Контакт

Култура

Промоција на култната книга за деца „Бушава азбука“

Објавено пред

Kултната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ конечно го доживеа своето реиздание, во рамки на едицијата за деца и млади на издавачката куќа „Чудна шума“.

dobivaj vesti na viber

Поминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ. Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција.

Промотор ќе биде книжевната критичарка и теоретичарка Александра Јуруковска, модератор на настанот Билјана Црвенковска, а делови од книгата ќе чита актерката Тина Трпкоска.

Промоцијата на култната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ на издавачката куќа Чудна Шума, ќе се случи на 8 јуни 2022 година, со почеток во 19:19 часот, во Култ парк (паркот пред КИЦ-Скопје).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Европските уметници Жмијевски и Алтхамер ќе создаваат колажни дела во МСУ, дел од нив ќе му подарат на Музејот

Објавено пред

Полските уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните европски уметници од својата генерација, ќе бидат ексклузивни гости на Музејот на современата уметност – Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на нивниот престој од 1 до 14 јули, ќе им биде овозможено да создаваат дела во самиот Музеј, а некои од нив ќе му ги подарат на МСУ. Куратор на проектот е Владимир Јанчевски.

Нивниот колаборативен процес на работа, како отворено студио, ќе се одвива во еден од галериските простори на МСУ Скопје секој ден од 14 часот до после полноќ.

Музејот е отворен за посетители во своите редовни термини од вторник до сабота, од 10 до 17 часот, и во недела од 10 до 13 часот. Оние посетители што ќе дојдат во Музејот во периодот меѓу 14 и 17 часот ќе имаат можност да посведочат на процесот на работа на Жмијевски и Алтхамер.

Уметничкиот тандем е меѓу најважните претставници на таканаречената критичка уметност – карактеристична струја на полската уметност, која се заснова на критичка обработка на актуелните теми од јавниот живот.

Во текот на овие две недели, колку што ќе креираат, уметниците ќе создадат 30-ина уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, мапи, карти, атласи, постери, образовни графикони итн… Посетителите се добредојдени да донесат дел од овие материјали и со тоа да придонесат во создавањето на делата.

На 14 јули ќе биде отворена нивната изложба со наслов „Полска школа на колаж“ (Polish School of Collage), која ќе биде поставена до 25 август 2022 година.

Уште поголем куриозитет е што некои од создадените дела овие светски познати автори ќе му ги подарат на Музејот на современата уметност – Скопје и со тоа ќе ја збогатат вредната колекција на Музејот.

Улогата на Полска во создавањето на објектот на МСУ е од непроценливо значење. МСУ е симбол на солидарно Скопје, кога по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Обединетите нации носат резолуција, во која стои дека не е важна само материјалната помош, туку и културата за подигнување на духот на настраданите. Токму таа резолуција и одлуката на светскиот конгрес на уметници во Њујорк ги повикаа сите светски уметници да донираат свои дела за разрушеното Скопје и да се удрат темелите на новата зграда. На распишаниот конкурс првата награда ја добива познатото архитектонско студио „Тигри“ од Полска. Владата на Полска во знак на солидарност му го донира овој проект на Скопје, а денес МСУ во својата колекција помеѓу другите значајни дела располага со над 200 уметнички донации од полски уметници (212 дела од 135 уметници). Со оглед на тоа што досегашните донации се од периодот 1964-1990 година, Жмијевски и Алтхамер ја продолжуваат низата донации со современи дела.

Минатата година Жмијевски првпат имаше голема самостојна изложба во МСУ Скопје. Ова претставување следуваше по неговото учество во рамките на меѓународната групна изложба „Сè што ни е заедничко“ во 2019 година во Музејот. Уште еден ексклузивитет е што ова ќе биде првото претставување на Павел Алтхамер во Скопје.

Артур Жмијевски (1966) е визуелен уметник, кој живее и работи во Варшава, автор со богата уметничка кариера, кој е фокусиран на создавање инсталации, составени од фотографија, филм и видео.

Во своите дела тој го разоткрива светот на „другите“, кои често минуваат незабележани. Тој го снима нивното секојдневие покажувајќи како физичките и психичките ограничувања ги осудуваат овие луѓе да бидат маргинализирани во општеството. Преку експерименти со учество на избрани групи тој се обидува да разбере тешки искуства и табу-теми. Има изложувано на некои од најважните уметнички манифестации, како што се Венециското биенале и Документа во Касел, а бил и куратор на Берлинското биенале во 2012 година. Неговите дела се вклучени во колекциите на некои од најреномираните уметнички институции во светот, како, на пример, Музејот на модерната уметност во Њујорк, „Тејт модерн“ во Лондон, потоа „Новата пинакотека“ во Минхен…

Павел Алтхамер (1967) е визуелен уметник, кој живее и работи во Варшава. Работи во разни медиуми, како скулптура, перформанс, инсталација, видео. Создава скулпторски автопортрети, се појавува во перформанси и видео настојувајќи да ја доживее материјалноста на телото и да ги дефинира сопствените ментални граници. Преку акции, во кои вклучува цели заедници, тој сака да создава општествени заедници соочувајќи се со луѓето преку уметноста. Тој го доведува во прашање значењето на монументалните споменици според обемот на неговите дела и случајноста на неговите материјали. Неговите дела повикуваат и на социјалната скулптура на Бојс и на наследството на „Отворената форма на Оскар Хансен“. Тој може да се опише и како уметник со афинитет за релациска естетика. Учествувал на најзначајните светски изложби, меѓу кои „Документа 10“ (1997), на Биеналето во Венеција (2003, 2013), Берлинското биенале (2012), Skulptur Projekte Münster (2017). Добитник е и на многубројни награди, како што е биеналната награда за современа уметност во Европа „Винсент ван Гог“ во 2004 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на монографијата „Урбани пејзажи“ од Павле Кузманоски

Објавено пред

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје, денеска, во 12 часот, ќе биде промовирана колор-монографијата „Урбани пејзажи“ од академскиот сликар Павле Кузманоски.

dobivaj vesti na viber

За ова ретко издание ќе говори академик Витомир Митевски.

Промоцијата ќе биде збогатена и со изложба на дваесет и пет слики од авторот работени во изминатите шест децении.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена книгата „Раскази за љубовта“ од Михал Вивег

Објавено пред

Издавачката куќа „Готен“ ја објави збирката раскази „Раскази за љубовта“ од еден од најпопуларните современи чешки писатели, Михал Вивег. Преводот од чешки јазик е на Соња Стојменска-Елзесер.

dobivaj vesti na viber

Делата на Вивег се преведени на повеќе од 25 јазици, а само во Чешка неговите книги се продадени во повеќе од 1 милион примероци.

Збирката раскази „Раскази за љубовта“ ги содржи главните карактеристики на прозното писмо на Вивег – одлично чувство за раскажување приказни, дозиран хумор, луцидно согледување на односите меѓу луѓето.

Млади љубовници и постари љубовници, парови во брак и разведени, неженети мажи и вдовици, отворени и прикриени страсти, непредвидени емоции што се појавуваат во разни ситуации, копнежи што не се реализираат или се остваруваат на необичен начин – едноставно, љубовта во сите нејзини облици – тоа е главната тема на „Раскази за љубовта“.

Сите 16 раскази од книгата го носат печатот на авторот, кој умее своето чувство за стил и композиција да ги обедини во приказни полни со живот и умешно нијансирање на основната тема. Михал Вивег ги набљудува среќните и тажните страни на љубовта не само со разбирање, туку и со иронична ладнокрвност. Повремената тага и меланхолијата вткаени во овие кратки прози речиси секогаш благовремено се натопени со хумор, па иако емоциите играат главна улога во текстовите, тие никогаш не навлегуваат во патетика.

Михал Вивег е мајсторски раскажувач и затоа неговите раскази се читаат со исклучителна леснотија и уживање.

Соња Стојменска-Елзесер (1963) работи како научен советник и професор во Институтот за македонска литература во Скопје, во одделението за теорија на литературата и компаративна книжевност. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (1986). На истиот факултет ги одбранила магистерскиот труд „Теориско-методолошките начела на Михаил Бахтин“ (1995) и докторската дисертација на тема „Лудистички постапки во современиот расказ“ (2003).

Во периодот 1997-2000 работела како лектор по македонски јазик и литература на Карловиот универзитет во Прага, Република Чешка.

Авторка е на книгите: „Пулсирачка филологија“ (1997), „Игропис: есеи за книжевниот лудизам“ (2004), „Споредбена славистика“ (2005), „Гризни го јаболкото: антологија на македонската еротска проза“ (2006), „Компаративна книжевност“ (2007), „Еквилибриум/Equilibrium“ (2009), „Со посвета“ (2013), „(Не)секојдневни љубопитства“ (2018).

Издавањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Руте: Загрижен сум за С. Македонија, а со тоа и Албанија, поради бугарската блокада

Марк Руте – премиерот на Холандија пред почетокот на Европскиот самит во Брисел изрази загриженост поради бугарската блокада за Северна...

Свет1 час

ЕУ им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија

Кандидатски статус за влез во ЕУ вечерва добија Украина и Молдавија – дваесет и седум членки на Унијата ја донесоа...

Свет4 часа

Мишел: За Северна Македонија продолжува работата кон брзо изнаоѓање на прифатливо решение

Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел по самитот ЕУ – Западен Балкан на Твитер напиша дека „На ЕУ и...

Регион8 часа

Вучиќ: Ќе се бориме заедно за европска иднина почитувајќи се себеси

Србија денеска даде голема поддршка за отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Повторно ништо не се случи....

Регион8 часа

Рама: Жал ми е за ЕУ, ни пандемијата ни војната не ги обедини Европејците

Албанскиот премиер Еди Рама, по самитот за Западен Балкан, изјави дека му е жал за Европската Унија и дека се...

Македонија8 часа

(Видео) Ковачевски: Францускиот предлог е неприфатлив

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека францускиот предлог е неприфатлив за него и за неговата држава. „Северна Македонија е кандидат 17...

Европа9 часа

Борисов: Ако ја срушиме Владата на Северна Македонија, тогаш Петков му е сојузник на Путин на Балканот

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, ја повика владата итно да ги достави до парламентот ажурирањето на буџетот и францускиот предлог...

Европа10 часа

(Видео) Кирил Петков: Ќе си го одржам зборот за Северна Македонија, уморен сум од кукавици!

Неколку часа пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, премиерот во оставка, Кирил Петков, увери дека ќе си го одржи...

Европа13 часа

Шолц: Ќе вложам максимални напори Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе вложи максимални напори на Украина и на Молдавија да им даде кандидатски статус,...

Европа13 часа

Борел: „Денеска не е добар ден – Бугарија го блокира процесот“

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, изрази незадоволство што во Бугарија нема напредок во однос...

Европа13 часа

Рама: Срамно, Бугарија киднапира две членки на НАТО

Премиерот на Албанија, Еди Рама, по пристигнувањето на самитот на ЕУ, повтори дека е срамота што една земја на НАТО,...

Регион13 часа

Вучиќ од Брисел: Помина времето на притисок врз слободните независни држави

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, по пристигнувањето на самитот на ЕУ, изјави дека дошол во Брисел да разговара со...

Европа14 часа

Самит ЕУ – Западен Балкан: „Приклучувањето на Западен Балкан е геостратешка неизбежност“

Во пресрет на денешниот состанок на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан во Брисел, неколку претставници на граѓанското општество...

Европа14 часа

Лидерите на ЕУ денеска одлучуваат за Украина

На денешниот состанок во Брисел европските лидери формално ќе го почнат долгиот пат на Украина до членство во ЕУ бидејќи...

Регион1 ден

Падна владата на Кирил Петков

Владата на Кирил Петков падна по гласањето недоверба во Народното собрание, јави собранискиот известувач на БГНЕС. За недоверба гласаа 123...

Свет1 ден

Новоименувана министерка во владата на Макрон под истрага за обвинение за силување

Кризула Захаропулу, новоименуваната министерка во новата влада на францускиот претседател Емануел Макрон, е под истрага поради обвинувања дека силувала две...

Македонија1 ден

Ковачевски: Историските прашања не можат да бидат критериум во преговарачката рамка

Премиерот Димитар Ковачевски по реакциите на јавноста се огласи за францускиот предлог. Тој потенцира дека Владата формално нема добиено предлог...

Топ1 ден

Двегодишно дете паднало од четврти кат на зграда во Скопје

Двегодишено дете паднало од четврти кат од зградата во која живеело во Скопје. Според информациите од полицијата, доцна синоќа, додека...

Македонија1 ден

Николоски: Владата итно да го отфрли предлогот од Париз со кој се прави бугаризација и уништување на Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, соопшти дека во рамките на Парламентарното собрание на Советот на Европа остварил многубројни средби на...

Економија1 ден

(Интервју) Фатмир Битиќи: Пари има, луѓето да не се грижат за исплата на платите и пензиите

Се наоѓаме во потешка ситуација од претходните две години, одредени кругови не сакаат да признаат дека се наоѓаме во воена...