Контакт

Култура

Свечено отворање на новата концертна сезона на Филхармонијата со настап на Симон Трпчески

Објавено пред

На 7 октомври во 20 часот Филхармонијата ја отвора новата концертна сезона со настап на исклучителниот македонски пијанист Симон Трпчески.

dobivaj vesti na viber

На програмата се две ремек-дела на Франц Лист – Концертот бр. 2 и симфонијата „Данте“.

Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија, а ќе настапи и хорот „Про-арс“.

Билетите се веќе достапни и може да се резервираат на тел: 02/3238 182 и да се купат онлајн на веб-страницата www. filharmonija.mk.

Култура

Промоција на монографија за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“

Објавено пред

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е со поддршка на Град Скопје.Промоцијата е закажана за 6 март во 12 часот во Грдаската библиотека „Браќа Миладиновци“.

dobivaj vesti na viber

Книгата излегува по повод 60 години од зачетокот на благородната идеја да се изгради сала или културен простор што ќе има универзално значење и функција, наменет за организирање разни манифестации, културно-уметнички и помали спортски настани. Универзалната сала е замислена како мултифункционален простор што ќе служи како културен центар за скопјани. Проектот брзо го привлекува меѓународното внимание, па земјите од сите страни на светот ја нудат својата поддршка за да ја оживеат оваа амбициозна визија. Но низ годините салата станува многу повеќе од објект, таа станува олицетворение на солидарноста на Скопје, стоејќи како светилник на надеж, потсетувајќи ги луѓето дека не се сами во соочувањето со предизвиците. Салата станува домаќин на историски настани, поттикнувајќи го чувството на заедништво и единствена цел.

Многубројните архивски материјали, расфрлани по депоа, и сеќавањата на скопјани, кои остануваат само како усна традиција, со издавањето на оваа книга се материјализираат во трајно сведоштво за овој објект и институција од особено значење за културниот идентитет на градот. Оваа монографија собира на едно место дел од информациите, податоците, архивските материјали, сведоштвата за нејзината историја и културолошко значење, преку текстови, фотографии, интервјуа, одгласи во медиумите… Книгата, покрај историјатот на институцијата, ги опфаќа и многубројните настани што традиционално се одржувале во овој простор, вкупно повеќе од 5.000 манифестации, кои ги проследиле над 5.800.000 посетители.

Ова е една од ретките монографии за културното наследство од периодот на солидарноста и единствена за Универзалната сала како еден од објектите што будат носталгични чувства и сентименталност кај скопјани како градски репрезент на постземјотресното наследство на градот. Со тоа, ова наследство и богатството од настани што се одржувале тука добиваат физичка форма во облик на книга, која е од особено значење за градот Скопје во областа на културата. Оваа книга ќе остане да ја раскажува историјата на овој објект во срцето на градот, како негов најпрепознатлив симбол и траен сведок на антологиски збиднувања…

Прикажи повеќе...

Култура

Мала изложба за мечтаење – дела на Дарко Алексовски ќе бидат изложени во Загреб

Објавено пред

На 1 март во 19 часот во поп-ап галеријата „Гаража Камба“ во Загреб ќе се отвори „Mala izložba za sanjarenje“ (Мала изложба за мечтаење) – самостојна изложба на Дарко Алексовски. Кураторка на изложбата е Сара Микелиќ.

dobivaj vesti na viber

Изложбата е поделена на три меѓусебно поврзани сегменти: дванаесетте претходни изданија на „Мал прирачник за мечтаење“, ново издание реализирано во соработка со Стела Микулин и Жељко Бељан, како и дела создадени на партиципативна работилница за фанзини, која ќе се одржи на 28 февруари во просторот на галеријата.

„Мал прирачник за мечтаење“ е серија самостојно издадени фанзини на Дарко Алексовски преку кои тој истражува еден постојано променлив светоглед, како и мечтаењето за одредени места, предмети и ситуации каде што имагинацијата се испреплетува со нашите сеќавања. Изложбата е проширување на оваа мала серија публикации како начин за изразување преку различни визуелни и наративни методи. Појдовна точка за пронаоѓање и раскажување приказни во овие дела се утописки концепти, како на пример „пејзажи на восхитот“ (анг. landscapes of astonishment) предложен од Хозе Естебан Муњоз како начин да се „надминат ограничувањата на отуѓувачката сегашност [која] овозможува да се види различно време и место“, и „агорафилија“ (анг. agoraphilia) предложен од Пол Б. Пресиадо како љубовна страст предизвикана од град каде што материјалните граници помеѓу градските улици и телото стануваат толку нејасни што „мапата станува анатомија“.

Проектот има важен колаборативен и партиципативен аспект преку кој Алексовски поканува други уметници да предложат визуелни или пишани материјали за одредено издание. Уметниците Ивана Спироска, Симона Манчева и Џан Демир гостуваа во четвртиот, петтиот и единаесеттиот број, а партиципативните изданија се реализираат во рамки на работилници за фанзини.

Реализацијата на изложбата е финансиски поддржана од Градската канцеларија за култура, меѓуградска и меѓународна соработка и цивилно друштво на Град Загреб. Продукцијата е на „Природно-уметнички кружок“, финансиски поддржани од фондацијата „Култура нова“, Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска и Град Загреб, и спонзорирани од Пиварница „Медведград“.

Прикажи повеќе...

Култура

Јубилејни 50 години Театар „Чекори“ со премиера на престава по делото „Крај на играта”

Објавено пред

По повод 50 години од основањето на Театар „Чекори“ и 80 годишнината од раѓањето на основачот Боре Ангеловски, на 25 февруари (недела) со почеток од 20 часот во Домот на култура „Димитар Влахов“ – Автокоманда, премиерно ќе биде изведена претставата „End&Start game” по делото „Крај на играта“ од Семјуел Бекет, во режија на Снежана Коневски – Руси.

dobivaj vesti na viber

Улогите ги толкуваат: Марко Џамбазоски, Даниел Гочевски, Никола Кузманоски, Маја Ѓурчевска и Никола Димевски.

Картите ќе можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата по цена од 250 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Македонските граѓани, сепак, ќе може да патуваат со личните карти со старото име во БиХ, информира Бојмацалиев

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ,...

Македонија2 часа

ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација...

Македонија2 часа

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција,...

Македонија3 часа

(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде својот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите, како што вели,...

Македонија3 часа

Убиството во Блаце можно е да е поврзано со пожарот во Чаир

Скопското обвинителство изврши увид на самото место во близина на Блаце, каде што вчера беше пронајдено безживотно тело на маж...

Македонија3 часа

Вчерашното убиство е продолжение на крвавата наркопресметка, силата на криминалните кланови е од Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија....

Свет3 часа

Гутереш: Нуклеарна сенка над човештвото

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска, изјави дека нуклеарната сенка повторно се надвила над човештвото, додавајќи дека ризикот...

Македонија4 часа

СДСМ: Убиство и запалено кафуле во еден ден, Тошковски и кадрите на Мицкоски покажуваат голема некадарност во водењето на МВР

Убиство и запалено кафуле во Скопје само за неколку часа, велат од СДСМ. „Министерот и началникот на СВР Скопје, кадри...

Свет4 часа

Бајден: Израел се согласи на прекин на огнот за рамазан, ризикува да ја загуби поддршката од светот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел се согласил да ги прекине воените активности во Појасот Газа за време на...

Топ16 часа

Уште едно убиство во Македонија: 56-годишен маж застрелан во близина на патот кон Горно Блаце

Убиство се случи попладнево на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце. Според првичните информации од полицијата, убиениот бил најден...

Македонија17 часа

(Видео) Османи прв собра 10.000 потписи за претседател: „Веста ме најде во домашен амбиент“

Кандидатот за претседател од редовите на ДУИ и актуелен шеф на МНР, Бујар Османи,  преку видео порака објави дека собрал...

Македонија19 часа

Според грчкиот министер „преспанскиот“ за пасошите мора да се почитува, а меморандумите во Грција ќе бидат ратификувани кога ќе им дојде времето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, се осврна на Преспанскиот договор, одговарајќи на прашање на СИРИЗА за ратификување на трите...

Свет19 часа

Унгарија најпосле и’ дозволи на Шведска да влезе во НАТО

По речиси две години, Унгарија најпосле ја ратификуваше одлуката за влез на Шведска во НАТО. Одлуката денеска ја донесе унгарскиот...

Регион20 часа

Извештај на ЕБОР: На Западен Балкан ќе му бидат потребни помеѓу 40 и 70 години за да го достигне животниот стандард на ЕУ

Стандардот на живеење во Западен Балкан сè уште е значително понизок од оној во Европската унија и би можеле да...

Топ21 час

Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична за двајцата родители од Скопје

На 24.2.2024 во Полициската станица Бит-пазар бил извршен службен разговор со Е. М. (42) и Ф. М. (37), двајцата од...

Македонија21 час

(Видео) Петковиќ: За извршителите и судиите што не ги бришат застарените долгови чаре се кривични пријави

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето против извршителите и судиите што не носат одлуки за бришење на...

Македонија21 час

Нема вина кај лекарите за случајот на Веапоска според вештачењето побарано од одбраната на обвинетите

Во Основниот суд во Струга продолжи расправата во судскиот процес против тројцата струшки лекари, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор...

Македонија23 часа

„Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари“, Мицкоски со одговор до СДСМ за просечната плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде...

Економија24 часа

Се намалуваат цените на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Свет1 ден

(Видео) Хаос во Брисел: земјоделците палат гуми, пробиена полициската блокада

Земјоделците запалија купишта стари гуми во Брисел во знак на протест барајќи акција од ЕУ за прашањата од евтините цени...