Контакт

Култура

Режисерката Тамара Котевска со светска премиера во Њујорк за својот нов документарен филм „Патување пеш“

Објавено пред

Документарниот игран филм „Патување пеш“ (The Walk), во режија на Тамара Котевска, ќе ја има својата светска премиера во Њујорк, САД, на 9 ноември оваа година на DOC NYC, најголемиот американски фестивал за документарни филмови.

dobivaj vesti na viber

Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција низ Европа обидувајќи се да си најде дом. Тоа е филм за детската невиност и за моќта на имагинацијата во време на криза, која ја следи одисејата на Амал преку два континента.

Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери, кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како и огромен број бегалци што изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. Во моментот во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар.

Филмот се снимаше 2 години на територијата на повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот, покрај режисерката Котевска, учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Тамара Котевска постигна огромен успех како корежисер на документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година кога филмот доби 3 награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за „Оскар“ во 2 категории.

Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, GRAIN MEDIA.
Kако македонски копродуцент се јавува „ОХО продукција“, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм.

„ОХО продукција“ обединува искусни и перспективни професионалци од земјата и светот, во ТВ и филмска продукција, анимација и рекламирање за да реализира проекти што ја унапредуваат модерната македонска кинематографија.

Култура

Светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотеката: презентација на проект за дигитална реставрација и 4-дневна филмска програма

Објавено пред

На 28 октомври (понеделник), во 12 часот, Кинотеката на Македонија ќе го одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со презентација на проектот за дигитална реставрација на филмот ПИСМО на филмскиот и театарски режисер Васил Христов – Вуси. А до крајот на октомври пак, во вечерните термини на филмската програма ќе бидат прикажувани наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј.

dobivaj vesti na viber

Среднометражниот игран филм ПИСМО е реализиран во 2000 година во холандска продукција. Благодарение на EYE-Filmmuseum, националниот филмски архив на Холандија, неодамна и Кинотеката на Македонија доби копија од филмот, бидејќи продуцентот, кој повеќе не е активен, целата своја филмска архива ја има депонирано во EYE.

На презентацијата во понеделник ќе говорат преставници од Управата за заштита на културно наследство, нода Кинотеката на Македонија и од инволвираните стручни лица во процесот на дигитална реставрација, а ќе биде присутен и режисерот на филмот.

Како што погоре спомнавме, од понеделник до четврток, односно од 28 до 31 октомври, на репертоарот на кинотечното кино ќе се прикажуваат домашни филмски наслови чие создавање и постоење треба да го потенцираме токму оваа 2024 година. Пред сè, тука се краткиот документарен ДАЕ (1979) на Столе Попов и играниот ПРЕД ДОЖДОТ (1994) на Милчо Манчевски, кои своевремено беа во трката за престижниот „Оскар“ како претставници на нашата кинематографија, а се закитија со подеднакво значајни награди и на други врвни светски фестивали – ДАЕ со „Гран при“ на МФФ во Оберхаузен, а ПРЕД ДОЖДОТ со „Златен лав“ на Венецискиот филмски фестивал. Потоа следи и партизанскиот трилер ПОД ИСТО НЕБО (1964) на режисерската двојка Љубиша Георгиевски и Миомир Мики Стаменковиќ, па комитската драма НЕЛИ ТИ РЕКОВ (1984) на Стево Црвенковски, како и документарниот првенец ОГАН, повторно на Столе Попов, од 1974 година. Сите овие филмови во 2024 година одбележуваат свој јубилеј – од премиера, од прикажување, од создавање…

27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелно наследство е востановен од УНЕСКО, а го одбележуваат сите светски филмски архиви, кинотеки, музеи, библиотеки и организации кои работат на полето на заштитата на аудиовизуелната граѓа, предводени од Координативниот совет на здруженија на аудиовизуелни архиви (CCAAA –Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations). Со проекции, изложби, промоции, тркалезни маси, презентации и други настани и програми сите овие организации, тела и институции се обидуваат да го свртат вниманието кон неопходноста од заштита и сочувување на филмското наследство како дел од колективната културна меморија.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на романот „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски

Објавено пред

Македонскиот писател Михајло Свидерски ќе гостува во КИЦ на РС Македонија на 25 октомври (петок) од 18:30 часот по повод својот роман „Последните денови на Ханс“. Ќе го претстави издавачот и книжевен критичар Пламен Тотев. На настанот ќе учествува и преведувачката Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во романот има загатка која веднаш ја зграпчува љубопитноста, извонреден психологизам кој го пленува читателот и пророчка длабочина со видение за невидливите кукловоди кои владеат со општеството.

Германски емигранти се населиле во едно зафрлено село некаде во Јужна Америка. Тие живеат во изолација, исклучувајќи ги посетите на малиот Сантијаго, кој му служи на стариот и болникав господин Ханс. Двајцата стануваат пријатели и момчето ги впива знаењата на беспомошниот и никому нужен старец. И додека селото е потресено од насилното преземање на власта во земјата (хунта, тоталитаризам), во болната свест на старецот, кој го крие својот вистински идентитет, вилнеат сеќавања од неговото минато – како понижено, малтретирано и угнетено дете, неостварен уметник, психопат диктатор, кој го потчинил половина свет со своето влијание. Зарем тој не е поврзан и со убиствата на луѓе од селото?

Роман во кој загатката не се открива до последната страница. Референците за конкретната историска личност се очигледни, но дали ликот е навистина тој, Адолф Хитлер? Читателот се претвора во детектив, во лавиринтите на психолошката драма.

Модерен европски роман кој може да се постави до делата на Шницлер, Џојс и Волф, неслучајно номиниран за најпрестижната македонска книжевна награда – „Роман на годината“ како и за Европската награда за литература, вели организаторот.

Покрај маестрално извајаниот наратив, романот импресионира со своите болно прецизни размислувања за слободата, осаменоста, стравовите и насилството што раѓа насилство.

Михаjло Свидерски создал роман кој го надминува балканскиот регион и е дело од светска класа, се истакнува во информацијата.

Прикажи повеќе...

Култура

Националниот џез-оркестар утревечер го отвора JAZZHR: заеднички концерт со врвни солисти од регионот

Објавено пред

На сцената на Клуб Театар Комедија-Контеса во Загреб, утревечер, 25 октомври, во 19.30 часот ќе настапи Националниот џез оркестар, заедно со солисти од регионот, со што воедно ќе биде отворено есенското издание на „JAZZHR“.

dobivaj vesti na viber

Публиката со нетрпение го очекува овој концерт кој ќе понуди богата програма заедно со врвни солистички имиња од регионалната џез сцена.

„Голема чест и задоволство е да го отвориме Хрватскиот џез фестивал. Ветуваме уште еден незаборавен концерт со разновидна и богата програма. Се чувствуваме возбудени и мотивирани од атмосферата со која на дочекаа во Загреб“, вели Гоце Стевковски, директор на НЏО.

Националниот џез оркестар ќе настапи во состав: Трајче Велков, Сенад Усеин, Александар Златески, Јордан Колевски на труби, Сашко Николовски, Филип Богоевски, Енис Мехмедов, Никола Ристевски на тромбони, Борислав Веселинов, Славко Георгиев, Иван Иванов, Валентин Видовиќ на саксофони. Како дел од оркестарот на контрабас ќе настапи и нашиот истакнат џез уметник Мартин Џаконовски Шпато.

Диригент на концертот е маестро Џијан Емин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра кога минималната кошничка е над 1.000 евра, раст на минималната плата да има и годинава

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува да го разгледа предлог-буџетот за следната година во делот за раст на платите,...

Македонија2 часа

„Ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник“, напиша Шилегов

Поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов повторно се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук. „1.000 зошто, едно затоа: За да нема нејаснотии,...

Македонија2 часа

Трговците се алчни, во септември ги покачија цените за во октомври да ги намалат и да останат со истиот профит по замрзнувањето на маржите, вели Трендафилов

Вклучување на Сојузот на синдикати при креирање на мерките кои Владата ги носи за да им олесни на граѓаните и...

Македонија4 часа

Шилегов: СДСМ е заробена партија со двајца октроирани „лидери“, тоа се тезгароши

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, на социјалните мрежи упати остри критики за поранешниот и актуелниот лидер на СДСМ,...

Регион6 часа

В недела граѓаните на Бугарија одат на седмите предвремени избори во последните 4 години

Бугарските граѓани во недела одат на седмите предвремени избори во последните четири години, додека поделените политички партии во земјата се...

Македонија6 часа

Потпретседателката Камала Харис испрати писмо до македонската заедница во САД

Пред неколку недели, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) испрати прашалник до кампањите на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и до...

Европа7 часа

Мишел: Ние треба да одлучиме кој ќе влезе во ЕУ, а не шверцерите на мигранти

Изразеното единство во реакциите на пандемијата на Ковид и рускиот напад врз Украина се најголемите достигнувања на ЕУ во последните...

Свет7 часа

Шефот на ОН се ракува со Путин, па повика на мир во Газа, Либан, Украина и во Судан

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш им порача на лидерите на БРИКС, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин, дека...

Свет8 часа

(Видео) Израелската војска уби командант на Хамас, кој учествувал во нападот на 7 октомври 2023 година, а работел и за Агенцијата за помош на ОН

Војската на Израел синоќа соопшти дека убила командант на Хамас, кој учествувал во напад на јужен Израел на 7 октомври...

Регион8 часа

(Видео) 15-годишен тинејџер со нож уби полицаец во БиХ, испратил чудни пораки пред нападот

15-годишен тинејџер синоќа ја нападнал полициската станица во Босанска Крупа, каде убил еден полицаец, а друг тешко ранил. Нивниот идентитет...

Македонија1 ден

(Видео) Кое племе е ова, од каде дојдоа: Јакимовски најави дека ќе јa напушти ЗЕЛС ако продолжи теророт од власта

Градоначалникот на општина Карпош на денешната прес-конференција најави дека Oпштина Карпош може да ја напушти ЗЕЛС поради големи притисоци од...

Македонија1 ден

Фон дер Лајен го потсети Мицкоски: Треба да поминат уставните промени, кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи, а проширувањето ќе остане приоритет за ЕК во следните пет години

Добро е да се слушне дека сте толку посветени на вашиот пристапен пат кон ЕУ. Северна Македонија постигна многу и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Целта е регионот и ние бидеме дел од европското семејство и ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен истакна дека е потребна...

Македонија1 ден

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува вандалскиот чин на дрско опожарување на возилото на колегата Благој Серсемов,...

Македонија1 ден

(Видео) Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и наркобосовите, прашува Кузеска

„Наместо веднаш да ја повлече скандалозната одлука за помилување на осудени криминалци и нарко босови, Силјановска Давкова без трепнување се...

Македонија1 ден

Таравари ја прими вакцината против грип и повика граѓаните да се заштитат: Спречува компликации, особено кај повозрасните што имаат и други болести

Министерот за здравство, Арбен Таравари, и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, утрово се вакциинираа против грип и...

Македонија1 ден

Маж падна во бездна со мотор кај Црно Езеро на Шар Планина, полицијата успеа да го извлече

Вчера, во 17.31 часот, примена е пријава за повредено лице по пад во бездна со мотор. Локација била на тешко...

Македонија1 ден

Од денес стапуваат во сила новите цени на услугите во Агенцијата за катастар на недвижностите, намалени и до 75 отсто

Од денес стапуваат на сила новите намалени цени за голем дел од услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Минатата...

Европа1 ден

Познат идентитетот на загинатите во терористичкиот напад во Анкара

Откриен е идентитетот на загинатите во вчерашниот терористички напад во Анкара, јавува Анадолија. Во терористичкиот напад загинаа Џенгиз Чоскун, кој...

Регион1 ден

Вулин: Вучиќ и Путин се пријатели

Потпретседателот на српската влада Александар Вулин престојува во Казан, каде се одржува самитот на БРИКС во организација на Владимир Путин....