Контакт

Култура

Театар „Комедија“ со донација за Детската болница „Козле“

Објавено пред

Театар „Комедија“ ги донира финансиските средства добиени од продажбата на влезниците за претставата „Не сега, драга“ на Детската болница „Козле“.

„Од срце одиграна претстава ‘Не сега драга’ и средствата се наменија за најскапоценото нешто на светот – здравјето и насмеаните лица на нашите најмили – дечињата. Сè за децата трае и продолжува“, велат од болницата.

Од таму им се заблагодаруваат на вработените во театарот за овој хуман гест.

Култура

Изведба на балетот „Ана Каренина“ во рамки на Скопско лето

Објавено пред

Во рамки на овогодинешното 40. Скопско лето, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски, на 28 јуни (петок), со почеток во 20 часот.

„Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман ‘Ана Каренина’ на големиот руски писател Толстој“, најавуваат од Националната опера и балет.

Од таму додаваат дека во повеќе од два часа инспиративните движења на Мими Поп Алексова Атанасовска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…

 

Прикажи повеќе...

Култура

Македонскиот филм „Скаут“ на чекор до „БАФТА“ и селекција за „Оскар“

Објавено пред

Краткометражниот филм „Скаут“ во режија на Алекс Цветков е селектиран во компетитивната програма на најзначајниот филмски фестивал за краткометражен филм во светот „Л.А. Шортс“ што ќе се одржи од 17 до 25 јули во Лос Анџелес, Калифорнија, информира Агенцијата за филм.

На престојното 23. издание на фестивалот „Л.А. Шортс“ во официјалната конкуренција ќе биде прикажан македонскиот филм „Скаут“ во режија на Алекс Цветков. „Л.А. Шортс“ е официјален квалификациски настан за награда на кратките филмови на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА). Победниците на фестивалот имаат право да освојат „БАФТА“ а најголем дел од филмовите селектирани на овој фествал речиси секоја година се дел од селекцијата во трката за престижниот „Оскар“. Вкупно 54 филмски режисери од селекции на овој фестивал заработиле номинации за „Оскар“ , а 15-тиот ја освои статуетката.

Филмот „Скаут“ (Scout) на Алекс Цветков е во времетраење од 15 минути и е ултра модерна драма во која централен лик е преофесионалниот тркач со мотори Гус, кој во еден миг воден од преголеми амбиции ќе го загуби тоа што му најмило.

Филмот е снимен во продукција на „Ново македонско видео“, односно Сашо Пешев од Македонија, а во копродукција со „МФ продукција“ на Игор Нола од Хрватска и Рок Цветков и Вања Сремац од Словенија. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Режијата и сценариото се на Алекс Цветков, а директор на фотографија е Дејан Димевски. Во филмот играат: Moses Gomes-Santos, Ula Furlan, Domagoj Jankovic, Robert Spanic, Hoji Fortuna.

Алекс Цветков е млад режисер кој студира на Њујоршката филмска акедемија во Лос Анџелес. Цветков досега режирал повеќе реклами, музички видеа и краткометражни филмови и како сценарист и режисер бил дел од неколку значајни филмски фестивали во Америка.

„Скаут“ беше премиерно прикажан на затворањето на минатогодишното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Меѓународниот филмски фестивал ЛА Шортс е најпрестижниот фестивал за кратки филмови во светот. Фестивалот е акредитиран од Академијата за подвижни слики уметност и науки, Британската академија за филмска и телевизиска уметност и Академијата за канадска кинематографија и телевизија.

„Л.А. Шортс“ е првиот и најдолг фестивал за филм до 45 минути Секоја година го посетуваат повеќе од 8.000 луѓе вклучувајќи голем професионалци во индустријата во Холивуд и неоткриени независни филмаџии.

Номинираните за Оскар од 2018 година вклучија 4 филма претходно прикажани на „Л.А. Шортс“. Во номинациите за Оскар од 2017 година се вклучени 3 филма претходно прикажани во ЛА Шортс.

Добитниците на Оскар од 2016 година во живо акција краток и анимиран краток двете прикажан на „Л. А Шортс“. Меѓу оние кои беа почестени на фестивалот се: режисерите Џон Фавро, Паул Хаггис, Брајан Сингер, Јан де Бонт, Шејн Блек и актерите Гери Олдман, Џејмс Вудс, Мартин Ландау и Ричард Драјфус. Многу познати актери и режисери имаат прикажани филмови и присуствуваа на фестивалот како што се Скарлет Јохансон, Деми Мур, Ештон Качер, Котенхи Кокс, Тим Бартон, Џејсон Рејтман, Тери Гилијам, Спајк Џонзе, Ева Мендес, Џесика Биел, Рејчел Вајс, Хилари Свенк, Џош Бролин, Кирстен Данст, Рита Вилсон, Ралф Маккио, Рики Жерве, Вин Дизел и многу други.

Прикажи повеќе...

Книги

,,Читајќи го Балканот” – разговор со четворица писатели

Објавено пред

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ ве поканува на разговорот со писателите Илија Ѓуровиќ, Жарко Кујунџиски, Петар Андоновски и Живко Грозданоски. Разговорот ќе се одржи на 24 јуни во книжарницата „Антолог“ (Димитрие Чупоски број 31), со почеток во 20 часот. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски.

Илија Ѓуровиќ е писател од Црна Гора, кој во текот на јуни е гостин на резиденцијалната програма за писатели на издавачката куќа Готен, која е дел од проектот „Читајќи го Балканот“. Проектот „Читајќи го Балканот“, кој опфаќа резиденцијални престои на автори од Балканот во шест балкански градови (Скопје, Тирана, Белград, Сараево, Сплит и Ново место) е конкретниот повод за разговорот, на кој ќе учествуваат и дел од македонските автори кои учествуваа во овој проект: Жарко Кујинџиски (кој оствари резиденцијален престој во Сплит), Живко Грозданоски (резиденцијален престој во Сараево) и Петар Андоновски (автор чиј роман „Телото во кое треба да се живее“ беше преведен на англиски јазик во рамки на проектот, а исто така учествуваше и на книжевната вечер организира во Черновиц, Украина). Од нашата земја учество во проектот „Читајќи го Балканот“ преку резиденцијален престој остварија и Лидија Димковска, Даим Мифтари, Игор Анѓелков, Давор Стојановски и Иван Шопов.

Теми на разговорот ќе бидат вмрежувањето на авторите од балканскиот регион, можноста за поголема регионална соработка, ќе се постави прашањето дали балканскиот регион може да се согледува како автентичен книжевен и културен простор, со свои специфики, а авторите ќе ги споделат и своите искуства поврзани со нивните резиденцијални престои.

Илија Ѓуровиќ (Подгорица, 1990) е автор на кратки раскази, поезија, драми и филмски сценарија. Неговите раскази се објавени во списанија во Црна Гора и во регионот, а застапен е и во неколку антологии. Моментално живее и работи во Берлин, а првиот негов роман треба да излезе во 2020 година.

Жарко Кујунџиски (Скопје, 1980) е романсиер, есеист, драмски автор, поет и филмски критичар. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил колумнист во дневните весници „Утрински весник“ и „Дневник“, основач и уредник на електронското списание „Репер“. Главен уредник е на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје. Автор е на 11 книги. Негови дела се преведени на англиски, српски, хрватски, словенечки, полски, германски, турски, бугарски, италијански, украински и на албански јазик. Застапен е во повеќе антологии на македонската проза и поезија. Неговиот расказ „Кога се губат очилата“ е дел од реномираната антологија „The Best European Fiction 2013“.

Петар Андоновски (Куманово, 1987) ги објавил следниве книги: „Ментален простор“ (поезија, 2008), „Очи со боја на чевли“ (роман, 2013), „Телото во кое треба да се живее“ (роман, 2015), „Страв од варвари“ (роман, 2018). Неговиот прв роман „Очи со боја на чевли“ бил во финалето за наградата Роман на годината, а за неговиот втор роман „Телото во кое треба да се живее“ ја добива наградата Роман на годината на Утрински весник.

Живко Грозданоски (Кичево, 1986) дипломирал италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Досега ги има објавено книгите „Песок и свила“ (поезија, 2005), „Отпечатоци врз коцки мраз“ (кратка-кратка проза, 2009/2016), „Приказни за тревите и други приказни“ (раскази, 2011), „Куфер за тројца“ (роман/збирка од три новели, 2014), и „Последното име на иднината“ (роман, 2018). Активно се занимава со книжевен превод, главно од италијански јазик.

Проектот „Читајќи го Балканот“ е партнерски проект на издавачката куќа „Готен“ од Скопје, „Гога“ од Ново Место и организацијата „Крокодил“ од Белград. Проектот се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ38 минути

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесетиседумгодишен маж од село Скудриње вчера почина откако бил поклопен од неговиот камион „ТАМ“. Несреќата се случила кога камионот се...

Регион2 часа

Напнато во Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски „провокативен“ настап во источниот Медитеран, пишува грчкиот...

Регион2 часа

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од час и половина падна повеќе дожд од просекот за месец –...

Регион3 часа

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет3 часа

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија14 часа

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ16 часа

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион17 часа

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија22 часа

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија22 часа

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија22 часа

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија22 часа

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет24 часа

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион1 ден

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Свет1 ден

САД изведоа хакерски напади врз одбранбениот систем на Иран

САД изминатата недела извеле компјутерски напади на иранскиот систем за лансирање ракети и на шпионската мрежа, по што Техеран го...

Топ1 ден

Кривична против 18-годишник поради дистрибуција на детска порнографија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение...

Свет2 дена

(Видео) Трамп му се закани на Иран со уништување ако дојде до војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна, но го предупреди Иран дека ако дојде до војна ќе се...

Топ2 дена

Свирепо убиство на уличен продавач на девизи во Струмица, убиецот зад решетки

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство информира дека го расчистиле случајот со пронајденото тело во метално буре...

Македонија2 дена

Дипломатскиот кор на филџан кафе и чај во Скопската чаршија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи,...

Свет2 дена

(Видео) Се урна авион на Хаваи, загинаа сите патници

Девет лица загинаа во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи. Како што јавуваат медиумитe, мал двомоторен авион од...

Досие