Контакт

Култура

Патувачкиот филмски фестивал „Европанорама“ доаѓа во Скопје и Гостивар

Објавено пред

„Европанорама 2019“ е патувачки филмски фестивал од Љубљана, којшто во Скопје и Гостивар прикажува избор од најновите европски и скандинавски кратки филмови од различни стилови и пристапи (анимирани, фикција, документарни) од млади европски режисери.

Европанорама ќе се одржи во Скопје од 19 до 21 март во Кинотека на Македонија и 22 и 23 март во Центарот за култура АСНОМ, Гостивар. Во рамките на овогодишниот проект на Европанорама 2019 ќе се одржи ЗУМ Германија во Скопје и Гостивар. Публиката ќе има можност да проследи четиринаесет кратки германски филмови.

Влезот на проекциите е слободен.

Фестивалот Европанорама претходно беше прикажан во Осло, Бејрут, Љубљана, Белград, Загреб, Грац, Рига, Копенхаген, Будимпешта, а по прикажувањето во Скопје и Гостивар, продолжува за Минск, Подгорица, Трст и други градови.

Европанорама 2019 гостува во Скопје и Гостивар со поддршка на The Nordic, Европската делегација во Македонија, Гете институтот во соработка со Кинотека на Македонија и Центар за култура АСНОМ, Гостивар. Организацијата на фестивалот е на Ljubljana short film festival, Transit Film Bazaar, Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта и локални соработници.

Култура

Истанбулското биенале годинава на три локации, ќе бидат изложени 38 дела

Објавено пред

Шеснаесеттото по ред Истанбулско биенале годинава ќе се одржува од 14 септември до 10 ноември на три спектакуларни локации во турската метропола Истанбул. На историското бродоградилиште, во музејот „Пера“, кој се наоѓа во срцето на градот, и на неколку историски места на островот Бујукада на Мраморното Море, во непосредна близина на Истанбул, ќе бидат изложени 38 дела на 57 уметници од 26 земји, меѓу кои Аргентина, Австрија, Бразил, Канада, Хрватска, Франција, Германија, Иран, Јапонија, Холандија, Шведска, Тајван, Велика Британија и САД.

Подготвувач на концептуалната рамка, според која уметниците се покануваат на изложбата и куратор на биеналето ќе биде еминентниот историчар на уметноста Никола Бурјо. Тој е директор на институцијата „Монпелје Контемпорaн“ (MoKo), чиј основач е самиот тој, бил директор на Високата национална школа за ликовна уметност во Париз од 2011 до 2015 година и куратор во лондонската галерија „Тејт“ од 2007 до 2010.

Организатор на манифестацијата, која годинава се одржува со наслов „Седмиот континент“, е Истанбулската фондација за култура и уметност (ИКСВ), а спонзор е „Коч холдинг“.

Истанбулското биенале се одржува редовно од 1987 година наваму и важи за најсеопфатна меѓународна уметничка манифестација во регионот, која игра значајна улога во промоција на современите ликовни уметници од Турција и светот. Биеналето функционира по принцип на изложба, при што се овозможува директен дијалог помеѓу уметниците од разни култури и посетителите на биеналето.

А. А. Кочан

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Маалски прикаски (1+2)“ од Синиша Станковиќ

Објавено пред

Во издание на „Или-или“ деновиве излезе од печат книгата „Маалски прикаски (1+2)“ на новинарот Синиша Станковиќ.

Во книгата, која содржи 65 прикаски (или како што ги нарекува авторот – „белешки на случајниот минувач, подготвени како мезе за муабет во семејното бифе ‘Носталгија’“), се објавени и дваесеттина фотографии на тема „Маалски прикаски“.

Тие се дела на познатите македонски фоторепортери: Ѓорѓи Личовски, Огнен Теофиловски, Роберт Атанасовски, Томислав Георгиев, Борис Грдановски, Наке Батев, Маја Златевска, Андреј Гиновски и Радован Вујовиќ.

Промоцијата на седмата книга на Станковиќ ќе се одржи во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), в среда, 26 јуни, во 20 часот.

Како што во најавата за промоцијата напиша авторот; „За и околу книгата и нашите маала (со мало фаворизирање на Карпош-ите) ќе муабетат, читаат/пеат: Калина Малеска, актерот Драган Спасов – Дац, музичарите Петар Ренџов и Ристо Самарџиев, сè според ‘старите добри маалски правила’: дружба, муабет, музика од ‘нашите времиња’, бифе со ниски цени…“

Книгата им е достапна на читателите во книжарницата на „Или-или“ во центарот на Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Изведба на балетот „Ана Каренина“ во рамкитр на Скопско лето

Објавено пред

Во рамките на годинешното 40. Скопско лето на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Ана Каренина“ со избрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски, на 28 јуни (петок), со почеток во 20 часот.

„Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Муиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман ‘Ана Каренина’ на големиот руски писател Толстој“, најавуваат од Националната опера и балет.

Од таму додаваат дека во повеќе од два часа инспиративните движења на Мими Поп Алексова-Атанасовска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции што го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Дураки поднесе оставка: Моето раководење ќе остави траен белег во заштитата на животната средина

Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање од причина што е предложен за министер...

Регион2 часа

Ердоган: Ако е потребно, ќе направиме ревизија на владата, но без надворешни притисоци

Не можеме да ги предвидиме пораките на народот и да се оглушиме на нив, истакна денеска турскиот претседател, Реџеп Таип...

Македонија2 часа

Здравствениот инспекторат побара проверка на стручноста на лекарите за смртта на родилката

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил вонреден инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што била лекувана родилката од...

Македонија3 часа

(Видео) Арсовски: Советник од ДУИ незаконски гради бетонска база во Охрид

Безвластието и самоволието на локалните шерифи во Охрид е само слика и прилика од владеењето на Зоран Заев и СДСМ,...

Македонија5 часа

Кавадарчани фалсификувале американски долари, обвинение против 12 лица, меѓу кои и вработени во банка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт за фалсификување американски долари. Од Обинителството информираат дека обвинението се однесува на 12...

Македонија5 часа

Поднесено е обвинение против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против Ел Чека за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушување...

Македонија6 часа

Финансиската полиција спроведе акција во скопско Љуботен, жителите вознемирени

Финансиската полиција од утрово спроведува акција во скопското село Љуботен, каде што со помош на припадници на МВР се врши...

Свет8 часа

Иран: САД го затвори патот на дипломатијата засекогаш

Техеран порача дека со воведувањето на нови американски санкции кон ирански претставници значи постојано затворање на патот на дипломатијата меѓу...

Свет8 часа

Русија се враќа во Советот на Европа

Русија доби поддршка од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе...

Македонија22 часа

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Топ24 часа

Две лица се обиделе да запалат кафуле во Лисиче

Синоќа во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје две...

Македонија24 часа

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија1 ден

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Македонија1 ден

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ1 ден

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион1 ден

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион1 ден

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион1 ден

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет1 ден

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Досие