Контакт

Култура

Настанот „Сто години од раѓањето на Блаже Конески: Песна од копнеж и песна од мака“ вечерва во НОБ

Објавено пред

Свечениот настан „Сто години од раѓањето на Блаже Конески: Песна од копнеж и песна од мака“, на кој ќе бидат промовирани реобјавени пет значајни дела од великанот на македонската книжевност, ќе се одржи вечерва (16 декември, четврток), со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет. Во чест на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, издавачката куќа „Арс Ламина“ ги реобјави стихозбирките „Везилка“, „Црква“, „Црн овен“ и двотомниот избор од творештвото на Конески: „Збор и опит 1“ и „Збор и опит 2“, кои се со нови предговори и поговори, напишани од еминентни книжевници и професори.

dobivaj vesti na viber

На промоцијата ќе зборуваат авторите на поговорите, односно предговорите: академик Влада Урошевиќ, проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, проф. д-р Зоран Анчевски, проф. д-р Иван Џепароски и проф. д-р Димитар Пандев. Модератори ќе бидат Бисера Бендевска и Ведран Диздаревиќ, уредници на петте книги, кои се дел од едицијата Македонски книжевни класици, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

На програмата се и проекција на видео, специјално снимено по повод јубилејот, како и рецитал, во кој познатиот актер Ѓорѓи Јолевски ќе чита избор песни од Конески.

Во стихозбирката „Везилка“, каде што автор на поговорот писателот и академик Влада Урошевиќ, се присоединети песните од збирките „Везилка“ и „Стерна“. Тука се собрани најпознатите песни на Конески: Везилка, Стерна, Одземање на силата, Болен Дојчин… Истовремено, тие се и најпарадигматични за неговата поетика, затоа што преку нив, Конески го артикулира народниот дух на својата земја, обработен низ своите лични искуства.

Во поговорот Урошевиќ вели: „Посегнувајќи по корените на националниот идентитет, Конески честопати бара потпорка во традицијата, сака да воспостави мост кон претходниците. Но, и во песните во кои зборува за личностите од македонската културна историја (Прличев, Жинзифов…), тој ја согледува, пред сè, нивната осаменичка трагедија. Зборувајќи за нивната судбина, тој ја искажува, всушност, својата сопствена“.

Во стихозбирката „Црква“, која е со поговор на проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, носечка е истоимената песна Црква, во која лирскиот субјект, кој е, всушност, гласот на самиот Конески, пее за тагата од сознанието дека сакаат да ја урнат црквата во родното село Небрегово и која, според кажувањата, одиграла клучна улога во отстапувањето од таа намера. Освен оваа песна, стихозбирката содржи тематски сродни мотиви што се однесуваат на религиозни празници и на светци што се поврзани повеќе со неговата семејна традиција, отколку со неговата набожност.

„Далековидоста на поетот, доживеана масовно од својот народ, ја откри неговата песна Црква. Овде е и поентата на неговата длабока мисловност и пробивот во нашата традиција. Овој македонски народ, вековно збран во неволи и во маки го докрепила и прибрала нашата црква. Затоа не може да премине преку неа и познавачот и вљубеникот во својата земја. И колку да сакаме да ја прифатиме теориската поставка за мигновеното пишување на песната, што е секако можно, со сфаќањето дека песната не се создава, туку се открива, тој чин без длабоките пробиви во суштините на изминатото искуство и поројните мисли, не би ја остварил високоприфатената уметничка вистина и предност на поетот“, вели во поговорот Стојчевска-Антиќ.

„Црн овен“ е со поговор на проф. д-р Зоран Анчевски. Станува збор за последната реч во долгото и богато творештво на Блаже Конески, стихозбирка во која на величествен начин го заокружува и го коментира сопствениот опус. Збирката ја сочинуваат песни и препеви поделени на два дела – насловени „Отпор“ и „Пораки од исток“ – двата обединети околу симболот на црниот овен, симбол извлечен преку креативна интерпретација на народна традиција на принесување курбан од бел овен за празникот Св. Атанас, со што се означува крајот на еден годишен циклус и почетокот на нов. Така, песните и препевите во духот на црниот овен главно говорат за разочараноста и резигнираноста од животот, обележани со многу меланхолија и тага. Но, „Црн овен“ е исто така збирка за проштавањето и барањето прошка; за убави спомени на прекрасни пејзажи и богати софри; збирка за животот, смртта и поезијата. Во поговорот проф. д-р Анчевски вели:

„Едноставната (‘проста’) и строга поетска изведба се програмска определба во поетското творештво на Конески. Навидум, едноставноста и строгоста се на спротивставени, оксиморонски поставени позиции… Едноставноста за Леонардо да Винчи е ‘конечна мудрост’, за Шопен е ‘врвно остварување’, за Волт Витмен таа е ‘величественост на изразот’, а според Ајнштајн ‘сè треба да биде просто и едноставно, но не и попросто од тоа’ итн. Значи, за да се постигне едноставноста треба да се има големо знаење за сложеното како систем, но и ‘мерка’ (како што вели Конески) за негова редукција… Нивната (на песните) „комплицирана јасност“ се должи на една совршено обмислена постапка со која песната се доведува до состојба на ‘проѕирен израз’, а притоа таа треба „да кажува нешто многу сериозно“.

Двотомниот избор од творештвото на Конески „Збор и опит: избор од книжевното творештво“ го приредија универзитетските професори Иван Џепароски и Димитар Пандев. Осмислени по повод стогодишнината од раѓањето на Конески, овие две книги треба да претставуваат краток вовед во неговото дело, избор од најважното што го создал во доменот на книжевноста и во доменот на науката.

„Збор и опит 1“ со избор и предговор на проф. д-р Иван Џепароски ги сочинува најдобрите творби од богатиот уметнички опус на Блаже Конески, од поезијата, прозата и есеистиката. Почнувајќи од неговите први песни објавени во четириесеттите години на 20 век, сè до последната стихозбирка „Црн овен“ од 1993 година, целото поетско творештво на Конески е сумирано во овој избор. Потоа се надоврзуваат текстови од кратката проза, од раната збирка „Лозје“ до „Дневник по многу години“, а изборот се заокружува со неговите најпознати есеи, вклучувајќи го и култниот „Еден опит“.

„Збор и опит 2“, кој е со избор и предговор на проф. д-р Димитар Пандев, ги содржи најважните дела од богатиот научен опус на Конески, од неговите трудови и есеи посветени на лингвистиката, историјата и книжевноста. Тука се трудовите од областа на општата лингвистика и историјата на македонскиот јазик, јазичните и стилистичките анализи на песни низ историјата на македонската литература, како и портрети и прикази на култни личности и институции од нашата историја: Охридската школа, Крсте Мисирков, Кочо Рацин итн. Оваа книга го потенцира двојниот статус на Конески, како уметник и како научник и ги прави неговите трудови достапни за пошироката публика.

Реобјавените книги од Блаже Конески се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, а ќе можат да се набават и на промотивниот настан во Националната опера и балет.

Култура

Објавена програмата на 36. поетска ноќ во Велестово

Објавено пред

36. Поетска ноќ во Велестово ќе се одржи од 16 до 18 август на локации во Велестово и Охрид. Со поетски портрет годинава ќе биде претставено творештвото на Елизабета Баковска, а во интернационалната програма ќе гостуваат поети од шест земји, и тоа: Велика Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и Македонија.

dobivaj vesti na viber

‒ Од годинава, за наредниот 4-годишен циклус имаме неколку концепциски промени, имено, наместо преку беседа, творештвото не поетот во фокус ќе биде претставувано преку разговор, во дослух со современите трендови. Исто така, се воведува настанот „Поетско интермецо“ преку кој странските поети ќе имаат можност да читаат и пред публиката во Велестово, а не само во Охрид ‒ истакна програмскиот директор на фестивалот, Јулијана Величковска.

Годинешното издание ќе биде отворено на 16 август од 21 часот на сретсело во Велестово со „Езеро“ ‒ мал музички концерт на хрватската кант-авторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ. Ќе следува поетскиот портрет на Елизабета Баковска, а потем и настанот „Поетско интермецо“. Вечерта ќе биде затворена со изложбата на фотографии „Паметници на заборавот“ од Сашо Димоски, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Автор на постерот за годинешното издание е Андреј Павлов.

На 17 август со почеток од 19 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Мозаик“ на кое ќе настапат: Патрик Котер (Ирска), Фиона Сампсон (Белика Британија), Иван Херцег (Хрватска), Марко Ѓорѓевиќ (Србија), Минг Ди (Кина/САД), Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски и Христина Цветаноска од Македонија, а по читањето, публиката ќе има можност да ужива во уште еден настап на Нина Ромиќ и Јелена Галиќ.
Фестивалот ќе заврши на 18 август со организрано разгледување на културно-историското наследство на градот Охрид и природните убавини на планината Галичица, придружено со неформални поетски читања.

Фестивалот го овозможија Министерството за култура, Општина Охрид, Традуки и Комерцијална банка АД Скопје, а негови помагатели се Хрватското друштво на писатели (ХДП), кафе и бар „Шила“ од Охрид, Пелистерка АД Скопје, вила „Сансет“ од Велестово, ресторан „Домаќинска куќа Велестово“ и пицерија „Немо“ од Охрид.

Прикажи повеќе...

Култура

Поетски фестивал и изложба во рамките на одбележувањето 61 година од скопскиот земјотрес

Објавено пред

Во рамките на одбележувањето 61 година од катастрофалниот земјотрес се одржуваат повеќе активности и манифестации.

dobivaj vesti na viber

Со почеток во 19 часот, во ЈУ Младински културен центар ќе се одржи првиот интернационално традиционален поетски фестивал „Заедно за Скопје“, посветен на земјотресот од 1963 година, а учество зедоа 130 поети од 40 држави.

Во Музејот на Град Скопј,е во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“, која е подготвена по повод одбележувањето 61 година од катастрофалниот земјотрес, кој се случил во Скопје на 26 јули 1963 година. Изложбата зборува за земјотресот во Скопје од 26 јули 1963 година и состојбата на културните институции. Поголемиот дел од скопските музеи претрпеле големи и неповратни штети. Народната и универзитетска библиотека, Народниот театар и други културни институции биле толку многу оштетени што немале ни најелементарни услови за работа. Разурнатите згради на издавачките и новинско-издавачките претпријатија до крајни граници го отежнувале нормалното работење. Многу од спомениците на културата, како и тврдината Кале, биле целосно разурнати. Ударот уништил многу значајни историски документи и уникатни експонати. Под урнатините останале значајни артефакти – сведоци на многубројни цивилизации, кои опстојувале на скопската почва.

Изложбата по повод одбележувањето на овој значаен датум од поновата историја на градот Скопје е посветена на културата и културните институции, на последиците од земјотресот и на нивното функционирање во постземјотресни услови.

Прикажи повеќе...

Култура

Докуметарецот „Лука“ прикажан на мултимедијалниот алтернативен фестивал „ГИГА фест“

Објавено пред

На втората фестивалска вечер од мултимедијалниот алтернативен фестивал „ГИГА фест“, која се одржа на платото пред Градскиот музеј, беше прикажан документарниот филм „Лука“, во продукција на „Транзен“, а потоа следуваше музичкиот перформанс „Ставро и Џејд“.

dobivaj vesti na viber

Режијата на документарецот „Лука“ е на Ице Виранов, сценариото на Бинева Џејд, костимограф е Столе Ангелов, камерман Иво Јанков, а музиката ја потпишуваат Ставро Ангелаков и Љубен Маџиров.

Филмот, кој веќе е прикажан на повеќе фестивали и има освоено специјална награда од жирито на Jeju Movie Concert Festival во Јужна Кореја, е бунт против конзумеризмот и против отпадот и ѓубрето во уметноста наспроти уметноста што се создава од отпад и ѓубре во обид млади музичари од Струмица да најдат место и израз за своите креативни идеи.

„Сигурно дека ова време што го живееме носи свои ѓубриња. Мислам дека во секој жанр на музика и во секоја уметност воопшто 99 проценти од она што се создава не чини, а оној еден процент е она што вреди, тоа е мое лично мислење“, изјави Ставрос Ангелков, музичар.

По проекцијата на филмот, следуваше музичка вечер на авторска музика со Ставро (гитара), еден од главните протагонисти во документарецот, и Џејд (вокал), која всушност е и сценаристка на ова филмско остварување.

Јулската фестивалската програма на „ГИГА фест“ продолжува на 31 јули со проекција на документарно-музичкиот филм The Hip – Brainstorm , во режија и продукција на Јане Алтипармаков, по оригинална идеја на Љубиша Петрушевски. Камерата е на Наташа Гелева и Ања Илиева, а монтажата на Михаил Димитров. Во август следуваат нови фестивалски вечери посветени на ликовната и музичката уметност.

Мултимедијалниот алтернативен фестивал „ГИГА фест“ е посветен на прерано починатиот режисер Глигор Цветковски, а е поддржан од Општина Крива Паланка. Годинава се реализира во рамките на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – град на културата“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

ДУИ за Балансерот: Тоа е опасен обид за намалување на влијанието на Албанците во јавниот и институционалниот живот на државата

Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на владата со моноетнички легитимитет да ја смени формулата „балансер“ од 29,5%...

Топ10 часа

Пратеници на службените електронски адреси добиле заканувачки пораки

МВР соопшти дека вчера во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024...

Македонија12 часа

Иселениците повеќе нема да ја одредуваат етничката застапеност во државните институции, сменет е процентот на балансерот

Министерот за јавна администрација, Горн Минчев, објави дека се изменети процентите на балансерот, кој од 2022 година ја броеше и...

Економија13 часа

По 200.000 денари субвенција за занаетчиите за нов алат, машини или нов производ, пријавување до 1 октомври во Економија

Занаетчиите што купиле нов алат, машини или имале нов производ во 2023 и 2024 година ќе може да се пријават...

Македонија14 часа

До декември потешките операции, место во Клинички, ќе се прават во „8 Септември“ и во „Св. Наум Охридски“, Таравари најави нов тендер за компресорска станица

Хируршките сали во Клиничкиот центар ќе функционираат со надворешни компресори и со намален интензитет до декември. Ова решение како привремено...

Македонија15 часа

Наместо Скопје, прашина на подножјето на Водно – што се случувало во сеизмолошката станица за време на скопскиот земјотрес

Денес, 26 јули, одбележуваме 61 година од скопскиот катастрофален земјотрес, кој остави длабоки траги во историјата на градот Скопје. Земјотресот...

Македонија15 часа

Амбулантата во Илинден готова до Нова година, ќе почне со општи лекари, а веќе се бараат и интернист, педијатар, гинеколог…

До Нова година ќе биде пуштена во употреба реновираната амбуланта во општина Илинден, која ќе ги опслужува и жителите на...

Македонија16 часа

Телефонот на врховниот судија Георгиев упатува на друго кривично дело – одземени и досиеја при претресот во Академијата за судии

Два мобилни телефона од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видеозапис и две досиеја –...

Македонија16 часа

„Вреди“ го прозва Али Ахмети откога СДСМ ја призна грешката за измените на Кривичниот законик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја призна грешката, дали ова ќе го направи и Али Ахмети од ДУИ, прашуваат од...

Македонија17 часа

Почвата кај Берово не се смирува: утрово регистриран уште еден земјотрес

Земјотрес од 3,1 степени утрово е регистриран во околината на Пехчево и Берово. Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот се...

Свет18 часа

Камала Харис до Нетанјаху: Ставете крај на војната во Газа

Американскaта потпретседателка Камала Харис, која се очекува да биде кандидат на Демократската партија на претседателските избори во ноември, одржа, како...

Свет18 часа

(Видео) Американска пратеничка со говорна мана одржа говор користејќи глас со вештачка интелигенциј

Американската пратеничка од Вирџинија Џенифер Векстон користеше програма за вештачка интелигенција (АИ) за да се обрати синоќа пред Претставничкиот дом...

Македонија20 часа

Сончево со мала до умерена локална облачност и температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и во...

Топ1 ден

Починато бебе во Богданци: подолг период било хоспитализирано

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе....

Топ1 ден

Во канал за наводнување пронајдена почината жена од Кочанско

Денеска во Полициската станица Кочани, К.Ј.(64) пријавил дека во канал за наводнување во близина на с.Оризари, кочанско, ја пронашол удавена...

Македонија1 ден

Мицкоски по апелот на Филипче за нов кривичен законик: Што е со делата што застареа, а граѓаните плаќаат милиони отштета

Премиерот Христијан Мицкоски е согласен да биде донесен нов кривичен законик, кој ќе биде изработен според европските стандарди. Ова беше...

Македонија2 дена

„Нема повеќе евтина храна на државна сметка“ – 50 отсто зголемени цените во владините објекти

Зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти за педесет отсто најави директорот на Службата за општи и заеднички...

Македонија2 дена

Филипче призна дека згрешиле со измените на Кривичниот законик, на Владата ѝ предложи да донесе нов што им бил изготвен пред шест години

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека претходната влада згрешила што ги донела измените на Кривичниот законик, со кој застаруваат...

Македонија2 дена

Таравари и со скратен буџет ќе ги вработува оние со договор на дело: Ќе најдеме решение и тие до крајот на годината да бидат редовно вработени

По одлуките за вработување на специјализантите и дополнувањето на позитивната листа на лекови, кои министерот за здравство, Арбен Таравари, ги...

Македонија2 дена

Гром предизивка пожар во општина Старо Нагоричане

Гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, информираа од регионалниот центар за управување...