Контакт

Култура

Проекција на „Годар: човекот филм“ на Сирил Лоти во МСУ го најавува фестивалскиот фокус на Филозофскиот филмски фестивал

Објавено пред

Вечерва, петок, 19 мај, со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност Скопје ќе биде прикажан филмот „Годар: човекот филм“, во најава на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал, што ќе се одржи од 2 до 9 јуни во Кинотеката.

dobivaj vesti na viber

Годинешниот фокус на ФФФ е посветен на францускиот филмски великан Жан-Лик Годар. Проекцијата воедно ја акцентира максимата на годишното 13. фестивалско издание, која гласи „Сè е филм, во множина“.

Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини и сосема посакуванa.

Режисерот на филмот „Годар: човекот филм“, Сирил Лоти, вели дека „она што најмногу привлекува и мотивира кај Годар е тоа што тој допушта сè: ги ослободува режисерите да бидат смели, да експериментираат, да ги предизвикуваат навиките“.

Маршрутата на Годар следи само една насока: постојано обновување на својата уметност. Креативниот чин го гледа како неопходен чин на критика и деконструкција. Годар во една пригода ќе рече: ‘Секогаш поаѓам од негативното. Јас сум позитивен човек, кој тргнува од негативното.’ Уметник кој неуморно се преосмислува и кој неизбежно се уништува. Документарниот филм што ќе биде прикажан во МСУ е видеопортретот што нè носи подалеку од клишеата на митот што некогаш станува и карикатура за да сретнеме човек посентиментален отколку што изгледа, човек опседнат, а понекогаш и надминат од својата уметност.

„Годар: човекот филм“ беше премиерно прикажан во програмата „Филмски класици“ (Venice Classics) на Венецискиот филмски фестивал во 2022 година.

Филозофскиот филмски фестивал, кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичката димензија на седмата уметност, годинава ќе се одржи од 2 до 9 јуни во Кинотеката на С. Македонија. Во рамките на ова фестивалско издание е предвидено да бидат прикажани 40-ина филм, 50-ина настани, ќе има 18 домашни и странски гости и 24 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“, која ќе се одржи во онлајн-формат (25 и 26 мај).

Богатата фестивалска програма е организирана во: Ревијална програма: филм-филозофија реализирана во партнерство со „Медија деск МК“, двете компетитивни програми: Официјална селекција на долгометражни филмови и Официјална селекција на краткометражни филмови, Придружна програма (со фокус Годар), Едукативна програма и Интернационална конференција „Филозофија и филм“, а Фестивалот работи и на два издавачки проекта.

Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија и ќе се одржи со поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура на РС Македонија во соработка со Кинотеката на С. Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, Амбасадата на Шпанија во Скопје, Амбасадата на Република Полска во Скопје, Музејот на современата уметност Скопје (ФФФ@МСУ), како и многубројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Совршен број“ на Кшиштоф Зануси вечерва премиерно на Филозофскиот филмски фестивал

Објавено пред

Пред самиот крај на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал, вечерва, во 18.30 часот, во Кинотеката, премиерно ќе биде прикажан филмот „Совршен број“ (2022) на Кшиштоф Зануси.

dobivaj vesti na viber

Легендарниот режисер, добитник на „Златен лав“ во Венеција во 1984 година, наградуван на Кан, Локарно, Берлин, Монтреал, Токио, Зануси, пристигнува во Скопје како гостин на Фестивалот, а публиката ќе има можност за дискусија по проекцијата. Зануси е еден од 40 основачки члена на Европската филмска академија, предводени од Ингмар Бергман.

Што да се избере помеѓу разумот, љубовта и верата? Со оваа дилема се соочуваат главните ликови во најновиот филм на светски познатиот режисер Кшиштоф Зануси („Структура на кристалот“, „Илуминација“, „Животот како фатална сексуално пренослива болест“ итн.)

Во интервју за нашите медиуми по повод неговото гостување на ФФФ, Зануси ќе рече „направив филм каде што поставувам прашања што ги нарекуваме филозофски или егзистенцијални и се надевам дека на овој фестивал ќе ги пронајдам публиката и критичарите кои би биле доволно паметни да се вклучат во ваква дебата затоа што просечниот филмски критичар денес е некој што има многу малку познавање од филозофијата и најчесто само ни кажува за дејството, но не и за мислата или рефлексијата поттикната од тоа дејство“.

Јоаким во „Совршен број“ е богат човек во години, кој не мора повеќе никому ништо да му докажува и кому му се приближува крајот на животот. Од друга страна, е младиот математички гениј Давид, кој ја напушта ветувачката деловна кариера во странство и бара да го покаже својот талент во Полска.

Зануси се навраќа на дел од најзначајните теми од неговото досегашно творештво, врските помеѓу науката, животот и вербата, овој пат презентирајќи ги во неочекувана форма на интелектуален трилер.

Вечерашната фестивалска програма продолжува во 21 часот во киното „Мирно лето“, каде што како дел од официјалната селекција на долгометражни филмови ќе биде прикажан „1976“ (2022) на Мануела Мартели.

На затворањето на Филозофскиот филмски фестивал, утре (петок, 9 јуни), во 20 часот, ќе бидат доделени наградите од стручното жири и како дел од ревијалната програма ќе биде прикажан филмот на Карлос Саура, награден од Канскиот филмски фестивал во 1976 година, „Змија во пазувите“. Кон филмот излагање ќе има Луис Мартин Аријас, редовен професор на Универзитетот во Валјадолид.

Филозофскиот филмски фестивал е еден од ретките филмски фестивали во светски рамки што продуктивно ги истражува плуриперспективните димензии на релацијата меѓу филозофијата и филмот.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на романот „Прости му на ѕверот“ од академик Божин Павловски

Објавено пред

Во паркот на „Матица ексклузив“, денес, 7 јуни, во 12 часот, академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, и академик Катица Ќулавкова, наш врвен поет и есеист, ќе го промовираат романот „Прости му на ѕверот“ од академик Божин Павловски. Тоа е третиот том на неговата „Трилогија на вознесот“, во која се и романите „Мемоари на задоцнетиот романтичар“ и „На пат за Ахасферија“.

dobivaj vesti na viber

Водител на програмата ќе биде актерката Арна Шијак.

„Прости му на ѕверот“ е 30-то книжевно дело на академик Божин Павловски. Покрај 24 романи, тој е автор на две книги со кратки раскази, три тома записи и колумни, како и на патoписната проза „Македонците отаде Екваторот“, според која беше снимен филмот „Австралија, Австралија“, кој во 1976 година беше апсолутен победник на Меѓународниот фестивал во Белград (гран при за режисерот Столе Попов, гран при за сценариото на Божин Павловски, гран при за камерата на Бранко Михајловски и гран при за продуцентот „Вардар филм“). Романите на Божин Павловски досега имаат стотина изданија на други јазици и многу повеќе на неговиот мајчин македонски јазик. Повеќето од тие дела се достапни на глобалниот англиски пазар во дигитална верзија преку едициите на „Киндл букс“.

Прикажи повеќе...

Култура

Универзалната сала и Град Скопје со јавен повик за програмски активности за манифестацијата „Бела ноќ“

Објавено пред

Оваа година ќе се одржи 19. издание на „Бела ноќ“ како препознатливо обележје на град Скопје за активности од областа на културата на територијата на централното градско подрачје, каде што ќе се одбележат уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани што ќе ја заинтригираат јавноста.

dobivaj vesti na viber

За таа цел, ЈУ Универзална сала – Скопје и Град Скопје распишаа јавен повик за учесници што се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.

Годинешното издание на „Бела ноќ“ ќе се одржи во првиот викенд на октомври 2023 на повеќе централни локации во градот Скопје.

На конкурсот може да се пријават уметници што сакаат да бидат дел од овој настан, а да творат во следните области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип); применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб-дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации; музика; филм; театар; јавна уметност; урбани изведби и перформанси.

Селекцијата ќе биде направена од страна на жири-комисија врз основа на поднесените апликации, а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт, информираат надлежните.

За учество во „Бeла ноќ“ потребно е да се пополни апликацијата за учество со следниве документи:

▪ Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата

▪ Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности, потенцијална локација

▪ Финансиска конструкција на проектот

За подетаљни информации за јавниот повик: документите во писмена форма може да се достават на адреса: бул. Партизански одреди 22 (зграда на Библиотеката „Браќа Миладиновци“) http://univerzalna.com.mk/belanok, [email protected] или на телефонскиот број 02 32 45 615.

Крајниот рок за пријавување е 23.6.2023 година

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нема атмосферска канализација што ќе ги апсорбира врнежите со ваков интензитет, вели градоначалникот на Делчево

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски вели дека се работи за голема елементарна непогода и дека ништо не можело да спречи...

Македонија2 часа

(Видео) Страотни сцени од Делчево под вода; Жителите: Да не се повтори

Делчево е под вода. Од фотографиите и видеата што се шират на социјалните медиуми може да се види што направило...

Македонија5 часа

Граѓаните на Косово и Албанија ќе се лекуваат по исти цени како и македонските, не биле странци тука, вели Меџити

Граѓаните на Косово и Албанија ќе се лекуваат со исти цени како и граѓаните на Македонија, рече министерот Меџити. „Косовските...

Македонија6 часа

Малтретирањето и тепањето во Бардовци се случувало со години, вели Меџити

Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека тоа што се случи во Психијатриската болница во Бардовци, не е ништо ново...

Македонија7 часа

Прогласена кризна состојба во затворот „Идризово“

Со одлука на Владата прогласена е кризна состојба во затворот „Идризово“ поради спречување безбедносни закани. Ова се случува по информациите...

Македонија7 часа

Осуден сум без докази и штета, со пристрасност на судијата и судир на интереси во предметот, рече Јанакиески за „Топлик“

Со 18 причини ексминистерот Миле Јанакиески ја убедуваше Апелација дека не е виновен за случајот „Топлик“, каде што затезна камата...

Македонија8 часа

Меџити: Првпат утринското кафе го испив со професорот Јовев, кога министер носи одлука, таа не се преиспитува

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, на денешниот отчет за сработеното во стоте дена откако е на функцијата, се пофали дека...

Македонија9 часа

Македонски државјанин осуден за убиство во Швајцарија извршено пред 24 години

Маж по потекло од Македонија е осуден во швајцарскиот град Бил за убиство извршено пред 24 години. Судот го осуди ...

Македонија11 часа

(Видео) Двајцата членови го напуштија Судскиот совет: врховната судијка укажа на незаконски одлуки, Герасимовски впери прст во превирањата

На судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова им престанаа мандатите во Судскиот совет. Едногласно беше донесена одлуката од сите членови....

Европа11 часа

(Видео) Избодени тригодишни деца, напаѓачот по потекло од Сирија – детали за страшниот напад во Франција

Најмалку осум лица, меѓу кои шест мали деца, утринава се избодени со нож во близина на игралиште во југоисточна Франција....

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски бараше, Ковачевски носи документ – но, недоволен да убеди да се направат уставните измени

Резолуцијата од голема европска земја, со која ќе потврдат признавање на македонскиот јазик, идентитет и култура, е недоволна за ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија12 часа

Фатен затвореник, кој од „Идризово“ побегнал пред осум години, се шетал во Аеродром

Полицијата фати затвореник, кој во 2015 година побегнал од затворот „Идризово“. Криминалецот бил најден синоќа во скопската населба Аеродром. Според...

Македонија12 часа

Заканите од кумановско Слупчане втор ден ги држат екипите на ЕВН надвор од селото во кое се краде 80 отсто од струјата на годишно ниво

Екипите на ЕВН втор ден не може да ја реконструираат дистрибутивната мрежа во село Слупчане посочувајќи дека нивните вработени добиваат...

Свет13 часа

Во поплавениот Херсон постои голема опасност од нагазни мини: „Лебдат кон градовите, не знаеме каде се“

Уривањето на големата брана во Херсон на југот на Украина ќе има катастрофален ефект врз лоцирањето нагазни мини, предупреди Меѓународниот...

Македонија13 часа

СДСМ: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени

Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени, дијалогот треба да продолжи за на крајот сите да изградиме заеднички...

Македонија13 часа

Судиите ќе ги образложат оставките пред колегите од Судскиот совет

Судиите Мирјана Радевска Стефкова и Зоран Герасимовски денес ќе ги образложат оставките пред колегите од Судскиот совет, а се очекува...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема уставни измени без зачувани и идентитет и јазик

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната лидерска средба партијата ја коментира како победничка опција. „Македонија во ЕУ и зачуван идентитет, на...

Македонија14 часа

Градоначалникот на Чаир: Со промоцијата на паркот „Украина“ порачавме дека сме со ЕУ, САД и со украинскиот народ

Паркот „Украина“ вчера беше промовиран во општина Чаир, поточно во близина на општинската зграда. „Со промоцијата на паркот ‘Украина’ ја...

Македонија1 ден

„Моето место е на Кардиохирургија“, Јовев е сигурен дека Меџити ќе ја поправи грешката

Сашко Јовев, разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, по повикот на министерот за здравство Фатмир Меџити, да биде негов национален...

Топ1 ден

Тешка сообраќајка: камион удри во автомобил на булевар „Туристичка“ во Охрид

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во Охрид. Несреќата се случила на булевар „Туристичка“ спроти пазарчето во Охрид, информираат од...