Контакт

Култура

Романот „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак ќе биде промовиран онлајн

Објавено пред

Наградуваниот роман „Градина од стакло“ од романската писателка Татјана Цибуљак ќе биде претставен со онлајн-промоција на 28 февруари (вторник), во 19 часот, на фејсбук-страницата на „Арс ламина“.

dobivaj vesti na viber

На промоцијата, покрај авторката Цибуљак, ќе зборуваат и уредничката на книгата, Оливера Ќорвезироска, и Ермис Лафазановски, кој ја преведе од романски јазик.

Книгата „Градина од стакло“, која е добитник на наградата на Европската Унија во 2019 година, е еден од насловите за кои на конкурс во организација на „Арс ламина“ се избираше дизајн за корици за новата едиција „Порта Европа“. Жирито го избра за победничко решението на Андреј Лавчански.

„Градина од стакло“ е восхитувачки раскажана приказна за животот на малите луѓе во заднината на големите историско-политички промени со распадот на СССР, за идентитетот, за различноста, за борбата на една цела женска генерација да пронајде свое пристојно место во суровиот свет.

Ова е роман за едно девојче сирак, кое ќе успее во животот. Иако главната тема имплицира ризик од мелодраматичност, авторката ја избегнува стапицата пишувајќи стилско ремек-дело. Русинката Тамара Павловна ја посвојува Ласточка од сиропиталиште и ја принудува да собира празни шишиња и да ги мие во еден двор на чуда во Кишињев во осумдесеттите години на минатиот век, каде што рускиот, романскиот и молдавскиот јазик се континуирано предизвикани од секакви животни приказни.

Ласточка и Тамара Павловна тргнуваат низ животот развивајќи многу сложен меѓусебен однос преполн со љубов и омраза. Малите луѓе од соседството стануваат новото семејство на Ласточка, која излезот од сиромаштијата и насилството ги гледа во образованието. Иако успева да стане докторка, Ласточка не престанува да страда…

Приказната на Ласточка содржи неколку теми: потрага по идентитет, станување жена и мајка, заедно со интензивна оркестрација на чувствителноста и огорченоста, и на љубовта и омразата. На привлечен начин авторката го создава секојдневниот универзум, сцена по сцена, еден допир по друг. Девојката-жената-мајката се присетува на своето детство, на тоа колку било нереално и чудесно, како и на нејзината преобразба, распарчена од трагичното мајчинство. Романот содржи неоспорна историска, дури и политичка димензија, што ги допира темите на распаѓање на Советскиот Сојуз и падот на комунизмот. Суптилната напнатост се контролира не само тематски, туку и преку предизвици и во вокабуларот и во темите. Елиптично и страсно, творештвото на Татјана Цибуљак е за потрагата по нашето место во светот.

Татјана Цибуљак е родена 1978 година во Кишињев, Република Молдавија, и по националност е Молдавка и Романка. Пишува на романски јазик. Студира на Факултетот за новинарство и комуникации при Државниот молдавски универзитет. Првпат го привлекува вниманието на јавноста во 1995 година како авторка на колумната „Вистински приказни“ во дневниот весник „Флукс“. Во 1999 година му се приклучува на тимот во телевизиската куќа „ПРО ТВ Кишињев“ како репортер, уредник и ТВ-водител, а исто така работи и за УНИЦЕФ во Молдавија. Од 2008 година живее во Париз.

Како писателка дебитира во 2014 година со збирката раскази „Модерни бајки“, издадена од издавачката куќа „Урма Та“ во Кишињев. Во 2017 година го објавува првиот роман „Летото кога мајка ми имаше зелени очи“ од издавачката куќа „Картиер“ и ги добива следните награди: наградата на Сојузот на писателите на Молдавија, наградата на културно-литературното списание „Опсерватор“ во Букурешт и наградата „Опсерватор лицеум“ на фестивалот ФЛИТ во Јаш, Романија. Романот е преведен на француски и на шпански јазик. „Градина од стакло“ е нејзин втор роман за кој ја добива наградата на Европската унија во 2019 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“

Објавено пред

Вечерва, во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи централниот настан од годинешното, шесто по ред издание, на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.

dobivaj vesti na viber

Присутните посетители ќе имаат можност да проследат видеоматеријали со кус рецитал на академик Анте Поповски, но и снимки од негови песни во интерпретација на артистката Софија Гогова-Врчаковска. Модератор ќе биде м-р Александра Јуруковска, ќе биде прочитана одлуката на жири-комисијата за наградите, а пред присутните ќе се обрати д-р Атина Цветаноска.

Манифестацијата се одржува во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, академик Анте Поповски, и е поддржана со програмата за 2023 година на Министерството за култура.

По доделувањето на наградите, ќе се одржи и поетско читање, во кое, освен наградените автори, учество ќе земат и неколку други учесници на годинешниот конкурс.

Прикажи повеќе...

Култура

„Бела ноќ“ во Националната галерија со Симон Шемов и Миле Корубин

Објавено пред

Две големи и исклучително значајни изложби се поставени во репрезентативните објекти Даутпашиниот амам и во Чифте амам, со кои Националната галерија партиципира во програмата на манифестацијата „Бел ноќ“ за 2023 година. Ја информираме широката публика дека в сабота, 30 септември 2023, од 20 часот, до доцните вечерни часови, ќе имаат задоволство бесплатно да ги посетат двете поставки, програмски активности во рамките на одбележување на јубилејот – 75 години постоење на Националната галерија.

dobivaj vesti na viber

Симон Шемов „Мултиверзум“
Даутпашин амам, 27 септември – 27 ноември 2023

Симон Шемов е мултимедијален уметник, професор, истражувач, вљубеник во природата и космосот. Проектот „Мултиверзум“ ќе ги претстави неговите ликовни остварувања што се однесуваат на неколку тематики, кои се провлекуваат како јадро низ целиот негов животен опус, а тоа се истражување на универзумот, пантеизмот, архетиповите, детската игра, фолклорот итн.

Продолжувајќи ги вечните трагања по истражување на односите реално – имагинарно, простор – време, пропорции, релации, растојанија, Шемов создава една мошне моќна визуелна, просторна, звучна потрага по тајните на космосот, послана низ магичниот Даутпашин амам. Истражувањата и метафизиката на космосот Шемов ги разработува во повеќе медиуми од неговата специјалност – виртуозноста и единственоста во создавање дела од рачно изработена хартија, платна, цртежи, комбинирани техники, колажи, со што мултимедијалниот наратив добива уште повеќе транспарентност.

Миле Корубин, 1922 – 2000
Чифте амам, 28 септември – 27 октомври 2023

Поттик за организирање омаж посветен на Миле Корубин (роден на 28 септември 1922 година во Прилеп, а починал на 13 септември 2000 година во Скопје), еминентен македонски сликар, е одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање. Овие јубилеи се базични поводи преку кои Националната галерија како институција, која седум и пол децении се грижи за чувањето и заштитата на дел од движното културно наследство од историјата на уметноста на нашата земја, континуирано ги презентира врвните национални културни достигнувања.

На оваа примарна визија, мисија и функција се надоврзуваат и заложбите за константно потсетување за особените специфики на значајните легати од творештвото на големите уметници од модерното македонско сликарство и скулптура преку селекција и претставување дела што се наоѓаат во повеќе државни и јавни институции од земјата, како и во приватни колекции.

Корубин Миле, Исчекување, 1968, масло на платно

Временскиот опсег од петдецениска творечка дејност го вбројува Миле Корубин меѓу најплодните македонски сликари, воедно и педагози. Неговата стварност, трансформирана низ сликарските визии, со специфичен ликовен ракопис, манифестира сопствена логика на патувањето од предметното кон непредметното, односно од конкретната реалност до апстрактното. Тенденциозно избегнувајќи ги трендовите, метафоричкиот лирски пристап се чувствува и се развива следејќи ја имагинацијата од конкретноста, па сè до геометриската асоцијативност. Притоа како константа секогаш доминираат потсвесно воспоставената хармоничност и редот на елементите во просторно смирената до блажено лебдечката композициска структура. Неговиот луциден сликарски јазик и урамнотежени ликовни ориентации се наклонети кон естетизацијата, редуцирањето на сликарскиот израз, отстапувањето од перспективата, ослободувањето на чистиот простор на атмосферата, кон егзотиката и мистицизмот преку лиризмот на чистата форма, што го издвојува како автор посветен на истрајноста и доследноста на сопствената мисла.

Прикажи повеќе...

Култура

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски влезе во селекција за Европските филмски награди

Објавено пред

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“, во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој неодамна ја имаше својата светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, влезе во групата на филмови што ја комплетираат годинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, соопшти денеска Европската филмска академија (ЕФА).

dobivaj vesti na viber

Кон крајот на август најпрвин беа избрани 19 играни филма, а сега во потесниот избор се додадени уште 21 филмско остварувањо, па финалната селекција содржи 40 европски филма од вкупно 31 европска држава.

Од денес, па сè до 7 ноември, членовите на Европската филмска академија ќе имаат можност да гласаат за избраните филмови по што врз основа на гласовите ќе бидат објавени номинациите во категориите: најдобар европски филм, режисер, актер, актерка, сценарист и европски документарен филм.

Избраните филмови дополнително ќе бидат земени предвид и за наградите во категориите за најдобра кинематографија, монтажа, продукциски дизајн, костимографија, шминка и фризура, оригинална музика, звук и визуелни ефекти. Тие ќе бидат избрани од осумчлено жири составено од претставници на разни уметности и професии.

Свеченото доделување на наградите, познати како европски „Оскари“, е закажано за 9 декември 2023 во Берлин.

На 80. издание на Фестивалот во Венеција, „Домаќинство за почетници“ ја доби 17. награда Queer Lion, во конкуренција од 16 филма, меѓу кои и филмовите Dog Man на Лук Бесон и Maestro на Бредли Купер, а филмот продуциран од „Лист продукција“ – Скопје го отвори и 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера, „Браќа Манаки“.

„Домаќинство за почетници“ е избран и за годинашен македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“, а во скопските кина ќе почне да се прикажува од 12 октомври.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, а преку компанијата Focus Features ќе биде дистрибуиран на територијата на САД. Интернационален дистрибутер на филмот за другите територии е „Јуниверзал пикчрс“, а продажните агенти на филмот, New Europe Film Sales од Полска, ќе го застапуваат филмот на територија на Југоисточна Европа.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 минути

Малолетничко насилство во училиштен двор: натепани двајца тинејџери

Двајца малолетници биле физички нападнати во двор на средно училиште во скопската населба Карпош. Како што информираа од МВР, утрово...

Македонија4 часа

Мицкоски: Уште незалечени раните за случајот на Онкологија, има нова афера

Во услови кога не се залечени раните од оној траур и гнев што секој од нас го чувствува поврзан со...

Топ5 часа

Прегазен пешак во Скопје: во него удрил мопед управуван од малолетник

Вчера, во 15.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Благоја Паровиќ и улицата Никола Милошевски...

Топ6 часа

Починат маж пронајден паднат на улица во Гостивар

Утрово, во 7.30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ бил донесен починат 66-годишниот...

Македонија6 часа

Најстрога казна за сторителот и одговорност од институциите за убиството на жените, бара Националната мрежа против насилството

Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство бара најстрога казна за сторителите на убиствата врз жените, што се...

Македонија7 часа

ЦУК: Вчера 33 пожари на отворено, денеска пожарите почнаа од мугрите

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 33 пожари во 23 општини, од кои 30 се изгаснати. Според информациите што...

Регион8 часа

(Видео) Дачиќ за снимката на која се гледаат напаѓачите од Косово: Тоа е измама, можете да видите снег

Српскиот министер за надворешни работи и вицепремиер, Ивица Дачиќ, за време на гостувањето на РТС изјави дека Аљбин Курти е...

Свет9 часа

(Видео) Во пожарот на свадба во Ирак загинаа и младенците, најмалку 50 лица се во критична состојба

Во пожарот на свадба во Ирак, во кој настрадаа најмалку сто лица, загинаа и младенците, изјави Ахмед Дубардани, заменик-шеф на...

Економија9 часа

Безалкохолните пијалаци, водата и пивото од денеска со гарантирана цена

Покрај издвоените производи од пекарската, месната и во млечната индустрија, од денеска гарантирана цена ќе имаат и безалкохолните пијалаци, пивото,...

Европа9 часа

(Видео) Украински министер: Ако Соколов е мртов, тоа е добра вест

„Ако шефот на руската Црноморска флота е мртов, тоа е добра вест“, изјави украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, за...

Свет11 часа

(Видео) Огномет предизвика страшен пожар на свадба во Ирак, најмалку 100 мртви

Најмалку сто лица загинаа, а 150 се повредени во пожар на свадбена прослава во областа Хамданија во ирачката провинција Ниневија,...

Македонија1 ден

Законот за амнестија ќе биде доставен во Собранието, предвидува целосно ослободување за казна затвор до 6 месеци

Текстот на законот кој беше усвоен на минатата владина седница беше усогласен и даден на мислење, по што Владата даде...

Топ1 ден

Маж со чекан во главата удрил сосед во Илинден – човекот е тешко повреден, се бара притвор за насилникот

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец за тешка телесна повреда од член 131 став 3...

Економија1 ден

Пивото, соковите и водата од утре со намалена цена, најави Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски најави проширување на списокот со производи со гарантирана цена. По анализите на Владата, како што рече, било...

Македонија1 ден

Петровска за протераните руски дипломати: Работеле спротивно на дипломатските правила, сакале да се вмешаат во национални интереси

Во врска со неодамнешните информации за протерани тројца руски дипломати од државата, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, истакна дека тоа...

Македонија1 ден

Обвинителите се сретнаа со косовските колеги за да обезбедат докази за случајот на Онкологија

Тим од обвинители од Јавното обвинителство во текот на вчерашниот ден беше во косовското Обвинителство и оствари директна средба за...

Регион1 ден

(Фото) Познат идентитетот на напаѓачите убиени во Косово

Потврден е идентитетот на тројца убиени напаѓачи, кои учествуваа во нападот на косовската државна полиција пред два дена, при што...

Македонија1 ден

Џафери за УСБ-то од Груевски: Тоа е невистина што служи за дневна политика

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се огласи по информациите за наводно УСБ, кое деновиве е тема на престрелки меѓу експретседателот...

Македонија1 ден

Европскиот суд пресуди: сексуалните работнички во Македонија биле држени во станица нехумано, без вода, храна и тоалет

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда Д.Х. и други против Северна Македонија бр. 44033/17 со која утврди дека државата...

Македонија1 ден

Даниловски до Комисијата за заразни болести: Дали сте, бре, нормални, ќе сте набавеле „паксловид“ во иднина, ако не сте дораснати да се справите со предизвиците, одете си дома

Познатиот епидемиолог Драган Даниловски на социјалните мрежи со реакција до Комисијата за заразни болести откога во јавноста беше објавено дека...