Контакт

Археологија

Норвешките археолози откриja ретки остатоци од викиншки брод

Објавено пред

Норвешките археолози објавија дека откриле остатоци од викиншки брод и тоа половина метар под земјата во југоисточниот дел на Норвешка.

Тоа е ретко откритие што би можело да придонесе за расветлување на природната експедиција на талентираните средновековни воини морнари.

Експертите велат дека обликот на бродот е типичен за викинзите, и тие го најдоа во Халден, југоисточно од Осло, со помош на специјален радар, педесет сантиметри под земја, на хумка под која се наоѓа викиншка гробница.

Викинзите во бродовите ги погребувале избраните членови на заедницата, и им ставале сè што им е потребно во задгробниот живот.

Иако на бродот му недостасуваат крмата и дел од долниот дел на трупот, експертите проценуваат дека бродот бил долг 20 метри, што го прави еден од најдолгите викиншки бродови откриени во земјата.

Членовите на норвешкиот Институт за истражување на културното наследство ќе ги разгледаат сите опции за вадење на бродот надвор од земјата, а кон тоа ќе пристапат по завршувањето на студениот дел од годината.

Археологија

Виртуелна посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари

Објавено пред

Археолошкиот музеј овозможи виртуелна тура во „Неолитското село” – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, кој сè уште е затворен за посетители поради коронавирусот.

„Тумба Маџари од 2008 година е актуелен со анимирање на јавноста преку научни, едукативни и туристички активности за сите возрасти. Во музејот под отворено „Неолитско село“ се изградени неколку куќи во духот на неолитската архитектура. Во нивната внатрешност преку копии на разновиден движен и недвижен покуќнински инвентар, како и сцени од секојдневниот живот, е направен обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек кој живеел на територијата од Македонија и пошироко пред 8.000 години“, соопштија од Археолошкиот музеј.

Локалитетот се наоѓа во сегашната населба Ченто и е најзначајната неолитска населба во Скопската котлина.

Откриена е во 1961/2 година во текот на археолошки рекогносцирања за изградбата на автопатот. Денес тешко се забележува бидејќи 2/3 од површината се окупирани со куќи подигнати во доцните шеестти и седумдесеттите години на 20. век.

Тумба Маџари бил економски и пред сè културен центар на неолитскиот човек од овој регион.

Прикажи повеќе...

Археологија

Во урнатините на замок од 14 век пронајден ковчег со богатство

Објавено пред

Во урнатините на замок од 14 век во Полска е пронајден ковчег со сребро.

Се верува дека вредните предмети им припаѓале на Евреите убиени во Втората светска војна, пренесува „Сан“.

Кралскиот замок Nowy Sącz денес е руинирана средновековна зграда стара над 600 години. Се верува дека нацистите криеле украдени предмети таму кога ја окупирале Полска.

Историско-истражувачкото здружение преку „Фејсбук“ информираше за богатството, кое се состоело од најразлични предмети од сребро за домаќинството, вклучувајќи чаши и прибор за јадење.

Dzisiaj 14.06.2020r. Wzgórze Zamkowe w Nowym Sączu oddało nam sporo srebra z epoki. Pozdrowienia dla wszystkich poszukiwaczy i życzymy podobnych sukcesów.

Posted by Stowarzyszenie Historyczno Eksploracyjne Sądecczyzny on Недела, 14 јуни 2020

Во ‘рѓосаниот ковчег биле закопани 103 сребрени предмети. Секој од нив, наводно, е направен во Австрија или Полска.

Локалниот археолог Бартломеј Урбаски за „The First News“ изјави дека предметите од почетокот на 19 и 20 век биле поврзани со еврејски обред и веројатно биле закопани за време на Втората светска војна.

Полскиот замок, во близина на кој е откриено среброто, бил претворен во касарна од нацистите во 1941 година, а исто така бил користен и како складиште за муниција. Во 1942 година, целото еврејско население од тоа подрачје било однесено во логор.

Полските војници ја разнеле нацистичката касарна во 1945 година и речиси целосно го уништиле замокот.

Другите откритија во замокот вклучуваат збирка монети од 15 век.

Замокот Nowy Sącz се истражува, бидејќи има планови да се изгради повторно.

Сребреното богатство ќе биде предадено на археолозите кои ќе направат попис сите артикли, а потоа ќе ги изложат во локален музеј.

Прикажи повеќе...

Археологија

Археолозите го откопаа „Црвениот лав“, најстариот театар во Лондон

Објавено пред

Археолозите го открија најстариот театар во Лондон на градилиштето во Whitechapel.

Театарот „Црвен лав“ (Red Lion) се смета за прв наменски изграден театар во елизабетанскиот период, но досега неговата точна локација беше спорна, пишува Би-би-си.

За време на минатогодишните ископувања во Степни Веј, источен Лондон, експертите пронајдоа дрвени градби и разни артефакти. Археологот Стивен Вајт го опиша локалитетот како извонредно откритие.

Историчарите веруваат дека „Црвениот лав“ е изграден од Џон Брејн околу 1567 година, малку пред да го изгради Театарот „Шордич“ со Џејмс Барбиџ во 1576 година.

За појавата на овој театар се знае многу малку. Сите наоди се засноваат на две тужби од 1567 и 1569 година, во кои се споменува црвен лав и куќа што имала отворена сцена и седишта, пишува Би-би-си.

Во јануари 2019 година археолозите почнаа да откривааат правоаголна дрвена структура составена од 144 зачувани трупци, кои можеби сочинувале скеле или галерии за седење.

Самото наоѓалиште е со големина 12,3 x 9,3 м, што се совпаѓа со димензиите споменати во тужбите, велат експертите.

Ископувањето го изврши Одделот за археологија при Универзитетскиот колеџ во Лондон.

„По речиси 500 години, можеби, конечно, пронајдовме остатоци од ‘Црвениот лав’, што ја одбележа зората на елизабетанскиот театар. Археолошките остатоци од зградите и нивната локација се совпаѓаат со карактеристиките на театарот забележани во раните документи“, рече Вајт, водител на истражувањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет3 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија5 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ6 часа

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија7 часа

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија8 часа

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија9 часа

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија9 часа

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија10 часа

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион11 час

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет12 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија12 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион12 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија12 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет13 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет13 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија13 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ14 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа14 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет14 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Досие