Контакт

Култура

Премиера на „Елешник“ во велешкиот театар

Објавено пред

В петок, на 26 октомври, на Големата сцена, со почеток во 20 часот театарот „Јордан Х.К-Џинот“ од Велес премиерно ќе ја изведе претставата „Елешник“ од Југослав Петровски, во режија на Елеонора Теова.

„Елешник“ е претстава за дадениот збор, за образот и чесноста на една бескрајна љубов кои стануваат робови притиснати од стегите на лакомоста, отуѓеноста и лошото влијание на „брзото живеење”.

„Немоќниот човек, робот со одземена самодоверба, лажно ја црта својата среќа. Среќа изградена од материјални добра, далечна, надвор од ‘себеси’. Таму некаде. А чесноста останува чесност, со гордо крената глава, готова да се спротивстави на злото. Да го претвори во љубов, мракот во светлина, грдосијата во убавина, чекањето во ‘постоење'”, потенцира режисерката Елеонора Теова.

Оваа најнова продукција на велешкиот театар е дипломска претстава по театарска режија на Елеонора Теова на Факултетот за драмски уметности во Скопје, за која дизајнот го изработи Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов.

Во претставата настапуваат актерите Кети Борисовска, Андреј Серафимовски, Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски, Марина Поп-Панкова, Кирил Гравчев, Жарко Спасовски и Кристина Нацева.

Првата реприза на претставата е веќе закажана за во вторник, 30 октомври, во 20 часот. Билетите за истата се веќе во продажба на билетарницата на театарот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Во март македонска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

Објавено пред

Домаќин на македонската премиера на филмот на Теона Стругар-Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на 15 март ќе биде градското кино „Милениум“ во Скопје.

На премиерата режисерката ќе има свое обраќање пред скопската публика.

Овој филм беше нашиот единствен претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал. Истиот веќе ја освои светската филмска критика и доби две престижни награди на реномираната манифестација Ecumenical Award и Guild Film Prize.

Првата награда, Ecumenical Award, се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Втората награда со која се закити филмот е Guild Film Prize која ја доделуваат членови на жири-комисија кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија AG Kino – Gilde e.V, а воедно се и менаџери на арт-кина.

Одличен одзив од публиката и критиката на овогодишното издание на Берлиналето имаше и за главната актерка, Зорица Нушева. Покрај неа, во филмот се појавуваат и Стефан Вујисиќ, Петар Мирчевски, Симеон Мони Дамевски и други.

Билетите за македонската премиера ќе може да се набават по цена од 150 денари.

Прикажи повеќе...

концерти

„Суперхикс“ со нов спот во пресрет на концертот по повод 25 години постоење

Објавено пред

Инструменталната банда „Суперхикс“ на трети март во Младинскиот културен центар во Скопје ќе одбележи 25 години од својот прв настап во некогашниот „Доорс“ во Дебар Маало, во сега веќе далечната 1994 година.

Тие во целото свое постоење се поклонуваат на специфичниот ритам и музика кои го исполнуваат секој кој ќе ги слушне хитовите „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“ и многу други.

Својот раст и својот развој, задржувајќи го тоа што секогаш ги прави тоа што се, „Суперхикс“ го негуваат и во „Модерна љубов“, сингл чие видео денеска излезе во јавност и може да се види и слушне на следниов линк.

Видеото и песната „Модерна љубов“ се снимени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски од Скопје и за прв пат како редовен и нов член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури.

На овој начин, „Суперхикс“ се враќа, верен на својот стил, пред одбележувањето на својата 25-годишнина.

Од групата информираат дека билетите за настапот во МКЦ се на работ на распродавање и повикуваат оние кое сакаат да присуствуваат на шоуто да побрзаат со набавката на истите.

 

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба Level 50 на Тони и Емил Шулајковски

Објавено пред

Во галеријата „Акантус“ во Скопје, на 22 февруари (петок), со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата на слики Level 50 на ликовните уметници Тони и Емил Шулајковски.

По деветнаесет години, браќата близнаци повторно заедно ѝ се претставуваат на скопската публика со отворање на изложба, прославувајќи го својот педесетти роденден. Проектот содржи педесет слики, по дваесет и пет од секого.

Предговорот за каталогот на изложбата го напиша Дијана Томиќ-Радевска, ликовна уметница и куратор во галеријата „Акантус“.

За љубителите на ликовната уметност изложбата ќе биде отворена до 20 март годинава, секој ден, освен понеделник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија18 минути

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шутка

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија56 минути

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Европа2 часа

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија2 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија2 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија12 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија15 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија15 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија17 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија18 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија18 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ20 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија20 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Крвав четврток21 час

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во...

Македонија21 час

(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња

По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се...

Досие