Контакт

Култура

Се одржа ликовната колонија ,,Радика 2О18“

Објавено пред

Во Дебар во организација на здружението ,,Арт култ 57“ за првпат се одржа ликовната колонија ,,Радика 2о18“. На колонијата учествуваа сликари од Дебар и регионот кои се претставија со слики посветени на природните и културните богатства на Дебарскиот Регион.

На завршувањето на ликовната колонија, во галеријата на стариот амам синоќа беше отворена изложба која беше посветена од голем број љубители на ликовната уметност.

Претседателот на здружението ,,Арт култ 57“, Арбен Јајага, истакна дека оваа ликовна колонија, која се одржува за првпат, треба да биде традиционална бидејќи на градот му недостигаат вакви активности . Тој додаде дека колонијата е проект што се финансира од страна на Министерството за култура, но и со поддршка на донатори.

Адем Сулејманоски, познат уметник од регионот кој учествуваше на колонијата, истакна дека таа ја постигнала целта, додека, пак, младиот сликар Ринор Слова додаде дека на колонијата се изработени квалитетни ликовни дела.

К.М.

Култура

(Видеоинтервју) Членството на ДПМ треба да се подмлади, но популарноста на социјалните мрежи не е единствен критериум

Објавено пред

За волшебниот круг што се создава кога издаваштвото и писателите зависат од поддршката на Министерството за култура па се создаваат клиенти што се наклонети на една или друга власт, за можностите да се подобри имиџот на ДПМ чие мнозинско членство се писатели кои не се меѓу живите, за критериумите и валидноста на социјалните мрежи во популарноста на авторите,  разговаравме со Соња Стојменска Елзесер, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Политичките или идеолошките разлики меѓу писателите не смее да бидат пречка сите заедно да се залагаат за подобрување на состојбите во творештвото и враќање на угледот на Друштвото на писателите на Македонија, смета Елзесер која речиси една година е претседател на оваа писателска асоцијација.

Во осмата деценија од постоењето на ДПМ му е неопходно освежување, бидејќи во годините наназад од повеќе причини тоа западнало во инерција и малку се загубило во новото време.

Поминати се времињата на романтизам, смета Елзесер а за писателите е најдобро да не се контаминираат со политика туку со нивниот творечки ангажман да бидат повеќе активни во напредок на хуманизмот. Според неа, писателите не биле апатични за време на политичките превирања, туку своите размислувања ги изнесувале преку творештвото.

„Интересно е дека на повеќе писатели од различни генерации, тема за нивните дела биле општествените или политичките состојби. Не е точно дека тие остануваат имуни на состојбите во општеството но најполезно е кога се изразуваат во нивните дела. Доколку некој писател се инволвира во политиката тоа може да биде поразително за неговиот кретивен потенцијал“, смета Елзесер.

Иако посочува многу проблеми што ја спречуваат функционалноста на ДПМ, таа се надева дека ќе успее да го освежи и осовремени друштвото за да се врати достоинството на најстара асоцијација на писателскиот еснаф.

Прикажи повеќе...

концерти

„Да танцуваме!“ – симфониски концерт на Македонската филхармонија

Објавено пред

„Да танцуваме!“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи на 28 март, во четврток, со почеток во 20 часот.

Под палката на маестро Габриел Бебешелеа од Романија, оркестарот ќе ги изведе прекрасните дела: „Словенски танци“ оп. 46 од Антонин Дворжак, како и „Симфониски танци“ оп. 45 од Сергеј Рахмањинов.

Дворжак најголемата популарност ја стекнал токму со своите прочуени серии од осум „Словенски танци“ кои најпрвин ги напишал како сет за пијано дуо, на барање на германскиот музички издавач Фриц Симрок, идеја која всушност ја иницирал Брамс како еден од најголемите поддржувачи на чешкиот композитор. „Симфониски танци“ на еден од најголемите руски композитори Сергеј Рахмањинов, опишани како длабоко емоционални и сентиментални, се сметаат за едно од најубавите оркестарски дела.

Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на Државниот филхармониски оркестар „Трансилванија“ во Клуж-Напока, Романија. Моментно живее во Виена, каде што ги заврши постдипломските студии на Универзитетот за музика и изведувачки уметности.

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со „Животот е прекрасен“ ќе го одбележи Светскиот ден на театарот

Објавено пред

Македонскиот народен театар ќе го даде својот придонес кон одбележувањето на 27 март, Светски ден на театарот – со изведбата на претставата „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман во режија на Александар Морфов.

Самиот режисер за претставата еднаш рече дека „не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туку за еден човек кој повторно го открива животот, открива колку животот е прекрасен“.

Традиционално, пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани меѓународната и македонската порака посветени на актуелниот театарски миг, а кои ги сподели Македонскиот центар на ИТИ. Автор на меѓународната порака за Светскиот ден на театарот – 27 март е Карлос Селдран – режисер, драмски писател, театарски едукатор и професор од Куба, додека автор на македонската порака за 2019 година е Југослав Петровски – драмски писател.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

(Видео) Трамп: Исламската држава веќе не постои

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека Исламската држава повеќе не постои. Тој на новинарите им покажа две карти. „Ова е...

Свет1 час

Туск: Сè е можно до новиот рок за брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека сè е можно до новиот рок за брегзит одреден за 12 април...

Македонија2 часа

Власта и опозицијата без договор за СЈО

Без договор помина и денешниот состанок на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кој...

Македонија7 часа

(Видео) „Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фета Алими

Група граѓани се собраа денеска на протестен марш, на кој побараа осолободување на Абдулфета Алими, кој е осуден за крвавиот...

Македонија8 часа

Кавга меѓу ИВЗ и Владата: Реџепи си го бара имотот, Заев се жали дека е уценет

Нерешените спорови за денационализација ги скараа Владата и Исласмата верска заедница (ИВЗ). Од ИВЗ обвинуваат дека Владата е селективна и...

Македонија8 часа

Ѓорче Петров донираше за социјално загрозеното семејство од Долно Лисиче, од општина Аеродром ниту трага, ниту глас

Трајче Конески и Моника Антевска од Долно Лисиче заедно со своите две деца, 9 годишниот Бојан и 2 годишната Бојана...

Избори 201910 часа

(Видео) Утврден редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче

Блерим Река, Гордана Силјановска, Стево Пендаровски – под овој редослед ќе бидат испишани претседателските кандидати на гласачкото ливче, одлучи жрепката...

Топ11 час

Во Прилеп, 19-годишник со „голф“ удрил во дете на велосипед

На крстосница меѓу прилепските улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во претпладневните часови на 21 март, 19-годишен прилепчанец управувајќи автомобил „голф“,...

Регион12 часа

Рачна бомба фрлена врз рускиот конзулат во Атина

Рачна бомба е фрлена утрово во дворот на руската амбасада во Атина. Грчката полиција соопшти дека гранатата експлодирала, нема повредени,...

Регион12 часа

Лавров: Западот прикрива злосторства на НАТО во Југославија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека западните земји ги прикриваат злосторствата извршени за време на воената операција...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Терористите од ИСИС добија три пати помали казни од осудените за 27-ми април

ВМРО-ДПМНЕ утрово оцени дека е срамота што  терористите од ИСИС, добиле три пати помали казни од осудените за 27-ми април „Срамен...

Топ1 ден

Контроли на јавниот превоз по несреќата кај Ласкарци, откриени 35 возила со неисправни сопирачки

По смртоносната автобуска несреќа кај Ласкарци, вчера во неколку општини била спровдена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат...

Македонија1 ден

МАНУ сака да стане Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) претпочита нејзиното ново име да гласи – Академија на науките и уметностите на...

СЈО1 ден

ВМРО-ДПМНЕ има забелешки на 120 страници за законот за СЈО

Претседателот на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиновски, кој е дел од работната група во преговорите со власта за новиот...

Македонија1 ден

НБРМ: Арнаудовска не врши ревизија во банката каде директор е нејзиниот сопруг

Народната банка, во одговор на прашањето на „Макфакс“ дали има судир на интереси помеѓу директорката на секторот за супервизија Милица...

Македонија1 ден

(Видео) Седумтемина македонски борци во ИСИС осудени на 6 и 9 години затвор

Кривичниот суд во Скопје ги осуди на 6 години затворска казна шестмината македонски државјани кои биле дел од паравоената формација...

Македонија1 ден

(Видео) Беџети: Нема да ги легализираме платформите на Матка ама нема ни да ги уриваме

Општина Сарај ќе ги одбие барањата за легализација на трите платформи на Матка, но сега нема да ги урива. Градоначалникот...

Македонија1 ден

(Видео) Караџовски: Не можам да ви кажам зошто бев во Обвинителството

„Кој ве информирал? Службени обврски имав во оваа зграда. Не можам да ви кажам во врска со што е“. Ова...

Македонија1 ден

(Видео) Утре протестен марш за ослободување на Фета Алими, кој е осуден за крвавиот четврток

Синот на Абдулфета Алими, кој е осуден на 7 години затвор за настаните од 27 април 2017 година, Бурим Алими,...

Македонија1 ден

Судот ја забрани книгата на Стојан Андов поради тужбата на Фрчкоски

Основниот суд Скопје 2 за „Макфакс“ потврди дека е донесена мерка за изрекување времена мерка забрана за продажба на книгата...

Досие