Контакт

Култура

Претставување избор поезија од Стефан Марковски на книжевен фестивал во Полска

Објавено пред

Избор поезија од современиот македонски поет, романсиер и драматург Стефан Марковски ќе биде претставен во рамките на фестивалот „Пронајдени во преводот“ во Гдањск, Полска.

dobivaj vesti na viber

Изборот со наслов Prędkość snu – A Dream’s Pace – „Брзина на сонот“ е објавен на полски, англиски и на македонски јазик, а преводот на полски јазик е направен од Зофија Дембовска.

Изборот на поезијата на Марковски ќе го промовира полската поетеса Хана Лозовска, а во рамките на истиот настан, кој ќе се одржи на 21 април во 13 часот во Европскиот центар за солидарност, ќе биде промовиран и избор поезија и од современата италијанска поетеса Лаура Капра.

Фестивалот Found in Translation е уникатен книжевен фестивал посветен пред сé на книжевно-преведувачката дејност. Годинава фестивалот ќе се одржи од 20 до 22 април. Наградата за превод „Тадеуш Бој-Желењски“ (Tadeusz Boy-Żeleński Translation Award), која во рамките на фестивалот ја доделува градоначалникот на Гдањск, е важно признание за уметноста на литературниот превод и таа им се доделува на секои две години на живи преведувачи од странска литература на полски јазик.

Фестивалот е организиран од страна на Градскиот културен институт (Instytut Kultury Miejskiej) и Градот Гдањск.

На овој фестивал свое учество зеле некои од најреномираните светски автори и добитници на Нобеловата награда за литература, како Адам Загајевски, Олга Токарчук, Вислав Мишливски, Анджеј Стасјук и други.

 

Култура

Отворање на изложбата „Кобалт Синергија” во МКЦ

Објавено пред

Во изложбениот простор Галерија МКЦ, на 23 февруари, петок, со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена ликовна изложба со наслов „Кобалт Синергија“.

dobivaj vesti na viber

На изложбата ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, ќе има проекција на видео ролна и два видео арт остварувања на учесникот во проектот Симон Гегај. Во содржината на видео ролните се и концептциските обзервации, во вид на записи на третиот учесник во проектот г-ѓа Корнелија Буклеска.

За изложените ликовни дела критички осврт ќе има проф. Владимир Величковски. За концептот на проектот „Кобалт Синергија“ новинарката и главен уредник на редакцијата за култура и уметност при Радио Скопје ќе каже: „Ова е приказна за кобалтот (како елемент и како боја) како и она за синергијата, па така и оваа нивна заедничка, е вечната вистина за животот кој не опстојува во праволиниско течение.“

Корнелија Буклеска, родена 1961 година во Скопје, дипломирала на катедрата за интердисциплинарни студии по журналистика при УКИМ. Уредник е во Редакцијата за култура и уметност на Радио Скопје.

Венко Цветков, роден 1955 година во Штип, академија за ликовни уметности завршил во Љубљана 1984 година. Живее и работи во Скопје.

Симон Гегај, роден 2005 година во Скопје, ученик во 4та година во државното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, на отсекот мултимедиа.

Изложбата трае до 3-ти март

Прикажи повеќе...

Култура

Министерството за култура: Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид

Објавено пред

„Продолжуваме посветено да ги исполнуваме препораките на УНЕСКО за заштита на Охридскиот Регион, и во таа насока е изготвениот Предлог на закон за измени и дополнувања на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значање. Со Предлог-законот кој Владата го утврди на денешната седница се предлага заострување на режимот на заштита на споменичката целина на Старото градско јадро согласно препораките и Одлуките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО и согласно Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион со Акциски план (2020-2029)“, велат од Министерството за култура.

dobivaj vesti na viber

„Најзначајна измена предвидена со Предлог-законот е дека до донесување на новите детални урнбанистички планови усогласени со режимот на заштита утврден во овој закон, не ќе може во Старото градско јадро на Охрид да се градат нови објекти, доградби и надградби.

Со тоа ќе се поттикнат надлежните органи да извршат ажурирање на геодетските подлоги за 19 урбани комплекси и да донесат нови детални урбанистички планови во кои ќе бидат вградени заштитно-кознерваторски основи со детално разработен режим на заштита согласно овој закон и согласно Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, со Акциски план (2020-2029).

Предлог-законот содржи одредби за специфичен режим на заштита на Старото градско јадро на Охрид и на неговата контактна зона, чија цел е да спречат дејства, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување, неповратно видоизменување, уништување или деградирање на споменичната целина.

Министерството за култура во соработка со Управата за заштита на културното наследство и со Завод и Музеј-Охрид пристапи кон изготвување на овој Предлог-закон постапувајќи по препораките на УНЕСКО и заканите кои се евидентирани во Извештаите на Реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО / ИКОМОС / ИУЦН од 2017 и 2020 година и во мноштво други релевантни извори.

Старото градско јадро на Охрид е составен дел од доброто заштитено како „Охридско природно и културно-историско подрачје од 1978 година, како и од „Природно и културно наследство на Охридскиот Регион“, впишано на Листата на светско наследство на УНЕСКО во 1979/80 година“, соопштува Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

Култура

Kонцерт во чест на Борис Трајковски во Националната опера и Балет

Објавено пред

На 26 февруари, со почеток во 20.30 часот, во Националната опера и Балет ќе се одржи комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски со соработниците под покровителство на Владата.

dobivaj vesti na viber

Диригент на концертот е Иван Еминовиќ, режисер на настанот е Љупка Јакимовска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.

Ќе настапат солистите од Националната опера и Балет: Сандра Митровска – сопран, Марика Поповиќ – мецосопран, Јаворка Витанова – солист од хорот, во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и Балет.

На програмата ќе се изведат дела од В. А. Моцарт, Р. Леонкавало, Џ. Верди и Р. Аврамовски.

Настанот ќе биде збогатен со видео и аудиосодржина за што се употребени материјали од архивската документација на МРТВ – документарецот „Верувам во Македонија“, како и фото и видеоматеријали обезбедени од Фондацијата „Борис Трајковски“.

Влезот за настанот е слободен, јавноста билетите ќе може да ги подигне најдоцна до 26.2.2024 до 17 часот на билетарницата на Националната опера и Балет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Пендаровски ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ, партиските тела ќе го гласаат на трети март

Актуелниот претседател Стево Пендаровски влегува во претседателска трка, извори од СДСМ потврдија за Макфакс. Оваа одлука на трети март ќе...

Македонија12 часа

Таравари сака претседателот да се избира во Собрание, а не на избори: „ДУИ да ја поддржи мојата кандидатура“

Кандидатот за претседател на Македонија од страна на албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари ги објави целите поради коишто се вклучил...

Македонија13 часа

Стевчо Јакимовски кандидат за претседател на Македонија

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе биде кандидат за претседател на Македонија, на предлог на неговата партија, ГРОМ....

Македонија13 часа

Гордана Силјановска-Давкова се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува на 2 март

ВМРО-ДПМНЕ објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска Давкова...

Македонија15 часа

Швајцарија дозволува движење со старите пасоши, а Босна не ги признава ниту старите лични карти, рече Османи

Државите самите одлучуваат како ќе се однесуваат во однос на валидноста на македонските пасоши, појасни министерот Бујар Османи. Одговарајќи на...

Македонија16 часа

„ФЗО ниту беше известен, ниту учествуваше во организацијата за транспортот со хеликоптер“, се огласија од Фондот за Леонид

Од ФЗОРСМ се огласија преку зоопштение и велат дека од првиот момент со внимание го следат случајот на Л.И. од...

Топ16 часа

Повторно дете нападнало дете во училишен двор во Карпош – случајот е во рацете на полицијата

Мајка од Скопје пријавила во полицијата дека пред два дена, околу 21.40 часот, син ѝ бил нападнат во училиштен двор...

Македонија17 часа

„Ахмети ќе ја соопшти големата вест“ – ДУИ најави обраќање во живо на „Фејсбук“

Демократската унија за интегрцаија (ДУИ) објави дека утре во 11 часот, партискиот лидер Али Ахмети ќе им се обрати на...

Топ17 часа

Брат пукаше во сестра си и во нејзините два сина во Куманово – две од лицата починаа

Три лица беа застрелани, а двајца починаа во кумановското село Габреш. Според информациите од МВР, зад убиствата стои Д. Ѓ....

Македонија18 часа

Костадиновска-Стојчевска: Да се поништи конзерваторското решение за зградата кај Воената болница

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до „Воена болница“ во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од...

Македонија19 часа

Цените за катастарските услуги удрија по џебот на граѓаните: поскапувањето не е 300 отсто, туку 90

Според претседателот на Комората на трговските друштва за геодетски работи, Никола Рибароски, најновите поскапувања на тарифниците на Агенцијата за катастар...

Македонија19 часа

Вкупно 56 потврдени случаи на голема кашлица, во следните недели се очекува зголемен број кај повозрасните

По денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести, претседателот Александар Петличковски рече дека состојбата со големата кашлица е под...

Македонија20 часа

Ковачевски се извини: Ги прифаќам сите реакции, не сакам да дојде време да се случува она што се случуваше до 2016

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, присуствуваше на почетокот на градежните работи на објектот Универзална сала, каде повторно им се извини...

Македонија23 часа

„Мицкоски опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога“, велат СДСМ

„Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога. Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и...

Македонија23 часа

„И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини...

Свет1 ден

Кина остро ги критикува САД поради ставеното вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Кина остро ги критикуваше САД дека ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара...

Европа1 ден

Западните лидери го обвинија Путин за смртта на Навални, Трамп не: „Можеше да остане настрана“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Алексеј Навални бил многу храбар човек кој веројатно не требало да се...

Свет1 ден

Ники Хејли: Трамп е премногу стар

Кандидатката за републиканска номинација Ники Хејли вети дека ќе ја продолжи својата претседателска кампања, велејќи дека нема намера да се...

Регион1 ден

(Видео) Протест во Албанија, фрлени „молотови коктели“ врз зградата на владата: „Го рушиме режимот на Рама“

Демонстрантите од опозицијата вчера фрлаа молотови коктели и камења врз зградата на албанската влада, обвинувајќи ги владините претставници за вмешаност...

Европа1 ден

Лукашенко: Десетици илјади војници на НАТО се распоредени во близина на Белорусија и Русија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека загриженоста за можниот почеток на Третата светска војна е целосно оправдана, пренесува руската...