Контакт

Култура

Познатиот режисер Фатих Акин пристигна во Битола

Објавено пред

Попладнево во Битола пристигна специјалниот гостин на 40. ИФФК „Браќа Манаки“, светски познатиот режисер Фатих Акин.

Го пречека директорката Гена Теодосиевска и му посака топло добредојде на Фестивалот кога тој од аеродромот во Скопје стигна во Битола. Тој се заблагодари за поканата и рече дека одамна сакал да дојде на „Браќа Манаки“ и дека веќе се чувствува пријатно во Македонија како да е дома.

Фатих Акин е специјален гостин на годинешново издание на „Браќа Манаки“, каде што утре (17 септември) во рамките на фестивалската програма ќе се одржи разговор со него и со Рајнер Клаусман, кинематограферот што работи само со Акин.

Инаку, го нарекуваат германскиот enfant terrible од турско потекло, вечно насмеаниот Фатих Акин освен што е режисер, тој е и сценарист, продуцент, актер… некои велат и извонреден диџеј.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Нова книга од Венко Андоновски – „Достоевски и Мекдоналдс“

Објавено пред

Новата книга од авторот и професор Венко Андоновски со наслов „Достоевски и Мекдоналдс“ денеска излегува од печат. Оваа збирка есеи е напишана во препознатливиот стил на Андоновски низ кој провејува неговиот прониклив и (само)ироничен став кон работите, велат од издавачката куќа „Три“.

Низ петте поглавја, со наслов: Што е тоа бестселер, Тестирање на методот, Македонскиот роман, Македонска поезија и Рускиот роман денес, Венко Андоновски се обидува да одгатне што се случува со книжевноста денес кога за неа сè повеќе се зборува преку поимот бестселер. Нашите денешни автори се двоумат дали да ја продолжат својата богата (православна) книжевна традиција со вечните прашања за Бог, смислата на животот и љубовта, бесмртноста, локалните историски прашања и митолошките архетипови или да се свртат кон лесната и профитабилна светска кариера на таканаречените мекдоналдс или ready-made писатели.

„Книжевност е, значи, она што денес добро се продава како книга“, вели Андоновски. „И уште – според автоматизам (и, се разбира, погрешно) најпродаваната книга се смета за најдобра книга. Значи, сосема неосновано еден пазарен параметар се прогласува за естетски параметар. Замената на естетските со економски тези е дел од намерите на потрошувачкото општество, кое по секоја цена сака и уметноста да ја претвори во стока наменета за широка трговија. Книжевноста никогаш порано не била толку трговија колку што е денес.“

„Маестрален и оригинален, Венко Андоновски и во оваа книга плени со својата висока ерудиција, со едноставноста во изразот, но и со длабоката филозофска порака упатена кон овој наш глобален свет во кој дури и уметноста станува стока за широка потрошувачка за сметка на естетското во неа“, велат од „Три“.

Прикажи повеќе...

Археологија

Египетските археолози ископале 20 насликани саркофази

Објавено пред

Египетските археолози откриле повеќе од 20 дрвени саркофаги во близина на градот Луксор, на кои сè уште се видливи декорации во силни бои.

Саркофазите биле откриени во некрополата Асасиф, лоцирана на западниот брег на реката Нил. Тие биле распоредени во два реда, еден над друг, јави Би-би-си.

Египетското Министерство за антиквитети откритието го нарече едно од најголемите и најважни во последните години.

Повеќето гробници во некрополата Асасиф датираат од доцниот период (664 – 332 година пр. н.е.) од антички Египет.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на слики од 56. интернационална Струмичка ликовна колонија во Куманово

Објавено пред

Со почеток во 20 часот во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, ќе биде отворена изложба на слики од 56. интернационална Струмичка ликовна колонија. Изложбата е во организација и координација на НУ „Антон Панов“ – Струмица.

Учество на оваа изложба зедоа 14 уметници од Бугарија, Полска, Грција, Србија, Русија, САД и од Македонија, кои создадоа дваесетина дела инспирирани од своето непосредно опкружување, како и од знаменитостите на градот Струмица. Како плод на добрата соработка меѓу центрите за култура од Куманово и Струмица оваа колонија во Куманово успешно се презентира во изминатите дваесетина години.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион6 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија7 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет7 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион8 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија8 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија10 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија10 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ12 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија12 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ12 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија12 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа13 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија13 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа15 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион16 часа

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет16 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа16 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија1 ден

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија1 ден

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Досие