Култура
Споменикот на Горан Стефановски од Лондон наскоро пристигнува во Скопје

Во чест на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски, Општина Центар заедно со семејството на Стефановски во неговото Дебар Маало наскоро ќе постават спомен-обележје.
Симболичната клупа-споменик е излеана, се наоѓа во Лондон, Велика Британија, и ќе биде поставена во паркчето кое се наоѓа спроти бараките на општината, веднаш до чинарот, кој на роденденот на Стефановски – 27 април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература.
„Клупата на Горан Стефановски; малото, но сепак големо спомен-обележје на македонскиот литературен лауреат, го започнува патешествието од Лондон до Скопје. Во наредниот период очекуваме да пристигне тука и заедно со семејството, пријателите, но и со сите почитувачи на ликот и делото на Стефановски, да ја поставиме во неговото Дебар Маало“, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Покрај поставувањето на споменикот, Општина Центар секоја година во Дебар Маало со пригоден настан го одбележува и роденденот на Горан Стефановски, како дел од општинската Програма за култура, со исклучок на минатата година, кога целиот свет се соочуваше со пандемијата на коронавирусот.
Активно е и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, чија цел е неговиот опус во секое време да биде достапен на граѓаните за подобро запознавање со неговите дела и промоција на сето она што значеше Горан за македонската културна сцена.
Роден во Битола, на 27 април 1952-ра година, Стефановски останува еден од најпознатите и признати македонски академици, писатели, професори и драматурзи. Автор е на многу текстови и драми, меѓу кои и „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на детската ТВ-серија, „Бушава азбука“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
(Видео) „Да танцуваме уште“ – песната што стана културен феномен за време на ограничувањата во Франција

Создадена минатиот декември, песната „Да танцуваме уште“ стана музички крик за сплотување на оние што се залагаат за враќање на културните настани во Франција.
Почнува во знак на протест на работниците во културата, но набрзо прераснува во културен феномен.
Со недели, оваа нумера е дел од протестите против рестриктивните мерки во земјата, но и на други локации каде луѓето спонтано се собираат, пејат и танцуваат.
Стиховите директно се однесуваат на ограничувањата воведени во октомври, што доведе до затворање на сите културни собири во земјата, а состојбата од тогаш остана непроменета.
„Со секоја авторитарна мерка за нашата сигурност, губиме од нашата самодоверба. Упорни се да ни ја ограничат свеста“, се наведува во текстот на песната.
Култура
Шпанија запре аукција на можно одамна изгубено ремек-дело на Караваџо

Шпанија ја блокираше аукцијата на слика во Мадрид, сугерирајќи дека може да се работи за одамна изгубено ремек-дело на италијанскиот ренесансен уметник Караваџо.
Почетната цена за „Крунисување со трње“ првично беше 1.500 евра (1.800 американски долари).
Но, ако е навистина од Микеланџело Мериси, подоцна наречен Караваџо, може да вреди до 150 милиони евра.
Сликата ја испитуваат експерти, и назначено е дека „не е за извоз“.
Масло на платно од 17 век го прикажува Исус непосредно пред неговото распетие и, според каталогот на аукцијата, му се припишува на шпанскиот уметник Хозе де Рибера.
Со загриженост дека делото може да се продаде во странство, шпанската влада брзо реагираше и ја блокираше аукцијата само неколку часа пред сликата да се најде под чеканот.
Култура
Заврши снимањето на филмот „Празникот на хризантемите“

Заврши снимањето на долгометражниот дебитантски игран филм „Празникот на хризантемите“ (“Chrysanthemum day”) на младиот украински режисер Симон Мозгави во продукција на Mainstream Pictures LLC од Киев, Украина, а македонска копродукција е ОПИУМ Филм претставен од страна на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.
Дел од сцените на филмот се снимаја во Спомен костурница- Велес и Македониумот во Крушево. По повеќемесечни подготовки и изградба на комплексна сценографија во Велес и во Крушево, снимањето на филмот траеше десет дена.
Филмот е научнофантастична дистописка драма, за односите помеѓу млада лекарка и нејзиниот пациент стара „жена-цвеќе”, познатa како исцелител која мистериозно преживува нуклеарна експлозија, но целосно ја изгубила меморијата и идентитетот. Филмот го следи патот на нејзиното враќање на меморијата.
На овај филм, како прв од овој жанр што се снимаше во Северна Македонија, во тешки временски услови и по сите протоколи за заштита за време на пандемија од Ковид-9, учествуваа над дваесетина филмски професионалци од Македонија и над тресет филмски автори и работници од Украина.
Филмот ќе се снима на повеќе етапи на локации во Украина, С Македонија, Босна, Србија и Хрватска. „Празникот на хризантемите” е меѓународна копродуцкија помеѓу Украина, С Македонија, Србија и Хрватска. Моментално филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Украина. Дел од пост продукцијата на филмот ќе се работи во земјава.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш