Контакт

Култура

Објавена нова книга на Даниела Андоновска-Трајковска „Математичка поезија“

Објавено пред

Неодамна, во издание на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС), од печат излезе книгата на Даниела Андоновска–Трајковска „Математичка поезија“. Станува збор за книга поезија во која се споени јазикот на математиката и јазикот на поезијата.

„Сакав да создадам спој меѓу два, на прв поглед, различни јазици: математичкиот и поетскиот“, вели Андоновска-Трајковска. „Мислам дека прецизноста на математиката и ширината и лиричноста на поезијата се надополнуваат и даваат можност да се создадат песни кои ќе ја прошират можноста за изразување, а истовремено, ќе го потцртаат изразот на чувствата.“

Даниела Андоновска-Трајковска (1979, Битола) е поет, прозаист, уредник на списанија, книжевен критичар, промотор на книжевни дела, доктор на науки и редовен професор по методика од областа на јазикот и литературата на Педагошкиот факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Акредитиран ментор е на докторски студии со објавени над 100 научни трудови во референтни меѓународни публикации, учесник во значајни меѓународни образовни и научни проекти и национален обучувач за наставници. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и на Битолскиот книжевен круг (БКК), на Македонското научно друштво (МНД) – Битола каде што е претседател на Уредувачкиот совет и на повеќе меѓународни професионални тела. Главен уредник е на списанието „Раст“ (БКК), уредник е и на списанијата „Современи дијалози“ (МНД) и „Книжевни елементи“. Ги има објавено следниве поетски книги: „Збор за зборот“ (со Златко Жоглев и Гордана Стојаноска, 2014), „Поема за маргините“ (со Гордана Стојаноска, 2015), „Црна точка“ (2017), „Стапалки“ (2017), „Три“ (2019), „Куќа на контрасти“ (2019), „Електронска крв“ (2019), збирката раскази „Кафе, чај и црвено небо“ (2019), две меѓународни публикации за водачи во образованието (2013) и еден универзитетски учебник „Критичка писменост“ (2019). Преведена е на повеќе светски јазици и добитник на неколку книжевни награди (Носиде, Италија (2011), Празник на липите (2018), „Крсте Чачански“ за проза (2019) и „Караманов“ (2019).

Изложби

Во Музејот на современата уметност се отвора изложбата „Голем формат II“

Објавено пред

Изложбата „Голем формат II“ oд колекцијата на Музејот на современата уметност Скопје ќе биде отворена за посетители од утре (вторник) и ќе трае до почетокот на јуни.

На изложбата се претставени дела од девет автори со уметнички дела во голем формат (слики, инсталации и скулптури). Селекцијата на дела од колекцијата на МСУ ја направи кустос, Благоја Варошанец. Во третата изложбена галерија од музејот изложени се дела од Могенс Андерсен, Елизабета Аврамовска, Жанета Вангели, Бернхард Гарберт, Рене Дивије, Исмет Рамиќевиќ, Петар Хаџи Бошков, Анџело Титонел и Симон Шемов.

„Голем формат II“ е изложба на дела од колекцијата, од македонски и странски автори, која се однесува на односот на уметничкото дело во релација со архитектонскиот простор и набљудувачот.

„Како го перцепираме форматот во уметноста? Огромен пластичен сладолед, огромни кучиња од бaлони, долги ролни од насликани платна или едноставно зголемени фото- портрети насликани на згради низ целиот свет се некои од примерите, каде димензијата во изразот е доминантен елемент во естетиката на уметничките дела. Форматот се однесува на големината на објектот во однос на друг објект, и не ретко може да биде еден од принципите на организација на визуелните и структурните елементи во уметноста. Форматот во уметноста не се однесува само на големината на уметничкото дело, туку е релационен принцип за односот кон предметите или односот кон човечкото тело. Релациската естетика стои во основата на уметничко дело, а корпореалноста или просторната компонента може да се сметаат како мерки кои го дефинираат или се во сооднос со големината или перцепцијата на делото“, истакнува Варошанец.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина актерот Кирил Псалтиров

Објавено пред

Македонскиот народен театар со големо жалење се збогува со Кирил Псалтиров, доајенот на македонскиот театар.

Актерот Кирил Псалтиров дипломира на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од првата генерација на дипломирани актери. Целиот работен век од 1974 година до пензионирањето го поминува во МНТ.

Псалтиров беше неразделен дел од театарот и секогаш дел од нас ќе биде неговата посветеност кон театарот и големиот број на оддиграни улоги. Првата улога во МНТ ја има во претставата „Јунона и Паунот“ (1971), а последна улога му е онаа на Љупче во „Писание“ (2002). Во аналите на МНТ ќе остане запомнет како Тевје во „Свирач на покрив“ (1983), но и по улогите на Освалд во „Крал Лир“ (1972), Оберлајтнант фон Балочански во „Господа Глембаеви“, Крам во „Бертолт Брехт пред комитетот за антиамериканска дејност“ (1977), Д-р Нинковиќ во „Сомнително лице“ (1977 и 1983), Феѓка во „Бесови“ (1978), Ампо во „Чорбаџи Теодос“ (1978), Завиша во „Војна и мир во Груда“ (1981), Попот во „Макавејски празници“ (1983), Боб Мојра во „Бог“ (1984), Солин во „Забуни“ (1989), Кралот Едвард во „Ричард трети“ (1990), Кардиналот Донателов во „Еригон“ и други.

Псалтиров ќе остане запомнет и препознатлив и по филмските и телевизиски улоги меѓу кои „Пред дождот“, „Најдолгиот пат“, „Време води“, „Пресуда“, „Мисија Лондон“, но и „Волшебното самарче“, „Во светот на бајките“, „Тврдокорни“ и „Македонски народни приказни“.
Засекогаш ќе остане дел од МНТ.

Поради мерките за Ковид пандемијата, комеморацијата за актерот Кирил Псалтиров нема да може да се одржи.

Прикажи повеќе...

Култура

Бродвеј: Претставите се играат во септември, билетите во продажба

Објавено пред

Билетите за театарската сезона на Бродвеј на Менхетен, Њујорк, ќе бидат пуштени во продажба оваа недела, иако претставите ќе може да се играат само од 14 септември, објави новинската агенција „Ројтерс“.

Тогаш на театрите ќе им биде дозволено да пополнат 100 проценти од капацитетот на публиката во нивните сали, како што истакна гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.

„Бродвеј е голем дел од идентитетот и економијата на нашата земја, затоа сме воодушевени што конечно завесите повторно ќе се кренат“, напиша Куомо на „Твитер“.

Илјадници луѓе останаа без работа кога театрите во Бродвеј се затворија во март 2020 година поради пандемијата на Ковид-19.

Владата на Њујорк планира кон крајот на месецов да ги укине повеќето ограничувања, односно забраните воведени поради коронавирусот, но на Бродвеј му треба повеќе време за проби, а на продуцентите им треба доволно време и за да ги рекламираат сите претстави.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Од 12 до 18 мај полициски час од 24 часот, дозволено да биде и организирање настани на затворено

Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до...

Свет1 час

(Видео) Застрашувачки снимки од Индија, пациенти оставени да умрат а лекарите го сокриле видеото

Во Индија се појавија застрашувачки снимки од пациенти заразени со коронавирус кои, според тврдењата на нивните семејства, лекарите ги оставиле...

Македонија2 часа

Заев денеска во Брисел, ќе разговара за пристапниот процес на Македонија во ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во седиштето на ЕУ во Брисел ќе има средби со претседателката на Европската Kомисија Урсула фон...

Свет2 часа

(Видео) Пет лица повредени при напад со нож во Нов Зеланд

Пет лица се повредени, а три се во критична состојба откако биле прободени со нож во супермаркет во Нов Зеланд,...

Свет2 часа

Состанок на Министрите за надворешни работи на ЕУ, фокусот е Западен Балкан

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија денеска во Брисел ќе одржат дискусија за посилен политички ангажман на ЕУ со партнерите...

Свет2 часа

(Видео) Седум лица убиени на роденденска забава во Колорадо

Седум лица, вклучително и напаѓачот, беа убиени синоќа во пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо,...

Македонија19 часа

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Свет19 часа

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“. Тој откри...

Регион21 час

(Видео) Хрватскиот министер за здравство вакцинираше граѓани

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно...

Топ22 часа

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија22 часа

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија22 часа

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија23 часа

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет23 часа

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Македонија24 часа

Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух

Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори...

Свет1 ден

Делови од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

Свет2 дена

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион2 дена

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт2 дена

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ2 дена

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Досие