Контакт

Култура

По повод Светскиот ден на театарот, 27 март, МНТ ги отвора вратите за сите граѓани

Објавено пред

По повод Светскиот ден на театарот, 27 март, Македонскиот народен театар ги отвора вратите за сите граѓани.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во која играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски.

Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската порака од Самиха Ајуб, египетска актерка, и македонската порака од Теута Ајдини-Јегени, актерка.

Билетите се подигнуваат на денот на изведбата од 14:00 часот на билетарницата на МНТ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

ДФРМ: Намената на извештајот за работењето на Агенцијата за филм е да се изврши директен атак врз кинематографијата

Објавено пред

Намената на извештајот за работењето на Агенцијата за филм е да се изврши директен атак врз кинематографијата, велат од Друштвото на филмските работници.

dobivaj vesti na viber

Нивното соопштение го пренесуваме во целост:

„Со формирањето на работна група за утврдување на состојбите во Агенцијата за филм составена од лица вработени во министерството, во време на техничка влада, која нема никаква надлежност да постапува и да утврдува состојби, а уште помалку да се става во функцијата над Државниот завод за ревизија, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерката во заминување, уште еднаш потврди дека доследно и до крај, е гробар на македонскиот филм и македонската култура.

Овој чин не може поинаку да се протоклува, освен дека е постапување по налог, бидејќи целиот извештај на оваа работна група е повторно прераскажување на смешните тези на Милчо Манчевски, за кои многукратно се покажа дека се фабрикувани.

Веќе нема никакви сомнежи дека главниот генератор на ова „кризно сценарио“ е токму Манчевски, бидејќи тој, овој извештај го цитираше во јавноста, неколку дена пред самиот да го објави во целост.

Дали ова негово здружување со Костадиновска Стојчевска, а потпомогнато од неговата блиска пријателка – државниот советник Весна Илиевска, која е автор на споменатиот извештај, укажува на концентрација на моќ чија единствена цел е реваншизам кон успехот на домашната кинематографија и афирмирање на лажната неприкосновеност на Манчевски?

Зошто во извештајот, кој е изработен во април и мај 2024, не постои информација за потпишувањето на пред-договор со Банана филм за филмот “Биста” на Манчевски, кое се случи во средината на мај, спротивно на одлуката на Управниот одбор на Агенцијата за филм која е се уште на сила, а потврдена од Вишиот управен суд, за стопирање на финансирањето на проектите на оваа продукција?

Овие чудни, насилни и избрзани реакции, евидентно укажуваат на намера да се уништи македонскиот филм, да се уништат македонските филмски продукции, да се уништи Друштвото на филмски работици, а особено да се разединат продуцентите од секцијата Продукија при ДФРМ, кои веќе втора година по ред водат сизифовска борба со Агенцијата за филм и Министерството за култура, барајќи еднаков третман на сите продуценти и подобри услови за филмските професионалци.

Уште еднаш потенцираме дека во ДФРМ, по пријави од страна на Манчевски поминаа сите можни инспекции од министерството за култура, финансиската полиција, Државниот завод за ревизија, Комисијата за спречување корупција и како што е евидентно и познато, кај нас е се чисто!

Ја информираме јавноста дека по изјавите во медиумите, во кои се пласирани невистини, ДФРМ ќе поднесе тужба за клевета, а ќе ги разгледа и елементите за кривична пријава поради фабрикување на информации од страна на одговорните лица во Министерството за култура.

Го повикуваме идниот Министер за култура Зоран Љутков, приоритетно да ги расветли до крај сите овие клевети кои стигнуваат од ресорното министерство, со надеж дека час поскоро филмските работници ќе можат да здивнат од овие лоши бирократски сценарија и да се фокусираат на нивната работа, филмот, најголемиот амбасадор на нашата култура“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Култура

Скопско лето: „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески на 24 јуни во Националната опера и балет

Објавено пред

Во рамките на фестивалот Скопско лето, претставата „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, ќе биде изведена на 24 јуни во 20:30 часот , на малата сцена во Националната опера и балет во Скопје. Претставата е копродукција помеѓу штипскиот театар и „Моушн нетворк“, а е поддржана од Министерството за култура. Улогите ги толкуваат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов.

dobivaj vesti na viber

Сценографија е на Трајчов Ѓаурски и на режисерот Ризески, костимите се колективно дело, а музиката е на Антонио Ристески. Кореографијата е на Бојан Мицев, за плакатот се погрижи Александар Вржалски, а фотограф е Александар Ефремов.

Во драмата „Лекција“ според авторот Ежен Јонеско, концептот на целата претстава се состои во самиот наслов кој е надополнување на делото: „сеЛекција“. До него се стигна оправдувајќи го апсурдниот сам по себе лик на „Професорот“, оправдувајќи го исто така и самиот апсурд како израсно средство на најпознатиот по тоа апсурден автор, велат од тимот.

Модерен крој добива силниот концепт на авторот поаѓајќи од неговиот штоф преку режисерската призма во која јасно се говори за денешните општествени проблеми од образовен како и од напреден поглед на луѓето. Критиката е истакната преку луцидната мисија на професорот кој неможејќи да се справи со новата генерација решава макивејалистички да направи избор и селекција на читавите од нечитавите суштества на планетата земја – вршејќи на некој начин – потполен од негов аспект – оправдан геноцид. Физичкиот театар работен по стилот и правецот на Мејерхолд добива присуство во играта како симболично изразно средство генерално на главниот лик во претставата, истакнувајќи ја неговата агресивност во делото, која се засилува сè повеќе од почетокот до крајот на играта. Исто така со неа прогресираат и самите кореографии кои се се поистакнати кон крајот и поинтензивни. Апсурдното на прв момент изгледа и невистинито – сè додека не започнеме да се бавиме со него

Прикажи повеќе...

Култура

Почесна „Златна рамка“за актерот Тони Михајловски, продуцентот Владимир Анастасов – Вац, и филмскиот работник Марина Колоска: Утре почнува 6. издание на филмската ревија на новиот македонски филм

Објавено пред

Во рамки на тридневната програма на филмската ревија „Златна рамка“ , која започнува утре на , на 19 јуни, на свечената церемонија почесни награди ќе им бидат доделени на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија:

dobivaj vesti na viber

Тони Михајловски, истакнат филмски актер: Роден на 30 јуни 1967 г., во Куманово. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин (1993). Од 1994 до 1999 г. работи во Македонскиот народен театар, а потоа преминува во статусот слободен уметник. Во 2013 г. повторно се враќа во Македонски народен театар – Скопје.

Владимир Анастасов – Вац, продуцент, ќе ја добие наградата за истакнат филмски автор. Анастасов дипломирал на катедрата за Филм, Театар и ТВ продукција при Факултетот за драмски уметности во Скопје, Македонија. Во декември 2002 година, ја основа продуцентската куќа “Сектор филм“, во чии рамки е продуцент на голем број наградувани филмови, прикажани на меѓународни филмски фестивали.

Марина Колоска, истакнат филмски работник: Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот камера. Во периодот од 2000 до 2004 година, својот кариерен пат го гради како дел од тимот на Македонската Радио Телевизија (МРТВ). До сега, Колоска била прв асистент на камера на над 60 кратки и играни филмови.

Шестото издание на “Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 18. до 20. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Филмските ентузијасти ќе може да ги проследат најновите филмски остварувања на домашните филмски таленти. Филмската ревија “Златна рамка“ ќе започне традиционално, со свеченото собрание на ДФРМ, по што ќе следува богата тридневна филмска програма. Иницирана како дел од стратешката програма за афирмирање на филмската уметност и домашната продукција, „Златна рамка“ се етаблира како клучен настан за промоција на македонската кинематографија. Примарната цел на фестивалот е транспарентно да ја претстави годишната продукција, а со тоа да го подобри квалитетот на проектите и да генерира интерес кај домашната публика и медиумите.

Исто така, оваа филмска ревија нуди платформа за филмските професионалци да разговараат за релевантни прашања и да ги споделат нивните достигнувања. Во текот на следните три дена, „Златна рамка“ ќе служи како енергично место за средба на филмаџиите, актерите и кино ентузијастите. Присутните може да очекуваат да уживаат во програма со различни долгометражни филмови, кратки и документарни филмови од најновата македонска филмска продукција. „Златна рамка“ ја симболизира основната кинематографска „рамка“, суштинската единица на филмската технологија. Оваа филмска ревија која веќе традиционално се одржува секоја година, продолжува да ги промовира македонските филмски дела и да придонесува за енергичниот културен дијалог што ги надминува лингвистичките и културните граници.

ПРОГРАМА

Долгометражни филмови:

– 18 јуни, 20:30 часот: “Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова, во продукција на “ДНФ филмска продукција“.

– 20 јуни, 20:00 часот: “Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов, во продукција на “Мајнд продукција“.

– 20 јуни, 22:00 часот: “Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски, во продукција на “Лист продукција“.

Краткометражни филмови:

На 19 јуни во 18 часот ќе бидат прикажани девет кратки филмови. На програмата се остварувања на режисерите: Александра Кардалевска, Ангела Димеска, Јован Саркањац, Јане Спасиќ, Ѓорче Ставрески, Сандра Георгиева, Сабедин Селмани, Берат Асани, Јане Алтипармаков и Гоце Трајковски.

Документарна програма:

– 18 јуни, 18:00 часот: “Бисер“ во режија на Драган Кумев, “Кумев Бротхерс продукција“.

– 18 јуни, 18:00 часот: “Последниот каубој на Балканот“ во режија на Сабедин Али, во продукција на “Визиони Плус д.о.о.е.л.“.

– 19 јуни, 12:00 часот: “Живот на крстосница“ (Недопирливи) од Зоран Димов, во продукција на “Супер Продукција БТР“ и „Емигрант сум или…“ од Сенад Абдули, “Арнел Продакшн д.о.о.е.л.“.

– 20 јуни, 18:00 часот: “Дневник по многу години“ (Јанsа) во режија Никола Т. Калајџиски, а во продукција на “Контраст Филм“. Социјална програма „Фокус“: Специјални проекции кои ќе се одржат на 20 јуни во Домот за стари лица “Мајка Тереза“ за публиката која не може да го посети киното “Фросина“.

Дополнителни настани:

– 19 јуни, 20:00 часот: Презентација на филмската камера на “Sony“.

– 20 јуни, 12:00 часот: Трибина на тема “Зачувување на аудиовизуелното наследство“ на која учествуваат експерти како Владимир Ангелов, проф. Владимир Павловски, Игор Старделов и Роберт Јанкуловски.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Бомбашки напад во Црна Гора, убиени двајца припадници на озлогласен мафијашки клан

Две лица загинаа, а три се повредени утринава на Цетиње во Црна Гора, кога била активирана експлозивна направа во близина...

Македонија5 часа

Мицотакис: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за прашањето на името

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за радиото „Реал фм“ го коментира ставот на мандатарот за формирање влада, Христијан Мицкоски,...

Македонија5 часа

Мицкоски: Поднесовме предлог-измени на Законот за енергетиката по скратена постапка, со кој нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата

Изминативе денови во јавноста една тема ги разбранува страстите и оправдано, тоа беше цената на електричната енергија, која практично ќе...

Спорт6 часа

ФФМ од Даку побара да ѝ се извини на македонската држава, а од УЕФА да го казни албанскиот репрезентативец

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по повод навредите кои од теренот на стадионот во Хамбург, ги испрати албанскиот репрезентативец...

Македонија7 часа

Сè повеќе повици за присуство на змии во Македонија, ЦУК со апел за внимателно движење во природа

На секои неколку дена има пријава за змии и во населени места. Центарот за управување со кризи информира дека во...

Македонија9 часа

25-годишен војник почина на Криволак, му се слошило за време на марш

Дваесет и петгодишен професионален војник почина на полигонот Криволак за време на марш кога му се слошило. Се работи за...

Спорт9 часа

(Видео) Албанскиот репрезентативец Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Албанија и Хрватска, вчера во Хамбург, одиграа одличен натпревар. Заврши 2:2, откако Хрватска направи пресврт по водството на Албанија, а...

Свет9 часа

Семејствата на жртвите бараат од „Боинг“ отштета од рекордни 25 милијарди долари

Семејствата на жртвите на двете несреќи на „боинг 737 макс“ побараа повторно судење и отштета од 24,8 милијарди долари за...

Македонија10 часа

Елфете Исмаили oд Алијансата е кандидат за заменик-министер за одбрана, а Флакрон Беџети за заменик-министер за земјоделство

Крилото на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците одржа состанок, на кој се разговараше за изборот на кадрите за идната...

Македонија11 часа

Сончево и многу топло време со температура до 40 степени

Времето денес ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен...

Топ21 час

Исчезнаа седум Непалци кои работеле во скопски фирми

Седум лица од Непал исчезнаа во текот на вчерашниот ден. Според информациите, тие работеле во две скопски фирми, а им...

Македонија1 ден

Вонреден наздор во битолската болница и детската клиника по смртта на бебето

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор...

Економија1 ден

Мицкоски: По формирање на владата ќе ја разгледаме можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за намалување

Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги...

Економија1 ден

Бислимоски: Во однос на регионот, Македонија е една од земјите со највисоки загуби на вода

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски кажа дека загубите на вода во Македонија се некаде околу 62 проценти на ниво на...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Липково, загина 19-годишник

Вчера во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во село Оризаре, липковско,...

Македонија1 ден

Прегазена мечка на патниот правец Гостивар – Охрид

Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна...

Македонија1 ден

Петмина осомничени за насилството во дворот на Клиничкиот центар: со клоци и тупаници, со метални шипки, дрвени палки претепале едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично...

Регион1 ден

Три земјотреси за неколку минути го погодија Крит

Три земјотреси со јачина од 3, 3,4 и 3 степени според Рихтеровата скала се случија во раните утрински часови во...

Европа1 ден

(Видео) Руски нуклеарни подморници лансираа проектили, целта била оддалечена 170 километри

Подморници на руската северна флота со нуклеарен погон лансираа крстосувачки ракети кон морските цели како дел од вежбите во Баренцовото...

Свет1 ден

Путин го нападна Западот во разговорот со Ким, лидерот на Северна Кореја порача: Ова е историски момент

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна синоќа во својата прва посета на Северна Кореја по 24 години, ветувајќи дека ќе ги...