Контакт

Култура

Скорсезе ги замоли гледачите да не го гледаат неговиот нов филм на мобилен телефон

Објавено пред

Режисерот Мартин Скорсезе ги замоли гледачите да не го гледаат неговиот нов филм „Ирецот“ на мобилни телефони.

Три и полчасовниот крими еп на Скорсезе, во кој глумат Роберт де Ниро, Ал Пачино и Џо Пеши, е снимен во продукција на стриминг сервисот на „Нетфликс“, така што, покрај неколкуте избрани киносали во САД, тој е достапен за светската публика преку таа интернет-платформа.

Скорсезе, пак, апелира дека опцијата не треба да се користи за гледање на „Ирецот“ на мобилни телефони, пренесува NME.

„Би ви предложил, ако некогаш сакате да гледате некои од моите филмови, или повеќето филмови воопшто, ве молам да не ги гледате на телефон“, рече Скорсезе.

Иако е свесен за времетраењето на неговиот нов филм, славниот режисер би сакал луѓето да го гледаат одеднаш, по можност во кино.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Таксират“ во топ 10 најдобри европски фестивали

Објавено пред

По вторпат во последните 10 години фестивалот „Таксират“ е избран за еден од 10-те најдобри фестивали во Европа кои се одржуваат во затворен простор.

Преку 350.000 фанови ширум светот гласаа за своите фаворити, а годинава „Таксират“ е повторно меѓу првите десет во категоријата „Најдобар фестивал во затворен простор“ (Best Indoor Festival). Овој избор е организиран од страна на Европските награди за фестивали (European Festival Awards).

Заедно со „Таксират“ во најдобри 10 се и фестивалите: Blues in Hell (Норвешка), FOCUS Wales (Велс), Hamburg Metal Dayz (Германија), Let it Roll Winter (Чешка), MENT Ljubljana (Словенија), Mithra Jazz à Liège (Белгија), Prognosis Festival (Холандија), Reeperbahn Festival (Германија) и Sudwave – Festival & Convention (Италија). Наградите ќе бидат доделени на свечената церемонија во Гронинген, Холандија, на 15 јануари, која се одржува во рамки на конференцијата Eurosonic Noorderslag.

Годинава „Таксират“ се одржа од 28 ноември до 8 декември и за време на осумте фестивалски дена настапија над 70 музички групи од 20 земји од светот и имаше повеќе од 15.000 посетители.

Прикажи повеќе...

Култура

„Човек, ѕвер и доблест“ – нова премиера во Театар „Комедија“

Објавено пред

Во НУ Театар „Комедија“ привршуваат подготовките за последната премиера за оваа година – претставата „Човек, ѕвер и доблест“ од Луиџи Пирандело, а во режија на култниот режисер Егон Савин.

Егон Савин веќе подолго време нема потпишано своја режија на сцената на македонскиот театар. По перфектните режии на двете претстави „Злосторство и казна“ (МНТ) и „Лаж и паралаж“ (МНТ), по речиси дваесетина години, овој месец Савин ја заокружува и својата трета режија како гостин во земјата – овој пат на најновата комедија во Театар „Комедија“.

Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Сашо Ристовски, Сашка Димитровска, Жарко Димоски, Ева Скендеровска, Тони Денковски, Жаклина Стевковска и Кристина Ласовска.
Претпремиерата е закажана за 22 декември (недела), премиерата е на 23 декември (понеделник), а љубителите на комедијата првата реприза ќе може да ја гледаат на 24 декември (вторник), со почеток во 20 часот.

Од управата јавуваат дека билетите веќе одамна се пуштени во продажба, а за овие термини се останати уште неколку.

Прикажи повеќе...

Култура

Проекции на документраниот филм КЕИФ во Кинотеката

Објавено пред

Документарниот филм КЕИФ (Македонска чалгиска традиција), кој својата премиера ја имаше на 11 ноември оваа година, во рамките на фестивалот „Синедејс“, ќе има и две проекции во Кинотеката на Македонија, денеска од 20 часот и утре од 18 часот. Влезот за двете проекции е слободен.

Филмот ги следи развојот на чалгијата во Македонија, западните влијанија, резултатите од оваа синтеза и, секако, нејзиното појавување во денешниот контекст преку интервјуа со македонски музичари, но и светски познати уметници, како: Кудси Ерѓунер, Омар Фарук Текбилек, Ѓунај Челик, Симон Шахин итн.

Во реализацијата на филмот учествуваа режисерот и монтажер Блаже Дулев, сценаристот Ристо Солунчев, кинематограферот Горан Наумовски, дизајнерот на звук Дарко Спасовски – Пацки, продуцентите Горан Стојилковиќ и Владимир Стојчевски. Филмот е во продукција на Award Film & Video и е реализиран со поддршка од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија4 часа

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа4 часа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија5 часа

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија5 часа

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија7 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија7 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија8 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија9 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет10 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет10 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион11 час

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет12 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет12 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет12 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт22 часа

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион23 часа

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија1 ден

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Топ1 ден

Возило излета од патот кај Дебарца и удри во пешак и паркирано возило

Синоќа на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на селото Радомирово, општина Дебарца, патничко возило управувано од Љ.В.(46) од...

Македонија1 ден

Се укинува законот за зелените пазари

Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане...

Македонија1 ден

Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање...

Досие