изјави режисерот Цветановски.

„Годинава ова ни е прва премиера од планираните пет премиери. Ме радува фактот што ова е втора претстава што ќе се игра на малата сцена на Театар ‘Комедија’ и што публиката покажува особен интерес за овој тип претстави. Сè е подготвено за премиера и особено сум благодарен за максималната посветеност во работата на сите фактори на ова дело. Паралелно подготвуваме уште една нова претстава на големата сцена, која ќе има премиера во мај“, изјави директорот Сашо Ристовски.

Во новата премиера „На отворено“ играат: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Сергеј Димовски и Тони Денковски.

Сценограф е Сергеј Светозарев, костимограф е Ивана Каранфиловска-Угуровска, драматург Дарко Јан Спасов, а музиката ја направи Димитар Андоновски.

Претпремиерата е на 24 април (среда), а премиерата на 25 април (четврток) со почеток во 20 часот. Првата реприза е закажана на 6 мај.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи во септември

Објавено пред

Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи од 2 до 12 септември, како што беше планирано, рече денеска гувернерот на регионот Венето, Лука Заја.

„Поради застојот во филмската индустрија поради коронавирусот, помалку продуценти веројатно ќе присуствуваат на фестивалот“, рече Заја.

Претседателка на жирито на најстариот филмски фестивал во светот оваа година ќе биде американската актерка Кејт Бланшет.

Неодамна, организаторите на филмскиот фестивал во Кан потврдија дека годинава нема да се одржи.

Освен Кан, досега се откажани филмските фестивали во Карлови Вари, Локарно, Шангај, Сиднеј, Прага …

Италија планира да ја укине забраната за патување на 3 јуни.

Прикажи повеќе...

Книги

И монографијата „Манаки“ на Игор Старделов достапна онлајн

Објавено пред

Кинотеката на својата веб-страница продолжи да додава дел од своите изданија, со што тие се достапни за пошироката јавност, кинотечната публика и сите оние што сакаат да дознаат нешто повеќе за домашната и странската кинематографија. По сите досегашни броеви на „Кинопис“, списанието за теорија и историја на филм, од денес достапна за читателите е и монографијата „Манаки“ од авторот Игор Старделов, издание на Кинотеката од 2003 година. Тука можете да ја преземете монографијата.

Монографијата е еден заокружен научен труд за дејноста, значењето и активноста на првите сниматели на Балканот – браќата Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки – и донесува нови сознанија за нивната фотографска, филмска и киноприкажувачка дејност. Низ шест поглавја авторот ги разгледува не само биографските моменти и творечкиот опус на браќата Манаки туку и критички демистифицира одредени историски факти и тврдења за нивниот живот и дело, ги анализира содржината и структурата на нивните филмови и изразните елементи, како монтажа, структура и хронотопичност на кадар, семиотика на филмска слика, кинестетски карактеристики на масовните сцени итн. На крајот, со посебен прилог Старделов се осврнува кон предизвиците на реставраторските и конзерваторски хемиски процеси со кои се заштитени филмските ленти на Манакиевци.

Во 2014 година монографијата „Манаки“ беше преведена и на турски јазик за заедничкото издание на Кинотеката и ESR Film Yapim од Истанбул.

Игор Старделов (1963) е раководител на Одделението на заштита на филмови и филмски материјали (Филмскиот архив) на Кинотеката. Објавил повеќе научни трудови од областа на историјата и теоријата на филмот во домашни и странски списанија, а меѓу другото, раководел и со проектите за заштитна реставрација на филмските ленти и дигитализација на филмовите на браќата Манки, финансирани од Министерсвото за култура.

Кинотеката филмовите на браќата Манаки, реставрирани и дигитализирани, ги издаде на ДВД во 2014 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Повик за уметници, илустратори и дизајнери за картите FIERCE WOMEN WOW

Објавено пред

Проектот „Жени за жени“ (Women on Women), кој во моментот Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.“ го имплементира заедно со партнерите Prostor rodne i medijske kulture K-zona од Хрватска, Mesto Žensk од Словенија и Outlandish Theatre Platform од Ирска, има цел да даде видливост на значајните и инспиративни жени што нашето општество го менувале на подобро.

Во 2018 година партнерите од Хрватска развија иновативна игра со карти Fierce Women, која ги запознава нејзините играчи со достигнувањата на жените во сферите на културата, политиката, науката, феминизмот, човековите права и уметноста. Ова е забавен, едукативен и општествено ангажиран производ, кој ја нуди можноста да го отвори прашањето за родовата еднаквост во нашите општествени кругови.

Во рамките на овој проект во план е изработка на дополнителен шпил со 30 нови значајни или, како што ги нарекуваат нашите партнери од Хрватска, страшни жени, од Хрватска, Словенија, Ирска и од Северна Македонија. Вкупно 7 жени од ова поднебје се наоѓаат во селекцијата, и тоа: Роса Плавева, Накие Бајрам, Лилјана Дирјан, Вера Весковиќ-Вангели, Искра Грабул, Мимоза Несторова-Томиќ и Рајна Алексова за кои едвај чекаме да видиме интересни илустрации што ќе ги претстават нивните ликови и достигнувања. Апликант(к)ите треба да изберат од една до три од листата на триесетте избрани жени, од кои не се бара завршена илустрација, туку доволно е само скица.

За таа цел, објавен е повик отворен за уметници, илустратор(к)и и дизајнер(к) од цела Европа! Ги повикуваме креативците од нашата земја да се пријават најдоцна до среда, 24 јуни 2020. Оние автор(к)и чии илустрации ќе бидат избрани да бидат дел од овој шпил, ќе добијат награда од 160 евра (бруто) од илустрација и нивното уметничко дело како дел на овој шпил ќе биде промовирано преку разни канали на проектните партнери, како социјални мрежи, фестивали и други настани. Исто така, победничките и победниците ќе добијат шпил од картите Fierce Women WOW и еден од оригиналниот шпил Fierce Women. Повеќе информации за правилата и можностите што ги нуди овој повик можете да најдете на веб-страницата на „Тиииит! Инк.“ (tiiiitinc.com).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија10 часа

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија10 часа

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Македонија10 часа

Спасовски: Лицата кои се во државен карантин може да бидат во домашна самоизолација ако имаат негативен тест

Техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека состојбата со коронавирусот е под контрола, при што ги соопшти новите одлуки на Владата....

Македонија11 час

Од утре нема полициски час, задутре се отвораат рестораните и кафулињата

На денешната владина седница е донесена одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер Оливер...

Регион16 часа

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Македонија16 часа

Регистрирани 16 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.014 лица. Оздравени се 14...

Македонија17 часа

Адвокатот на Јанева вели дека Русковска нема докази против неа

Адвокатот Дељо Кадиев, кој ја застапува обвинетата Катица Јанева во предметот „Рекет“, по судењето, на кое завршни зборови даваше Обвинителството,...

Македонија17 часа

Русковска: Доживеавме разочарување кога клучниот лик во „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

Во завршните зборови за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска пред судот рече дека одбраната на обвинетите Бојан Јовановски – Боки...

Македонија17 часа

Арсовски: Избори во јуни не се можни

Избори во јуни не се можни, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој ја отфрли можноста...

Македонија18 часа

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот...

Свет18 часа

СЗО го суспендира тестирањето на лекот против малaрија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот против малaрија „хидроксиклорокин“ кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната...

Европа20 часа

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале речиси 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Регион20 часа

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа21 час

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што побргу да се отворат границите меѓу европските земји по затворањето...

Македонија21 час

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската Зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата предизвикана од...

Регион21 час

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Кога Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет1 ден

Италија бара 60.000 доброволци, кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати речиси 60.000 доброволци, кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија1 ден

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет1 ден

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Досие