Контакт

Култура

Премиера на „Пиреј“ во прилепскиот театар

Објавено пред

Утре во 20:00 часот на сцената на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе се изведе премиерата на претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Оваа претстава претставува второ поставување на култниот роман „Пиреј“ од Петре М. Андреевски на театарска сцена. Првата реприза е закажана за 28.4.2018 во 20.00 часот.

Претставата преку паралелни сцени кои ги отсликуваат животните приказни на сопружниците Јон и Велика, еден на фронт, а друг во селото, дава две перспективи на човековата деструкција поради општествени, социјални и политички причини.  Ликот на Велика е симбол за секоја македонска жена од тоа време која постојано добива безмилосни судбински удари, војната и зема сѐ, а таа пак продолжува да се бори. Од друга страна, како сведок и учесник во најгрдите настани на фронтот, Јон станува ѕвер. Кога Јон е доведен во ситуација да го зароби сопствениот брат, дадена е јасна слика на принудното братоубиство на овие простори и апсурдот на човечката судбина. Приказна која има документаристичка основа раскажана на народен јазик, во која се проткајуваат детали за животните навики, но во исто време е силна слика за поединецот и неговото уништување во време на војна.

Музиката  е на Димитар Андоновски, костимите ги изработи Андреј Ѓоргиевски, додека, пак, сценографијата е дело на Валентин Светозарев. Драматизацијата ја изработи Љупчо Ѓеоргиевски во соработка со драматургот Ивана Нелковска. Во претставата играат Марија Спиркоска Илиjеска, Александар Степанулески , Катерина Чакмакоска Клинческа, Зоран Иваноски, Игор Трпчески, Марјан Чакмакоски, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Даниела Иваноска, Димитар Црцороски, Михајло Миленкоски, Најдо Тодески, Трајче Иваноски, Александар Тодески, Андон Јованоски ,Виолета Чакарова, Цветанка Чавлеска, Димитар Вандески, Виктор Мирчески, Давид Папазоски, Даниел Трајкоски, Фросина Богеска, Андреј Димитриовски, Илина Стефаноска, Александар Ристески, Надица Ѓорѓијоска, Илин Ристески и Георгина Апостолоска.

Претставата „Пиреј“ е од годишната програма за работа на НУЦК„Марко Цепенков“ – НТ „Војдан Чернодрински“, поддржана од Министерството за култура.

Култура

Трето издание на интермедијалниот фестивал „ArtArea“ од 24 до 26 јануари

Објавено пред

Од 24 до 26 јануари во „Кино култура“ ќе се одржи третото издание на интермедијалниот фестивал „ArtArea“, во организација на издавачката куќа Бегемот.

„ArtArea“ цели кон воспоставување жива платформа за поврзување и дијалог меѓу авторите во различните културни домени и тенденции, спојувајќи ги во богата културна програма за време на три фестивалски дена.

„Истовремено, програмата сака да овозможи средба и спојување на сегментираната публика што ја генерираат прилично атомизираните области на културата. Во таа смисла, фестивалската заложба е да се обогати, но и да се преиспита значењето на современите културни практики. Со ова, проектот како свои клучни приоритети ги поставува културната интегративност и творечката интермедијалност, кои се покажуваат како нужни предуслови за развивање новаторска, богата и добро вмрежена култура“, велат организаторите.

Фестивалот е поддржан од Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Од денеска почнува репертоарот за 2020 година во Театар „Комедија“

Објавено пред

По три седмици пауза, од денеска почнуваат да се играат претставите во Театар „Комедија“. По заслужениот зимски одмор, Театар „Комедија“ повторно ги отвора вратите за публиката. Вечерва, со претставата „Жена ми се вика Борис“, ќе почне редовниот репертоар за оваа година со наслов „Комедија 20 20“.

На репертоарот во јануари, освен вечерашната изведба, публиката ќе може да ги гледа и претставите: „Жени пред нервен слом“, „Стјуардеси“, „Боливуд, „Вечера за глупаци“, „Човек, ѕвер и доблест“, „Не сега, драга“ и ,,Вардарски пастуви“. Од управата на Театарот известуваат дека речиси сите билети за јануарскиот репертоар се веќе распродадени.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Култура

Оперската претстава „Евгениј Онегин“ в петок во НОБ

Објавено пред

Оперската претстава „Евгениј Онегин“ ќе биде изведена в петок, 24 јануари, во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот.
Операта „Евгениј Онегин“ е жестока претстава за љубовта и страдањето. Eпска димензија на вечната потрага по љубовта, но и на вечниот круг на страдањето на Онегин, Татјана, Олга и Ленски… Работена е според поемата на најголемиот руски поет и основач на модерната руска литература Александар С. Пушкин и музика од Петар Илич Чајковски, во режија на Дејан Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костомографија Марија Пупучевска, кореографија Олга Панго.

Диригент е Иван Еминовиќ, а настапуваат: Марика Поповиќ, Сандра Митровска, Николина Јаневска, Соња Пендовска-Мадевска, Дарко Нешовски, Борис Трајанов, Евгениј Станимиров (Бугарија), Диме Петров, Борко Биџовски, Хорот, Оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Спорт1 час

(Видео) Словенците се близу до полуфинале на ЕП, Португалците го загубија чекорот

Ракометните репрезентативци на Словенија повторно им се вратија на победите на Европското ракометно првенство по слабата партија и поразот кој...

Регион3 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет4 часа

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија6 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија6 часа

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија7 часа

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија8 часа

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет8 часа

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет10 часа

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет10 часа

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија10 часа

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион11 час

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава13 часа

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Македонија23 часа

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија1 ден

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија1 ден

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија1 ден

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија1 ден

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет1 ден

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Досие