Контакт

Култура

Почнува фестивалот на европски филм „Синедејс“

Објавено пред

Од денес почнува јубилејното 20-то издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“ и ќе трае до 21 јули.

Фестивалот ќе биде отворен во 21часот во Градски парк со филмот „Анет“ во режија на Леос Каракс.

Во 23 и 30 часот во рамки на cinEmusic програмата во паркот кај МКЦ концерт ќе има групата „Бела техника“, основана во 2016 година од двајца членови на култниот белградски бенд „Дарквуд Даб“: гитаристот Бојан Дробац – Бамби и басистот Милорад Ристиќ – Мики. На двајцата им се приклучува и оперската пејачка Катарина Јовановиќ.

Билетите за 20. „Синедејс“ чинат 100 денари, за сите концерти и филмови, освен за филмовите од POP-UP кино, кои се бесплатни.

Со секој купен билет за филм, има и пропусница за cinEmusic програмата предвидена за тој ден.

Култура

Роденденска торта и концерт на „Синтезис“ за 61. роденден на Охридско лето

Објавено пред

Со роденденска торта, што свечено ја пресече министерката за култура на Република Северна Македонија, Ирена Стефоска, НУ Охридско лето денеска го одбележа 61. роденден.

Директорката на фестивалот Охридско лето, Наташа Поповиќ. на денешната прес-конференција рече дека богатата историја на фестивалот е доказ за влогот на многу генерации и нивните напори да се исткае успешната приказна на врвната културна сцена.

„Секоја година 40-те фестивалски дена се празник на уметноста. Охридско лето носи околу 1.000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од сите земји во светот. И во време на пандемија успеавме да ја продолжиме традицијата, да го задржиме квалитетот и да ги донесеме најдобрите домашни и светски уметници. Особено се гордеам што и покрај здравствената криза предизвикана од Ковид-19, успеавме оваа манифестација да не изгуби од својот квалитет. Напротив, продолживме и го надградивме квалитетот за што добивме и многубројни пофалби како од нашата верна публика така и од уметниците што се дел од програмата“, рече Поповиќ, која најави дека традицијата ќе продолжи, но, како што рече, во иднина фестивалот ќе чекори и кон модерни, побогати и разновидни уметнички достигнувања.

Денеска, на денот кога оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ во 1961 година го означи почетокот меѓународниот фестивал Охридско лето, НУ Македонски народен театар на фестивалот му предаде биста на големата Ана Липша-Тофовиќ, дело на академик Димо Тодоровски, датирано во 1970 година, со наслов „Орфеј на Ана“. Бистата е излеана во бронза, со димензии 99х55х32 сантиметри.

Според директорката Поповиќ, бронзената биста за фестивалот претставува вреден спомен, кој секогаш ќе потсетува на нејзиното дело и на зборовите „да ни е вечно Охридско лето“.

„Нејзината благородна мисија е аманет за сите нас да го негуваме и одржуваме блесокот на оваа сцена. Вечно благодарни кон нејзиниот лик и дело, посакуваме да се слави овој ден уште многу години. Посакуваме уште многу блескави моменти на следните фестивалски изданија“, додаде Поповиќ.

Одбележувањето на шеесет и првиот роденден ќе продолжи и вечерва со голем концерт на етногрупата „Синтезис“ на Античкиот театар.

Претставникот на групата „Синтезис“, Ванчо Јовчев, рече дека е огромна честа да се настапува на фестивалската сцена на која во текот на годините настапиле врвни уметници од целиот свет.

Прикажи повеќе...

концерти

Најбрзиот пијанист на светот, Љубомир Мелник, првпат во Скопје

Објавено пред

МКЦ Скопје го најавува концертот на врвниот пијанист и композитор Љубомир Мелник, кој првпат доаѓа во Скопје на специјална локација, во зградата на скопската легендарна „Пошта“! Концертот е на 22 август во 21 часот во „Пошта“.

Маестро на континуирано пијано

Љубомир Мелник е еден од најфасцинантните пијанисти и композитори на нашето време. Беше наречен пророк на пијано поради неговата животна посветеност на инструментот и за неговата работа во поместувањето на границите на тоа што може да се направи со него. Во средината на 70-тите, додека живееше во Париз, тој создаде континуирана музика – тотално нов јазик за пијано, кој бара неверојатни технички способности, кои го користат целиот природен глас на пијаното. Може веднаш да се препознае дека оваа музика е основана во традиционалната класична техника за пијано, со сеќавање на Лист и Брамс, но исто така содржи многу влијанија од источната филозофија, како и минималната музика, комбинирајќи ги во прекрасна мешавина на модерни романтични хармонии и мелодии.

Користејќи ги неговите извонредни пијано-способности за да генерира над 19,5 ноти во секунда во секоја рака, тој е најбрзиот пијанист некогаш снимен. Од раните 70-ти произведе неверојатен опус од повеќе од 120 дела, повеќето за соло или двојно пијано и отвори целосно нови патеки во современата музика.

Билетите се во многу ограничен број. Достапни на билетарница во МКЦ и онлајн за цена од 500 денари.

Прикажи повеќе...

Култура

„Наша вечер во Охрид“ со Иван Босиљчиќ вечерва на Охридско лето

Објавено пред

„Наша вечер во Охрид“ е насловот на програмата што вечерва во рамките на Охридско лето ја носи големиот и признат драмски уметник и актер Иван Босиљчиќ од Србија.

„Нашата вечер во Охрид“ е нова програма, специјално составена за долгоочекуваната средба со публиката на фестивалот Охридско лето. Стиховите на Бодлер, Есенин, Блаже Конески, Анте Поповски, Алекса Шантиќ, Милан Ракиќ – ќе бидат обоени со гитарската вибрација на фадо-звукот, ориентот и класичните ноти. За тоа ќе биде задолжен професорот по класична гитара и композитор Горан Ковачиќ, како и маестро Зоран Стојановиќ, кој веќе три децении живее во Португалија, од каде што со себе го носи искуството од настапите и соработките со ѕвездата на фадо-музиката Дулче Понтес.

Повеќе од една деценија Босиљчиќ, покрај богатата театарска и интернационална филмска кариера, е посветен на изведбата на авторски поетски проекти. Како голем почитувач на српската и на светската литература, тој креира и изведува интимни театарски исповеди, раскажани низ стиховите на големите поети. Со голем успех неговите претстави се изведувани во голем број театри и концертни сали во целиот Балкански Регион – почнувајќи од белградскиот Дом на синдикатите и операта „Мадленијанум“ преку Македонската опера и балет и Универзалната сала во Скопје, Новосадскиот национален театар и многу други, а успешно се претставува и во: Австрија, Шведска, Швајцарија, Норвешка, Исланд и во Канада.

Возбудата што ја носат неговите претстави е уникатен спој на драмска претстава и концерт, форма што е посебна и ретко видена на нашите простори.

Програмата на Босиљчиќ ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Се бара прогласување на кризна состојба на целата територија на државата

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека дека Групата за процена попладнево одржала седница на која поради зголемениот обем на...

Македонија5 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија7 часа

Пожарот во Пехчево засега не може да се гасне со хеликоптери, леталата се вратиле назад

Петте хеликоптери, два македонски и три српски, кои беа пратени да го гаснат пожарот во Пехчево, се враќаат назад. Ова...

Македонија8 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија8 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија9 часа

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија12 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ14 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион16 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа16 часа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија17 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија17 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион17 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет18 часа

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ1 ден

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија1 ден

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија2 дена

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија2 дена

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија2 дена

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Досие