Контакт

Култура

Почнува културно-забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца

Објавено пред

Од утре до 28 јули во Трпејца, во организација на здружението „За Трпејца со љубов“, ќе се оджи десеттото културно-забавно лето „На зајдисонце“.

Летото се очекува за отворено да го прогласи Ристе Николески, заменик-градоначалник во Општина Охрид, која е покровител на манифестацијата сите овие години. Манифестацијата вторпат е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, како и од други многубројни спонзори и помагатели.

Во чест на десетгодишнината ќе биде прикажан и видеоматеријал со наслов „Ние на зајдисонце“. Вечерта ќе биде заокружена со концерт на „Силви бенд“.

Следните седум дена жителите на Трпејца и гостите ги очекуваат средбите со нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, со авторите на Рибарскиот алманах, проф. д-р Теон Џинго, доц. д-р Никола Митровиќ-Бабе и презентерот Славчо Новески, како и настанот со работен наслов: „Еден поглед на Трпејца од ономастички аспект со проф. д-р Мери Јосифовска“.

Десеттото лето „На зајдисонце“ се вклучува во одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на големиот Блаже Конески со вечер со наслов: „Поезијо, чувствата ми ги будиш,“ на која со избор од поезијата од Конески и од други домашни светски поети ќе настапат: Марија Кондовска, Симон Јаковлев – Писин и музичарот Лео Спасески – Охридски (синтисајзер).

На листата со учесници се и младите Христијана Матеска – хармоника и Марија Џуклеска – виолина. Тие ќе настапат на вечерната променада наречена „Со кајче по езерото“ а во Трпејца свои концерти ќе одржат дуо BLACK MOON, бендот БРОЗ, градскиот хор „Вокс Лихнидос“, ансамблот БИЛЈАНА и пејачката група и оркестар од ФА БИСЕРИ од Охрид.

Од културните настани во рамките на летото се и традиционалната изложба на дела од Ликовната колонија „Трпејца 2020“ и настанот „Цртаме на зајдионце“.

Во рекреативниот дел се традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и Малиот пливачки маратон помогнати од Асоцијацијата СПОРТ ЗА СИТЕ и традиционалната прошетка по патеката Чоколско.

Организаторите си посакуваат само многу публика и ведро време бидејќи сите настани се под отворено небо и бесплатни се за сите. Вечерните настани почнуваат од 20.30 часот.

Култура

Роденденска торта и концерт на „Синтезис“ за 61. роденден на Охридско лето

Објавено пред

Со роденденска торта, што свечено ја пресече министерката за култура на Република Северна Македонија, Ирена Стефоска, НУ Охридско лето денеска го одбележа 61. роденден.

Директорката на фестивалот Охридско лето, Наташа Поповиќ. на денешната прес-конференција рече дека богатата историја на фестивалот е доказ за влогот на многу генерации и нивните напори да се исткае успешната приказна на врвната културна сцена.

„Секоја година 40-те фестивалски дена се празник на уметноста. Охридско лето носи околу 1.000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од сите земји во светот. И во време на пандемија успеавме да ја продолжиме традицијата, да го задржиме квалитетот и да ги донесеме најдобрите домашни и светски уметници. Особено се гордеам што и покрај здравствената криза предизвикана од Ковид-19, успеавме оваа манифестација да не изгуби од својот квалитет. Напротив, продолживме и го надградивме квалитетот за што добивме и многубројни пофалби како од нашата верна публика така и од уметниците што се дел од програмата“, рече Поповиќ, која најави дека традицијата ќе продолжи, но, како што рече, во иднина фестивалот ќе чекори и кон модерни, побогати и разновидни уметнички достигнувања.

Денеска, на денот кога оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ во 1961 година го означи почетокот меѓународниот фестивал Охридско лето, НУ Македонски народен театар на фестивалот му предаде биста на големата Ана Липша-Тофовиќ, дело на академик Димо Тодоровски, датирано во 1970 година, со наслов „Орфеј на Ана“. Бистата е излеана во бронза, со димензии 99х55х32 сантиметри.

Според директорката Поповиќ, бронзената биста за фестивалот претставува вреден спомен, кој секогаш ќе потсетува на нејзиното дело и на зборовите „да ни е вечно Охридско лето“.

„Нејзината благородна мисија е аманет за сите нас да го негуваме и одржуваме блесокот на оваа сцена. Вечно благодарни кон нејзиниот лик и дело, посакуваме да се слави овој ден уште многу години. Посакуваме уште многу блескави моменти на следните фестивалски изданија“, додаде Поповиќ.

Одбележувањето на шеесет и првиот роденден ќе продолжи и вечерва со голем концерт на етногрупата „Синтезис“ на Античкиот театар.

Претставникот на групата „Синтезис“, Ванчо Јовчев, рече дека е огромна честа да се настапува на фестивалската сцена на која во текот на годините настапиле врвни уметници од целиот свет.

Прикажи повеќе...

концерти

Најбрзиот пијанист на светот, Љубомир Мелник, првпат во Скопје

Објавено пред

МКЦ Скопје го најавува концертот на врвниот пијанист и композитор Љубомир Мелник, кој првпат доаѓа во Скопје на специјална локација, во зградата на скопската легендарна „Пошта“! Концертот е на 22 август во 21 часот во „Пошта“.

Маестро на континуирано пијано

Љубомир Мелник е еден од најфасцинантните пијанисти и композитори на нашето време. Беше наречен пророк на пијано поради неговата животна посветеност на инструментот и за неговата работа во поместувањето на границите на тоа што може да се направи со него. Во средината на 70-тите, додека живееше во Париз, тој создаде континуирана музика – тотално нов јазик за пијано, кој бара неверојатни технички способности, кои го користат целиот природен глас на пијаното. Може веднаш да се препознае дека оваа музика е основана во традиционалната класична техника за пијано, со сеќавање на Лист и Брамс, но исто така содржи многу влијанија од источната филозофија, како и минималната музика, комбинирајќи ги во прекрасна мешавина на модерни романтични хармонии и мелодии.

Користејќи ги неговите извонредни пијано-способности за да генерира над 19,5 ноти во секунда во секоја рака, тој е најбрзиот пијанист некогаш снимен. Од раните 70-ти произведе неверојатен опус од повеќе од 120 дела, повеќето за соло или двојно пијано и отвори целосно нови патеки во современата музика.

Билетите се во многу ограничен број. Достапни на билетарница во МКЦ и онлајн за цена од 500 денари.

Прикажи повеќе...

Култура

„Наша вечер во Охрид“ со Иван Босиљчиќ вечерва на Охридско лето

Објавено пред

„Наша вечер во Охрид“ е насловот на програмата што вечерва во рамките на Охридско лето ја носи големиот и признат драмски уметник и актер Иван Босиљчиќ од Србија.

„Нашата вечер во Охрид“ е нова програма, специјално составена за долгоочекуваната средба со публиката на фестивалот Охридско лето. Стиховите на Бодлер, Есенин, Блаже Конески, Анте Поповски, Алекса Шантиќ, Милан Ракиќ – ќе бидат обоени со гитарската вибрација на фадо-звукот, ориентот и класичните ноти. За тоа ќе биде задолжен професорот по класична гитара и композитор Горан Ковачиќ, како и маестро Зоран Стојановиќ, кој веќе три децении живее во Португалија, од каде што со себе го носи искуството од настапите и соработките со ѕвездата на фадо-музиката Дулче Понтес.

Повеќе од една деценија Босиљчиќ, покрај богатата театарска и интернационална филмска кариера, е посветен на изведбата на авторски поетски проекти. Како голем почитувач на српската и на светската литература, тој креира и изведува интимни театарски исповеди, раскажани низ стиховите на големите поети. Со голем успех неговите претстави се изведувани во голем број театри и концертни сали во целиот Балкански Регион – почнувајќи од белградскиот Дом на синдикатите и операта „Мадленијанум“ преку Македонската опера и балет и Универзалната сала во Скопје, Новосадскиот национален театар и многу други, а успешно се претставува и во: Австрија, Шведска, Швајцарија, Норвешка, Исланд и во Канада.

Возбудата што ја носат неговите претстави е уникатен спој на драмска претстава и концерт, форма што е посебна и ретко видена на нашите простори.

Програмата на Босиљчиќ ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија2 часа

Пожарот во Пехчево засега не може да се гасне со хеликоптери, леталата се вратиле назад

Петте хеликоптери, два македонски и три српски, кои беа пратени да го гаснат пожарот во Пехчево, се враќаат назад. Ова...

Македонија3 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија3 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија4 часа

(Видео) Пожарот во Пехчево се шири и накај Беровско, локалните власти бараат помош од жителите

Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, попладнево преку социјалните мрежи упати порака со која алармира за сериозноста на силниот пожар...

Македонија4 часа

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија7 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ9 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион11 час

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа11 час

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија12 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија12 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион12 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет13 часа

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ1 ден

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија1 ден

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија1 ден

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија1 ден

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Досие